беспилотни летала – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 26 Sep 2023 07:38:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png беспилотни летала – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Украина нападната од Русија со 38 беспилотни летала, 26 се соборени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-napadnata-od-rusija-so-38-bespilotni-letala-26-se-soboreni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-napadnata-od-rusija-so-38-bespilotni-letala-26-se-soboreni/#respond Tue, 26 Sep 2023 07:38:10 +0000 https://kurir.mk/?p=881750

Русија синоќа ја нападна Украина со 38 беспилотни летала „Шахед“, соопшти денеска украинското воздухопловство, наведувајќи дека биле соборени 26 дронови. „Регистрирано е дека се испратени 38 беспилотни летала „Шахед““, се вели во дневниот извештај на воздухопловните сили на Телеграм. Во соопштението се додава дека се уништени 26 беспилотни летала од иранско производство. Регионот Одеса е меѓу областите кои синоќа беа цел на руските сили, а посебно на мета беше пристаништето Измаил. Нападот траеше два часа, напиша регионалниот гувернер Олег Кипер на Телеграм, додавајќи дека повеќето од беспилотните летала биле соборени. „За жал, пристанишната инфраструктура беше погодена во областа Измаил“, рече тој, додавајќи дека двајца возачи на камиони се ранети. Според него, оштетени се контролниот пункт, магацини и 30 камиони. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-napadnata-od-rusija-so-38-bespilotni-letala-26-se-soboreni/feed/ 0
Украина: Русија го нападна Киев со дронови, соборени сите беспилотни летала https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-rusija-go-napadna-kiev-so-dronovi-soboreni-site-bespilotni-letala/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-rusija-go-napadna-kiev-so-dronovi-soboreni-site-bespilotni-letala/#respond Tue, 28 Mar 2023 06:03:10 +0000 https://kurir.mk/?p=817134

Украинските власти соопштија дека противвоздушната одбрана соборила руски беспилотни летала во близина на Киев, чии остатоци предизвикале пожар во нестанбена зграда и оти во нападот нема жртви. Шефот на воената управа на градот Киев, Сергеј Попко, информира дека Русија лансирала 12 дронови кон Киев, но оти украинските сили за противвоздушна одбрана ги идентификувале и уништиле „сите непријателски цели“ во воздушниот простор околу главниот град. Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека Русија во текот на ноќта кон Украина лансирала вкупно 15 дронови Шахед од иранско производство, а дека украинските сили уништиле 14 од нив. Остатоци од дрон паднале во западниот киевски кварт Свјатошино, предизвикувајќи пожар на површина од 200 квадратни метри во нестанбена зграда, се наведува во соопштението. „Според прелиминарните податоци, во моментов нема жртви“, објави Попко на Телеграм, истакнувајќи дека информациите се прецизираат. Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко на Телеграм објави дека е запалена продавница во Свијатошин, но оти нема жртви и пожарот е ставен под контрола. Во неколку региони на Украина утринава беа објавени предупредувања за воздушни напади. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-rusija-go-napadna-kiev-so-dronovi-soboreni-site-bespilotni-letala/feed/ 0
Проруски власти: Крим под напад со беспилотни летала https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proruski-vlasti-krim-pod-napad-so-bespilotni-letala/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proruski-vlasti-krim-pod-napad-so-bespilotni-letala/#respond Tue, 22 Nov 2022 20:04:00 +0000 https://kurir.mk/?p=764995

Полуостровот Крим што е под руска контрола денеска е нападнат со беспилотни летала, а руските сили стационирани таму се во состојба на готовност, соопштија властите назначени од Русија. „Се врши напад со дронови“, напиша на Телеграм Михаил Развожаев, гувернер на административната област Севастопол на Крим, назначен од Москва. „Нашите противвоздушни сили дејствуваат…Соборени се два дрона“. Според него, ниту една цивилна инфраструктура не е оштетена и ги повика жителите да останат смирени. Руската Црноморска флота, со седиште во Севастопол, Крим, беше нападната на крајот на октомври од, како што рекоа властите, „масовен“ напад со беспилотни летала. Поради тој напад, во кој беше оштетен најмалку еден руски брод, Москва накратко се повлече од договорот за извоз на жито од Украина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proruski-vlasti-krim-pod-napad-so-bespilotni-letala/feed/ 0
Бајден размислува за испорака на противтенковски беспилотни летала – камикази за Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-razmisluva-za-isporaka-na-protivtenkovski-bespilotni-letala-kamikazi-za-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-razmisluva-za-isporaka-na-protivtenkovski-bespilotni-letala-kamikazi-za-ukraina/#respond Wed, 16 Mar 2022 13:58:11 +0000 https://kurir.mk/?p=648297

Американскиот претседател Џо Бајден размислува за испраќање американски противтенковски беспилотни летала – камикази „Switchblade“ во Украина, како дел од одбранбениот пакет од една милијарда долари, чија цел е да одговори на барањата за помош од украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави МејлОнлајн. Малите, лесни и релативно евтини оружја – камикази, кои всушност претставуваат бомби со далечински управувач, се произведуваат во две верзии и се дизајнирани да гаѓаат тенкови или артилериски позиции. Се верува дека со истите ракети е убиен иранскиот генерал Касем Сулејмани за време на управувањето на Доналд Трамп во 2020 година, потсетува британското издание. Ен Би Си Њуз, од своја страна, соопшти дека се уште не е донесена одлука. Според американската ТВ мрежа, постојат две варијанти на оружјето „Switchblade“ – 300 и 600, кои на американската армија и ги доставува производителот на оружје AeroVironment. Типот „300“ е дизајниран за прецизни напади против воен персонал, а „600“ можат да уништат тенкови и други оклопни возила.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-razmisluva-za-isporaka-na-protivtenkovski-bespilotni-letala-kamikazi-za-ukraina/feed/ 0
Украина купува беспилотни авиони од Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-kupuva-bespilotni-avioni-od-turcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-kupuva-bespilotni-avioni-od-turcija/#respond Mon, 13 Jul 2020 08:27:03 +0000 https://kurir.mk/?p=375012

Украина планира да купи друга серија вооружени беспилотни летала од Турција, тема на која се разговараше за време на официјалната посета на турскиот министер за одбрана на Киев, според извештаите на локалните медиуми. Министерот за одбрана на Украина, Андриј Таран на средбата со турскиот колега Хулуси Акар во петокот изразил намера земјата да купи беспилотни летала произведени во Турција, јави агенцијата Анадолија. За време на средбата, двајцата министри за одбрана разговарале и за билатералните односи и регионалниот развој, како и за идната соработка во поморските и воздушните проекти. Во 2019 година Украина изнајми шест разузнавачки и воени беспилотни летала за непозната сума. Како дел од договорот, беспилотните летала „Бајрактар ​​ТБ2“, произведени од турската компанија „Бајкар“, треба да бидат доставени на украинската армија во рок од една година, вклучително и три станици за копнена контрола. TB2 може да лета и до 6.850 километри за повеќе од 24 часа со максимален товар од 55 килограми, се наведува на веб-страницата на компанијата. Киев е во конфликт со Москва, откако Русија го анектираше Крим по контроверзниот референдум. Соединетите Американски Држави и Турција, како и Генералното собрание на САД, сметаат дека овој потег е незаконски. Украина исто така го обвини Кремљ за сепаратистичко насилство на истокот на Донбас, во близина на границата со Русија, во кое загинаа околу 13.000 луѓе. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-kupuva-bespilotni-avioni-od-turcija/feed/ 0