бесплатен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 27 Dec 2022 20:26:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бесплатен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од утре престанува да важи одлуката за бесплатен јавен превоз https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-utre-prestanuva-da-vazi-odlukata-za-besplaten-javen-prevoz/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-utre-prestanuva-da-vazi-odlukata-za-besplaten-javen-prevoz/#respond Tue, 27 Dec 2022 18:32:26 +0000 https://kurir.mk/?p=781334

Од утре претставува да важи одлуката за бесплатен јавен градски превоз која времено беше донесена како една од пакетот мерки на Град Скопје за намалување на загадувањето на воздухот, информираа попладнево од ЈСП. – Согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 26.12.2022 година, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Скопје и престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-utre-prestanuva-da-vazi-odlukata-za-besplaten-javen-prevoz/feed/ 0
Престанува да важи бесплатниот автобуски превоз во Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/prestanuva-da-vazi-besplatniot-avtobuski-prevoz-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/prestanuva-da-vazi-besplatniot-avtobuski-prevoz-vo-skopje/#respond Thu, 30 Dec 2021 06:43:01 +0000 https://kurir.mk/?p=614713

Мерката за бесплатен автобуски превоз, која беше прогласена во понеделникот, од денеска се укинува и престанува да важи, соопшти Град Скопје. Одлуката вчера беше донесенa поради подобрување на состојбата со загаденоста на воздухот и по добиено известување од Министерството за животна средина и просторно планирање, а врз основа на податоци од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух. Мерката за бесплатен јавен превоз во главниот град беше активирана на 27 декември откако два дена последователно беше надминат прагот на алармирање за ПМ10 честички во воздухот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/prestanuva-da-vazi-besplatniot-avtobuski-prevoz-vo-skopje/feed/ 0
Од утре се укинува бесплатниот јавен превоз https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-utre-se-ukinuva-besplatniot-javen-prevoz/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-utre-se-ukinuva-besplatniot-javen-prevoz/#respond Wed, 29 Dec 2021 13:44:20 +0000 https://kurir.mk/?p=614541

Од утре, четврток (30.12.2021 год) прекинува да важи времената одлука за бесплатен превоз за сите граѓани, како една од пакетот мерки на Град Скопје за намалување на загадувањето на воздухот, информираат од ЈСП Скопје. Одлуката е согласно добиените информации од Министерството за животна средина и просторно планирање дека среднодневните концентрации на ПМ10 честички во воздухот се под дефинираниот праг на алармирање и епизодата со зголемено загадување во текот на два последователни дена е прекината. Со тоа, автоматски прекинуваат да важат вонредните мерки за намалување на загадувањето на воздухот, меѓу кои е и бесплатниот јавен превоз. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-utre-se-ukinuva-besplatniot-javen-prevoz/feed/ 0
Славески: Бесплатниот јавен превоз може да се реализира во догледно време https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/slaveski-besplatniot-javen-prevoz-moze-da-se-realizira-vo-dogledno-vreme/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/slaveski-besplatniot-javen-prevoz-moze-da-se-realizira-vo-dogledno-vreme/#respond Wed, 17 Nov 2021 13:51:01 +0000 https://kurir.mk/?p=596600

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески денеска изјави дека бесплатниот јавен превоз може да се реализира во догледно време со, како што рече, зголемена ефикасност на ЈСП „Скопје“. -Во моментов и изминатите неколку години со проширувањето на правата за користење бесплатен јавен превоз, почнувајќи од пензионерите, зголемувањето на бројот на денови во работната недела, понатаму студентите и други категории на граѓани, најголем дел од корисниците, оние кои се упатени на користење на јавниот превоз, веќе користат бесплатен јавен превоз, изјави Славески по конститутивната седница на Советот на Град Скопје. Прашан за БРТ системот на јавен превоз во Скопје (Bus rapid transit – BRT), Славески изјави дека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ќе има поддршка за тоа. -Ќе го поддржиме нејзиното мислење за овој проект, рече Славески. Потсети дека ја поддржале Арсовска во изборната кампања и, како што додаде, го поддржуваме ставот да се оди со друго решение, со набавка на еколошки автобуси. Советникот Реџеп Исмаил од Левица изјави дека тие начелно поддржуваат бесплатен јавен превоз, но, како што рече, зависи во каква форма ќе биде претставено пред нас. Смета дека тоа не може брзо туку така да биде дадено на Совет и да се изгласа. -Мора службите да поработат каков ќе биде концептот, како ќе се финансира, што ќе значи за Градот, дали има инфраструктура Градот тоа да го издржи, дали Јавното претпријатие „Скопје“ има капацитети, што треба да се прави во однос на тоа…Доколку дојде до таква работа, ние ќе ги оцениме сите постапни работи кои би требало да доведат до тоа за да да нема никакви негативни ефекти, да се минимализираат, рече Исмаил. Според него, треба да се одредат некои социјални критериуми. Смета дека бесплатниот јавен превоз не е возможен за сите и додаде оти тоа и не е препрачливо. – Ние имаме голема класна раслоеност во Македонија, особено во Скопје, затоа тука треба пропратно со таа политика за бесплатен јавен превоз да се ограничат оние кои секојдневно со автомобили не го користат јавниот превоз, да има некое скалило за оние кои можат да го користат овој превоз бесплатно. Секако тој треба да биде достапен на повеќе луѓе, изјави Исмаил. Додаде дека треба да се работи и на инфраструктурата во Скопје. Тој изјави дека не е запознаен со БРТ системот на јавен превоз во Скопје и оти треба да се видат аргументите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/slaveski-besplatniot-javen-prevoz-moze-da-se-realizira-vo-dogledno-vreme/feed/ 0
Арсовска: Ја нападнаа идејата за бесплатен јавен превоз, а после еден ден излегоа и го понудија истото https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-ja-napadnaa-idejata-za-besplaten-javen-prevoz-a-posle-eden-den-izlegoa-i-go-ponudija-istoto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-ja-napadnaa-idejata-za-besplaten-javen-prevoz-a-posle-eden-den-izlegoa-i-go-ponudija-istoto/#respond Tue, 26 Oct 2021 20:31:47 +0000 https://kurir.mk/?p=586077

Скопјани ќе го добијат она што го заслужуваат, јас во оваа кампања се занимавам со тоа што ќе работам за скопјани, јас не сум како нив. Од друга страна има човек кој не остварил ни 5 проценти од тоа што ветувал, за што ќе зборува тој освен што ќе ме напаѓа мене. Тоа зборува за нив, рече Данела Арсовска, независен кандидат за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на телевизија 24 во емисијата Анализа. Таа додаде „ако јас само дискутирав за нивните небулози, ќе требаше само да се бранам“. Оттука рече Арсовска, не ме чуди што имам водство, затоа што јас нудам проекти конкретни работи. -Верувајте проблемите на скопјани не се нерешливи, треба да се има само волја и посветеност и токму тоа е кое што имам намера да им го покажам на скопајни дека треба да се одважат, дека треба да излезат. Време е да се престане со тоа да им се дава на политичарите шанса, треба да се даде шанса и на некој кој може добро и квалитетно да ги менаџира процесите, рече Арсовска. Арсовска рече дека е разочарана што идејата за бесплатен јавен превоз наиде на критики. -Критикуваа, а потоа го понудија и тие самите. Знаат и самите дека е возможно, зошто и тие го нудат ако не невозможно, рече Арсовска. Таа додаде дека за оваа идеја важно неа само добро да се менаџираат процесите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-ja-napadnaa-idejata-za-besplaten-javen-prevoz-a-posle-eden-den-izlegoa-i-go-ponudija-istoto/feed/ 0
Во Авганистан се дели бесплатен леб, кризата со коронавирусот доведе до прехранбена криза https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avganistan-se-deli-besplaten-leb-krizata-so-koronavirusot-dovede-do-prehranbena-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avganistan-se-deli-besplaten-leb-krizata-so-koronavirusot-dovede-do-prehranbena-kriza/#respond Tue, 05 May 2020 13:49:52 +0000 https://kurir.mk/?p=341988

Авганистанската Влада неделава почна да дистрибуира бесплатен леб за стотици илјади лица низ земјата бидејќи дојде до дисбаланс во дистрибуцијата поради мерките за изолација наметнати од пандемија на коронавирусот, а и поради зголемувањето на цените, соопштија авганистански власти и експертите. Во првата фаза од проектот, повеќе од 250.000 семејства во главниот град Кабул почнаа да примаат десет тенки наан лебови дневно. Претседателот Мохамад Ашраф Гани изјави дека леб се дистрибуира и во други градови затоа што зголемените цени тешко ги погодија граѓаните во земјата, една од најсиромашните во светот, каде повеќе од половина од популацијата живее под границата на сиромаштија. Годишната стапка на инфлација во Авганистан во април изнесуваше 12,1 процент, а кога станува збор за цената на храната таа е 27 проценти повиксока во однос на 11 проценти во претходниот месец, изјави Омар Јова, економист од независниот институт Бируни во Кабул, кој има пристап до најновите владини податоци за потрошувачката кошничка. „Со оглед на големата зависност на Авганистан од увоз на храна и други непрехранбени производи, нарушувањето на трговијата поради затворањето на границите може да има сериозно влијание врз домашната инфлација“, рече тој. Растот на цените на храната, што се случува за време на светиот месец Рамазан, е сериозен удар за земјата, измачувана со децениските конфликти со талибанците. „Ситуацијата со Ковид-19 во Авганистан брзо се развива од здравствена во криза со храна и егзистенцијална криза“, предупреди Парвати Рамасвами, заменик директор на Светската програма за храна за Авганистан. Авганистан денеска објави дека има вкупно 3.224 позитивни за новиот коронавирус, вклучувајќи 95 мртви.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avganistan-se-deli-besplaten-leb-krizata-so-koronavirusot-dovede-do-prehranbena-kriza/feed/ 0