бесплатни тестови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 01 Apr 2022 09:43:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бесплатни тестови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Австрија стапи на сила новата стратегија за тестирање на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avstrija-stapi-na-sila-novata-strategija-za-testiranje-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avstrija-stapi-na-sila-novata-strategija-za-testiranje-na-koronavirus/#respond Fri, 01 Apr 2022 09:43:11 +0000 https://kurir.mk/?p=656812

Во Австрија денеска стапи на сила новата стратегија за тестирање против коронавирус, која предвидува пет бесплатни ПЦР и антигенски тестови за граѓаните, наместо досегашните неограничени можности за тестирање на трошок на државата. Според уредбата на австриското министерство за здравство, секој има право на пет антигенски и пет ПЦР тестови на трошок на државата месечно. Во текот на април овозможено е користење и на дополнителните пет „постари“ тестови кои им беа оставени на граѓаните. Покрај тоа, постојат различни групи за кои бесплатното тестирање остана неограничено, а тоа е за персонал, но и за штитеници во згрижување и установи за лица со посебни потреби, болници, бегалски установи, но и во сместување за бездомници и градинки. Исто така, луѓето со симптоми сепак ќе бидат бесплатно тестирани за коронавирус. Како ќе се спроведе новата стратегија за тестирање останува одговорност на провинциите. Повеќето провинции се држат до мешан систем на „домашни тестови“ и тестови во аптеките. Провинцијата Штаерска, на пример, во иднина ќе дозволува тестирање само во аптеките.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avstrija-stapi-na-sila-novata-strategija-za-testiranje-na-koronavirus/feed/ 0
Австрија за бесплатните тестови за Ковид-19 годинава потроши 1,6 милијарди евра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-za-besplatnite-testovi-za-kovid-19-godinava-potroshi-1-6-milijardi-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-za-besplatnite-testovi-za-kovid-19-godinava-potroshi-1-6-milijardi-evra/#respond Wed, 15 Dec 2021 11:04:58 +0000 https://kurir.mk/?p=608800

Бесплатните тестови за Ковид-19 ќе ја чинат Австрија оваа година 1,6 милијарди евра, објави Министерството за финансии. За следната година, како што се наведува во одговорот на Министерството на собраниската анкета, за тестовите се планирани 1,3 милијарди евра. За споредба, трошоците за вакцинација годинава изнесуваат околу 470 милиони евра, а следната година, се проценува, дека ќе се искачат на 750 милиони евра. Новиот австриски министер за финансии Магнус Брунер во интервју за виенскиот дневен весник „Хојте“ најави можност за укинување на бесплатните тестови. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-za-besplatnite-testovi-za-kovid-19-godinava-potroshi-1-6-milijardi-evra/feed/ 0
Германија повторно воведува бесплатни тестови поради рекордниот број на заразени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-povtorno-voveduva-besplatni-testovi-poradi-rekordniot-broj-na-zarazeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-povtorno-voveduva-besplatni-testovi-poradi-rekordniot-broj-na-zarazeni/#respond Fri, 12 Nov 2021 15:45:22 +0000 https://kurir.mk/?p=594751

Поради рекордните бројки на новозаразени со коронавирус во Германија, техничката влада воведува засилени мерки во борбата против пандемијата, кои вклучуваат повторно преземање на трошоците за тестирање на коронавирус, беше објавено денеска. - Мора да направиме се што е во наша моќ за да ја прекинеме оваа динамика, рече министерот за здравство Јенс Шпан, посочувајќи на рекордниот број на новозаразени луѓе во Германија. Епидемиолошкиот институт Роберт Кох денеска пријави 48.640 нови случаи на коронавирус, нешто помалку од вчера, но 11.500 повеќе од минатиот петок. Седумдневната инциденца се искачи на 263,7, највисока вредност од избувнувањето на пандемијата. Шпан препорача на јавни места, без разлика дали се работи за угостителски објекти или културни и спортски институции, да се воведе т.н. правило 2Г, кое дозволува влез само на луѓе кои се вакцинирани или прележале Ковид-19. Редовно тестирање на работните места се препорачува за оние кои не се вакцинирани. - Кај нас не е пет до дванаесет, туку пет по дванаесет, рече директорот на Институтот Роберт Кох, Лотар Вилер на заедничката прес-конференција. И Шпан и Вилер ги повикаа оние граѓани кои се уште не се вакцинирани да го сторат тоа. - Потребна ни е 90 отсто вакцинација за да постигнеме имунитет, а ние сме со милји далеку од тоа, рече Вилер, посочувајќи на моменталната стапка на вакцинација во Германија од 67,4 отсто. Шпан најави зголемување на приходите за лекарите кои вршат вакцинација, што треба да влијае на брзината на вакцинирањето. Од утре, тестовите за коронавирус повторно се бесплатни за сите граѓани еднаш неделно. Оваа мерка беше укината во септември бидејќи властите сметаа дека со нејзино укинување може да принудат повеќе граѓани да се вакцинираат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-povtorno-voveduva-besplatni-testovi-poradi-rekordniot-broj-na-zarazeni/feed/ 0
Во Грција во аптеките се дистрибуираат бесплатните тестови за Ковид-19 за домашна употреба https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-vo-aptekite-se-distribuiraat-besplatnite-testovi-za-kovid-19-za-domashna-upotreba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-vo-aptekite-se-distribuiraat-besplatnite-testovi-za-kovid-19-za-domashna-upotreba/#respond Wed, 07 Apr 2021 08:37:26 +0000 https://kurir.mk/?p=493527

Бесплатните тестови за Ковид-19 за домашна употреба (т.н. селф тестови), се очекува од утре да бидат достапни во аптеките во поголемите грчки градови и од петок во целата земја, а во првата фаза ќе бидат наменети само за средношколците на возраст од 16 до 18 години и за нивните професори, јави дописничката на МИА од Атина. Процесот на дистрибуција е во тек во 11.000 аптеки, според грчката новинска агенција АНА-МПА, секоја аптека ќе добие по 75 тестови, а попладнево се очекува да биде отворена специјалната платформа. Дел од фармацевтите, говорејќи за грчките медиуми велат дека им стигнале пакувања од 25 тестови, а не по еден, што за нив значи дека ќе треба да ги отворат и да ги распределат во исто толку индивидуални пакувања. „Селф тестовите“ , според грчката Влада се дополнителна алатка во борбата со Ковид-19 , но и дополнителна алатка во процесот на олабавување на рестрикциите, со оглед на тоа дека ќе бидат задолжителни за отворањето на училиштата, во првата фаза на повисоките класови од средните училишта. Учениците и просветните работници, задолжително ќе треба секоја седмица да се тестираат со домашните тестови, 24 до 48 часа пред почетокот на наставата. При негативен резултат ќе добиваат потврда што треба да ја носат на училиште, а без потврда, нема да можат да ја следат наставата. На специјалната интернет платформа ќе се пријавуваат позитивните случаи, но и негативните, доколку станува збор за категорија граѓани за кои домашното тестирање ќе биде задолжително и ќе биде потребно да имаат соодветна потврда. За секој граѓанин предвиден е по еден бесплатен тест седмично, во следните два месеци. Портпаролката на грчката Влада Аристотели Пелони на брифингот во понеделникот рече дека иако „селф тестовите“ даваат можност за лична заштита, сепак, важно е да нема недоразбирање и при негативен резултат да нема опуштања кај граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-vo-aptekite-se-distribuiraat-besplatnite-testovi-za-kovid-19-za-domashna-upotreba/feed/ 0
Државата ќе добие донација на бесплатни тестови, а граѓаните ќе ги плаќаат по 1.000 денари! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavata-kje-dobie-donacija-na-besplatni-testovi-a-gragjanite-kje-gi-plakjaat-po-1-000-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavata-kje-dobie-donacija-na-besplatni-testovi-a-gragjanite-kje-gi-plakjaat-po-1-000-denari/#respond Mon, 02 Nov 2020 10:19:06 +0000 https://kurir.mk/?p=423581

Во Министерството за здравство ќе пристигне донација од 13 000 брзи тестови кои се најнова технологија со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираниот е присутен вирусот Ковид 19. Тестовите ќе бидат дистрибуирани по сите пунктови каде се врши тестирањето. Ова го изјави министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето на телевизијата Сител. – Тринаесет илјади брзи тестови следната недела ќе бидат дистрибуирани по сите пунктови каде што се прават тестирања. Тоа се брзи тестови кои што се готови за 15 минути, тоа се најновите тестови, најновата технологија, со тоа уште повеќе се зголемува капацитетот на сите државни лаборатории и тоа ќе стане и редовна пракса на тестирање, рече министерот Филипче. Посочи дека добиле голема сума пари со ребалансот на буџетот близу 40 милиони денари и ќе набават близу 100.000 тестови во следниот период за да одговорат на сите потреби. Во врска со тоа дали нема повеќе да се чека шест до седум дена да се добие тест дури и кога некој има симптоми, рече дека кога имало потреба од итност никој не чекал, болниците имаат апарати за брзи тестови и веднаш реагирале. – Тие кои имаа индикација за брз тест веднаш беа препраќани во болнички установи или во Институтот за јавно здравје, каде има апарати за брзи тестови. Токму затоа и ова надополнување на тестови кое почнува од средината на неделава, од вторник, среда, сите тестови кои ги добивме со донација ќе бидат веќе дистрибуирани по сите пунктови, потенцира Филипче. На прашање дали има потреба да се искористат капацитетите на приватните лаборатории и државата да ги рефундира средствата, посочи дека за тоа размислувале изминатата недела, но значаен број дополнителни термини се ослободиле во државните лаборатории. – Приоритет ќе биде времето за кое ќе се стигне до тестот посебно на тие пациенти кои имаат индикација за брз тест. Ќе видиме како ќе биде системот со закажување и исполнување на термините посебно со брзите тестови и верувам дека до крајот на оваа недела ќе имаме јасна слика дали треба да ангажираме дополнителни капацитети од лаборатории кои се акредитирани од страна на специјалната комисија од Комисијата за заразни болести, рече Филипче. Во врска со носењето маска на отворено рече дека кога е можно да се влезе во група луѓе и заради кашлање и кивање може случајно да се влезе во близок респираторен контакт тогаш маската штити од трансмисијата на вирусот. – Со маската се штитите себеси и од студеното време кога треба секој да внимава на своето здравје и од загадувањето. Верувам дека сега со овие мерки, маски задолжително на отворено, немање можност да групирање, економските оператори кои работат, вклучително и угостителските објекти со соодветни протоколи ќе дадат резултат, додаде Филипче. Инаку минатата недела директорот на Здравствениот дом Скопје Виктор Исијановски изјави дека брзите тестови ќе чинат 1.000 денари. Во однос на постапката за брисеви со овие тестови, тој појасни дека се зема брис назоферигијално, потоа се става во епрувета во која има течност, потребно е од 15 до 20 минути, на една плочка се капнува каде што веднаш се добива резултатот. Доколку е лицето позитивно, додава тој, веднаш во текот на денот ќе биде известен од Институтот за јавно здравје кој понатаму ќе постапи со епидемиолошка анкета за лицето да биде ставено во изолација. – Доколку тестот е негативен и нема симптоми нема потреба од ПЦР тест, меѓутоа доколку е потребно и е негативен тестот, а има лицето симптоми на КОВИД тогаш е потребно да се направи ПЦР тест, рече Исијановски, додавајќи дека тестовите ќе чинат 1000 денари. Математички пресметано, тоа значи дека граѓаните тестирањето ќе ги чини вкупно 13 милиони денари или 210 илјади евра, иако сите 13 илјади тестови се бесплатни! Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара бесплатни тестови за здравствените и просветните работници, како и хронично болните да не одат на работа. Поради влошената и состојба со коронавирусот ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски излегоа со неколку барања до власта се со цел да се заштитат животите на најзагрозената категорија на граѓани и на овие кои што секојдневно се наоѓаат во првите борбени линии со невидливиот непријател. Барањата се ослобободување од работа на хронично болните, бесплатни тестови за здравствените работници, наставничките и негователките. БАРАМЕ: -Ослободување од работа на болните од хронични болести. -Бесплатни тестови за здравствените работници. -Бесплатни тестови за наставничките и негователките, стои во објавата на Мицкоски.
БАРАМЕ ⬇️ 1️⃣ Ослободување од работа на болните од хронични болести. 2️⃣ Бесплатни тестови за здравствените работници. 3️⃣ Бесплатни тестови за просветните работници. Posted by Hristijan Mickoski on Sunday, November 1, 2020
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavata-kje-dobie-donacija-na-besplatni-testovi-a-gragjanite-kje-gi-plakjaat-po-1-000-denari/feed/ 0
Мицкоски: Бараме ослобободување од работа на хронично болните, бесплатни тестови за здравствените работници, наставничките и негователките https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-barame-osloboboduvanje-od-rabota-na-hronichno-bolnite-besplatni-testovi-za-zdravstvenite-rabotnici-nastavnichkite-i-negovatelkite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-barame-osloboboduvanje-od-rabota-na-hronichno-bolnite-besplatni-testovi-za-zdravstvenite-rabotnici-nastavnichkite-i-negovatelkite/#respond Sun, 01 Nov 2020 17:09:07 +0000 https://kurir.mk/?p=423361

Поради влошената и состојба со коронавирусот ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски излегоа со неколку барања до власта се со цел да се заштитат животите на најзагрозената категорија на граѓани и на овие кои што секојдневно се наоѓаат во првите борбени линии со невидливиот непријател. Барањата се ослобободување од работа на хронично болните, бесплатни тестови за здравствените работници, наставничките и негователките. БАРАМЕ: -Ослободување од работа на болните од хронични болести. -Бесплатни тестови за здравствените работници. -Бесплатни тестови за наставничките и негователките, стои во објавата на Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-barame-osloboboduvanje-od-rabota-na-hronichno-bolnite-besplatni-testovi-za-zdravstvenite-rabotnici-nastavnichkite-i-negovatelkite/feed/ 0
Бесплатно тестирање за коронавирусот за 1,3 милиони жители на Париз https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/besplatno-testiranje-za-koronavirusot-za-1-3-milioni-ziteli-na-pariz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/besplatno-testiranje-za-koronavirusot-za-1-3-milioni-ziteli-na-pariz/#respond Thu, 25 Jun 2020 09:28:21 +0000 https://kurir.mk/?p=362626

Властите во Франција ќе понудат бесплатни тестирања за коронавирусот за околу 1,3 милиони граѓани на Париз, со цел да се обидат да ги идентификуваат скриените кластери на асимптоматски случаи. Во интервју за „Ле Монд“, францускиот министер за здравство Оливие Веран најави проширување на обемот на тестирање во Париз.Тој рече дека надлежните органи ќе испраќаат купони до граѓаните, што ќе можат да ги користат за тестирање за вирусот. Целта, како што истакна Веран, е да се откријат скриени кластери на асимптоматски случаи на заразени. Министерот додаде дека Франција се подготвува за втор бран на епидемијата – складира лекови и работи на обезбедување услови за лекување на 30.000 пациенти во одделенијата за интензивна нега, доколку е потребно. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/besplatno-testiranje-za-koronavirusot-za-1-3-milioni-ziteli-na-pariz/feed/ 0