бесплатни – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Aug 2021 07:40:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бесплатни – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Германија планира да го укине бесплатното тестирање за Kовид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-planira-da-go-ukine-besplatnoto-testiranje-za-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-planira-da-go-ukine-besplatnoto-testiranje-za-kovid-19/#respond Tue, 10 Aug 2021 07:40:40 +0000 https://kurir.mk/?p=548642

Бесплатното тестирање за целото население беше воведено во март, но сега има повици парите на даночните обврзници да престанат да се распределуваат за оние што не се вакцинирани. Сепак, оние што не можат да се вакцинираат од здравствени причини ќе имаат право на бесплатен тест за ковид Германија размислува за укинување на бесплатните тестови за ковид-19 во октомври, објавија во понеделникот медиумите од групата РНД, повикувајќи се на нацрт-предлог за кој канцеларката Ангела Меркел ќе разговара со лидерите на 16-те сојузни држави. Германската влада воведе бесплатно тестирање за целото население во март, пред крајот на третиот бран на ковид-19 во државата. Во моментов 55 проценти од германското население е вакцинирано, така што има повици парите на даночните обврзници да престанат да се распределуваат за оние што не се вакцинирани, иако вакцината е достапна за секого, пренесува Ројтерс. -Со оглед на тоа што вакцинацијата е достапна за сите жители, федералната влада, а со тоа и даночните обврзници, повеќе не е оправдано да ги плаќаат трошоците за сите тестови, го цитираше нацрт-предлогот РНД. Помалку од седум недели пред парламентарните избори, Меркел и сојузните лидери ќе разговараат за мерките за спречување на ширењето на делта-сојот на вирусот, без повторно воведување карантин на државно ниво. Нацрт-предлогот предвидува дека оние што не можат да се вакцинираат од здравствени причини, сепак, имаат право на бесплатен тест. Германија има повеќе од 3 000 нови инфекции секој ден во изминатите 5 дена, но речиси 63 проценти од германското население е вакцинирано со барем една доза, така што владата се надева дека ќе избегне нов карантин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-planira-da-go-ukine-besplatnoto-testiranje-za-kovid-19/feed/ 0
Албанија обезбеди бесплатни брзи тестови за туристите кои ќе се пожалат на симптоми на корона https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-obezbedi-besplatni-brzi-testovi-za-turistite-koi-kje-se-pozalat-na-simptomi-na-korona/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-obezbedi-besplatni-brzi-testovi-za-turistite-koi-kje-se-pozalat-na-simptomi-na-korona/#respond Sun, 20 Jun 2021 08:51:56 +0000 https://kurir.mk/?p=525630

Освен што нема никакви ограничувања за влез во земјата, Албанија, за сите туристи кои одлучиле да одмораат на нејзиното крајбрежје и другите туристички места, обезбеди бесплатни брзи тестови во случај на појава на симптоми на Ковид-19. Министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу информираше дека почнале да функционираат 29 здравствени амбуланти каде 24 часа се достапни здравствени услуги, како и бесплатни тестови за секој сомнителен случај. -Во секоја летна здравствена амбуланта во крајбрежните и планинските туристички области, се нуди 24-часовна услуга за секоја итна медицинска помош, како и бесплатен брз тест, за секој случај за кој постои сомневање за Ковид-19. Во случај на појава на некој од симптомите, одете во најблиската здравствена амбуланта. Заедно, да го ограничиме ширењето на коронавирусот, за безбедна туристичка сезона, напиша Манастирлиу во објава на Фејсбук. На располагање е и бесплатниот телефонски број 127. Во меѓувреме во земјата продолжува процесот на имунизација, а епидемиолошката состојба е стабилна. Четири дена по ред нема починат како последица од Ковид-19, бројот на заразени е минимален, односно вчера имаше само четири нови случаи, од направени 2771 тест, активни на болеста се 124 од кои болнички се лекуваат само седум пациенти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-obezbedi-besplatni-brzi-testovi-za-turistite-koi-kje-se-pozalat-na-simptomi-na-korona/feed/ 0
Шкотска- прва земја во светот со бесплатни хигиенски продукти, потребни за жените при менструација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shkotska-prva-zemja-vo-svetot-so-besplatni-higienski-produkti-potrebni-za-zenite-pri-menstruacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shkotska-prva-zemja-vo-svetot-so-besplatni-higienski-produkti-potrebni-za-zenite-pri-menstruacija/#respond Wed, 25 Nov 2020 11:41:12 +0000 https://kurir.mk/?p=434151

Шкотска стана првата земја во светот што ги прави производите потребни на жените за време на менструацијата бесплатни за сите, јави Би Би Си. Членовите на шкотскиот Парламент едногласно го одобрија нацрт-законот за обезбедување на такви производи бесплатно. Во моментов постои законска обврска за локалните власти да обезбедат бесплатни артикли како што се тампони и влошки на располагање на „секој што има потреба“. Предлог-законот беше поднесен од лабуристката Моника Ленон. Таа води кампања за ставање крај на проблемот со обезбедување на неопходните хигиенски производи од 2016 година. Таа рече дека тоа е „практичен и прогресивн“ законодавен акт, кој станува уште поважен поради пандемијата на коронавирус. „Менструацијата не застанува во пандемии и работата за подобрување на пристапот до тампони, хигиенски влошки и други производи за еднократна употреба никогаш не била поважна“, додаде таа. Постои феномен наречен „менструална сиромаштија“, т.е. кога жените со ниски примања не можат да си дозволат или да пристапат до производите што им се потребни. При просечен менструален циклус од околу пет дена, тампоните и влошките може да чинат до осум фунти месечно, а некои жени имаат проблеми со обезбедување на овие производи за сопствена хигиена. Истражувањето спроведено на повеќе од 2.000 луѓе од страна на установата „Young Scot“ откри дека приближно секоја четврта испитаничка на училиште, колеџ или универзитет во Шкотска има проблеми со обезбедувањето на потребните производи за време на менструацијата. Во меѓувреме, се дојде до сознание дека околу 10 проценти од девојчињата во Велика Британија не се во можност да си ги дозволат потребните продукти за време на еден циклус; 15 отсто ги обезбедуваат со напор, а 19 проценти користеле помалку соодветни производи поради трошоците, се вели во студијата. Покрај „менструалната сиромаштија“, предлог-законот се однесува и на непријатноста на младите девојки да кажат дека се во циклус. Истражувачите велат дека ова е проблем за младите девојки. Откриено е дека 71 процент од жените на 14-21 годишна возраст се чувствуваат непријатно да купуваат производи за менструалниот циклус. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shkotska-prva-zemja-vo-svetot-so-besplatni-higienski-produkti-potrebni-za-zenite-pri-menstruacija/feed/ 0
Во Сингапур поставени апарати за бесплатни маски https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-singapur-postaveni-aparati-za-besplatni-maski/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-singapur-postaveni-aparati-za-besplatni-maski/#respond Wed, 27 May 2020 07:53:01 +0000 https://kurir.mk/?p=350593

Сингапур дели бесплатни маски за една употреба на сите жители, а маските можат да се подигнат од 400 апарати ширум градот. Сингапур третпат дели маски на жителите, но првпат го прави тоа преку апарати. На почетокот на пандемијата, Сингапур успешно се справуваше со пандемијата со Ковид-19, но изминатите недели е забележано нагло зголемување на бројот на заразени, претежно помеѓу странските работници. Во Сингапур над 32.000 луѓе се инфицирани со новиот коронавирус, што е најголем број во Југоисточна Азија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-singapur-postaveni-aparati-za-besplatni-maski/feed/ 0
Николов: Владата делеше бесплатни лубриканти, сега може да дели и бесплатни маски за граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-vladata-deleshe-besplatni-lubrikanti-sega-moze-da-deli-i-besplatni-maski-za-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-vladata-deleshe-besplatni-lubrikanti-sega-moze-da-deli-i-besplatni-maski-za-gragjanite/#respond Sun, 15 Mar 2020 13:14:25 +0000 https://kurir.mk/?p=316824

Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ денеска преку своја прес-конференција потенцира дека Влада треба да воведе бесплатни маски и гелови пред дуќаните, продавниците и маркетите бидејќи тоа им го должат на граѓаните, откако претходно набавуваа лубриканти, а не можат да обезбедат бесплатни маски. -Бараме да се спроведе „специјален режим за работа„ на продавници и пазари. Ова значи да се примени праксата од развиените европски држави кои се справуваат со истите последици, односно шалтерски систем на продажба или да се ограничи влегувањето на клиентите во продавниците и стварање на непотребни гужви и непотребни редови, а се со цел да се намали ризикот и можноста за пренесување на вирусот. Воедно во овој режим би било и воведување на бесплатни маски и гелови пред дуќаните, продавниците, маркетите и сите оние места кои што се неопходни за граѓаните. Тоа им го должиме, бидејќи можеа да се набават лубриканти, а не можат да обезбедат бесплатни маски, вели Николов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-vladata-deleshe-besplatni-lubrikanti-sega-moze-da-deli-i-besplatni-maski-za-gragjanite/feed/ 0