бесплатно болничко лекување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 08 Jan 2019 11:49:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бесплатно болничко лекување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Наместо бесплатно болничко лекување, годинава поскапување за 20-30% https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namesto-besplatno-bolnichko-lekuvanje-godinava-poskapuvanje-za-20-30/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namesto-besplatno-bolnichko-lekuvanje-godinava-poskapuvanje-za-20-30/#respond Tue, 08 Jan 2019 11:49:46 +0000 https://kurir.mk/?p=149668

Од самиот старт на оваа година имено од први јануари годинава се адаптираа цените на ФЗОМ кои што ги исплаќа на Клиниките за одредена здравствена услуга. Врз основа на самата партиципација која што ја плаќаат пациентите е покачена за дури околу 20-30%, тоа значи дека пациентите ќе плаќаат поскапо. Вкупната сума по пациент што ќе ја плати како партиципација не може да помине 6.000 денари годишно. Сето ова е спротивно од ветувањата за бесплатно болничко лекување. Да се потсетиме дека во екот на предизборието сите функционери од СДСМ ветуваа кога ќе дојдат на власт прво што ќе направат е да се воведе бесплатно болничко лекување за граѓаните на Република Македонија. „Ќе овозможиме квалитетно јавно здравство достапно за сите, во кое што ќе работат стручни и квалитетни лекари. Ќе воведеме бесплатно болничко лекување за сите граѓани – партиципацијата ќе ја укинеме. Ќе обезбедиме достапност до матичен гинеколог за секоја бремена жена. На позитивните листи ќе има најмалку еден бесплатен лек од секоја генерика. Ќе ја прошируваме позитивната листа на лекови барем еднаш годишно“, пишуваа од СДСМ на страна 7 од „Планот за живот“. „Бесплатно болничко лекување за сите осигуреници (Укинување на партиципацијата за болничко лекување)“ – страна 133 од „План за живот“. -Почитувани граѓани, од вашите плати колкави и да се, од сметките што ги плаќате, преку даноците, државата зема пари за да работат институциите. Институциите морат да работат и ќе работат за вас. Клучно за секој човек е неговото здравје и здравјето на неговото семејство. Затоа се обврзуваме на квалитетно јавно здравство достапно за сите граѓани. Ќе обезбедиме амбуланти и болници според потребите на сите граѓани во сите делови на Македонија. Во јавното здравство ќе работат стручни и квалитетни лекари кои ќе се грижат за вашето здравје. За да бидат целосно посветени на вашето здравје, да ги мотивираме испланиравме двојно покачување на платите на здравствените работници до крајот на мандатот, а специјалистите ќе примаат 100.000 денари плата. Со 100.000 денари плата лекарите ќе ни останат овде во јавното здравство и ќе се грижат за здравјето на нашиот народ. Нема да барате врски за да дојдете погоре на листата на чекање кај најдобриот лекар. Затоа што во болницата нема друг. Ќе има во јавното здравство и квалитетни и стручни лекари. Но ќе има и лекови и медицински материјал, нема за завој со крвава рана да ве враќаат да си купите од аптека. За набавка на лековите нема да биде пресудно само најниската цена, таму кај што е потребно ако треба најдобриот, најквалитетниот лек ќе го обезбедиме, нека е и најскапиот ако од него зависи животот на пациентот. Ви реков болничко лекување ќе биде бесплатно за сите. За секој да може да биде болнички згрижен ако има потреба од тоа, никој да не страда, појасни Заев на митингот одржан на 2 декември 2016 година. Но според оваа одлука на ФЗОМ што стапи на сила од 01.01.2019 година е сосема спротивна на ветувањата на СДСМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namesto-besplatno-bolnichko-lekuvanje-godinava-poskapuvanje-za-20-30/feed/ 0
Пецаков: Бесплатното болничко лекување беше уште една шарена лага на Зоран Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pecakov-besplatnoto-bolnichko-lekuvanje-beshe-ushte-edna-sharena-laga-na-zoran-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pecakov-besplatnoto-bolnichko-lekuvanje-beshe-ushte-edna-sharena-laga-na-zoran-zaev/#respond Mon, 05 Mar 2018 13:02:06 +0000 http://kurir.mk/?p=27569

СДСМ или свесно ги лажеше граѓаните или се целосно неспособни да го реализираат ветеното. Резултатот на крајот е ист. Животот дојде за Зоран Заев и функционерите околу него, а граѓаните преживуваат, истакна на денешната прес-конференција Кирил Пецаков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. -СДСМ и Зоран Заев манипулираа со граѓаните пред изборите ветувајќи бесплатно болничко лекување за сите граѓани, уште во првите 6 месеци од преземањето на власта. Поминаа 9 месеци, проектот се уште не е реализиран, ниту има најави за негова реализација. Од видеото во продолжение ќе видите како Зоран Заев во кампањата во 2016-тата година на митинзите низ државата ветуваше бесплатно болничко лекување. Бесплатно болничко лекување нема. Бесплатното болничко лекување беше уште една шарена лага на Зоран Заев, вели Пецаков. Тој истакна дека СДСМ свесно ги лажеше граѓаните и велеа дека дури веќе имаат изготвено и измени на закон, ама после една година ниту измени на закон, ниту бесплатно болничко лекување за сите нема. -Ова е лицемерието на СДСМ на дело. Тие во опозиција ги користеа личните судбини и трагедии на граѓаните за ситни политички поени, а сега кога се на власт и кога може да направат нешто за нив се кријат и молчат. Наместо унапредување на здравствената услуга и заштита гледаме секојдневно урнисување и уништување на здравствениот систем како резултат на неспособноста и неработењето на оваа власт. Јавноста е сведок на затворени одделенија во болниците, па дури и безмалку цели клиники како во случајот со неврохиругија, чести недостатоци на лекови за ретки болести, инсуфициенција на инсулин, медицински апарати кои поради негрижата на власта не се сервисираат и подолг период се нефункционални, како во случајот со компјутерскиот томограф во болницата во Охрид и целодневни парализирања на системот Мој термин, посочува членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Пецаков додава дека состојбата е алармантна, а власта ништо не презема. -Квалитетните здравствени услуги и грижата за здравјето на граѓаните се обврска за државата, а право на граѓаните. Граѓаните имаат потреба од функционално здравство. СДСМ наместо подобрување на условите за здравствена заштита истите ги влошува. СДСМ се коцка со здравјето на народот исто како што се коцка со иднината на Македонија, нагласува тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pecakov-besplatnoto-bolnichko-lekuvanje-beshe-ushte-edna-sharena-laga-na-zoran-zaev/feed/ 0