бесплатно летување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 13 Aug 2023 13:00:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бесплатно летување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Децата од социјално загрозените семејства од Кисела Вода заминаа на бесплатно летување https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/detsata-od-sotsijalno-zagrozenite-semejstva-od-kisela-voda-zaminaa-na-besplatno-letuvane/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/detsata-od-sotsijalno-zagrozenite-semejstva-od-kisela-voda-zaminaa-na-besplatno-letuvane/#respond Sun, 13 Aug 2023 13:00:41 +0000 https://kurir.mk/?p=866226

Децата од социјално загрозените семејства од Кисела Вода добија бесплатно летување платено од страна на општината. Се работи за 45 ученици од основните училишта кои денес заминaa на седумдневно летување во одморалиштето “Детски радости” во Св. Стефан, Охрид. Проектот кој чини околу половина милион денари, има за цел да им овозможи на децата да се дружат, да стекнат нови искуства и вештини, да се избегне нивната социјална изолација и да се поттике нивниот личен развој, самодоверба и одговорност. - Денес 45 ученици од основните училишта во општина Кисела Вода заминaa на седумдневно целосно бесплатно летување во одморалиштето “Детски радости” во Св. Стефан, Охрид. За нив ќе се грижат наставници, аниматори, рекреатори, патува и доктор кој ќе се грижи за нивното здравје. Овој проект на Општина Кисела Вода претставува значаен чекор кон подобрување на квалитетот на живот на децата во социјалeн ризик. Се работи за ученици од семејства кои примаат социјална помош, како и од еднородителски семејства или со ниски месечни приходи, па ова е важна инвестиција во нивниот развој, обезбедувајќи им еднакви можности како што ги имаат нивните врсници-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски додавајќи дека овој проект е само една од многуте мерки од социјалната сфера кои се реализираат во Општина Кисела Вода за поддршка на социјално ранливите категории. -Како општина, продолжуваме со нашиот ангажман за нивен успешен развој и континуирано подобрување на животот преку дополнителни проекти. И оваа учебна година обезбедивме ранче и училишен прибор за сите првачиња, а како новитет е тоа што сите основци ќе добијат бесплатни униформи. Го продолжуваме и проектот за бесплатни часови по странски јазици, часови за компјутерска технологија и бесплатен спорт за децата од социјално ранливите категории, а пакетот мерки за поддршка ќе биде дополнет и со нови услуги и содржини-додаде градоначалникот Ѓорѓиевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/detsata-od-sotsijalno-zagrozenite-semejstva-od-kisela-voda-zaminaa-na-besplatno-letuvane/feed/ 0
Ѓорѓиевски: Децата од социјален ризик ќе добијат бесплатно летување https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gorgievski-detsata-od-sotsijalen-rizik-ke-dobijat-besplatno-letuvane/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gorgievski-detsata-od-sotsijalen-rizik-ke-dobijat-besplatno-letuvane/#respond Tue, 02 May 2023 10:36:45 +0000 https://kurir.mk/?p=829674

Следејќи ја стратегијата за обезбедување на еднакви можности за сите свои граѓани, Општина Кисела Вода излегува со уште една мерка за помош на децата од социјален ризик. Летово, тие ќе можат да користат бесплатно летување, за што од буџетот на Општината веќе се обезбедени финансиски средства во висина од 3 милиони денари. -Услугата која вклучува платен превоз, сместување и храна, ќе може да ја користат деца од социјално ранливи категории кои се редовни ученици во основните училишта во општина Кисела Вода. Преку оваа мерка, тие ќе ја избегнат социјалната изолација, ќе имаат можност да стекнат нови пријатели, да се стекнат со нови искуства, да учат нови вештини, да откријат нови интереси и да работат на своето осамостојување, лична одговорност и самодоверба-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски. Критериумите за користење на бесплатно летување ќе бидат објавени дополнително, преку јавен повик, по што ќе се знае и точниот број на ученици кои ќе ја користат оваа социјална мерка. Создавањето на еднакви можности за сите деца претставува значаен придонес во нивниот развој и им дава подобра можност за успешен живот во иднина. Оттука, континуираната поддршка на Општина Кисела Вода продолжува преку повеќе мерки од социјалната сфера. Како локална самоуправа, сакаме да информираме дека проектот за бесплатни часови по странски јазици, часови за компјутерска технологија и бесплатен спорт за децата од социјално ранливите категории, ќе продолжи и во следната учебна година, а пакетот мерки за поддршка ќе биде дополнет и со нови услуги и содржини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gorgievski-detsata-od-sotsijalen-rizik-ke-dobijat-besplatno-letuvane/feed/ 0