бесплатно тестирање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 02 Nov 2020 16:56:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бесплатно тестирање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Скандал и ужас: Заев и министрите со бесплатни тестови преку ред, а народот умира, чека и плаќа тестови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-i-uzas-zaev-i-ministrite-so-besplatni-testovi-preku-red-a-narodot-umira-cheka-i-plakja-testovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-i-uzas-zaev-i-ministrite-so-besplatni-testovi-preku-red-a-narodot-umira-cheka-i-plakja-testovi/#respond Mon, 02 Nov 2020 16:56:12 +0000 https://kurir.mk/?p=423895

Министрите, но и другите јавни функционери од власта се тестирале ургентно во јавните здравствени установи, бесплатно и без да чекаат, бидејќи морало да се заштити функционирањето на државните институции. Овој одговор го доби новинарката Мери Јордановска од министерот за здравство Венко Филипче, на нејзиното прашање каде се тестирале неговите сопартијци за Ковид-19, односно дали платиле приватно или оделе преку ред, со оглед на тоа што се чека по минимум 8 дена за тестирање преку Мој термин. Новинарката Јордановска, ова, а и повеќе други прашања му ги постави на министерот Филипче јавно, преку нејзиниот фејсбук профил, а сега, како што пишува, одлучила и одговорите јавно да ги сподели. -Тие се тестираа во јавно-здравствените установи. Сите лица кои се на јавни функции и се дел од виталните органи на власта се третираат како ургентни случаи за тестирање. Ова не се прави заради никаква политичка привилегија, туку заради заштита на функционирањето на државните институции. Ова е пракса во сите земји во светот и тоа не само за пандемии, туку за секоја друг тип елементарни непогоди. Секогаш приоритет на заштита се дава на носителите на високи државни функции со цел заштита на нормалното функционирање на државата. Ве повикувам ова слободно да го проверите во сите останати земји, одговорил Филипче. Едно од нејзините прашања е дали тој „има било какво образложение, зошто сме на 18-то место во светот според смртност од Ковид-19, а сме на прво место во регионот“. Првиот здравствен работник одговара дека помалите земји секогаш имаат полоша бројка на смртност кога истата се пресметува на 1.000.000 жители. Пресметката на смртност која од почеток ја сметаме за релеванта и која ја користи Светската здравствена организација е процент на починати од заразени. И тука сме апсолутно во рамки на европскиот просек, а далеку под некои европски земји. Денешната бројка е 3,2 отсто, додека европскиот просек е 2,9 отсто. Секако, не велам дека смртноста кај нас е ниска, но оваа статистика е важно да се објасни. Второ и многу битно дозволете да кажам дека ова не е натпревар, кој ќе има подобар резултат, сепак зборуваме за животи, а секоја замја има свој посебен начин на евидентирање на починатите. Затоа сметам дека не е соодветно да се прават споредби. Па така би сакал да го повторам многу пати досега кажаното дека во нашата евиденција влегуваат и позитивните пост-мортем брисеви, нешто што не се прави во најголем дел од земјите во регионот и Европа. А такви брисеви се земаат од пациенти за кои семејството укажало дека имало симтоматологија на вирусот или по проценка на лекар, ако лицето почине непосредно по прием. -Ова го правиме заради подобар епидемиолошки увид и заштита на семејствата и изолација на оние кои биле во контакт. Ако престанеме ова да го правиме може да ја спуштиме смртност за минимум 30 до 40 отсто. Но освен што тоа ќе ги смени бројките, не сметам дека ќе го реши проблемот со смртноста. Развојот на болеста е непредвидлив и затоа постојано апелираме граѓаните да бидат максимално внимателни и да се штитат, а јас одговорно тврдам дека колегите даваат максимум и се борат за секој живот, напишал министерот во одговорите до новинарката Јордановска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-i-uzas-zaev-i-ministrite-so-besplatni-testovi-preku-red-a-narodot-umira-cheka-i-plakja-testovi/feed/ 0
Исланд 2 недели им нуди на туристите бесплатно тестирање за коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/island-2-nedeli-im-nudi-na-turistite-besplatno-testiranje-za-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/island-2-nedeli-im-nudi-na-turistite-besplatno-testiranje-za-koronavirus/#respond Mon, 15 Jun 2020 08:53:49 +0000 https://kurir.mk/?p=357986

Исланд, како популарна туристичка дестинација, планира на сите странски туристи да им понуди бесплатно тестирање за коронавирус во текот на последните две недели во јуни. Исландската Влада неодамна објави дека патниците во Исланд од 15 јуни по влегувањето во земјата ќе треба да изберат дали да направат тест или да одат во 14-дневен карантин. Во меѓувреме, властите објавија дека тестот ќе биде бесплатен во наредните две недели, по што ќе се наплаќа 113 долари. Децата нема да мора да бидат тестирани. Исланд првично ќе може да тестира 500 туристи на ден, но за неколку недели се очекува бројот да се зголеми на 4.000 тестови дневно]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/island-2-nedeli-im-nudi-na-turistite-besplatno-testiranje-za-koronavirus/feed/ 0
Лос Анџелес бесплатно ќе ги тестира своите жители за Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/los-andzeles-besplatno-kje-gi-testira-svoite-ziteli-za-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/los-andzeles-besplatno-kje-gi-testira-svoite-ziteli-za-kovid-19/#respond Thu, 30 Apr 2020 10:03:02 +0000 https://kurir.mk/?p=339836

Властите на Лос Анџелес, Калифорнија, почнуваат со бесплатно тестирање на сите жители на градот за новиот коронавирус, без разлика дали имаат симптоми на зараза или не, напиша на Твитер градоначалникот Ерик Гарсети. Лос Анџелес е првиот голем град во САД кој покрена таква иницијатива. Приоритет ќе имаат граѓаните со симптоми, но можат да се тестираат и сите останати. Услугата не е задолжителна за луѓето кои се чувствуваат здрави, не излегувале од дома и не контактирале заразени лица. – Градската управа одлучи да ги тестира луѓето бесплатно, бидејќи во квартовите со сиромашни семејства смртноста од Ковид-19 е четири пати повисока отколку просечната бројка во земјата, додаде Гарсети. Според локалните власти, во градот со население од 3,9 милиони лица, можат дневно да се тестираат околу 18.000 луѓе. Во Лос Анџелес се регистрирани речиси 21.000 заразени случаи со новиот коронавирус, а повеќе од илјада се починати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/los-andzeles-besplatno-kje-gi-testira-svoite-ziteli-za-kovid-19/feed/ 0