Бети Стаменкоска Трајкоска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 27 Jul 2023 15:52:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Бети Стаменкоска Трајкоска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стаменкоска Трајкоска до Шукова: На кого ќе се извините, на народот кој го прелажавте или на Бектеши? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkoska-trajkoska-do-shukova-na-kogo-ke-se-izvinite-na-narodot-koj-go-prelazhavte-ili-na-bekteshi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkoska-trajkoska-do-shukova-na-kogo-ke-se-izvinite-na-narodot-koj-go-prelazhavte-ili-na-bekteshi/#respond Thu, 27 Jul 2023 15:52:25 +0000 https://kurir.mk/?p=860826

„Првото прашање имено сакав да го адресирам до вицепремиерката за добро владеење, госпоѓата Грковска. И сакав за нејзе, бидејќи не верувам дека премиерот ќе одоговори бидејќи има многу отсутни министри. Овој кабинет е задолжен за транспарентност, отчетност, професионалност на институции, антикорупција, а во јавноста сведочиме како министерот Груби, функционери, претседатели на политички партии итн. се возат во скапи автомобили. А, до ДКСК во нивниот Извештај имаат скромни автомобилчиња ставено дека возат. Од сето ова произлегува прашањето дали со слободата да возат туѓи и скапи автомобили, министрите дополнително се изложуваат на ризик од корупција, злоупотреба на функција, безбедносен ризик итн. Дали министерот Груби може добро да раководи со неговото министерство бидејќи со возење на туѓ автомобил се изложува на ризик од корупција“, запраша пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска на денешната собраниска седница на пратенички прашања. Стаменкоска Трајкоска запраша дали кабинетот на вицепремиерката Грковска презема нешто околу случајот со Груби. Јавноста треба да знае што се презема за да се намали овој ризик. Кабинетот со кој што раководи вицепремиерката покрај тоа што троши народни пари, јавноста треба да е запознаена какви чекори презел кабинетот на Грковска, какви политики за добро владение преземале. „Моето второ прашање ќе го поставам на министерката за животна средина и просторно планирање. Министерството кое има предизвик да ја заштитува животната средина од ѓубрива, прашина, бучава, злоупотреба на вода за пиење, загадување на почвата, воздухот, регионалните депонии итн., во јавноста сме сведоци и од едно истражување што може да се направи дека нема кавлитетно управување со отпад, нема управување квалитетно со води, дека нема квалитетна климатска акција. А, сето ова е извадено од програмата која Ве поддржувам Вам да бидете Вие министерка за животна средина. „Зелен развој“ – програмата исчезна ама партијата ДУИ се ребрендираше во единствената блискост со зеленото, а тоа е бојата на парите. Вашето министерство треба да биде во тесна корелација со министерството со економија, за да има барем малку реализација и тек на проекти. А, деновиве гледаме само нарушување на внатрешната комуникација и соработка што ја имате“, нагласи пратеничката. Таа посочи дека министерката за животна средина изјавила дека на седница на Влада била измамена и лицемерно се појавила на протест против рудникот во Иловица. „Вчера министерот Бектеши побара од Вас да ја повлечете изјавата или поинаку кажано да му се извините. Прашањето ми е конкретно, на кого ќе се извините на народот кој го прелажавте, или на министерот што го обвинивте дека ве злоупотребил за неиформирано да гласате на седница“, запраша пратеничката Стаменкоска Трајкоска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkoska-trajkoska-do-shukova-na-kogo-ke-se-izvinite-na-narodot-koj-go-prelazhavte-ili-na-bekteshi/feed/ 0
Стаменкоска Трајкоска: Со договорот за изградбата на коридорите се злоупотребуваат народните пари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkoska-trajkoska-so-dogovorot-za-izgradbata-na-koridorite-se-zloupotrebuvaat-narodnite-pari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkoska-trajkoska-so-dogovorot-za-izgradbata-na-koridorite-se-zloupotrebuvaat-narodnite-pari/#respond Mon, 22 May 2023 15:42:51 +0000 https://kurir.mk/?p=837516

Со овој договор се злоупотребуваат народните пари затоа и те како имаат сите право да го видат овој договор за изградба на коридорите, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменкоска Трајкоска на денешната собраниска седница. „Дали сме за градење на коридори и патишта? Одговорот е да. Но исто така сме за по овие патишта да возат среќни луѓе и луѓе кои овие патишта ќе ги користат за развој на туризам, за посета на семејствата а не да бегаат за еден правец од државава“, рече Стаменкоска Трајкоска. Таа додаде дека законите и системот во државава не функционираат. „Во законот за градење има многу граматички грешки и законот е многу лошо напишан, но да е тоа најголемиот проблем ќе беше решливо, но не е тоа најголемиот проблем, туку проблемот стој многу длабоко внатре“, кажа Стаменкоска Трајкоска. Таа запраша за тоа каква економичност и ефикасност ќе има во постапката а при тоа да не се знае колку пари во постапката ќе се потрошат? „Овие закони се без проект и анализа. Зошто нема анализа? Затоа што власта нејќе да го слушне стручното мислење на оние кои се најкомпетентни да дадат поврзаност со сето ова“, изјави Стаменкоска Трајкоска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkoska-trajkoska-so-dogovorot-za-izgradbata-na-koridorite-se-zloupotrebuvaat-narodnite-pari/feed/ 0
Стаменкоска Трајкоска: Урбанистичка планска документација се носи подолго време, низ фази и анализи кои носат квалитет, а не само интерес на Ковачевски и Груби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkoska-trajkoska-urbanistichka-planska-dokumentatsija-se-nosi-podolgo-vreme-niz-fazi-i-analizi-koi-nosat-kvalitet-a-ne-samo-interes-na-kovachevski-i-grubi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkoska-trajkoska-urbanistichka-planska-dokumentatsija-se-nosi-podolgo-vreme-niz-fazi-i-analizi-koi-nosat-kvalitet-a-ne-samo-interes-na-kovachevski-i-grubi/#respond Thu, 18 May 2023 15:23:47 +0000 https://kurir.mk/?p=835968

Закон за урбанистичко планирање или поточно овој закон можеме да го именуваме како закон за ослободување од одобрение за градење, вели пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска на денешната собраниска седница на која, по скратена постапка, власта сака да ги донесе измените на Законот за урбанистичко планирање. Таа потенцираше дека урбанистичка планска документација се носи подолго време, зошто истата има фази кои значат анализа која носи квалитет а не само интерес на Ковачевски и Груби, додавајќи кров на куќа да треба да се смени, на граѓаните им се потребни повеќе документи, отколку што на власта и се потребни за изградба на вака големи коридори. „Да сакате да реконструирате кров на куќата ќе ви требаат повеќе документи и повеќе активности да направите, отколку да направите некаков коридор кој е од стратешки интерес за државата. А, сите процедури кои што треба да бидат запазени, да се заштитат националните интереси, да се заштити државата, има можност да бидат заобиколени“, истакна Стаменкоска Трајкоска. Таа упати и прашање до министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој инаку е и потписник на договорите со Бехтел и Енка, зошто народните претставници и македонската јавност немаат информации за проект кој тие ќе плаќаат. „Зошто договорот со Бехтел и Енка е направен строго доверливо и народните претставници, народот во Република Македонија, немаа можност да ги дознаат информациите од вас, од власта? Зошто пакетот закони за изградба на коридорот 8 и коридорот 10Д се со европско знаменце, а немаат никаква врска со европските закони? Зошто во коресподентната табела нема име и презиме, туку само ваш потпис или уште сега се спремате за избегнување на одговорност“, запраша пратеничката Стаменкоска Трајкоска. Посочи дека за шест години потрошиле скоро 25 милијарди евра и повеќе, народен буџет а немаат ништо изградено, јавниот долг е зголемен, народот ќе плаќа, а власта ќе тера луксуз. Стаменкоска Трајкова посочи дека власта не го почитува ниту дописот на комората за инженери и архитекти, која се стручна фела за изградба на посечените коридори, туку дека се почитува само мислењето на Артан Груби. „Допис од комора на инженери и архитекти не се важи. Во оваа држава не се важи мислењето на стручната фела, не се дава на важност мислењето на научниците, на оние кои навистина се занимаваат со одредена проблематика, туку се важи мислењето на Артан Груби, бидејќи тој е потпишан на овој закон. Артан Груби е потпишан, бидејќи ние во државата немаме вистински премиер. Бидејќи премиерот е зафатен со криминал, корупција и шетање по светот со приватни цели, под капа на службено патување“, истакна, меѓу другото, Стаменкоска Трајкоска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkoska-trajkoska-urbanistichka-planska-dokumentatsija-se-nosi-podolgo-vreme-niz-fazi-i-analizi-koi-nosat-kvalitet-a-ne-samo-interes-na-kovachevski-i-grubi/feed/ 0
Стаменкоска Трајкоска до пратениците на СДС: Дали верувате дека Нухиу ќе ги реши проблемите во образованието? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkoska-trajkoska-do-pratenitsite-na-sds-dali-veruvate-deka-nuhiu-ke-gi-reshi-problemite-vo-obrazovanieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkoska-trajkoska-do-pratenitsite-na-sds-dali-veruvate-deka-nuhiu-ke-gi-reshi-problemite-vo-obrazovanieto/#respond Wed, 01 Mar 2023 17:55:34 +0000 https://kurir.mk/?p=806816

Велите ја зацврстуваме политичката стабилност и отвораме пат за зголемена ефикасност на собранието и институциите. Вака ли се зголемува политичката стабилност кога денес бевме сведоци дека само 62 гласа имавте за разрешување, вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменкоска Трајкоска. Стаменкоска Трајкоска праша дали предложениот кандидат за заменик министер Нухиу има замешаност во откривање на акцијата во Грчец за сузбивање на дрога со оглед дека долги години бил во министерството за внатрешни работи. Ќе задржам на Агим Нухиу кој како заменик министер за правда, претходно бил во министерството за внатрешни работи и сега доаѓа во министерството за образование. Сакам да ја прашам македонската јавност бидејќи тој имал долго искуство во МВР, и ја прашувам македонската јавност бидејќи нема кој мене да ме слушне од власта бидејќи само физички се присутни овде, дали Нухиу има поврзаност со сузбивањето на трговија со дрога во Грчец, за кој Русковска рече дека е пробиена таа акција и тврдеше дека има крт во МВР, истакна таа. Дали Нухиу е замешан со скандалотза набавка на шкоди. Да ве потсетам министерството во четири очи без тендер набавило возила од 1 милион евра од фирма која била донатор на нивните кампањи. Дали можеби Нухиу има врска со ова. Дали Нухиу има врска со рекет 1, рекет 2, рекет 3, имавме многу рекетирање и ден денеска има рекетирање, изјави Стаменкоска Трајкоска. Стаменкоска Трајкоска ги праша пратениците од владејачкото мнозинство дали со поддршка и гласање на Нухиу за министер за образование и наука ќе ги реши проблемите во образованието Дали вие колеги верувате што ќе давате поддршка на ваков сомнителен лик кој произлегува од МВР, дали овој човек ќе ги надмине проблемите кои се многу во министерството за образование, праша таа.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkoska-trajkoska-do-pratenitsite-na-sds-dali-veruvate-deka-nuhiu-ke-gi-reshi-problemite-vo-obrazovanieto/feed/ 0
Стаменкоска Трајкоска: Јавноста е сведок дека со оваа реконструција на Влада се работи за чиста математика и наметнати предлози https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkoska-trajkoska-javnosta-e-svedok-deka-so-ovaa-rekonstrutsija-na-vlada-se-raboti-za-chista-matematika-i-nametnati-predlozi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkoska-trajkoska-javnosta-e-svedok-deka-so-ovaa-rekonstrutsija-na-vlada-se-raboti-za-chista-matematika-i-nametnati-predlozi/#respond Tue, 28 Feb 2023 17:45:35 +0000 https://kurir.mk/?p=806240

„Вашиот говор кој го имавте поврзан со предлозите за замениците министри беше со вкупно 416 зборови. Говорите ви се намалуваат, содржината останува иста, концептот е тој се кажува ништо и се збори за ништо а на крај сите сме сведоци дека професионалноста која треба да ја имаме и да ја слушаме овде не е таква каква што треба да биде“, рече пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменкоска Трајкоска на денешната собраниска седница. Таа додаде дека додека премиерот го читаше вчерашниот говор партнерите кои треба да ве поддржувааат во Владата немаа доблест да останат и да ве сослушаат до крај тие заминаа а вие уште не бевте завршени, а голем дел од поддржувачите во Влада кој ги имате не дојдоа. „Навистина многу сиромашен говор но тоа зборува и за моментот дека е и сиромашен предлогот и лицемерието кое го гледаме. Премиерот вели дека не е проста математика а сите ние овде сме сведоци и јавноста е сведок дека, да ова е проста математика бидејќи станува збор за наметнати предлози“, рече Стаменкоска Трајкоска. Стаменкоска Трајкоска истакна дека овде во Република Македонија далеку сме од практикување Демократија, далеку од Европска Унија, бидејќи ЕУ не е само оние уставни измени кои ги барате и кои нема да ги добиете. Таа е децидна дека вчерашниот говор на премиерот Ковачевски немаше да биде со 416 збора и сиромашен говор ако премиерот не имаше факти и проекти со кои ќе се пофалеше овде пред нас. „Скапо платените видеа каде се лаже и се мами јавноста дека автопатот Охрид – Кичево е готов, дека 1,300км патишта се направени. Ете ги тие скапо платени видеа. Денес гледам дека 26,000 евра се потрошени за себепромоција, а народот за жал пробува да егзистира, а тоа јавноста знае и суди дали тоа е успешно или не“, вели Стаменкоска Трајкоска. Стаменкоска Трајкоска верува дека набрзо премиерот Ковачевски ќе одговори и ќе ја даде информацијата која подолго време ја барам. „Ги барам сите 14 записници од советот за развој на образованието, тело за кое никој не слушнал а толку помпезно беше најавувано и се прашуваме дали илјадници евра и за тоа се потрошени бидејќи многу се трошеа и сведоци сме дека многу финансии се трошат ама одат на едно место само, а не одат парите кај народот таму каде што треба да одат“, децидна е Стаманкоска Трајкоска.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkoska-trajkoska-javnosta-e-svedok-deka-so-ovaa-rekonstrutsija-na-vlada-se-raboti-za-chista-matematika-i-nametnati-predlozi/feed/ 0
Стаменкоска Трајкоска: Изненадува колкаво дно е Ковачевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkoska-trajkoska-iznenaduva-kolkavo-dno-e-kovachevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkoska-trajkoska-iznenaduva-kolkavo-dno-e-kovachevski/#respond Tue, 28 Feb 2023 10:28:56 +0000 https://kurir.mk/?p=805956

Во целата ситуација факт е дека се почувствував навредена премногу и нема нешто што би можело да го смени тоа чувство, но исто така ме навреди немањето на реакција на колешките од власта кои се многу гласноговорни кога станува збор за женските права. Можам само да порачам тоа што Ковачевски како лошо го сервира мене ме прави посилна и похрабра да продолжам да ги извадам неговите криминали и криминалите на власта кои се случуваат, изјави за „Еспресо со Златев и Боцевски“ на Радио Лидер, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска кон која Ковачевски се обрати со навреди за време на собраниска седница. Стаменкоска Трајкоска истакна дека зачуди молкот не само на пратеничките од власта, туку и на многу невладини кои знаат во други случаи да бидат гласни. - Многу пати кажувам, мислев дека Заев е дното на некултура и криминал, а ова верувајте изненадува колкаво дно е Ковачевски. И да каже дека погрешно сум разбрала, а и јавноста може да види, исчистен е звукот, кристално јасно е и што да се каже повеќе. Молчат многу невладини, дури и неговата политичка партија, изјави Стаменкоска Трајкоска. Во врска со собраниската седница на која таа беше навредена од Ковачевски, Стаменкоска Трајкоска изјави дека ја обвинуваат опозицијата за нивото на дебата, а факт е дека тоа ниво го поставува власта, односно Ковачевски врз основа на чиј говор се дебатира на истата. - Ја обвинуваат опозицијата дека нивото на дебата е ниско, а нивото на дебата кој го поставува? Тој што прв зема збор, ние дебатираме врз основа на тој што прв зема збор односно врз основа на говорот на премиерот. Тој излегува да зборува за неговите кандидати кои се наметнат, но не зборува за нив, туку за опозиција, за ветар и магла и ништо повеќе. Како да очекуваат дека ние треба да бидеме глуви и слепи да зборуваме за кандидатите? За кои кандидати, само име и презиме се даде, истакна таа. Стаменкоска Трајкоска изјави дека Ковачевски во своите говори нити кажал зошто ги разрешува министрите, ниту какви кандидати нуди за замена. - Во Собранието, излегува Ковачевски на говор во кој на пратениците треба да им разјасни зошто ги разрешува министрите, а тој има говор во кој ниеднаш не се користи зборот разрешување. И вториот пат кога требаше да ги именува министрите, во многу мал дел и само со име и презиме ги кажа и само тоа беше поврзано со темата. Прашањето е како се донесува првиот, ефектот го добиваме понатаму. Не може Талат Џафери да бара од мене да се држам до темата, а неговиот премиер не се држи до темата, изјави Стаменкоска Трајкоска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkoska-trajkoska-iznenaduva-kolkavo-dno-e-kovachevski/feed/ 0
Сведоштво на пратеничката која беше секистички нападната од премиерот Ковачевски! – „Ми се јави за Прочка“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedoshtvo-na-pratenichkata-koja-beshe-sekistichki-napadnata-od-premierot-kovachevski-mi-se-javi-za-prochka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedoshtvo-na-pratenichkata-koja-beshe-sekistichki-napadnata-od-premierot-kovachevski-mi-se-javi-za-prochka/#respond Tue, 28 Feb 2023 09:51:30 +0000 https://kurir.mk/?p=805948

Ова утро гостинка во „Еспресо со Златев и Боцевски“ на Радио Лидер, беше пратеничката Бети Стаменковска Трајковска, која минатата недела беше сексистички нападната од премиерот Димитар Ковачевски. Таа ексклузивно откри, дека по настанот Ковачевски и се јавил за празникот прочка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedoshtvo-na-pratenichkata-koja-beshe-sekistichki-napadnata-od-premierot-kovachevski-mi-se-javi-za-prochka/feed/ 0
Стаменкоска Трајкоска до Ковачевски: Вашата така наречена револуција во соларните панели е за вашите бизнис интереси, затоа вашата сопруга отвора фирма https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkoska-trajkoska-do-kovachevski-vashata-taka-narechena-revolutsija-vo-solarnite-paneli-e-za-vashite-biznis-interesi-zatoa-vashata-sopruga-otvora-firma/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkoska-trajkoska-do-kovachevski-vashata-taka-narechena-revolutsija-vo-solarnite-paneli-e-za-vashite-biznis-interesi-zatoa-vashata-sopruga-otvora-firma/#respond Fri, 24 Feb 2023 15:29:02 +0000 https://kurir.mk/?p=804675

Спомнувате енергетска револуција која државата не ја видела со децении, а сте направиле нешто што функционира само помеѓу десет и 14 часот, ако има сонце дај боже и за 150 мегавати, Козјак произведува повеќе електрична енергија од вашата револуција која е само за вашите бизнис интереси, премиере. Да не беше за вашите бизнис интереси, немаше вашата сопруга да отвора фирма. Немаше Пиксел груп да добива толку државна помош, како што добива, немаше тие ред други фирми кои ги има на отворени финансии и на кои јавноста може да види, да добиваат толкава финансиска поддршка, му посочи на премиерот Димитар Ковачевски пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска на денешната седница за именување на нови министри. Таа посочи дека премиерот нема со што да се пофали затоа што како влада немаат постигнато резултати и затоа, место да го ги образложи квалификациите на новите предлози за министри и постигнатите резултати во изминатата година, Ковачевски поголемиот дел од говорот го троши на навреди на опозицијата. „За вашиот говор околу предложените кандидати кој ви траеше 15 минути вие кажавте само еден краток дел за новите министри. Само ги прочитавте со име и со презиме и на тоа останавте. Но вашиот говор, поделен на два дела во седум минути помалку зборувавте за некакви политики на градење, а всушност гледаме политики на крадење. Зборувавте за постоење на ред и поредок, ама да имаше ред и поредок во државава немаше ние како опозиција да се буниме толку многу. А останатите минути премиерот ги потроши да ја навредува опозицијата. А, ако имавте резултат многу повеќе од говорот, место за навреди на опозицијата ќе задржуваше на нивно презентирање“, истакна пратеничката Стаменкоска Трајкоска. Во однос предлозите за новите министри Стаменкоска Трајкоска истакна дека со нивните предлози, Премиерот поддржува нелегални стекнати имоти на министри, како куќата на предлогот за министер за здравство, Фатмир Меџити што покажува дека во државава ќе си врват криминалот и корупцијата. „Премиере, погледнете, ова е тоа што вие го поддржувате. Ова е куќата на вашиот нов, ако го одберете, министер за здравство Фатмир Меџити, соседот на Арбен Таравари. Оној кој незаконски има стекнато имот во Тафталиџе, оној кој зборуваше во минатото едно, а денес прави друго. Оваа слика нека ја потсетува македонската јавност дека криминалот и корупцијата продолжуваат да врват во државава“, исткна Стаменкоска Трајкоска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkoska-trajkoska-do-kovachevski-vashata-taka-narechena-revolutsija-vo-solarnite-paneli-e-za-vashite-biznis-interesi-zatoa-vashata-sopruga-otvora-firma/feed/ 0
Стаменкоска Трајкоска: Ковачевски нема реализирано ниту еден проект, лидери сме само по лошо, целата влада е нефункционална и треба да си даде оставка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkoska-trajkoska-kovachevski-nema-realizirano-nitu-eden-proekt-lideri-sme-samo-po-losho-tselata-vlada-e-nefunktsionalna-i-treba-da-si-dade-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkoska-trajkoska-kovachevski-nema-realizirano-nitu-eden-proekt-lideri-sme-samo-po-losho-tselata-vlada-e-nefunktsionalna-i-treba-da-si-dade-ostavka/#respond Wed, 22 Feb 2023 20:20:25 +0000 https://kurir.mk/?p=803866

Премиерот ниту еднаш во својот говор не го употреби зборот кој е предмет на седницата, а тоа е разрешување. Премиерот смета дека е најдобар, но се испостави дека е полош од Заев, се прави најчесен, но постапките го издаваат. Проект нема реализирано, а способноста ја видовме со 1300 километри во кои ги спомна и тие од Охрид-Кичево. Лага до лага, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска. - Деновиве зборувавме за Беким Сали, актуелен министер за здравство, предлогот за разрешување заврши, но не е изгласан бидејќи не се собра мнозинството, истото и за Адмирим Алити од министерство за администрација и информатичко општество, трет е Џемаил Чупи министер без ресор задолжен за дијаспора. Се ова е дел од нефункционална влада која треба да си даде оставка бидејќи е докажано неспособна, потенцираше Стаменкоска Трајкоска. Таа посочи дека инфлацијата е на највисоко ниво, дупло поголема од онаа во ЕУ, лидери сме во регионот само по лошо. - Дозволија литар масло за јадење да е поскапо повеќе 150%, килограм брашно поскапо за 100%, се прави рекет по населението. Плаќаме поскапа струја, поскапи сметки. Се зголеми јавниот долг, народот ништо не виде од тоа. Што се направи со тие задолженија? Каде се парите, тоа прашува народот, нагласи таа. Стаменкоска Трајкоска потенцираше дека покачувањето со кое се фалат го изеде инфлацијата, куповната моќ е помала од таа претходно, секојдневно гледаме протести, а власта не прави ништо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkoska-trajkoska-kovachevski-nema-realizirano-nitu-eden-proekt-lideri-sme-samo-po-losho-tselata-vlada-e-nefunktsionalna-i-treba-da-si-dade-ostavka/feed/ 0
Стаменкоска Трајкоска: Во државава имаме криминал, корупција, состојба на гладување на населението, со вакви поразителни статистики премиерот и власта треба да понесат одговорност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkoska-trajkoska-vo-drzhavava-imame-kriminal-koruptsija-sostojba-na-gladuvane-na-naselenieto-so-vakvi-porazitelni-statistiki-premierot-i-vlasta-treba-da-ponesat-odgovornost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkoska-trajkoska-vo-drzhavava-imame-kriminal-koruptsija-sostojba-na-gladuvane-na-naselenieto-so-vakvi-porazitelni-statistiki-premierot-i-vlasta-treba-da-ponesat-odgovornost/#respond Wed, 08 Feb 2023 06:40:20 +0000 https://kurir.mk/?p=797623

Во државата имаме криминал, корупција, поразителни статистики, секојдневно ни заминуваат децата, ни се отселува државата, нема кој да ни учи децата, нема кој да не лекува повеќе, имаме состојба на гладување на населението, висока инфлација, изјави за „Заспиј ако можеш“, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска, потенцирајќи дека никој од власта за истото не поднесува одговорност, а наместо тоа гледаме игнорантски однос.

Стаменкоска Трајкоска посочи дека кога премиерот не поднесува одговорност при криминал, не може да се очекува тогаш другите од власта да поднесат одговорност.

- Кога првиот не дава добар пример на почитување, на професионалност, одржување на дадениот збор што да очекуваме за другите. Дали Заев поднесе одговорност кривична за одредените дела кои ги имаше направено и сите криминали, дали Ковачевски поднесе одговорност за случајот со учеството на неговата сопруга во фирма со бизнис за електрична енергија, не може тој да излегува од истиот бизнис, а неговата сопруга да влегува во тој бизнис, вели Стаменкоска Трајкоска.

Таа истакна дека не само што не гледаме одговорност кај Ковачевски туку гледаме и игнорантски однос и навреди во Собранието кон пратениците, што е особено видливо на седниците за пратенички прашања.

- Ковачевски се однесува игнорантски кон пратениците и пратеничките прашања, а пратениците имаат обврски кон граѓаните кои го дале гласот. Гледаме дека игнорантски се однесува и спрема многу други работи, затоа сметам дека треба да се изреагира. Во развиени земји каде што има нормално општество е поинаку, но кај нас премиерот по опомена се заканува дека ќе ја напушти седницата. Неговите закани не се прв пат, а и да биде изнервиран на седница на пратенички прашања, како и да се однесува со ароганција и навреди, нагласи Стаменкоска Трајкоска.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkoska-trajkoska-vo-drzhavava-imame-kriminal-koruptsija-sostojba-na-gladuvane-na-naselenieto-so-vakvi-porazitelni-statistiki-premierot-i-vlasta-treba-da-ponesat-odgovornost/feed/ 0