Бети Трајкоска Стаменкоска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 21 Feb 2022 11:29:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Бети Трајкоска Стаменкоска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трајкоска Стаменкоска: СДСМ не сака зголемување на платите на просветните работници, туку само груба партизација на образованието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajkoska-stamenkoska-sdsm-ne-saka-zgolemuvanje-na-platite-na-prosvetnite-rabotnici-tuku-samo-gruba-partizacija-na-obrazovanieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajkoska-stamenkoska-sdsm-ne-saka-zgolemuvanje-na-platite-na-prosvetnite-rabotnici-tuku-samo-gruba-partizacija-na-obrazovanieto/#respond Mon, 21 Feb 2022 11:29:02 +0000 https://kurir.mk/?p=634268

На лицемерието во СДСМ му нема крај. СДСМ не сака зголемување на платите на просветните работници, туку само груба партизација на образованието. Насилничкото и шверцерското носење на законот со кој се предвидува укинување на механизмите за контрола на квалитетот во образованието е доказ дека СДСМ планира вработувања на наставници и професори на неопределено без положен приправнички испит односно вработувања според партиската припадност, обвини денес Бети Трајкоска Стаменкоска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија -Токму ова е причината поради која што СДСМ и нејзините пратеници подолго време креираат тензии и самоволие овде во Собранието и упорно, по секоја цена го туркаат законот кој ќе значи вдомување на партиските кадри на СДСМ, наместо искрена грижа за просветните работници. Фатени во лагата и намерата за партизација на образованието, пратениците од владејачкото мнозинство стануваат се’ понервозни и поупорни во бранењето на овој штетен закон. Едноставно бранат нешто што не може да се одбрани. Кристално јасно е дека со овој закон платите на просветните работници нема да се зголемат. Тоа го знаат тие, но и целата македонска јавност, истакна таа. Посочи дека за заштита на правата на сите вработени и просветните работници, тие како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднеле амандман со што се предвидуваше износот на коефициентите и вредноста на бодот на колективните договори на сите нивоа и во сите области да се усогласи со порастот на минималната плата. -Ова е вистинското решение кое ќе значи вистинско зголемување на платите. Ова е решение на проблемот на просветните работници. Доколку на СДСМ и нејзините пратеници им беше грижа за просветните работници и сакаа зголемување на платите, без размислување ќе го прифатеа амандманот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, со кој што ќе имаше скалесто покачување на платите и основната вредност на најнискиот коефициент и бод ќе се изедначеше со износот на минималната плата. Прифаќајки го нашиот амандман, СДСМ на дело ќе покажеше дека нема задни намери и дека работи за доброто на просветните работници. Но, како и секогаш, пратениците од СДСМ одлучија слепо да ја штитат партиската агенда и жестоко да го бранат овој штетен закон за просветните работници. Сепак од оваа говорница, ние како пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата јасно и гласно упатуваме порака до владејачкото мнозинство дека нема да дозволиме носење на овој штетен и шверцерски закон со кој уште повеќе се уништува и онака веќе уништениот образовнен процес во Република Македонија, посочува пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajkoska-stamenkoska-sdsm-ne-saka-zgolemuvanje-na-platite-na-prosvetnite-rabotnici-tuku-samo-gruba-partizacija-na-obrazovanieto/feed/ 0