бетонизација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Jul 2023 07:26:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бетонизација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Летово ќе почне со изградба првата зграда во кругот на фабриката „Треска“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/letovo-ke-pochne-so-izgradba-prvata-zgrada-vo-krugot-na-fabrikata-treska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/letovo-ke-pochne-so-izgradba-prvata-zgrada-vo-krugot-na-fabrikata-treska/#respond Thu, 20 Jul 2023 07:26:09 +0000 https://kurir.mk/?p=858302

Летово ќе почне градбата на првата зграда во кругот на поранешната фабрика „Треска“ и со тоа ќе се бетонизира и последниот слободен простор во центарот на Скопје. Фирмите „Голден арт“ и „Мега акустик“ веќе уплатиле комуналии во висина од 800.000 евра на Град Скопје и Општина Центар за изградба на станбено-деловен објект, пишува СДК. Од Општина Центар за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдуваат дека се платени комуналиите и сега следува изготвување и потпишување на одобрението за градба. „По завршување на постапката и сите законски процедури одобрението за градење ќе стане правосилно. Ќе се гради објект со висина од 19.20 метри, катноста е приземје, 5 ката и поткровје, а вкупната бруто изградена површина изнесува 6.662 метри квадрати. Станува збор за стaнбено-деловен објект“, велат од Општина Центар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/letovo-ke-pochne-so-izgradba-prvata-zgrada-vo-krugot-na-fabrikata-treska/feed/ 0
Бетонизација на Охридско езеро на албанска страна, нафтена дамка во Студенчишта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/betonizatsija-na-ohridsko-ezero-na-albanska-strana-naftena-damka-vo-studenchishta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/betonizatsija-na-ohridsko-ezero-na-albanska-strana-naftena-damka-vo-studenchishta/#respond Wed, 26 Apr 2023 08:46:54 +0000 https://kurir.mk/?p=827763

Декларираните заложби за заштита на Охридското Езеро повторно на тест. На самото крајбрежје на езерото на албанската страна кај селото Тушемиште се изведуваат градежни активности со истурање бетон во водата. Граѓанската иницијатива „Охрид SOS“ и овојпат укажа на недозволени градежни активности во самиот биолошки резерват заштитен од УНЕСКО. - Уште еден доказ дека нема реална заштита на природното наследство на Охридскиот регион, дека уништувањето продолжува со несмалено темпо, и од другата страна на границата. Иако тој дел е само четири години на листата Светско наследство, ги преживува истите проблеми и притисоци како и македонскиот дел, потенцираат од „Охрид SOS“. Истовремено, во Студенчишкиот канал повторно е забележано загадување на водата, предизвикано од човечки фактор. На површината на водата се појави мрсна дамка, од непознато потекло. Според информациите од надлежните, вчера попладнето извршен е вонреден инспекциски увид од страна на Државниот инспекторат за животна средина, изготвена е фото-документација, а согласно регулативата ќе се покрене соодветна постапка. За да видат каква е ситуацијата со био-резерватот Охридско Езеро во земјава престојуваат претставници на Секретаријатот на Бернската конвенција во делот на заштита на природното наследство, на Конвенцијата за заштита на водните живеалишта со меѓународно значење (Рамсарска Конвенција) и на УНЕСКО. Тие денеска ќе имаат средби со претставници на Општина Охрид, а предвидено е да ги посетат уште Националниот парк „Галичица“, Општина Струга, како и теренски посети на Студенчишко Блато, областа кај Свети Наум и крајбрежјето на Охридското Езеро. Експертите од УНЕСКО и Бернската конвенција вчера имаа средба и со министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова. Таа по средбата изрази очекување дека гостите ќе дадат реална оценка за ситуацијата на терен, како и препораки за одржливо управување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/betonizatsija-na-ohridsko-ezero-na-albanska-strana-naftena-damka-vo-studenchishta/feed/ 0
Протест во Кисела Вода: Стоп за бетонизација на Расадник https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/protest-vo-kisela-voda-stop-za-betonizacija-na-rasadnik/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/protest-vo-kisela-voda-stop-za-betonizacija-na-rasadnik/#respond Wed, 30 Jun 2021 09:36:48 +0000 https://kurir.mk/?p=529793

Жителите на скопската општина Кисела Вода денеска во 18 часот излегуваат на протест. Со протестот, кој ќе се одржи кај Гет кафе, жителите од оваа населба сакаат да порачаат дека треба да престане бетонизацијата на општината особено на Расадник, кој е единствената останата поголема зелена површина. Месеци наназад жителите на Расадник упатуваат апели дека изградбата на најмалку 100 згради на овој простор, дополнително ќе ги загрози и онака лошите услови за живеење во одој дел од општината. Тие велат дека улиците се пренатрупани со возила, нема паркинг места, детски игралишта, а се помалку ќе има и кислород за дишење. Од нацртаните 100 згради во населбата Расадник лани избришани се маркички само за три, а на пет е намалена катноста, според Деталниот урбанистички план (ДУП) Градска четврт Ј14 Расадник на Општина Кисела Вода. Трите згради се избришани бидејќи се наоѓаат во заштитена зона односно на траса на далекувод, а останатите згради остануваат со катност од 6 до 13 ката и треба да донесат уште над 8.000 жители. И додека надлежните од Град Скопје и Општината велат дека планот е правен да има и има услови за хумано живеење, жителите децидни дека условите за живот во овој дел од населбата и сега се далеку од хумани поради неконтролираната изградба на станбени објекти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/protest-vo-kisela-voda-stop-za-betonizacija-na-rasadnik/feed/ 0
Митески: Марин направи бетонизација, 220 илјади квадратни метри станбени згради, а загаденоста на воздухот е рекордно висока https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteski-marin-napravi-betonizacija-220-iljadi-kvadratni-metri-stanbeni-zgradi-a-zagadenosta-na-vozduhot-e-rekordno-visoka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteski-marin-napravi-betonizacija-220-iljadi-kvadratni-metri-stanbeni-zgradi-a-zagadenosta-na-vozduhot-e-rekordno-visoka/#respond Tue, 01 Jun 2021 18:15:32 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517812

Во однос на загадувањето иако најавите од властите беа дека во Аеродром ќе се променат состојбите со воздухот, ништо не се промени, а Аеродром во континуитет руши рекорди во однос на загадувањето, а повеќе фактори се вклучени во енормното загадување, вели Дејан Митески, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, во Алфа телевизија, во „Што не е јасно“. Тој истакна дека имал прилика денеска да ја прочита сторијата од Светска банка, објавена на Еуроњуз и бројките од истата се застрашувачки, со повеќе од илјада луѓе прерано починати од загадувањето, но и огромен број на заболувања пред се срцеви заболувања како последица на загадувањето,што говори дека треба да се бара сериозно решение за овој проблем. СДСМ во предизборната кампања особено Златко Марин и Зоран Заев стнаа познати по онаа изјава „Аеро, Аеро Аеродром“, којашто денеска служи за потсмев од страна на аеродромци, а тие ветуваа дека со самата промена на власта ќе се исчисти воздухот, нотоа граѓаните не го гледаат, а треба многу да се работи за да се реши истото, истакна Митески. Митески вели исто така дека власта продолжи со енормното градење особено во општина Аеродром, а бројките од ДЗС говорат дека за време на мандатот на Златко Марин биле дадени одобренија за 4,000 станови и 220 илјади метри квадратни изградена површина само во Аеродром, а 4,000 станови се исто како еден помал град од Источна Македонија, како и самото градење кое предизвикува за зголемување на честичките од прашина во воздухот и поголемо загадување на воздухот, објасни Митевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteski-marin-napravi-betonizacija-220-iljadi-kvadratni-metri-stanbeni-zgradi-a-zagadenosta-na-vozduhot-e-rekordno-visoka/feed/ 0