без договор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 19 May 2021 07:01:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png без договор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕУ се уште без договор за ковид-пасошот, разговорите продолжуваат утре https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-se-ushte-bez-dogovor-za-kovid-pasoshot-razgovorite-prodolzuvaat-utre/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-se-ushte-bez-dogovor-za-kovid-pasoshot-razgovorite-prodolzuvaat-utre/#respond Wed, 19 May 2021 07:01:47 +0000 https://kurir.mk/?p=512210

Лидерите на ЕУ доцна синоќа не успеаја да ги договорат деталите за европските ковид-пасоши, што големите туристички центри ги сметаат за витални за спас на претстојната туристичка сезона, јави ДПА. Преговарачите од Европскиот парламент, Европската комисија и владите на земјите-членки разговорите ќе ги продолжат утре, соопшти португалското претседателство со ЕУ. Дигиталниот сертификат може да ги отвори повеќето земји на ЕУ да се патува во рамките на Унијата уште од крајот на јуни, дури и кога пандемијата на коронавирусот продолжува и загриженоста за новите мутации на вирусот останува голема, додава германската агенција. Документот треба да покаже дали некое лице имало негативен тест за Ковид-19, неодамна заздравело од вирусот што ја предизвикува болеста или е вакцинирано. Ова може да обезбеди основа за откажување од барањата за карантин, што се актуелни за многу патувања во Унијата. Меѓутоа, останува на секоја од 27-те земји-членки да одлучи какви поволности носи сертификатот во рамкиите на нејзините граници. Германската европратеничка Корнелија Ернст синоќа изјави дека преговарачите не успеале да се договорат за основните прашања. -Дискусиите се вртеа околу клучните точки од договорот, како што е барањето на ЕП за пристап до бесплатни тестови за секого, додаде Ернст по вчерашните преговори. Европските законодавци,исто така, одбија да им се даде можност на одделни земји на ЕУ да воведат свои ограничувања за влез на пристигнувања од други нации на ЕУ, дури и ако имаат сертификат. Извршната европска власт во март го изнесе предлогот за „дигитален зелен сертификат“ и веднаш почна со преговорите. Комесарот за правда Дидие Рејндерс претходно нагласи дека прашањето за бесплатно тестирање е на националните влади. Грција веќе ги ублажи условите за влез за странски посетители, а Шпанија им дозволува на туристите од ЕУ да влезат во земјата со негативен тест. Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести, досега е целосно вакцинирана една шестина од возрасната популација на Европската унија. Целта на комисијата до септември овој процент да се зголеми на 70 проценти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-se-ushte-bez-dogovor-za-kovid-pasoshot-razgovorite-prodolzuvaat-utre/feed/ 0
Самитот на ЕУ за излез од кризата заврши без договор, нов самит во јули https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/samitot-na-eu-za-izlez-od-krizata-zavrshi-bez-dogovor-nov-samit-vo-juli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/samitot-na-eu-za-izlez-od-krizata-zavrshi-bez-dogovor-nov-samit-vo-juli/#respond Fri, 19 Jun 2020 15:26:07 +0000 https://kurir.mk/?p=359955

Лидерите на ЕУ не успеаја да постигнат договор за седумгодишниот буџет и новиот план за економско заздравување за излез од кризата, нов самит ќе се одржи идниот месец, јавува дописничката на МИА од Брисел. Иако не се очекуваше конечен компромис денеска, лидерите го завршија овој нов виртуелен самит со сѐ уште длабоки разлики околу начинот да се надмине економската криза предизвикана од пандемијата со коронавирусот. Четирите „скромни“ држави, како што се нарекуваат сами, Холандија, Финска, Шведска и Данска и натаму се во клинч со јужните земји, кои се и најпогодени од кризата, како здравствената така и економската. Премиерот на Холандија, Марк Руте, попладнево изјави дека „не е страшно“ ако не се постигне договор ниту на следниот лидерски состанок, кон средината на јули, и дека е можно да нема воопшто договор до крајот на летото. Преговарачка тактика, или преголеми разлики, останува да се види. Другите лидери на крајот на состанокот предупредија дека решение мора да се најде итно за да се спаси „кредибилитетот на Унијата“. Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, кој претседава со лидерските средби, најави дека идниот самит ќе биде физички состанок, и дека допрва сега сите страни влегуваат во фаза на преговори. Мишел најави дека ќе поднесе конкретен компромисен предлог пред јулскиот самит, имајќи ги предвид разликите и ставовите на 27-те земји, слушнати денеска. Конкретно, ЕУ членките треба да се договорат околу предложениот план за рестартирање на економиите, инструмент кој изнесува 750 милијарди евра. Овој фонд се предлага да биде надополнување на редовниот повеќегодишен буџет за периодот 2021-2027, за кој исто така сѐ уште нема компромис. Прашањето околу кое треба да се најде согласност за модалитетите на финансирање на овој фонд, кој би претставувал прво „заедничко задолжување“ на сите земји членки, нешто што е неприфатливо за Скандинавците и Холандија. Од овие 750 милијарди, петстотини би се редистрибуирале во рамките на буџетот на ЕУ како субвенции, а останатите 250 милијарди во облик на заеми, предлага Европската Комисија, инспирирана од француско-германската иницијатива.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/samitot-na-eu-za-izlez-od-krizata-zavrshi-bez-dogovor-nov-samit-vo-juli/feed/ 0
Франција не исклучува можност преговорите за односите по Брегзит да завршат беа договор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-ne-iskluchuva-moznost-pregovorite-za-odnosite-po-bregzit-da-zavrshat-bea-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-ne-iskluchuva-moznost-pregovorite-za-odnosite-po-bregzit-da-zavrshat-bea-dogovor/#respond Thu, 11 Jun 2020 14:46:28 +0000 https://kurir.mk/?p=356699

Според официјален Париз, ќе биде „тешко“ преговорите за трговските односи меѓу Велика Британија и ЕУ по Брегзит да завршат во рок од четири месеци, и не ја исклучува можноста дека нема да се постигне договор. – Според преговарачот на ЕУ Мишел Барние, преговорите треба да бидат завршени до крајот на октомври, што изгледа објективно тешко да се постигне, изјави францускиот министер за европски прашања, Амели де Моншален. – Ние мора веднаш да се подготвиме за сите сценарија, а особено за немање трговски договор, предупреди таа. Минатиот петок, Барние рече дека британските и европските преговарачи не постигнале „значителен напредок“ во разговорите за односите по Брегзит, обвинувајќи го Лондон дека не ги исполнува условите за напуштање на Европската унија. Барние рече дека договорот мора да биде постигнат пред 31 октомври, за да биде ратификуван до крајот на годината, кога Велика Британија ќе го напушти единствениот пазар и царинската унија на ЕУ со или без трговски договор. Моншален рече дека Комисијата за европски прашања во францускиот Сенат смета дека британскиот премиер Борис Џонсон нема да бара продолжување на терминот 31 декември, кога Велика Британија по 47 години ќе ја напушти целосно Унијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-ne-iskluchuva-moznost-pregovorite-za-odnosite-po-bregzit-da-zavrshat-bea-dogovor/feed/ 0
Без договор заврши средбата Курти – Мустафа за формирање на новата влада на Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bez-dogovor-zavrshi-sredbata-kurti-mustafa-za-formiranje-na-novata-vlada-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bez-dogovor-zavrshi-sredbata-kurti-mustafa-za-formiranje-na-novata-vlada-na-kosovo/#respond Wed, 11 Dec 2019 19:39:02 +0000 https://kurir.mk/?p=276257

Средбата на лидерите на двете партии победнички на октомвриските парламентарни ибори во Косово, Албин Курти на Движењето Самоопределување (ВВ) и Иса Мустафа на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), што се одржа вечерва во Собранието на Косово, заврши без договор за формирање на идната косовска влада, јави дописникот на МИА од Приштина. Портпаролот на ЛДК Бесиан Мустафа, по средбата на лидерите на двете досега опозициски партии, изјави дека вечерва е постигнат договор состаноците да се интензивираат до постигнувањето договор за заедничко владеење. – Само овие информации ги имам од двајцата лидери кои излегоа од состанокот. Верувам дека многу наскоро ќе се случи новата средба и се договоривме да ги интензивираме состаноците и да ги одржуваме речиси секој ден, изјави портпаролот Мустафа. Истото, преку соопштение до медиумите, го потврди и партијата на Курти. – Претседателот (на ВВ) се сретна денеска во Собранието на Косово со претседателот (на ЛДК) Мустафа. Тие ќе ги продолжат и ќе ги интензивираат состаноците речиси секојдневно до постигнувањето на договорот, соопшти ВВ. Косовскиот претседател Хашим Тачи, порано денеска, за 24 декември ја свика конститутивната седница на новото, седмо по ред, Собрание на Косово по војната во 1998-99 година. Вонредните парламентарни избори во Косово се одржаа на 6 октомври, а конечните резултати, според кои ВВ освои речиси 26 отсто, а ЛДК околу еден процент помалку гласови, беа сертификувани од страна на Централната изборна комисија на 27 ноември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bez-dogovor-zavrshi-sredbata-kurti-mustafa-za-formiranje-na-novata-vlada-na-kosovo/feed/ 0
Британска Влада: Граѓаните и бизнисмените не се подготвени за Брегзит без договор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanska-vlada-gragjanite-i-biznismenite-ne-se-podgotveni-za-bregzit-bez-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanska-vlada-gragjanite-i-biznismenite-ne-se-podgotveni-za-bregzit-bez-dogovor/#respond Thu, 12 Sep 2019 07:02:04 +0000 https://kurir.mk/?p=239717

Плановите на британската влада да ја напушти Европската унија договор може да предизвикаат големи нарушувања што би влијаеле на снабдувањето со лекови и одредени видови свежа храна, се предупредува во документот на британската влада „Операција Јелоухамер“. Во него се додава дека се можни протести и контрапротести низ цела Британија што може да прераснат во немири. Документот „Операција Јелоухамер“ бил подготвен од британската влада на 2 август и претставува основа за планирање за брегзит без договор. Владата во тој документ наведува дека „подготвеноста на јавноста и на бизнисмените да за напуштање без договор ќе остане на ниско ниво“ пред предвидениот датум за излегување на Велика Британија од Европската унија. Брегзит е планиран за 31 октомври. Според проценките на владата, бројот на камиони што минуваат низ каналот Ламанш би опаднал меѓу 40 и 60 проценти во истиот ден, а проблемите би можеле да траат три месеци. Во документот се наведува и дека во најлошото сценарио „снабдувањето со одреден вид свежа храна ќе се намали“ и дека цените ќе се зголемат. Документот беше објавен откако е побарано од пратеници во британскиот Парламент. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanska-vlada-gragjanite-i-biznismenite-ne-se-podgotveni-za-bregzit-bez-dogovor/feed/ 0