без изговори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Dec 2018 09:38:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png без изговори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пешаците се активни учесници во сообраќајот кои мора да ги почитуваат сообраќајните правила – „Без Изговори!“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshacite-se-aktivni-uchesnici-vo-soobrakjajot-koi-mora-da-gi-pochituvaat-soobrakjajnite-pravila-bez-izgovori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshacite-se-aktivni-uchesnici-vo-soobrakjajot-koi-mora-da-gi-pochituvaat-soobrakjajnite-pravila-bez-izgovori/#respond Tue, 04 Dec 2018 09:38:14 +0000 https://kurir.mk/?p=135493

Дали знаете која е најголемата и најактивната група учесници во сообраќајот? Доколку не го знаете одговорот, тој е - пешаците. Во рамките на секојдневните активности, секој човек, покрај со автобус, автомобил, мотор, велосипед, секојдневно и најчесто, во сообраќајот е вклучен во улога на пешак. Наутро до продавница по леб, до комшии, до училиште; од кола, преку пешачки, на работа...Како активни учесници во сообраќајот, пешаците мора да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, исто и како кога учествуваат во сообвраќајот во улога на возачи, мотоциклисти и велосипедисти. За жал, искуствата покажуваат, голем дел од пешаците не се свесни за фактот дека и тие се активни учесници во сообраќајот, па сликата на улиците, од прилика изгледа вака: улицата се преминува надвор од пешачки премини, најчесто таму каде што ним најмногу ѝм одговара, каде што ѝм е најкраток патот, го претрчуваат коловозот иако го сочинуваат две, па и три ленти, прескокнуваат жардиниери и огради, претрчуваат на црвен пешачки семафор итн. Но, не претрчуваат сите. Има и такви кои се движат бавно, со слушалки на уво, без да гледат лево десно и без да слушаат што се случува во сообраќајот. За некои, пешачкиот премин е модна писта,за некои, место за добар разговор ако случајно се сретне стар познаник. За некои, движењето помеѓу возилата и помеѓу двете коловозни ленти претставува обична рутина со која вешто се справуваат. „Секакви луѓе со секакви навики“, но мал е бројот на тие кои ги почитуваат правилата и прописите, кога се движат по тротоарите и преминуваат преку улиците. Фактите велат дека пешаците се најмалку казнувани и најмалку контролирани учесници во сообраќајот. Нивното однесување е препуштено на личната одговорност, свест и совест, како и на нивната сообраќајна култура. Статистиката вели дека:  Во 2018 година, заклучно до месец септември, повредени се 626 пешаци, а загинале 17 пешаци,  Во 2017 година, 914 пешаци биле повредени, а 34 загинале,  Во 2017 година, на возраст над 65 години, загинале 17 пешаци. Пешаците најчесто страдаат во сообраќајни незгоди во услови на намалена видливост (магла), во раните утрински и во доцните вечерни часови, на неосветлени коловози или на неосветлени пешачки премини. Анализите покажуваат дека бројот на пешаци кои страдаат во сообраќајни незгоди случени токму на пешачки премин е многу голем. Од една страна, има многу неодговорни возачи кои не ги почитуваат, ниту пешаците, ниту сообраќајните правила и прописи, но има и многу пешаци кои, исто така, неодговорно учествуваат во сообраќајот. Она за што РСБСП апелира до возачите е дека нивна обврска е секогаш да се движат со особено внимание кога се приближуваат кон пешачки премин, да ја намалат брзината, да застанат и да ги пропуштат пешаците на пешачкиот премин. Но, тоа никако не значи дека пешаците имаат апсолутно право први да ја преминат улицата. Напротив, тие се должни да ја преминат улицата, откако ќе се уверат дека тоа може да го направат без да го загрозат својот живот, но и безбедноста и животот на возачите кои им доаѓаат во пресрет. Пешаците треба да бидат сто проценти сигурни дека возилото што наидува на нив, може навреме и безбедно да застане, за тие да ја преминат улицата. Обостраното непочитување на ова правило, е причина број еден за сообраќајни незгоди во кои страдаат пешаците. Црната статистика загрижува, загрижува тоа што секојдневно се случуваат сообраќајни незгоди во кои страдаат пешаци, загрижува фактот дека околу 25% од вкупниот број жртви во сообраќајни незгоди се пешаци. Затоа, без изговори! Пешакот е активен учесник во сообраќајот. Почитувај ги сообраќајните правила и прописи, затоа што само тоа може да те заштити. Ниту еден изговор, ниту едно оправдување за непромислено однесување во сообраќајот, нема да ја промени црната статистика - потсетуваат од РСБСП. Да, истото важи и за возачите. Без изговори, без оправдувања! Внимавајте на пешаците во сообраќајот. Така наложува Законот, така е хумано, така е етички - така е единствено исправно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshacite-se-aktivni-uchesnici-vo-soobrakjajot-koi-mora-da-gi-pochituvaat-soobrakjajnite-pravila-bez-izgovori/feed/ 0
„Без изговори! Сигурносниот појас спасува живот“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bez-izgovori-sigurnosniot-pojas-spasuva-zivot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bez-izgovori-sigurnosniot-pojas-spasuva-zivot/#respond Tue, 27 Nov 2018 10:02:39 +0000 https://kurir.mk/?p=132503

„Не ставам појас затоа што ме стега - не можам да возам“, „Кога возам на кратка релација, не ставам појас – не се исплати“, „Ако било пишано, појасот нема да те спаси“.... Ова се најчесто употребувани изговори во нашето сообраќајно секојдневие. Но, за жал, празни изговори... Возењето без појас е причина за голем број сериозно повредени лица во сообраќајни незгоди. Статистика:  Истражувањата покажуваат дека во Република Македонија, само околу 30% од возачите користат сигурносен појас. Тој процент е уште помал кога се работи за сопатниците на предното седиште, а за патниците на задните седишта, процентот на лица кои користат појас е приближно еднаков на нула.  Во Македонија, според статистичките податоци, правилото за користење сигурносен појас, најмалку го почитуваат младите на возраст од 17 до 34 години. Доста интересен е податокот дека во помалите градови возачите поретко користат појас, отколку во главниот град Скопје, како и податокот дека појасот ретко се користи при возење во населено место, отколку надвор од населено место.  Возачите од земјите во Европската Унија, користењето безбедносен појас го имаат сфатено многу сериозно, па оние возачи кои забушаваат со користење појас, иако се во мал процент (10% на предните седишта, а 25% на задните седишта), се сметаат за „сериозен проблем“. Една од попроблематичните земји во ЕУ, во однос на користење безбедносен појас е Бугарија - само 55% од возачите користат појас. За разлика од неа, во Германија, процентот на возачи кои користат појас е високи 93%.  Истражувањата од релевантните меѓународни организации покажуваат дека 50% од возачите загинале поради тоа што не користеле појас, односно, сигурносниот појас го намалува ризикот од фатални последици при сообраќајни незгоди дури до 50%. Според статистиката, можеме да заклучиме: некористењето сигурносен појас е сериозен проблем со кој се справува нашето општество и треба да се преземат сериозни мерки за негово решавање и спречување. Покрај многубројните едукативни кампањи и активности, жално е да кажеме, но казнувањето на возачите и сопатниците е една од мерките која најмногу влијае врз дисциплината во сообраќајот. Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во Република Македонија, правилото е јасно: возачот и лицата кои се превезуваат со возилото (во кое се вградени сигурносни појаси), задолжително треба да користат појас кога возилото се движи во сообраќај на пат. Секоја отстапка, секое непочитување на Законот, се казнува со 40 евра во денарска противвредност или 25 негативни бода за возачот на возилото, додека за лицата кои се превезуваат со возилото (патниците), а не користат сигурносен појас, казната изнесува 50 евра во денарска противвредност. Иако казните за оние кои не користат појас се големи, сепак нема поголема казна од последиците од сообраќајните незгоди. Уништени животи, уништени семејства, траен инвалидитет, болка и траума кои траат цел живот. Користењето сигурносен појас е избор меѓу животот и смртта. Добриот возач не само што знае да вози, туку и ги почитува сообраќајните правила и прописи. РСБСП ги советува сите возачи да не дозволуваат возењето без појас да биде нивната„лоша навика“. Користете појас секогаш и секаде - без изговори! „Појасот ме стега“. „Патувам на кратко растојание“. „Не возам брзо“. „Не се чувствувам пријатно“. „Возам внимателно, нема шанси да направам сообраќајна незгода“. „Појасот ми ја намалува комоцијата кога возам“. „Не знаев дека и тие на задното седиште треба да носат појас“. „Ако било пишано, појасот нема да те спаси“... Изговори, изговори и само изговори... Ниеден изговор не е оправдан! Ништо нема да те заштити како сигурносниот појас. Едноставно, немаш изговор за одговорно учество во сообраќајот! Изгубеното време при ставање на појасот или минималното губење комоција додека се возите, не се ништо, во споредба со фактот дека појасот е чувар на вашиот живот. РСБСП: Запомнете, ефектите од користење сигурносен појас се посилно изразени при брзини кои се достигнуваат во населено место. Сообраќајните незгоди се случуваат секому, секогаш и секаде и тоа најчесто кога најмалку очекувате. Затоа, без изговори! Секогаш користете сигурносен појас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bez-izgovori-sigurnosniot-pojas-spasuva-zivot/feed/ 0
„Без изговори“ – нова кампања на РСБСП https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bez-izgovori-nova-kampanja-na-rsbsp/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bez-izgovori-nova-kampanja-na-rsbsp/#respond Fri, 26 Oct 2018 09:01:05 +0000 https://kurir.mk/?p=119714

Изгужваните билборди кои беа поставени на улиците во Скопје, флаерите кои беа поделени во локалите во главниот град и банерите со пораки на Веб порталите, го привлекоа вниманието на граѓаните и ја најавија новата кампања на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата „Без изговори!“. Станува збор за нова едукативна активност која во себе содржи моќна порака дека не постои доволно важен и силен изговор да настрадаш и да го загрозиш својот живот или животот на некој друг учесник во сообраќајот како резултат на сопствената неодговорност. Во рамки на тизер кампањата што се реализираше изминатите неколку недели, беа презентирани само дел од изговорите кои учесниците во сообраќајот ги користат барајќи начин, пред себе и пред другите, да ги оправдаат своите лоши навики во сообраќајот. Но, ниту еден начин да се оправдаат постапките кои водат во смрт и ниту еден изговор, не се толку силни, колку желбата и потребата здрав и жив да се вратиш дома. Најчести изговори, односно причини за сообраќајни незгоди се: возење со брзина поголема од дозволената, возење под дејство на алкохол, употреба на мобилни телефони и уште многу други. Некои од возачите знаат да кажат: „Моја одлука е да не користам појас додека возам во автомобил“ или „Моја е одлуката да не застанам на пешачки премин“. Ова се само дел од бизарните изговори. Но, дали твоја одлука е да учествуваш во сообраќајна незгода што може да заврши со тешки телесни повреди или смрт? Безбедното и одговорното учество во сообраќајот, не се право на избор, туку обврска и не познаваат изгвори и извинувања. „Кампањата „Без изговори“ има јасна цел: да ја подигне свеста за последиците од сообраќајните незгоди кај секој поединец преку континуирана едукација за важноста и потребата од целосно, максимално и безусловно одговорно учество во сообраќајот, а воедно, да влијае на дисциплираното однесување, кога станува збор за почитување на правилата и прописите“, велат од РСБСП. Статистиката, за жал, покажува дека изговорите сѐ уште се наша лоша навика. Големиот број сообраќајни незгоди што се случуваат секојдневно се показател за тоа. Сообраќајната статистика на РСБСП покажува дека во првите девет месеци од 2018 година, 100 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди. Во споредба со минатата година, оваа бројка е намалена за 10%. Да не дозволиме сообраќајот од нужна потреба да се претвори во нужно зло на современото живеење. Потребата од одговорно учество во сообраќајот е јасна и тука нема изговори. Тоа подразбира почитување на сообраќајните правила и прописи, секогаш и секаде!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bez-izgovori-nova-kampanja-na-rsbsp/feed/ 0