без работа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 11 Sep 2022 17:36:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png без работа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Двојничката на кралицата Елизабета по 34 години остана без работа (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dvojnichkata-na-kralicata-elizabeta-po-34-godini-ostana-bez-rabota-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dvojnichkata-na-kralicata-elizabeta-po-34-godini-ostana-bez-rabota-video/#respond Sun, 11 Sep 2022 17:36:47 +0000 https://kurir.mk/?p=731291

Мери Рејнолдс (89), која живее во Епинг, Есекс, за прв пат стана двојник на кралицата во 1988 година, но всушност првпат и беше кажано дека многу личи на кралицата кога имала 17 години, објавија британските медиуми. Таа се појави во телевизија и филм, со некои од нејзините значајни моменти, вклучувајќи ја и главната улога во комедијата Булси од 1990 година со покојниот Сер Роџер Мур, како и појавувањето во серијата Doktor Hu. Двојничката на кралицата Елизабета Втора рече дека одлучила да ја напушти работата по 34 години „од почит“ кон британскиот монарх со најдолг стаж, кој почина во четвртокот, но сепак ќе ја чува својата „кралска“ облека во спомен на жената која ја „ чувствувала“ како член на семејството“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dvojnichkata-na-kralicata-elizabeta-po-34-godini-ostana-bez-rabota-video/feed/ 0
Грчкото издание на „Спутник“ прекина со работа: Над 30 новинари останаа без работа, реагираат новинарските здруженија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkoto-izdanie-na-sputnik-prekina-so-rabota-nad-30-novinari-ostanaa-bez-rabota-reagiraat-novinarskite-zdruzenija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkoto-izdanie-na-sputnik-prekina-so-rabota-nad-30-novinari-ostanaa-bez-rabota-reagiraat-novinarskite-zdruzenija/#respond Thu, 03 Mar 2022 20:06:14 +0000 https://kurir.mk/?p=640469

Над 30 новинари и административен персонал останаа без работа во Грција откако денеска прекина со работа грчкото издание на Спутник по одлуката на Европската унија да ги забрани руските РТ и Спутник, јави дописничката на МИА од Атина. Здруженијата на грчките новинари и фоторепортери, како и Здружението на странски дописници во Грција изразија поддршка до вработените во Спутник, кои, пак, преку соопштение велат дека одеднаш, останаа без „глас“ и работа. – Грција на „демократијата“, Европа на „правата и слободата“ го затворија Спутник. Меѓу нив и Спутник што функционираше во Грција во кое беа вработени новинари, репортери, административен персонал и секој ден со страст и верба макотрпно работеа за информирање на сите, соопштија вработените во, како што напишаа, „последниот текст на редакцијата“. Додаваат дека „под изговор дека ќе ја прекинат „пропагандата“, европските институции и влади покажуваат што навистина сакаат: тие да контролираат што ќе се емитува, кои вести се правилни и кои треба да се скратат, да исчезнат“. Здруженијата на грчките новинари и грчките фоторепортери, како и Здружението на странски дописници во Грција, во заедничкото соопштение велат дека „стотици вработени во руската агенција „Спутник“ ширум Европа, од кои 32 во Грција, беа известени дека нивните канцеларии се затвораат и остануваат без работа“. – Новинарите и медиумските работници се првите жртви на необјавената, но видлива војна против информирањето. Незамисливо е медиумите да бидат вклучени во апсолутно оправданите санкции против една војна, пишува во заедничкото соопштение на трите здруженија. Тие додаваат дека одлуката на ЕК ќе има спротивен ефект и освен цензурата, како последица ќе има и таргетирање на новинарите. – Ги повикуваме, дури и во овој последен момент како европските институции, така и владите да имаат предвид дека покрај огромниот удар врз слободата на изразување и демократијата, потпишуваат и губење на стотици работни места, коментираат Здруженијата на грчките новинари и фоторепортери и Здружението на странски дописници во Грција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkoto-izdanie-na-sputnik-prekina-so-rabota-nad-30-novinari-ostanaa-bez-rabota-reagiraat-novinarskite-zdruzenija/feed/ 0
Истражување: Медиумите во Авганистан пред колапс, дури 60 отсто од новинарите останале без работа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-mediumite-vo-avganistan-pred-kolaps-duri-60-otsto-od-novinarite-ostanale-bez-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-mediumite-vo-avganistan-pred-kolaps-duri-60-otsto-od-novinarite-ostanale-bez-rabota/#respond Sat, 25 Dec 2021 09:39:27 +0000 https://kurir.mk/?p=612912

Авганистанските медиуми се на работ на колапс бидејќи имаат проблем со финансирањето откако талибанците ја презедоа власта во август оваа година. Истражување на Новинари без граници (РСФ) и Здружението на авганистански независни новинари (АИА) покажа дека околу 43 отсто од авганистанските медиуми престанале да работат, оставајќи речиси 60 отсто од новинарите без работа. Студијата заклучува дека талибанците радикално ја промениле медиумската слика во земјата. На почетокот на летото во Авганистан беа активни 543 медиуми, а до крајот на ноември останаа само 312. Вкупно 231 медиум се затворени од средината на август, оставајќи 6.400 новинари без работа. Една од главните причини за тоа е економската криза и ограничувањата наметнати од талибанската влада. Жените во медиумите беа особено погодени, при што 84 отсто ги загубија своите работни места по доаѓањето на талибанците на власт, во споредба со 52 отсто од мажите. Но, жените сепак останаа на телевизија. Најпопуларната телевизија во земјата, ТОЛО, продолжува да вработува жени кои се појавуваат на малите екрани. Медиумите мора да ги почитуваат „11-те правила на новинарството“ издадени од талибанското Министерство за информации и култура. Тие ја отворија вратата за цензура и прогон и губење на независното новинарство. Авганистан се соочува со целосен економски колапс, укинување на меѓународната помош и зголемен глад. Ситуацијата се влоши со замрзнувањето на милијарди долари државни пари, главно во САД. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-mediumite-vo-avganistan-pred-kolaps-duri-60-otsto-od-novinarite-ostanale-bez-rabota/feed/ 0
СТАТИСТИКА И РЕАЛНОСТ: Во првите 6 месеци во Македонија пропаднале речиси 5.000 фирми, 50.000 лица останале без работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/statistika-i-realnost-vo-prvite-6-meseci-vo-makedonija-propadnale-rechisi-5-000-firmi-50-000-lica-ostanale-bez-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/statistika-i-realnost-vo-prvite-6-meseci-vo-makedonija-propadnale-rechisi-5-000-firmi-50-000-lica-ostanale-bez-rabota/#respond Mon, 30 Aug 2021 08:16:20 +0000 https://kurir.mk/?p=556499

Од почеток на ковид-кризата без работа останале околу 50.000 лица. Според податоците на Агенцијата за вработување бројот на невработени лица во Македонија е околу 150.000. Бројот на згаснати фирми во првите шест месеци од годинава и лани е во рамки на просекот. Лани вкупно биле избришани 6.214 компании, а регистрирани биле 7.077 фирми. Во 2017 од списокот на Централниот регистар биле избришани 10.628, во 2018 година 6.864, а во 2019 – 7.234 фирми. Лани во октомври премиерот Зоран Заев изјави дека македонските компани, кои одвај врзуваат крај со крај под ударот на кризата предизвикана од пандемијата и со недоволна помош од државата, ќе бидат оставени да пропаднат. - Се работи за една комплексна насоченост на владата со јасна визија што сака да постигне. Прво мора да знаат компаниите кои животарат, ќе ги оставиме да пропаднат, рече премиерот Зоран Заев. Според него, ваквото решение е затоа што тоа „не било одржливо ниту во Европа“, ниту на други места, туку целиот капацитет ќе бидл насоќен на т.н. „локомотиви на општествата“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/statistika-i-realnost-vo-prvite-6-meseci-vo-makedonija-propadnale-rechisi-5-000-firmi-50-000-lica-ostanale-bez-rabota/feed/ 0
Заев ги остави на цедило, нема финансиска помош за луѓето што останаа без работа  https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zaev-gi-ostavi-na-cedilo-nema-finansiska-pomosh-za-lugjeto-shto-ostanaa-bez-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zaev-gi-ostavi-na-cedilo-nema-finansiska-pomosh-za-lugjeto-shto-ostanaa-bez-rabota/#respond Fri, 09 Apr 2021 12:32:41 +0000 https://kurir.mk/?p=494837

Премиерот Зоран Заев ќе ги остави на цедило луѓето кои ги изгубија и кои ќе ги изгубат своите работни места. Владата не нуди помош за граѓаните кои останаа без плати. Власта нема план за спас на граѓаните кои останаа во изминатите два месеци без плати поради заглавените мерки од петтиот сет во Собранието. Министерот за финансии, Фатмир Бесими вели нема да има брзи мерки, туку дека ќе се чека на гласање на законите во законодавниот дом. Се предлага рокот за аплицирање да се продолжи до 15 април, иако нема никаква сигурност дека овој закон дотогаш ќе биде изгласан и ќе биде објавен во Службен весник за да стапи на сила во наредните седум дена за да може компаниите да аплицираат. - Со цел да се искомпензира овој изгубен период со амандманско решение се дава можност до 15 април да аплицираат за двата месеци и за февруари и за март и со тоа и тие износи кои што ги исплатиле за март како што предвидуваше мерката да може се реализира од страна на фирмите, а сѐ со цел да се намалат административните постапки во однос на реализација на мерката сега може да аплицираат со една апликација за двата месеци , рече Фатмир Бесими-Министер за финансии. Имено, пред некој ден пола од текстилните работнички, односно над 3.500 кои се вработени во околу 70 конфекции се на колективен одмор, а во угостителскиот сектор се очекува, нови над 30 илјади работници да ги изгубат работните места. - Досегашните мерки за помош и поддршка на економијата во справувањето со последиците од пандемијата Ковид-19 како што самите укажуваат помогнаа за одржување на домашната економија, но реално не го дадоа бараниот и очекуван ефект на помош за угостителската индустрија како индустрија која е најпогодена и најмногу настрада во оваа глобална здравствена криза, вели за Курир претседателот на Независната угостителска комора, НУК, Здравко Јосифовски. Иако државата сеуште нема обезбедено доволен број на вакцини против корона вирусот, со што би се обезбедила масовна вакцинација на населението и со тоа да се овозможи предуслов за нормално функционирање на стопанството, економскиот тим на Владата вчера излезе со оптимистичко сценарио за македонската економија годинава. Колку тоа може да се постигне е знак прашалник, а од друга страна се очекува јавниот долг да достигне 63,4 отсто од БДП. Економските експерти се погласни се во тоа дека не може да се очекува рестартирање на македонската економија без масовна вакцинација на населението. Тоа се гледа и од фактот дека од Стопанската комора на Македонија организирано, во изминатиот период одеа во соседна Србија да се вакцинираат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zaev-gi-ostavi-na-cedilo-nema-finansiska-pomosh-za-lugjeto-shto-ostanaa-bez-rabota/feed/ 0
За народот поважно е што 60 илјади граѓани останаа без работа за една година, од тоа што толку наводно гласале за Ким Ил Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-narodot-povazno-e-shto-60-iljadi-gragjani-ostanaa-bez-rabota-za-edna-godina-od-toa-shto-tolku-navodno-glasale-za-kim-il-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-narodot-povazno-e-shto-60-iljadi-gragjani-ostanaa-bez-rabota-za-edna-godina-od-toa-shto-tolku-navodno-glasale-za-kim-il-zaev/#respond Sun, 21 Mar 2021 20:49:30 +0000 https://kurir.mk/?p=485814

Само во нашата држава училниците наместо за учење се користат за партиско гласање. Денес видовме како СДСМ организира избори, преку брутална злоупотреба на партиските и државни ресурси за партиски цели.Морбидно е во ден со 20 жртви од корона СДСМ да се фали со организирани внатрепартиски избори. За граѓаните поважно е што 60 илјади граѓани останаа без работа за една година, од тоа што толку наводно гласале за Ким Ил Заев кој во стилот на Севернокорејанскиот владетел беше единствениот кандидат на владеачката партија. Граѓаните дневно губат по дваесетина животи, а илјадници се заболуваат и бизарната и морбидна лакрдија на Заев, е само сол на рана. Повеќе од двојно повеќе граѓани од тоа што денес гласаа на квази изборите на СДСМ се разболеа од корона вирус. Околу 60 илјади граѓани останаа без работа поради неспособноста на власта нна Заев, што е повеќе од оние кои гласаа за Заев. Изборот на Заев е срам и за СДСМ и за Македонија затоа што тој е главниот виновник зошто државата е на 111 место по борба со корупцијата во светот. Изборот сведен само на аболициран криминалец е слика и прилика на Македонија во која половина милион луѓе живеат во сиромаштија, со најнесреќен и најбесперспективен народ во светот и Европа. Ова што денес кое Заев го прави е триумф на неуспесите, поразите, неспособноста и криминалот. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-narodot-povazno-e-shto-60-iljadi-gragjani-ostanaa-bez-rabota-za-edna-godina-od-toa-shto-tolku-navodno-glasale-za-kim-il-zaev/feed/ 0
Над 60 илјади лица останаа без работа, граѓаните едвај врзуваат крај со крај, а функционерите по одмори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-60-iljadi-lica-ostanaa-bez-rabota-gragjanite-edvaj-vrzuvaat-kraj-so-kraj-a-funkcionerite-po-odmori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-60-iljadi-lica-ostanaa-bez-rabota-gragjanite-edvaj-vrzuvaat-kraj-so-kraj-a-funkcionerite-po-odmori/#respond Thu, 18 Mar 2021 11:03:41 +0000 https://kurir.mk/?p=484170

Во јавноста вчера излезе информација дека поранешниот генерален секретар и советник во владата Драги Рашковски дека отишол на одмор во Мексико додека Љупчо Николовски првиот човек во владата за борба против корупцијата и вице премиер заминал за Дубаи да се одмори. И додека граѓаните секојдневно ги губат своите работни места и своите животи заради неспосбноста на власта да обезбеди вакцини и да спроведе структурни мерки за спас на економијата и работните места првите луѓе од власта одат на одмори по рајски острови. Има голем дел на негативни коментари на социјалните мрежи поради несовесносста и ноншалантоста со која се однесуваат првите луѓе на власта кога треба да се во државата и да се борат за секое работно место и за секој загрозен живот. Имено, над 60.000 граѓани ги изгубија своите работни места додека секој трет во државата нема основни средства за основна егзистенција. Македонија е земја која има над 500.000 граѓани кои живеат на работ на сиромаштијата додека според сите реномирани финансиски институции овој број ќе расте. Дополнително застрашувачки е дека огромен број на луѓе ги загубија своите животи како резултат на короната и неспособноста на власта да обезбеди навремено вакцини и соодветна помош и капацитети за лекување на граѓаните. Инаку, Рашковски во своја изјава кажа дека отишол на одмор во Мексико додека Николовски летал за Дубаи заедно со директорот на ТЕЦ Неготино, Небојша Станковиќ, кој исто така е придружуван од сопругата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-60-iljadi-lica-ostanaa-bez-rabota-gragjanite-edvaj-vrzuvaat-kraj-so-kraj-a-funkcionerite-po-odmori/feed/ 0
Лани во текстилниот сектор без работа останале 6783 лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lani-vo-tekstilniot-sektor-bez-rabota-ostanale-6783-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lani-vo-tekstilniot-sektor-bez-rabota-ostanale-6783-lica/#respond Sun, 28 Feb 2021 11:06:39 +0000 https://kurir.mk/?p=475003

Пандемијата скрати 6783 работни места во текстилниот сектор, покажа анализата на истражувачкиот тим на Здружението за истражување и анализа (ЗМАИ)-Скопје. Податоците покажуваат дека дека вкупниот број нови невработени лица во 2020 година во однос на 2019 година се зголемил за 128 отсто. -Конкретно, во 2020 година има 6783 нови невработени лица. За споредба, во 2019 година имало 2971. Истовремено, процентот на невработеност кај младите е значително повисок во однос на останатите години. Дури 15 проценти од младите учествуваат во невработеноста. Сознанијата покажуваат дека речиси во сите општини бројот на нови невработени лица по основ на одјавување од задолжително социјално осигурување кои доаѓаат од текстилната индустрија се зголемува, се вели во анализата на ЗМАИ. Нивното истражување покажува дека пет општини со највисок пораст на невработеноста се: Штип, Тетово, Скопје, Прилеп и Куманово. Во овие пет општини текстилната индустрија е и најразвиена и има најмногу активни субјекти во овој сектор. Кај младите лица до 29 години, бројот на невработени, исто така, се зголемува. Петте општини со највисок пораст на невработеноста кај младите се: Штип, Струмица, Радовиш, Прилеп и Кочани. – Најчест основ за прекинување на работниот однос во текстилната индустрија, во последните пет години е истекот на определено време. Во 2020 година овој основ бележи раст од 123 отсто. Во овој период најголем раст за раскинување на договорот за вработување е присутен кај основот отказ на работодавачот и истиот изнесува 174 проценти, се наведува во истражувањето на ЗМАИ. Кристина Ампева од „Гласен текстилец“-Штип вели дека за време на пандемијата на работниците постојано им апелираат да внимаваат што потпишуваат. Доколку работникот се потпише на сподгодбен отказ, ништо не им следува, а тие како невладина која ги застапува работничките права ништо не можат да направат, ниту пак да ги заштитат. Анализата на ЗМАИ покажува и дека најчестата причина за престанок на работниот однос во текстилната индустрија кај младите до 29 години, пред и за време на кризата, е истекот на определено време. Порастот на овој основ во 2020 година во споредба со 2019 година е 165.5 проценти. Сепак, најдоминантен пораст за престанок на работниот однос во 2020 во споредба со 2019, бележи основот отказ од работодавачот со пораст од 234 отсто, а потоа следува основот отказ од самиот работник, со пораст од 225 проценти. Текстилството вработува над 30 000 луѓе во држвата, а во вкупниот извоз учествува со 10 проценти. Анализата на ЗМАИ е направена во рамките на проектот „Одговор на социоекономските ефекти од КОВИД-19 преку поддршка на ранливите групи на нископлатени работници, работници кои се дел од неформалната економија и привремено вработени работници”. Проектот го спроведува конзорциум од шест организации составен од: Институт за економски истражувања и политики Finance Think – Скопје; Здружение за истражување и анализи ЗМАИ -Скопје; Аналитика – Скопје; Здружение Гласен текстилец – Штип; Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен работник – Прилеп; и Здружение за рурален развој ЛАГ Агро Лидер – Кривогаштани, со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lani-vo-tekstilniot-sektor-bez-rabota-ostanale-6783-lica/feed/ 0
Во Црна Гора секој трет работник останал без работа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-crna-gora-sekoj-tret-rabotnik-ostanal-bez-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-crna-gora-sekoj-tret-rabotnik-ostanal-bez-rabota/#respond Fri, 04 Dec 2020 10:28:16 +0000 https://kurir.mk/?p=438600

Во Црна Гора, од март до ноември, има зголемување на невработеноста од 11.000 лица или 31,6 проценти, рече помошник-директорката во Секторот за исплата од областа на вработувањето во Бирото за вработување на Црна Гора (ЖЗ) Светлана Крговиќ. РТЦГ пренесува дека Крговиќ оценила дека состојбата на пазарот на трудот е неизвесна и дека статистичките податоци не се охрабрувачки. Според соопштението на Бирото, таа рече дека е прекинат позитивниот тренд на намалување на невработеноста, кој е регистриран од декември 2017 година. Крговиќ, заедно со другите претставници на Бирото, преку апликацијата Зум, учествуваше на експертската конференција на Центарот за јавни услуги за вработување на земјите од Југоисточна Европа (ЦПЕШЕЦ), организирана од Бугарската агенција за вработување. „Претставниците на службите за вработување на земјите членки на ЦПЕШЕЦ разменија искуства за управување со учинокот во време на криза, улогата на јавните служби за вработување во закрепнувањето и иднината на пазарот на трудот, како и за спроведувањето на активните мерки на пазарот на трудот за време на кризата“, соопшти Бирото. Заеднички беше оценето дека јавните служби за вработување, во борбата против кризата, покажаа прилагодливост и отвореност кон предизвиците на пазарот на трудот. Главните цели во претстојниот период ќе бидат мерки и програми за поддршка на работодавците и барателите на работа, стратегии за успешно закрепнување од кризата, зелени работни места и дигитализација на институциите за вработување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-crna-gora-sekoj-tret-rabotnik-ostanal-bez-rabota/feed/ 0
Во Велика Британија од почетокот на пандемијата 782.000 луѓе останаа без работа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-velika-britanija-od-pochetokot-na-pandemijata-782-000-lugje-ostanaa-bez-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-velika-britanija-od-pochetokot-na-pandemijata-782-000-lugje-ostanaa-bez-rabota/#respond Tue, 10 Nov 2020 14:13:54 +0000 https://kurir.mk/?p=427417

Стапката на невработеност во Велика Британија се искачи на 4,8 проценти откако пандемијата на новиот коронавирусот уништи рекорден број работни места во државата, покажуваат најновите податоци на Националниот завод за статистика. Податоците се за третиот квартал, а во второто тромесечје процентот на невработеност изнесуваше 4,5 отсто. Од почетокот на пандемијата во март, 782.000 луѓе останаа без работа, од кои 314.000 работници се отпуштени во третиот квартал, што е поголем негативниот рекорд од времето на глобалната финансиска криза во 2009 година. умна блокада поради новиот коронавирус. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-velika-britanija-od-pochetokot-na-pandemijata-782-000-lugje-ostanaa-bez-rabota/feed/ 0