без симптоми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 08 Jul 2021 11:01:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png без симптоми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Двете лица од Тетово заразени со Делта сојот на корона немаа никакви симптоми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvete-lica-od-tetovo-zarazeni-so-delta-sojot-na-korona-nemaa-nikakvi-simptomi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvete-lica-od-tetovo-zarazeni-so-delta-sojot-na-korona-nemaa-nikakvi-simptomi/#respond Thu, 08 Jul 2021 11:01:59 +0000 https://kurir.mk/?p=533845

Без симптоми се двете лица од исто семејство од Тетово кај кои е откриен делта сојот на Ковид-19, информираат денеска од тетовскиот Центар за јавно здравје. Освен што немаат никакви симптоми од болеста, карактеристично е што кај нив случајно е откриено присуство на коронавирусот кој е од најновиот делта сој. -Двете лица се од исто семејство и правеле ПЦР тест за да се вратат во Германија каде што работат и живеат. При тоа е откриено дека имаат Ковид-19 и дека е од делта сој. Двајцата се асимптоматски случаи и е постапено според соодветната процедура, ставени се во домашна изолација. Контактите, другите членови од семејствтото што се кажани се исто дома во изолација и сите се следат секојдневно, изјави епидемиологот во Центарот, д-р Сузана Субашиќ. Во Тетово има 24 активни случаи на болни со Ковид-19, а во Клиничка болница нема луѓе кои се на болничко лекување. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvete-lica-od-tetovo-zarazeni-so-delta-sojot-na-korona-nemaa-nikakvi-simptomi/feed/ 0
Истражување: Најмалку 50 отсто од заразата со Ковид-19 ја пренесуваат луѓе без симптоми https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-najmalku-50-otsto-od-zarazata-so-kovid-19-ja-prenesuvaat-lugje-bez-simptomi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-najmalku-50-otsto-od-zarazata-so-kovid-19-ja-prenesuvaat-lugje-bez-simptomi/#respond Mon, 11 Jan 2021 09:59:25 +0000 https://kurir.mk/?p=453665

Американски научници утврдија дека најмалку 50 отсто од заразата со коронавирус ја пренесуваат луѓе без симптоми на болеста, објави списанието Journal of the American Medical Association. Заменик директорот на Одделот за инфективни болести во американскиот Центар за контрола и превенција на болести и шефот на истражувањето Џеј Батлер изјави дека резултатите од нивната студија ја потенцираат важноста на носењето маски и придржувањето кон физичкото растојание. За потребите на студијата, истражувачите ги класифицирале потенцијалните преносители на коронавирусот во три групи: симптоматски, предсимптоматски (оние кои сè уште немаат симптоми, но ќе ги развијат) и асимптоматски. Тие потоа изработиле модел за тоа колку секоја група ќе го шири коронавирусот врз основа на денот кога луѓето се најзаразни. Како основна вредност го одредиле петтиот ден од изложеноста на коронавирус, бидејќи е утврдено дека тоа е просечно времетраење на инкубацијата. Тоа е период кога повеќето луѓе развиваат симптоми. Моделот првично вклучува претпоставки дека 30 проценти од заразените се асимптоматски и дека нивното количество на инфективност е малку помало (75 проценти) во споредба со оние кои покажуваат или ќе развијат симптоми. Според овие претпоставки, резултатите покажале дека само асимптоматските луѓе се одговорни за 24 проценти од инфекциите. Но, научниците создадоа и сценарија, според кои, врвот на инфективноста е третиот, четвртиот, шестиот и седмиот ден, во кои го зголемувале и намалувале процентот на асимптоматски луѓе, како и нивната стапка на зараза во однос со останатите групи. Во голем дел од овие сценарија, се покажало дека луѓето без симптоми (асимптоматски и предсимптоматски) пренесуваат најмалку 50 отсто од новите зарази. – Размерите на трансмисија генерално биле над 50 проценти, без разлика на широкиот опсег на почетни вредности, истакна Батлер, додавајќи дека аналитичарите се изненадени од доследноста на резултатите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-najmalku-50-otsto-od-zarazata-so-kovid-19-ja-prenesuvaat-lugje-bez-simptomi/feed/ 0
Првиот групен карантин заврши: Од 160 граѓани никој нема симптоми, уште 14 дена ќе останат во домашна изолација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prviot-grupen-karantin-zavrshi-od-160-gragjani-nikoj-nema-simptomi-ushte-14-dena-kje-ostanat-vo-domashna-izolacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prviot-grupen-karantin-zavrshi-od-160-gragjani-nikoj-nema-simptomi-ushte-14-dena-kje-ostanat-vo-domashna-izolacija/#respond Sat, 04 Apr 2020 18:19:25 +0000 https://kurir.mk/?p=327399

Владата информира дека денеска успешно завршува државниот карантин за 160 македонски граѓани, кои поминаа 14 дена во строги безбедносно-здравствени услови во хотелот „Ибис“ во Скопје (Тафталиџе) и во депандансот во Демир Капија. Граѓаните кои успешно го завршија државниот карантин немаат симптоми и ќе поминат уште 14 дена во домашна изолација, согласно здравствените препораки на епидемиолозите. За потсетување во изминатото деноноќие потврдени се 53 нови случаи позитивни, вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 483 лица. За 24 часа регистрирани се 53 нови случаи во земјата. По градови: Скопје -13, Куманово -8, Штип -5, Прилеп – 2, Струга – 14, Тетово – 2, Велес – 1, Гостивар – 2 и Кочани – 6.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prviot-grupen-karantin-zavrshi-od-160-gragjani-nikoj-nema-simptomi-ushte-14-dena-kje-ostanat-vo-domashna-izolacija/feed/ 0