без тест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 19 Jul 2021 13:32:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png без тест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонските граѓани од четврток ќе може да патуваат на Кипар без тест или карантин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskite-gragjani-od-chetvrtok-kje-moze-da-patuvaat-na-kipar-bez-test-ili-karantin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskite-gragjani-od-chetvrtok-kje-moze-da-patuvaat-na-kipar-bez-test-ili-karantin/#respond Mon, 19 Jul 2021 13:32:16 +0000 https://kurir.mk/?p=538757

Македонија, од четврток ќе биде преместена од портокаловата во зелената листа за патување на Кипар, што значи дека македонските државјани ќе можат да патуваат на островот без никакви ограничувања, односно без тест или карантин, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно новата категоризација на земјите, односно „Процената на епидемиолошкиот ризик на земјите во врска со Ковид-19“, објавена денеска од кипарското Министерството за здравство, Македнија, заедно со Канада и Србија, од втората, преминуваат во првата категорија. Земјите се поделени во три зони во зависност од епидемиолошката слика: зелена, портокалова, црвена и за секоја од нив важат посебни правила, а државите кои не се во некоја од овие листи се во сивата зона. Во првата (зелена) категорија, односно „земји со ниска опасност”, нашата земја е заедно со уште 27 држави, односно Австрија, Бугарија, Германија, Естонија, Италија, Хрватска, Латвија, Литванија, Унгарија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Шведска, Чешка, Монако, Ватикан, Швајцарија, Исланд, Норвешка, Австралија, Јордан, Израел, Канада, Нов Зеланд, Србија и Сингапур и за државјаните на овие земји, не се предвидени никакви рестрикции, не е потребен тест, ниту самоизолација. Како што веќе има објавено МИА, од 8 јули 2021 година Македонија се најде во портокаловата зона и задолжителен беше негативен ПЦР тест направен 72 часа пред заминувањето, откако беше преместена од третата, црвената категорија. Од земјите од регионот, Бугарија и Србија се во зелената категорија, Грција во портокаловата, а Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина во последната, црвена зона. Во однос на вакцинираните посетители, како што пренесува МИА, од Министерството за здравство на Кипар соопштуваат дека ослободени од задолжителниот негативен тест или карантин, се туристите кои поседуваат сертификат за вакцинација издаден од земјите- членки на ЕУ, на Европската економска зона, од Швајцарија, Израел, Русија, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Украина, Јордан, Либан, Египет, Белорусија, Србија, Катар, Бахреин, САД, Ерменија, Грузија, Канада и Кувајт. Но, и да се поминати 14 дена од ревакцинацијата со една од вакцините одобрени од Европската организација на лекови (Фајзер, Модерна, Астра Зенека и Џонсон) или со Спутник В или Синофарм. Туристите, како што е веќе пракса од лани, пред да го посетат Кипар, задолжително е, 48 часа пред патувањето, да го пополнат CyprusFlightPass, односно онлајн формуларот достапен на https://cyprusflightpass.gov.cy/. Од Министерството за здравство на Кипар потенцираат дека сите патници, без разлика на тоа од која држава доаѓаат може да бидат тестирани по случаен избор. Додаваат дека категоризацијата на земји е исклучително динамична и може да се промени во било време согласно развојот на пандемијата и промената на епидемиолошките податоци, па затоа, листите континуирано се ажурираат, секоја седмица. Па така, овој пат , доколку се направи анализа на листите, Франција, Данска, Финска и Лихтенштајн од зелената се префрлени во портокаловата листа, а Малта од првата, зелена, во третата црвена категорија. Новите одлуки стапуваат во сила на 22 јули 2021 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskite-gragjani-od-chetvrtok-kje-moze-da-patuvaat-na-kipar-bez-test-ili-karantin/feed/ 0
Граѓаните на Бугарија, БиХ, Црна Гора, Албанија и Македонија можат да влезат во Србија без ПЦР https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gragjanite-na-bugarija-bih-crna-gora-albanija-i-makedonija-mozat-da-vlezat-vo-srbija-bez-pcr/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gragjanite-na-bugarija-bih-crna-gora-albanija-i-makedonija-mozat-da-vlezat-vo-srbija-bez-pcr/#respond Thu, 14 Jan 2021 14:52:06 +0000 https://kurir.mk/?p=455354

Граѓаните на Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Северна Македонија од денес можат да влезат во Србија без негативен ПЦР тест, јави допсиникот на МИА од Белград. Истото важи и за државјаните на Србија кои одат во овие земји. Од денес, како што беше претходно најавено, граѓаните на Северна Македонија можат да влезат во Србија без ПЦР тест. Премиерката на Србија Ана Брнабиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама вчера разговараа за укинување на задолжителниот негативен ПЦР тест за за влез на албанските граѓани во Србија. Амбасадата на Србија во Бугарија објави дека граѓаните на Бугарија можат да влезат во Србија без негативен ПЦР тест, со што Бугарија е единствената земја од ЕУ чии граѓани можат во Србија без ПЦР тест. Од друга страна и Црна Гора дозволи влез во таа земја без ПЦР тест, што важи и за граѓаните на Србија. Државјаните на Србија кои не доаѓаат од споменатите земји (БиХ, Северна Македонија, Албанија, Бугарија и Црна Гора) и немаат негативен тест за ПЦР, мораат да поминат задолжителни 10 дена во домашен карантин, од денот на преминување на границата. Лицата кои доаѓаат од САД, наместо негативен ПЦР тест, им се признава негативен Антиген ФИА Рапид тест, се наведува на веб-страницата на српската амбасада во Софија. Претседателот на Српската стопанска комора (ПКС), Марко Чадеж оцени дека укинувањето на задолжителниот ПЦР тест за овие земји е уште една добра одлука за економска соработка во регионот. -Регионот е наш заеднички дом, затоа одлуката на министерот за здравство за укинување на задолжителниот ПЦР тест за секој што ќе дојде кај нас од непосредната околина е уште еден показател за нашата подготвеност за отстранување на бариерите меѓу нас, кажа Чадеж, соопштен ео во изјавата на ПКС. Претседателот на ПКС оцени дека оваа одлука секако ќе придонесе за уште подобро економско поврзување на компаниите од регионот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gragjanite-na-bugarija-bih-crna-gora-albanija-i-makedonija-mozat-da-vlezat-vo-srbija-bez-pcr/feed/ 0
Грција од понеделник ги отвара границите, еве кој се ќе може да патува без тест за корона вирус https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-od-ponedelnik-gi-otvara-granicite-eve-koj-se-kje-moze-da-patuva-bez-test-za-korona-virus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-od-ponedelnik-gi-otvara-granicite-eve-koj-se-kje-moze-da-patuva-bez-test-za-korona-virus/#respond Fri, 14 Aug 2020 13:28:14 +0000 https://kurir.mk/?p=390806

За влез во Република Грција од 17 август, не e потребен негативен ПЦР-тест само за возачи на товарни моторни возила, информираат од МВР. МВР вчера соопшти дека од понеделник 17 до 31 август 2020 часот, на граничниот премин „Евзони“, се воведува нов протокол според кој, само во периодот од 6 до 22 часот по македонско време, влез во Грција ќе може да остварат само грчки државјани, државјани на трети земји кои имаат регулиран престој во Грција, EULEX-дипломатски персонал и членови од нивните семејства, лица кои патуваат од медицински и бизнис причини, а кои претходно биле најавени и добиле одобрување за патување од Aмбасада на Република Грција во странство, како и возачи на товарни возила. Објавата на Министерството за внатрешни работи следи по добиените информации од страна на грчката гранична служба од граничниот премин „Евзони“ за новиот протокол за влез во Грција на истиот премин. – Сите овие лица за да остварат влез во Грција на преминот „Евзони“ потребно е да приложат негативен ПЦР-тест за Ковид-19 од сертифицирана лабораторија на англиски јазик, не постар од 72 часа, се наведува во соопштението на МВР и додаваат дека останува обврската за претходна електронска најава и добивање на PLF документ (Passenger Locator Form). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-od-ponedelnik-gi-otvara-granicite-eve-koj-se-kje-moze-da-patuva-bez-test-za-korona-virus/feed/ 0