Безалел Смотрич – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Oct 2023 08:30:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Безалел Смотрич – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Смотрич: Војната Израел го чини 246 милиони долари дневно https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/smotrich-vojnata-izrael-go-chini-246-milioni-dolari-dnevno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/smotrich-vojnata-izrael-go-chini-246-milioni-dolari-dnevno/#respond Wed, 25 Oct 2023 08:30:00 +0000 https://kurir.mk/?p=892842

Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич соопшти дека буџетот на земјата за 2023-2024 година „повеќе не е соодветен“ поради војната во Газа и дека ќе биде променет, пренесоа британските медиуми. Според Смотрич, дневните трошоци за војната на Израел во газа изнесуваат една милијарда шекели (246 милиони долари), не вклучувајќи ги индиректните штети поврзани со забавувањето на економската активност и деловната парализа поради мобилизацијата на стотици илјади резервисти и секојдневното гранатирање. Истовремено, тој посочи дека намалувањето на кредитниот рејтинг на земјата од страна на агенцијата Стандард и Пурс (Standard & Poor's) од „стабилен“ на „негативен“ нема да има значително влијание. Министерот, сепак, изјави дека тоа треба да се земе предвид и додаде дека не очекува земјата да акумулира голем дефицит поради војната. Тој го пофали гувернерот на израелската централна банка, Амир Јарон, кој требаше да се повлече, но поради кризата го продолжи својот мандат „за колку што е потребно“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/smotrich-vojnata-izrael-go-chini-246-milioni-dolari-dnevno/feed/ 0
Израелскиот министер за финансии го повика премиерот да формира влада на национално единство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskiot-minister-za-finansii-go-povika-premierot-da-formira-vlada-na-natsionalno-edinstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskiot-minister-za-finansii-go-povika-premierot-da-formira-vlada-na-natsionalno-edinstvo/#respond Mon, 09 Oct 2023 09:30:13 +0000 https://kurir.mk/?p=886854 Безалел Смотрич - Фотографија ЕПА, Абир Султан

Министерот за финансии на Израел, лидер на екстремно десничарската партија Верски ционизам, Безалел Смотрич, ги повика премиерот Бенјамин Нетанјаху и пратеникот од опозицијата Бени Ганц, поранешен началник на Генералштабот и министер за одбрана, веднаш да формираат влада на национално единство за справување со војната против Хамас. На повикот му претходеше синоќешното телевизиско обраќање на Ганц, во кое тој изјави дека во саботата му рекол на премиерот дека ќе се приклучи на владата „со намера да формира воен кабинет кој ќе управува со борбениот фронт против Газа и другите фронтови“. „Единството и поврзаноста се императив на овој час за да ги победиме нашите непријатели“, најави Смотрич и додаде дека преговарачките тимови и преговорите не се важни. Лидерот на опозициската партија „Израел наш дом“ Авигдор Либерман исто така во неделата изјави дека ќе ѝ се придружи на актуелната влада, но ја условува својата поддршка, пренесоа израелските медиуми. Тој бара Нетанјаху, министерот за одбрана Јоав Галант и началникот на армијата Херзи Халеви јавно да објават дека владата има намера „да ја елиминира терористичката организација Хамас и сите терористички лидери“. Министерот за национална безбедност Итамар Бен Гвир, вториот ултрадесничарски партнер на Нетанјаху, ги повтори условите на Либерман и утринава најави дека ќе се согласи со влада на национално единство доколку нејзината цел е „целосен пораз на Хамас и разбивање на неговата воена и политичка моќ“. Повиците за формирање итна влада дојдоа кога Израел објави војна по ненадејниот напад врз јужниот и централниот дел на земјата во саботата наутро од страна на исламскиот екстремистички Хамас, кој владее со Газа.]]>
Безалел Смотрич - Фотографија ЕПА, Абир Султан

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskiot-minister-za-finansii-go-povika-premierot-da-formira-vlada-na-natsionalno-edinstvo/feed/ 0
Смотрич: Палестинци не постојат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/smotrich-palestintsi-ne-postojat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/smotrich-palestintsi-ne-postojat/#respond Mon, 20 Mar 2023 15:24:07 +0000 https://kurir.mk/?p=814238

Крајнодесничарскиот министер за финансии на Израел, Безалел Смотрич, го негираше постоењето на палестински народ и рече дека тоа е концепт измислен пред помалку од 100 години. - Не постојат Палестинци затоа што не постои ма палестински народ, рече Смотрич синоќа на настан во Париз. Концептот, рече Смотрич, го измислиле „некои Арапи во регионот за да се борат против ционистичкото движење“. Оваа „историска вистина“ мора да се слушне низ целиот свет, вклучително и во Белата куќа во Вашингтон, додаде тој. - Не постои палестинска историја. Не постои палестински јазик, продолжи Смотрич во обраќањето, кое го одржа на хебрејски. Тој додаде дека луѓето како него и неговите баба и дедо се „вистински Палестинци“ и истакна дека неговото семејство живее во регионот веќе тринаесет генерации. Палестинското Министерство за надворешни работи реагираше на изјавата на Смотрич и ја нарече „расистичка, фашистичка и екстремистичка“ и поттикнува понатамошна ескалација во регионот. Коментарите на Смотрич дојдоа откако вчера во Египет продолжија разговорите меѓу палестинските и израелските претставници за да се спречи ескалација на насилството. Тоа беше втор таков состанок за помалку од еден месец. Функционерите ветија дека ќе работат на деескалација на насилството пред муслиманскиот свет месец Рамазан. Претходните години избувнаа судири меѓу израелската полиција и Палестинците во близина на џамијата Ал Акса во Ерусалим во екот на Рамазан.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/smotrich-palestintsi-ne-postojat/feed/ 0