безбедни училишта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 08 May 2023 12:44:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png безбедни училишта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шаќири: Да работиме заедно на промовирање ненасилство, рано предупредување и безбедни училишта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-da-rabotime-zaedno-na-promovirane-nenasilstvo-rano-predupreduvane-i-bezbedni-uchilishta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-da-rabotime-zaedno-na-promovirane-nenasilstvo-rano-predupreduvane-i-bezbedni-uchilishta/#respond Mon, 08 May 2023 12:44:17 +0000 https://kurir.mk/?p=831835

Сите заедно треба да промовираме позитивни вредности, оние кои ќе изградат младите во добри личности, за кои насилството никогаш нема да биде опција. Да делуваме превентивно, за да не биде предоцна. Да зборуваме отворено со младите, да го слушаме нивниот глас, нивните идеи и пријатни и непријатни искуства. Да работиме на унапредување на воспитната компонента на образовниот процес и да им помогнеме на наставниците и стручните кадри во училиштата во заложбите за надградба на нивните капацитети за препознавање и спречување на насилство. Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната работилница со учениците и наставниците во ОУ „Вера Циривири - Трена“ на тема “Безбедноста во училиштата-градење механизми на превенција од ризици и рано предупредување“, а во рамки на научно-истражувачки проект на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј„-Скопје чија цел е подобрувањето на севкупната и личната безбедност на учениците во образовно – воспитните установи, како и намалување на сите облици и типови на насилство помеѓу учениците. -Ја поздравувам идејата за спроведување на овој проект чија цел е складна со заложбите на Владата за градење на мирна училишна средина. Иако делуваме институционално, сепак секој проект на академската заедница или на граѓанскиот сектор, од ваков тип, со истражувачко  - аналитичка компонента, советодавна и превентивна улога е од голема важност за подобрување на ефикасноста и ефективноста на севкупните напорите, рече Шаќири, додавајќи дека во иднина треба да се даде поддршка на што повеќе вакви проекти кои ќе помогнат за постигнување на целта – создавање на млади генерации кои ќе знаат да почитуваат, да толерираат и да бидат љубезни. Министерот информираше дека на иницијатива на МОН во фаза на изработка е правилник наменет за училиштата за превенирање и за постапување во случај на насилство, како и дека се размислува за ограничување на употребата на социјалните мрежи во училишната средина, бидејќи како што рече, најчесто насилството се поттикнува преку трендови и објави на истите. „Отворивме единствена електронска адреса [email protected] каде може да се поднесе пријава и по секоја ќе постапуваме веднаш. Во меѓувреме, дополнително ќе ги зајакнеме превентивните програми за борба против булингот, промовирајќи дијалог и ненасилство како клучни елементи во образованието и развојот на децата и младите“ додаде министерот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-da-rabotime-zaedno-na-promovirane-nenasilstvo-rano-predupreduvane-i-bezbedni-uchilishta/feed/ 0
Со проектот „Безбедни училишта-за меѓуетнички соживот и толеранција“ опфатени 2.500 ученици од Полошко https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/so-proektot-bezbedni-uchilishta-za-megjuetnichki-sozivot-i-tolerancija-opfateni-2-500-uchenici-od-poloshko/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/so-proektot-bezbedni-uchilishta-za-megjuetnichki-sozivot-i-tolerancija-opfateni-2-500-uchenici-od-poloshko/#respond Wed, 13 Nov 2019 11:00:46 +0000 https://kurir.mk/?p=263490

Секторот за внатрешни работи Тетово неделава започна со практична имплементација на превентивно-едукативниот проект „Безбедни училишта-за меѓуетнички соживот и толеранција“, чиј носител е Отсекот за превенција, а кој се реализира неколку години наназад. -Со проектот вкупно ќе бидат опфатени над 2500 ученици во прва година од 7-те тетовски и 4-те гостиварски средни училишта, кои на посебни предавања поблиску ќе бидат запознати со личните и општествено негативните последици од предизвикување и учество во нарушувања на јавниот ред и мир во и околу училиштата. Првокласниците од Полошкиот регион, исто така, преку интерактивни презентации што ќе ги одржуваат стручно обучени полициски службеници, ќе се запознаат и со законските импликации кои се однесуваат на нарушување на јавниот ред и мир, како и на други девијатни појави, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски. Во рамките на овие активности на учениците ќе им бидат претставени и основните вредности на толеранцијата, нејзиното значење и формите и начините за нејзина поширока афирмација и унапредување, не само во училиштата, туку и воопшто во локалната заедница. Проектот се планира да се спроведува еден месец и негова цел е да придонесе за превенирање на инцидентите во училиштата и за зајакнување на меѓусебната доверба и соработка на учениците од различна етничка и друга припадност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/so-proektot-bezbedni-uchilishta-za-megjuetnichki-sozivot-i-tolerancija-opfateni-2-500-uchenici-od-poloshko/feed/ 0