безбедни земји – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 02 Oct 2023 08:27:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png безбедни земји – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дознајте на кое место е Македонија: Претставена листата на најбезбедни земји во светот за 2023-та година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doznajte-na-koe-mesto-e-makedonija-pretstavena-listata-na-najbezbedni-zemji-vo-svetot-za-2023-ta-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doznajte-na-koe-mesto-e-makedonija-pretstavena-listata-na-najbezbedni-zemji-vo-svetot-za-2023-ta-godina/#respond Mon, 02 Oct 2023 08:27:39 +0000 https://kurir.mk/?p=884087

Глобалниот индекс на мир (GPI) го претстави годишното рангирање на најбезбедните земји во светот, составено од Институтот за економија и мир, според кое најбезбедна земја во светот за 2023 година е Исланд. На оваа листа Република Македонија е на 38 место. Најбезбедна земја во светот и за 2023 година е Исланд. Оваа земја во Северна Европа е на врвот на овој список секоја година од 2008 година. Данска е втора на листата, делумно поради ниското ниво на владина корупција, а трета е Ирска, којашто скокна за пет места во однос на лани. Говорејќи за земјите од Балканот, најдобро, највисоко оценета е Словенија - на место бр. 8., Хрватска е 14-та, а Бугарија е на 30. позиција. Подолу од македонската држава на списокот се наоѓаат Црна Гора - на 45. место, Грција (60), Босна и Херцеговина (61), а Србија е 65-та, што ја прави најлошо позиционирана земја на Балканот. На другиот крај од списокот се земјите погодени од војна, со широко распространето насилство и политичка нестабилност, што ги прави доста несигурни. Авганистан, Јемен, Сирија, Русија и Јужен Судан се меѓу најнебезбедните држави. ГПИ ги рангира земјите според широк спектар фактори, од нивото на насилство и криминал до тероризам и меѓународни судири. Овој извештај ја претставува најсеопфатната анализа на трендовите во мирот, економската вредност и развојот на мирот во општествата.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doznajte-na-koe-mesto-e-makedonija-pretstavena-listata-na-najbezbedni-zemji-vo-svetot-za-2023-ta-godina/feed/ 0
Финска, Норвешка и Исланд се најбезбедни земји во светот, еве кои се најопасните https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finska-norveshka-i-island-se-najbezbedni-zemji-vo-svetot-eve-koi-se-najopasnite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finska-norveshka-i-island-se-najbezbedni-zemji-vo-svetot-eve-koi-se-najopasnite/#respond Thu, 02 Dec 2021 07:07:12 +0000 https://kurir.mk/?p=602761

Либија, Авганистан и Сомалија се најопасните земји во светот, додека Финска, Норвешка и Исланд се оценети како најбезбедни. Тоа го покажуваат податоците на безбедносните експерти на компанијата International SOS and Control risk, која се грижи за медицинска и безбедносна помош. Земјите означени со темно црвена боја на интерактивната мапа се најлошо оценети, додека оние означени со зелено се најбезбедни. Од земјите во регионот за најбезбедна е прогласена Словенија, а најнебезбедна е Косово. Словенија е оценета како држава со незначителен ризик, а Косово со среден ризик. Северна Македонија, Србија, Унгарија, БиХ, Хрватска и Црна Гора се оценети како земји со низок ризик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finska-norveshka-i-island-se-najbezbedni-zemji-vo-svetot-eve-koi-se-najopasnite/feed/ 0
БиХ, Црна Гора и Косово на списокот на ЕУ за ковид безбедни земји https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bih-crna-gora-i-kosovo-na-spisokot-na-eu-za-kovid-bezbedni-zemji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bih-crna-gora-i-kosovo-na-spisokot-na-eu-za-kovid-bezbedni-zemji/#respond Wed, 30 Jun 2021 11:54:59 +0000 https://kurir.mk/?p=529894

Претседавачот со Европската унија (ЕУ), Португалија состави нов список на потенцијални безбедни земји за Ковид-19, кој ги вклучува Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово, пишува Радио Слободна Европа (РСЕ). Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ го одобрија списокот и оваа одлука ќе стапи на сила до крајот на оваа недела, што значи дека граѓаните на овие земји, вклучително и оние кои не се вакцинирани, можат да патуваат во земјите-членки на ЕУ. Претставници на земјите-членки на ЕУ денеска разговараа за последниот предлог на списокот, кој покрај западнобалканските држави ги вклучува и Канада, Молдавија, Ерменија, Азербејџан, Јордан, Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) . Европската унија ги ажурира списоците на секои две недели според епидемиолошката состојба во секоја земја поединечно. На претходниот состанок на 18 јуни, Србија, Северна Македонија и Албанија беа додадени на списокот на безбедни земји. Во мај, ЕУ ја донесе таканаречената „итна сопирачка“, според која забраната за патување за одредени земји може итно да се активира доколку дојде до влошување на епидемиолошката состојба. Државите добиваат статус дека се безбедни ако во последните 14 дена се регистрираат најмногу 75 позитивни случаи на коронавирус на 100.000 жители.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bih-crna-gora-i-kosovo-na-spisokot-na-eu-za-kovid-bezbedni-zemji/feed/ 0
Орбан повторно контра ЕУ, од списокот „безбедни“ земји ја прифаќа само Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/orban-povtorno-kontra-eu-od-spisokot-bezbedni-zemji-ja-prifakja-samo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/orban-povtorno-kontra-eu-od-spisokot-bezbedni-zemji-ja-prifakja-samo-srbija/#respond Thu, 02 Jul 2020 12:02:30 +0000 https://kurir.mk/?p=367437

Унгарија нема да го прифати барањето на ЕУ на списокот на „безбедни“ држави од пандемијата на коронавирусот да ги додаде и земјите надвор од ЕУ. Единствен исклучок од оваа одлука ќе биде Србија, кажа унгарскиот премиер Виктор Орбан.
-Засега не можеме да го поддржиме барањето на ЕУ, бидејќи тоа ќе биде спротивно на здравствените интереси на унгарскиот народ, рече Орбан во видео пораката на Фејсбук, пренесоа српските медиуми. Европскиот совет претходно донесе одлука на спиското да стави 14 држави од кои може да се патува во ЕУ: Србија, Црна Гора, Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/orban-povtorno-kontra-eu-od-spisokot-bezbedni-zemji-ja-prifakja-samo-srbija/feed/ 0