безбедни – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 15 Oct 2023 12:03:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png безбедни – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МНР: Двајцата наши државјани се безбедни, сместени се во болница на Црвената полумесечина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-dvajtsata-nashi-drzhavjani-se-bezbedni-smesteni-se-vo-bolnitsa-na-tsrvenata-polumesechina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-dvajtsata-nashi-drzhavjani-se-bezbedni-smesteni-se-vo-bolnitsa-na-tsrvenata-polumesechina/#respond Sun, 15 Oct 2023 12:03:11 +0000 https://kurir.mk/?p=889037

Двете Амбасади на Република Северна Македонија, во Каиро и во Тел Авив, се во постојана комуникација со надлежните институции на Египет и на Израел, со цел евакуација на двајцата наши државјани, брачен пар, кој се наоѓа во Газа, поточно во градот Кан Јунес, на 12 километри од граничниот премин Рафах. Како што информираа денеска од МНР, парот е сместен во болница на Црвената полумесечина и во моментот е на безбедно. - Со посредство на нашите ДКП-а, ставени се на официјалната листа за евакуација и се чека да бидат создадени услови за нивна евакуација, што во најголема мерка зависи од состојбите на терен, кои во моментот не може да се предвидат. Остануваме во секојдневна комуникација со нив, се до нивно евакуација на безбедно, соопштија од МНР. Во меѓувреме, потенцираат од МНР, работиме на идентификување и прибирање податоци за евентуално други наши државјани кои би можеле да бидат затекнати во Газа, за што уште еднаш потсетуваме на нашите контакти: СОС телефони на МНР- 075/ 273- 732 и 075/268-736, дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378 и дежурниот телефон на Амбасадата во Кајро +201033615542.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-dvajtsata-nashi-drzhavjani-se-bezbedni-smesteni-se-vo-bolnitsa-na-tsrvenata-polumesechina/feed/ 0
МВР со апел до граѓаните: Возете одговорно за безбедни празници! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-so-apel-do-gragjanite-vozete-odgovorno-za-bezbedni-praznici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-so-apel-do-gragjanite-vozete-odgovorno-za-bezbedni-praznici/#respond Sat, 24 Dec 2022 12:47:07 +0000 https://kurir.mk/?p=780023

Денеска (24.12.2022) Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот во Охрид реализираа активности од зимската и новогодишната кампања и делеа едукативен материјал за да ги потсетат возачите на законската обврска за задолжително носење на зимска опрема, како и да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот за време на претстојните новогодишни празници и особено, да не седнуваат зад воланот доколку пиеле алкохол.. „Новогодишните празници се карактеризираат со поголема раздвиженост на луѓето, празнично расположение и поголема густина во сообраќајот, но не смеат да се запостават ни ниските температури и лизгавите коловози. Затоа, РСБСП на возачите им препорачува: да не конзумираат алкохол кога управуваат со моторно возило, да ја прилагодат брзината според условите на патот, да не користат мобилен телефон додека возат, задолжително да користат сигурносен појас, да направат зимска проверка на возилото, да се почитува растојанието меѓу возилата, да се избегнува нагло сопирање на возилото и сл. Возете одговорно за среќна и безбедна 2023 година“, рече претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска. Помошникот министер за односи со јавност во МВР Тони Ангеловски потенцира дека доколку некој пиел алкохол никако не смее да управува возило. „Особено сега во деновите кога се организираат бројни забави, како и за време на новогодишната прослава сите треба да бидеме одговорни за да имаме безбеден сообраќај. Доколку пиете, никако не возете, затоа што тоа може да биде кобно за вас, но и за другите учесници во сообраќајот. Покрај овие апели кои што секојдневно ги упатуваме, веќе на улиците и патиштата може да ги забележите засилените контроли од страна на полицијата, со цел да се санкционираат оние кои со непочитувањето на правилата ја загрозуваат безбедноста на сообраќајот. Мораме сите заеднички да придонесеме за да имаме безбедни и среќни празници“, рече Ангеловски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-so-apel-do-gragjanite-vozete-odgovorno-za-bezbedni-praznici/feed/ 0
Меркел: Ниедна држава не е безбедна од Ковид-19 ако не се и нејзините соседи и пријатели https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-niedna-drzava-ne-e-bezbedna-od-kovid-19-ako-ne-se-i-nejzinite-sosedi-i-prijateli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-niedna-drzava-ne-e-bezbedna-od-kovid-19-ako-ne-se-i-nejzinite-sosedi-i-prijateli/#respond Sat, 09 Jan 2021 10:04:07 +0000 https://kurir.mk/?p=453071

Ниту една земја не е безбедна од коронавирусот, ниту Германија, ако не се и нејзините пријатели и соседи, истакна германската канцеларка Ангела Меркел. Таа изрази верување дека е добра одлука да се набави вакцината во заеднички процес преку ЕУ. „Вирусот кој влијае на сите нас не може да биде поразен од една земја самостојно. Ниту една земја, дури ниту Германија, не би била безбедна од вирусот ако не се и нејзините пријатели и соседи“, подвлече таа. Во неделното обраќање, Меркел процени дека трезвеноста и претпазливоста ќе се исплатат. Таа исто така истакна дека следните недели од зимата ќе бидат најтешки во пандемијата. Според неа, продолжените и построги мерки се клучни во борбата против вирусот. „Лекарите и другиот медицински персонал работат во многу болници до истоштеност. Исто така, она што го слушаме за мутацијата на вирусот не ја прави загриженоста помала, туку напротив. Целта, според тоа, мора да биде јасно да се намали бројот на новозаразени, за да може здравствените установи да трагаат контакти“, објасни Меркел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-niedna-drzava-ne-e-bezbedna-od-kovid-19-ako-ne-se-i-nejzinite-sosedi-i-prijateli/feed/ 0
Путин: Сите руски вакцини против коронавирус се ефикасни https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-site-ruski-vakcini-protiv-koronavirus-se-efikasni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-site-ruski-vakcini-protiv-koronavirus-se-efikasni/#respond Tue, 10 Nov 2020 12:45:16 +0000 https://kurir.mk/?p=427363

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека сите руски вакцини против Ковид-19 се ефикасни и најави дека Русија наскоро ќе регистрира трета вакцина против коронавирусот, пренесе РИА. Путин рече дека Москва е подготвена да соработува со сите други земји за вакцини против коронавирусот, но притоа повика овие процеси да не се политизираат. Изјавата на Путин дојде еден ден откако производителите на вакцини американската компанија „Фајзер“ и германската БиоНТек“ соопштија дека нивната вакцина против коронавирус е ефикасна повеќе од 90 проценти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-site-ruski-vakcini-protiv-koronavirus-se-efikasni/feed/ 0
„Форбс“ вклучи дури три хрватски градови меѓу најбезбедните дестинации по коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/forbs-vkluchi-duri-tri-hrvatski-gradovi-megju-najbezbednite-destinacii-po-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/forbs-vkluchi-duri-tri-hrvatski-gradovi-megju-najbezbednite-destinacii-po-koronavirusot/#respond Tue, 02 Jun 2020 14:01:23 +0000 https://kurir.mk/?p=352919

Американското списание „Форбс“ во 20-те најбезбедни и најдобри европски дестинации за пост-корона патувања и туризам вклучи дури три хрватски дестинации. Тука се Загреб, Цавтат и Ријека, објавила Ина Родин, директорка на Претставништвото на ХТЗ во Њујорк. „Форбс“ наведува дека Европската организација за најдобра дестинација издвоила 20 европски дестинации кои најмалку се погодени од коронавирусот, а кои ги предлага како поволни дестинации за патувања во наредните месеци. – Вклучувањето на дури три хрватски дестинации на списокот на најбезбедни европски дестинации го потврдува меѓународниот статус на нашата земја како квалитетна и безбедна туристичка дестинација која ги има сите предуслови за безбедно одвивање на туризмот во наредните месеци – рекол директорот на Хрватската туристичка заедница, Кристијан Станичиќ. На високото трето место на списокот е Цавтат, кој е опишан како омилена дестинација за славните личности, семејствата, љубителите на добра гастрономија, културата, природата и водните спортови. Загреб се најде на осмото место на EBD листата и тоа како идеална дестинација за city break дестинации, додека на Ријека, Европската престолнина на културата во 2020 година, ѝ припадна дванаесеттото место на листата. На прво место е Тбилиси, главниот град на Грузија, а свое место на листата се најдоа и дестинациите како Крф, Азорските острови, Котор, Варшава, Виена, Бохињ и Малта го најдоа своето место на списокот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/forbs-vkluchi-duri-tri-hrvatski-gradovi-megju-najbezbednite-destinacii-po-koronavirusot/feed/ 0
Листа на најбезбедни градови во светот – на кое место е Скопје? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lista-na-najbezbedni-gradovi-vo-svetot-na-koe-mesto-e-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lista-na-najbezbedni-gradovi-vo-svetot-na-koe-mesto-e-skopje/#respond Mon, 24 Sep 2018 13:05:57 +0000 https://kurir.mk/?p=105159

Скопје е 172 на листата меѓу најбезбедни градови во светот и стапката на криминал е 43.86%. Најбезбеден град во светот е Абу Даби, покажува една студија на веб-страницата на Нумбео. Во главниот град на ОАЕ, индексот на криминал е 12%, а катарската престолнина,  Доха е рангирана на второто место. Tирана е 186, и има стапка на криминал од 42.81%. Нови Сад е 169 со стапка на криминал од 11.01%. Меѓу првите десет се градовите Базел, Сингапур, Квебек, Осака, Токио и Берлин. Софија е 167 од вкупно 345 градови и има индекс од 44 отсто. Во рангирањето до Скопје се градови како што се Милан, Гетеборг, Нови Сад, Скопје, Москва. Сплит е 249, а Солун е 254 на листата. Целата листа можете да ја видите овде. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lista-na-najbezbedni-gradovi-vo-svetot-na-koe-mesto-e-skopje/feed/ 0