безбедносна соработка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 May 2022 16:52:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png безбедносна соработка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Си: Неопходна е безбедносна соработка меѓу земјите од БРИКС https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-neophodna-e-bezbednosna-sorabotka-megju-zemjite-od-briks/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-neophodna-e-bezbednosna-sorabotka-megju-zemjite-od-briks/#respond Thu, 19 May 2022 16:52:35 +0000 https://kurir.mk/?p=679141

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска изјави дека земјите од БРИКС треба да соработуваат на полето на глобалната безбедност и да ги здружат напорите да се спротивстават на политиката на моќ и конфронтацијата на блокот на светската сцена. -Земјите од БРИКС треба да се спротивстават на хегемонијата и политиката на моќ, да го отфрлат менталитетот на Студената војна и конфронтацијата на блоковите и да работат заедно за да изградат глобална безбедносна заедница и да ја зајакнат политиката на взаемна доверба и безбедносна соработка и да одржуваат блиска комуникација и координација со главните меѓународни и регионални прашања, рече Си Џинпинг, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на кинеското Министерство за надворешни работи. Си изјавата ја даде на седницата на министрите за надворешни работи на земјите од БРИКС, што денеска се одржува преку видео врска. Кинескиот претседател додаде дека земјите од БРИКС мора да ги задоволат суштинските интереси на секоја членка и да го почитуваат меѓусебниот суверенитет и безбедност. -Како позитивна, инспиративна и конструктивна сила во меѓународната заедница, земјите од БРИКС треба да преземат вистинска акција за промовирање на мирот и развојот, да ја поддржат правичноста и правдата и да се залагаат за демократија и слобода, со цел да поттикнат позитивна енергија во меѓународните односи и да направат тие се стабилни, заклучи Си, пренесен од британските медиуми. Членки на БРИКС се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-neophodna-e-bezbednosna-sorabotka-megju-zemjite-od-briks/feed/ 0