безбедносни мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 19 May 2023 15:16:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png безбедносни мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Подгорица зголемени безбедносни мерки и блокади на улици https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-podgoritsa-zgolemeni-bezbednosni-merki-i-blokadi-na-ulitsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-podgoritsa-zgolemeni-bezbednosni-merki-i-blokadi-na-ulitsi/#respond Fri, 19 May 2023 15:16:30 +0000 https://kurir.mk/?p=836491

Поради вечерашното одбележување на Денот на независноста на Црна Гора и утрешната инаугурација на новиот претседател Јаков Милатовиќ, во Подгорица во сила се зајакнати безбедносните мерки. Сообраќајот целосно или делумно ќе биде во прекин во одредени делови на главниот град, како во општините Тузи и Зета. Целосен или делумен прекин на сообраќајот ќе има на улиците кои водат кон центарот на Подгорица, соопштија од Полициската управа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-podgoritsa-zgolemeni-bezbednosni-merki-i-blokadi-na-ulitsi/feed/ 0
Атина под силни безбедносни мерки за одбележувањето на 49-годишнината од студентскиот бунт против хунтата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/atina-pod-silni-bezbednosni-merki-za-odbelezuvanjeto-na-49-godishninata-od-studentskiot-bunt-protiv-huntata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/atina-pod-silni-bezbednosni-merki-za-odbelezuvanjeto-na-49-godishninata-od-studentskiot-bunt-protiv-huntata/#respond Thu, 17 Nov 2022 06:20:45 +0000 https://kurir.mk/?p=762062

Над 5.500 полицајци, дронови и хеликоптер, полицајци во цивил, цистерни со топови вода се ангажирани денеска во Атина за безбедноста за одбележувањето на 49-годишнината од студентскиот бунт против хунтата, јави дописничката на МИА од Атина. Во вторникот започна тридневната прослава, а ќе кулминира денеска со традиционалниот протестен марш од Политехничкиот факултет, односно од местото каде што започна бунтот во 1973 година, до американската амбасада во Атина. Протестот е закажан за попладневните часови, а драконските безбедносни мерки, кои предвидуваат и затворање на три метро станици, оваа година се идентични со оние од 2019 година, односно пред пандемијата за да се избегнат било какви инциденти за време на закажаните собири. Министерот за цивилна заштита на Грција Такис Теодорикакос во понеделникот ги повика сите учесници мирно да ја одбележат годишнината од бунтот. Во текот на вчерашниот ден свежо цвеќе во дворот на Политехничкиот факултет положија лидерите на опозициските партии СИРИЗА, ПАСОК- Движење на промена и Комунистичката партија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/atina-pod-silni-bezbednosni-merki-za-odbelezuvanjeto-na-49-godishninata-od-studentskiot-bunt-protiv-huntata/feed/ 0
Вашингтон бара зголемени безбедносни мерки за инаугурацијата на Бајден https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-bara-zgolemeni-bezbednosni-merki-za-inauguracijata-na-bajden/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-bara-zgolemeni-bezbednosni-merki-za-inauguracijata-na-bajden/#respond Mon, 11 Jan 2021 10:39:56 +0000 https://kurir.mk/?p=453704

Градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Боусер побара дополнителни безбедносни мерки за време на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден, по немирите од минатата недела и упадот во американскиот Конгрес на приврзаниците на претседателот во заминување Доналд Трамп. Опишувајќи го минатонеделниот напад во зградата на Конгресот како „невиден терористички напад“, градоначалничката на Вашингтон во соопштение наведува дека инаугурацијата на Бајден на 20 јануари бара „поинаков пристап“ во споредба со претходните инаугурации. „Иако ќе се обратам до голем број локални, регионални и федерални служби да ја зајакнат меѓусебната соработка во врска со овој настан, пред сè го повикувам Министерството за внатрешна безбедност да подготви соодветен пристап кон инаугурацијата во согласност со моменталните околности, напиша Боусер во писмото до Џад Волф, кој го предводи ова министерство. Во своето писмо, градоначалничката наведува дека областа Колумбија, каде што се наоѓа Вашингтон, бара прогласување „состојба пред катастрофа“ за да се овозможи федерална помош. Таа го повика Министерството за внатрешна безбедност да ја координира својата работа со министерствата за правда и за одбрана, Врховниот суд и Конгресот и да развие федерален план за распоредување на безбедносните сили за заштита на целиот федерален имот. Вашингтон останува во состојба на готовност пред инаугурацијата на Бајден, и иако настанот традиционално привлекуваше стотици илјади посетители во градот, тоа сега не се очекува поради тешката ситуација со пандемијата на Ковид-19. Трамп минатата недела потврди дека нема да присуствува на инаугурацијата на новиот претседател.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-bara-zgolemeni-bezbednosni-merki-za-inauguracijata-na-bajden/feed/ 0
По последните терористички напади, Албанија ги зајакнува безбедносните мерки https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-poslednite-teroristichki-napadi-albanija-gi-zajaknuva-bezbednosnite-merki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-poslednite-teroristichki-napadi-albanija-gi-zajaknuva-bezbednosnite-merki/#respond Tue, 03 Nov 2020 18:16:54 +0000 https://kurir.mk/?p=424461

По терористичките напади во Франција и Виена, секторот за антитероризам во Албанија ги зајакнува безбедносните мерки во земјата, јави Топ чанел телевизија. Во јавните простории, аеродромите и пристаништата ќе има присуство на припадници на цивилните безбедносни служби, а ќе се зголеми бројот на патроли на униформирани полициски структури, јави дописничката на МИА од Тирана. -Овие мерки ќе бидат во сила до крајот на годината, заради празниците што не очекуваат, поточно 28-29 ноември (денот на албанската независност и денот на слободата), како и празниците на крајот на годината, Божик и Нова Година. Предметните мерки ќе ги вклучат и дипломатските служби во нашата земја, наведува телевизијата. Поради основано сомнение за поврзаност со терористичката исламска држава или повратници од боиштата во Сирија и Ирак, под надзор на полицијата во Албанија се најмалку 70-тина лица. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-poslednite-teroristichki-napadi-albanija-gi-zajaknuva-bezbednosnite-merki/feed/ 0
Макрон: Франција ќе ги зајакне безбедносните мерки во појасот Сахел во Африка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-francija-kje-gi-zajakne-bezbednosnite-merki-vo-pojasot-sahel-vo-afrika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-francija-kje-gi-zajakne-bezbednosnite-merki-vo-pojasot-sahel-vo-afrika/#respond Tue, 11 Aug 2020 12:57:27 +0000 https://kurir.mk/?p=389304

Франција ќе ги зајакне безбедносните мерки со цел подобро да ги заштити француските државјани во покасот Сахел во Африка, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон, откако во Нигер загинаа шест Французи. – Ќе направиме се што е во наша моќ да им помогнеме на семејствата на жртвите и ќе одговориме на нападот при што загинаа шестмина наши сонародници и двајца државјани на Нигер. Шестте млади хуманитарни работници на невладината организација Актед демонстрираа неверојатна посветеност на локалното население, напиша Макрон на Твитер. Тој додаде дека поради тоа одлучил даги интензивира безбедносните мерки за заштите на Французите во тој регион. – Ќе продолжиме со нашите акции, со помош на нашите сојузници, со цел да се протераат терористичките групи, наведе Макрон. Во меѓувреме Владата на Нигер ја продолжи вонредната состојба во регионот околу Нимеј и не дозволува пристап до резерватот на жирафи, каде во неделата беа убиени шест француски хуманитарни работници и водичот и возачот, кои беа државјани на Нигер. Вонредна состојба веќе е воведена и во делови на Тилабери и во областите северно и западно од главниот град на Нигер, а во близина на границата со Мали и со Буркина Фасо. Изминатите години зголемени се нападите од припадниците на Исламска држава и од Ал Каеда во Нигер, Мали и во Буркина Фасо. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-francija-kje-gi-zajakne-bezbednosnite-merki-vo-pojasot-sahel-vo-afrika/feed/ 0
По предупредување од САД, зголемени безбедносните мерки во Барселона https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-predupreduvanje-od-sad-zgolemeni-bezbednosnite-merki-vo-barselona/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-predupreduvanje-od-sad-zgolemeni-bezbednosnite-merki-vo-barselona/#respond Mon, 24 Dec 2018 16:15:04 +0000 https://kurir.mk/?p=144428

Во Барселона се зголемени безбедносните мерки, откако САД ги предупредија за терористички напад за време на Божиќните и Новогодишните празници. Во предупредувањето од САД, кое беше испратено до американските државјани во Барселона, се советува за „зголемена будност“ во јавниот транспорт во населбата Лас Рамблас. Минатата година во центарот на градот беа убиени 14 луѓе во напад за кој одговорност презедоа екстремистите од Исламска држава. Регионалната полиција не ја коментираше евентуалната закана, наведувајќи дека безбедносните мерки се засилени во рамки на „внимателност за време на божиќниот период“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-predupreduvanje-od-sad-zgolemeni-bezbednosnite-merki-vo-barselona/feed/ 0