безбедносни причини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 25 May 2023 09:47:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png безбедносни причини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Општинската администрација на Арачиново од денеска нема да работи поради „безбедносни причини“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opshtinskata-administratsija-na-arachinovo-od-deneska-nema-da-raboti-poradi-bezbednosni-prichini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opshtinskata-administratsija-na-arachinovo-od-deneska-nema-da-raboti-poradi-bezbednosni-prichini/#respond Thu, 25 May 2023 09:46:47 +0000 https://kurir.mk/?p=838508

Информативна служба на Општина Арачиново ги информира граѓаните дека општинската администрација од денеска нема да работи поради „безбедносни причини“. - Се извинуваме што нема да можеме да вршиме услуги и законски обврски кон граѓаните, но ваквата мерка главно е преземена поради безбедноста на вработените во општинската администрација, но и на граѓаните кои се обраќаат до Општината, се наведува во објавата на официјалната Фејсбук страници на Општина Арачиново. Во објавата се додава дека ваквата одлука е донесена откако „по втор пат е нарушена безбедноста на вработените во општинската администрација и градоначалникот“, Ридван Ибрахими. - Таквата одлука е против нашата волја и желба, но е неизбежна, се додава во објавата, во која се посочува дека за следното решение за работењето на локалната самоуправа граѓаните ќе бидат навремено информирани. МВР вчера соопшти дека полициски службеници во вторникот го привеле 69-годишниот арачиновец Р.А., постапувајќи по пријава на градоначалникот Ибрахими, кој во СВР Скопје пријавил дека додека тој не бил присутен во општинската зграда, приведениот пред други присутни лица упатувал закани по неговиот живот. Според Ибрахими, заканите биле изречени „во врска со предмет за доделување на користење на земјиште“. Од МВР информираа дека по документирањето на случајот против приведениот ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста” по член 144 став 4 од Кривичниот законик. Ибраими лани во септември во полицијата пријавил дека бил цел на физички напад. Според тогашното соопштение на МВР, на 13 септември 2022 година во 09:46 часот Ибрахими пријавил дека бил физички нападнат од неколку лица. Како што објавија тогаш дел од медиумите на албански јазик во земјава, Ибрахими тврдеше дека напаѓачите ги предводел член на семејството на поранешниот градоначалник на Арачиново, Брахим Ајвази. - Причините за нападот беа нереализирање на нивните лични и деловни барања. Прво бараа именувањата на директори на основните училишта да се вршат според нивните желби, без исполнување на никакви законски критериуми, за да можат преку нив полесно да ги остварат своите цели. Намерите на оваа група одат на штета на жителите на Општината, заканувајќи се и уценувајќи ги вработените кои ги извршуваат своите обврски, изјави Ибрахими по инцидентот во септември. Ајвази беше градоначалник на Арачиново од 2013 до 2017 година, а Ибрахими ја извршува градоначалничката функција од ноември 2021 година. И двајцата се членови на ДУИ. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opshtinskata-administratsija-na-arachinovo-od-deneska-nema-da-raboti-poradi-bezbednosni-prichini/feed/ 0
ОФИЦИЈАЛНО: Поради безбедносни причини Евровизија нема да се одржи во Ерусалим, еве го новиот град домаќин во 2019 https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/oficijalno-poradi-bezbednosni-prichini-evrovizija-nema-da-se-odrzi-vo-erusalim-eve-go-noviot-grad-domakjin-vo-2019/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/oficijalno-poradi-bezbednosni-prichini-evrovizija-nema-da-se-odrzi-vo-erusalim-eve-go-noviot-grad-domakjin-vo-2019/#respond Thu, 13 Sep 2018 12:11:36 +0000 https://kurir.mk/?p=100403

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) денес соопшти дека Тел Авив ќе биде град домаќин на 64. издание на „Евровизија“. По неколкумесечни преговори, организаторите велат дека го избрале Тел Авив, а не Ерусалим, заради инфраструктурата и можностите што ги нуди. Финалето ќе се одржи на 18 мај 2018 година, а полуфиналињата се закажани за 14 и 16 мај, во Експо центарот во Тел Авив. -Сакаме да им се заблагодариме на сите израелски градови што се вклучија во трката за домаќин на „Евровизија 2019“ и на националната телевизија КАН што ни помогна да направиме темелна проценка пред да донесеме конечна одлука. Сметаме дека Тел Авив го нуди најдоброто решение за најголемиот музички фестивал. Возбудени сме што фестивалот ќе се случува во нов град и се радуваме што ќе работиме со КАН за да ја направиме следната „Евровизија“ најспектакуларна до сега – изјави Јон Ола Санд, претседателот на ЕБУ. Израелските медиуми пишуваат дека Тел Авив е избран од безбедносни причини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/oficijalno-poradi-bezbednosni-prichini-evrovizija-nema-da-se-odrzi-vo-erusalim-eve-go-noviot-grad-domakjin-vo-2019/feed/ 0