безбедносни сертификати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 18 Mar 2022 14:09:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png безбедносни сертификати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нацев: Македонски офицер вратен од мисија на КФОР поради немање безбедносен сертификат, од МО не ги сваќаат сериозно безбедносните процедури и регулативи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacev-makedonski-oficer-vraten-od-misija-na-kfor-poradi-nemanje-bezbednosen-sertifikat-od-mo-ne-gi-svakjaat-seriozno-bezbednosnite-proceduri-i-regulativi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacev-makedonski-oficer-vraten-od-misija-na-kfor-poradi-nemanje-bezbednosen-sertifikat-od-mo-ne-gi-svakjaat-seriozno-bezbednosnite-proceduri-i-regulativi/#respond Fri, 18 Mar 2022 14:09:18 +0000 https://kurir.mk/?p=649618

Македонски офицер вратен од мисија на КФОР поради немање безбедносен сертификат, од МО не ги сваќаат сериозно безбедносните процедури и регулативи, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук универзитетскиот по одбрана и Безбедност, Александар Нацев. Нацев и претходно реагираше дека од страна на Министерството не се почитуваат сите процедури и дека на вакви мисии се испраќаат и луѓе блиски до власта кои што не ги исполнуваат условите. -Во еден мој пост пред подолго време (линк до постот во коментари), јавно ги изложив моите сознанија и критики за компромитираноста на процесот на упатување припадници од АРМ на мировни мисии надвор од Република Македонија, односно упатување на лица кои не ги исполнуваат условите за упатување, конкретно поврзано со безбедносните сертификати. Добив таков жесток одговор од тогашната министерка и нејзиниот тим, кој беше исполнет со лични навреди и омаловажување (за што водам и постапка пред надлежен суд против Министерството за одбрана), дека зборувам невистини и слично. Но, еве денес дознаваме дека ни вратиле офицер од мисијата КФОР, затоа што немал безбедносен сертификат, што претставува сериозен пропуст на Воената служба за безбедност и разузнавање, и го руши угледот и на Министерството за одбрана, а меѓународно и на државата. Со ваквите постапки, минатото, но и моменталното раководство во Министерството за одбрана само докажува дека и покрај тоа што секој втор збор им е „НАТО“, „интеграција“ и слично, никој не ги сфаќа сериозно безбедносните процедури и регулативи, и мислат дека можат да прават што сакаат при упатување, унапредување и школување. Ама очигледно не е така, и очекувам остра реакција од безбедносните служби на НАТО за ваквите аматерски потези од страна на нашето Министерство, пишува Нацев во својата објава на Фесбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacev-makedonski-oficer-vraten-od-misija-na-kfor-poradi-nemanje-bezbednosen-sertifikat-od-mo-ne-gi-svakjaat-seriozno-bezbednosnite-proceduri-i-regulativi/feed/ 0
Милошоски: Двајца министри од владата на Заев не добиле НАТО сертификати, власта нека не го релативизира овој скандал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-dvajca-ministri-od-vladata-na-zaev-ne-dobile-nato-sertifikati-vlasta-neka-ne-go-relativizira-ovoj-skandal/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-dvajca-ministri-od-vladata-na-zaev-ne-dobile-nato-sertifikati-vlasta-neka-ne-go-relativizira-ovoj-skandal/#respond Mon, 15 Feb 2021 14:57:12 +0000 https://kurir.mk/?p=469111

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, при денешната негова посета во општина Велес зборуваше за министрите Спасовски и Маричиќ кои немаат безбедносни сертификати и потенцираше дека тоа што двајца министри немаат безбедносни сертификати ја прават државата хендикеп. -Во дипломатијата и во безбедносните служби НАТО безбедносен сертификат или се добива или не ви го даваат без образложение. Оправдувањето од страна на Владата дека никој не е одбиен писмено за НАТО безбедносен сертификат е релативизација на проблемот во кој што се гледа двајца министри, едниот за внатрешни работи, другиот за правда не добиле безбедносни сертификати. Но лага е дека некој написмено ќе ви образложи зошто не сте добиле и дека тоа ќе ви го докажува, таква обврска НАТО нема. Но, за жал Македонија е хендикеп ако двајца високи функционери немаат безбедносни сертификати, тоа ја прави државата во една подредена положба да не може да ги користи информациите од НАТО. Експертите кои што ја познаваат областа на безбедносните сертификати особено во северно-атлантската алијанса говорат дека може да бидете одбиен или да не ви се даде безбедносен сертификат, ако сте соработувале со служба која не му е наклонета н НАТО или ако сте вмешан во криминал или корупција. На владата е, на Министерството за внатрешни работи и правда да одговорат која е причината зошто овие министри немаат безбедносни сертификати и сметам дека е ова сериозен безбедносен проблем кој може на некој начин да се нарече и безбедносен ветинг од страна на НАТО кон некои неподобни политички или безбедносни фигури во државата, истакна Милошоски]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-dvajca-ministri-od-vladata-na-zaev-ne-dobile-nato-sertifikati-vlasta-neka-ne-go-relativizira-ovoj-skandal/feed/ 0