бездна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 18 Dec 2022 13:03:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бездна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЦУК: Опасна бездна од триесетина метри на Кејот на Вардар во Аеродром https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cuk-opasna-bezdna-od-triesetina-metri-na-kejot-na-vardar-vo-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cuk-opasna-bezdna-od-triesetina-metri-na-kejot-na-vardar-vo-aerodrom/#respond Sun, 18 Dec 2022 13:03:42 +0000 https://kurir.mk/?p=777255

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов денеска укажа дека од страна на загрижени граѓани пред половина година е добиена пријава за постоење на опасност на кејот на реката Вардар во Скопје, на потегот позади хотел Русија во насока на мостот Близнак. Од страна на ЦУК е излезено на лице место и е констатирана провалија длабока триесетина метри, со безмалку вертикална страна која во должина од педесетина метри ја следи ивицата на горната пешачка патека и претставува голема опасност за пешачите, велосипедистите и лицата кои со електрични тротинети се движат на овој потег, особено ноќно време кога видливоста е значително намалена. Порано на ова место постоела лимена ограда но истата веќе подолго време е отстранета. -Поаѓајќи од начелото на ЦУК, "сејфти фрст" односно, безбедноста на граѓаните на прво место, покажувајќи одговорност и ефикасност при заштита на граѓаните, ЦУК веднаш, во средината на јуни оваа година, испрати известување со барање за отстранување на оваа нескриена опасност до градот Скопје и општина Аеродром која поради ерозијата постепено се зголемува. Од страна на градот Скопје итно беа преземени мерки за делумно намалување на опасноста со поставување на знаци за забрането движење и заштитна лента со укажување дека во наредниот период ќе се постави и лимена заштитна ограда. Воедно градот Скопје не извести дека самата провалија е во надлежност на општина Аеродром, вели Ангелов. За жал неколку дена подоцна, несовесни граѓани ја скинале заштитната лента, ги откорнале знаците за опасност и ги фрлиле во провалијата. Од овие причини ЦУК во уште неколку наврати побара интервенција од страна на градот Скопје но и по поминати шест месеци од нашето прво известување провалијата се' уште е необезбедена. -Затоа, апелираме до градот Скопје и општината Аеродром, во согласност со нивните надлежности, итно да постават соодветна заштитна ограда која ќе ја гарантира безбедноста на многубројните граѓани кои од рекреативни причини пешачат, трчаат или возат велосипед или се движат со електрични тротинети, особено ако се земе во предвид зголемената опасност поради раното стемнување и слабата видливост ноќно време како и очекуваните претстојни ниски температури проследени со снежни врнежи или појава на голомразици, посочи Ангелов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cuk-opasna-bezdna-od-triesetina-metri-na-kejot-na-vardar-vo-aerodrom/feed/ 0
Со автомобил паднал во бездна: Почина скопјанец, познат неговиот идентитет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/so-avtomobil-padnal-vo-bezdna-pochina-skopjanec-poznat-negoviot-identitet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/so-avtomobil-padnal-vo-bezdna-pochina-skopjanec-poznat-negoviot-identitet/#respond Sat, 23 May 2020 09:10:58 +0000 https://kurir.mk/?p=349319

На 21/22.05.2020 на пат кон превојот „Стража“ во с.Сретково, гостиварско, патничко моторно возило “ауди А6“ со скопски регистарски ознаки управувано од  Ј.Г.(53) од Скопје излетало од коловозот и паднало во бездна длабока околу 100 метри. При оваа несреќа, возачот починал на лице место. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/so-avtomobil-padnal-vo-bezdna-pochina-skopjanec-poznat-negoviot-identitet/feed/ 0
Во бездна пронајдено тело на 48-годишен маж https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-bezdna-pronajdeno-telo-na-48-godishen-maz/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-bezdna-pronajdeno-telo-na-48-godishen-maz/#respond Tue, 30 Jul 2019 14:27:57 +0000 https://kurir.mk/?p=224734

Во бездна во атарот на селото Ѓузумелци, Општина Лозово, вчера од семејството е пронајден 48-годишниот Д. З. Неговото безживотно тело е пронајдено во месноста Бели Брег. Повикана е Итната медицинска помош од Свети Николе, а лекарот констатирал дека на неговото тело нема траги на насилна смрт. Портпаролката на СВР-Штип, Гордана Панајотова, информира дека од страна на полицијата е извршен увид на местото на настанот. Истиот ден во Полициската станица Свети Николе, 61-годишниот С. Г. од Свети Николе пријавил дека на улицата „Плоштад Илинден“ во Свети Николе го пронашол починат 73-годишниот Б. З. од Свети Николе. Од страна на лекар било  констатирано  дека на телото нема траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициската станица Свети Николе. Во текот на вчерашниот ден нотиран е еден физички напад во Кочани и агресивно однесување кон полициски службеник во Кочани. Панајотова вели дека 44-годишниот И. М. од Кочани агресивно се однесувал кон полицискиот службеник. Лишен е од слобода и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-bezdna-pronajdeno-telo-na-48-godishen-maz/feed/ 0