Во Штип денеска беше реализирана акција за заловување на бездомни кучиња. Тоше Ѓорѓиевски вработен во Општина Штип истакна дека денеска се заловуваше во населба Блок 70, како и во централното градско подрачје по претходна пријава од граѓани. Кучињата хумано се третираат понатму и се нудат на вдомување. Ваквите акции се спороведуваат секоја недела на различна локација.
-Секоја недела се заловуваат бездомните кучиња се третираат во прифатилиштето на „Тодор Велков“ во Куманово. По завршениот третман лабораторските испитувања, кастрација, тест за социјализација, здравите кучиња се нудат на вдомување и ако не се вдомат во рок од 30 дена се враќаат на местото на заловување со видливо обележани ушни маркици, вели Ѓорѓиевски.
Посочи дека за повеќе од половина година заловени се над 100 бездомни кучиња во Штип, од кои над 20 веќе се вдомени. Во просек во секоја акција се заловуваат по пет до шест кучиња кои панатаму хумано се третираат.
-Минатата година по годишниот извештај од месец август кога почнавме да заловуваме беа заловени 88 кучиња. Оваа година ова е веќе трета акција, во просек од акција се ловат по пет до шест кучиња. Знаци оваа година околу 15 кучиња. Во активноста за вдомување на кучињата имаме помош од невладините здруженија кои ги објавуваат кучињата на нивните социјални мрежи. Минатата година вдмоивме над 20 кучиња од тие 88 заловени и оваа година имаме две до три вдомни кучиња, додава Ѓорѓиевски.
При денешното заловување на бездомните животни на терен беа ветеринарниот оператор, претставници од Општина Штип и од Здружението за заштита на животните „Спаси живот“ од Штип. (МИА)
]]>Во Штип денеска беше реализирана акција за заловување на бездомни кучиња. Тоше Ѓорѓиевски вработен во Општина Штип истакна дека денеска се заловуваше во населба Блок 70, како и во централното градско подрачје по претходна пријава од граѓани. Кучињата хумано се третираат понатму и се нудат на вдомување. Ваквите акции се спороведуваат секоја недела на различна локација.

]]>