бездомнички – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Apr 2020 12:49:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бездомнички – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Коронавирусот удри и кај најстариот занает: Илјадници странски проститутки во Германија стануваат бездомнички https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koronavirusot-udri-i-kaj-najstariot-zanaet-iljadnici-stranski-prostitutki-vo-germanija-stanuvaat-bezdomnichki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koronavirusot-udri-i-kaj-najstariot-zanaet-iljadnici-stranski-prostitutki-vo-germanija-stanuvaat-bezdomnichki/#respond Fri, 03 Apr 2020 12:43:28 +0000 https://kurir.mk/?p=326783

Пандемијата на коронавирус се одразува и на илјадници странски проститутки во Германија кои, речиси преку ноќ, станаа бездомнички откако тамошните власти ги затворија инаку легалните бордели. Дополнителен проблем е што поради строгите рестриктивни мерки, тие не можат да се вратат во своите домови. Германија е земја каде борделите се легални повеќе од две децении, но минатиот месец сите требаше да бидат затворени, како и останатите несуштински бизниси, како што се ноќни клубови и ресторани. – За мене, ова е катастрофа, изјави полска проститутка која работи во градот Бохум, која на клиентите им е позната како Никол, пренесува „Јутарњи лист“. – Од средината на март немам примања и немам каде да спијам, вели таа. Пред кризата, Никол му плаќала на борделот 97 долари днавно за таму да преноќи и да прима клиенти. Сексуалните работници во Германија главно се самовработени и сами плаќаат даноци. Теоретски, тие би можеле да бидат вклучени во мерките на германската Влада за помош на самовработените, но не е познато дали тоа ќе се случи. Дополнителен проблем се оние кои со проституција се занимаваат илегално, која пак, во моментов е во пораст. Многу од нив пружаат услуги на германските улици, што претставува голем ризик во време на пандемијата. – Побарувачката за платен секс и натаму е многу голема, и покрај ризикот од вирусот. Некои жени едноставно го презимаат тој ризик за да преживеат, изјави Хелке Котнер од добротворната установа Мадона, во Бохем, која и претходно им помагала на сексуалните работници и работнички. Според одредени проценки, Во германија има меѓу 100.000 и 200.000 сексуални работници. Околу 80 отсто од нив се странци, главно од Бугарија, Романија, Полска и Украина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koronavirusot-udri-i-kaj-najstariot-zanaet-iljadnici-stranski-prostitutki-vo-germanija-stanuvaat-bezdomnichki/feed/ 0