бездомници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Dec 2022 15:49:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бездомници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Германија има 236.000 бездомници, 37.000 живеат на улица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-germanija-ima-236-000-bezdomnici-37-000-ziveat-na-ulica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-germanija-ima-236-000-bezdomnici-37-000-ziveat-na-ulica/#respond Fri, 09 Dec 2022 15:49:17 +0000 https://kurir.mk/?p=773281

Во Германија има 236.000 луѓе без постојано место на живеење, од кои 37.000 живеат на улица, се наведува во извештајот на сојузната влада, кој денеска го пренесоа германските медиуми. „Од 236.000 граѓани без стан, најголемиот дел, 178.000 од нив живеат во прифатилишта за бездомници, 49.000 живеат привремено кај пријатели или роднини, а 37.000 живеат постојано на улица“, се вели во првиот владин извештај за бездомниците. Извештајот, исто така, покажува дека најголемото мнозинство бездомници, околу две третини, се мажи. Меѓу бездомниците има 6.000 деца, без разлика дали живеат сами или со родителите во засолниште или на улица. Со доаѓањето на новата влада, прашањето за бездомниците од Министерството за социјални работи се префрли во Министерството за градежништво. Досега во статистиката беа опфатени само оние бездомници кои беа пријавени во една од прифатните установи. Министерот за труд Хубертус Хајл рече дека новиот начин на водење статистика ќе овозможи насочена помош за ранливите. Работната група за помош на бездомници (BAG W) проценува дека бројот на бездомници е поголем, најмалку 300.000. Во последните години голем број бездомници доаѓаат од источноевропските членки на Европската унија, пред се Полска, но и Бугарија и Романија.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-germanija-ima-236-000-bezdomnici-37-000-ziveat-na-ulica/feed/ 0
Зградата на Твитер да биде засолниште за бездомници, бараат Џеф Безос и Илон Маск https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zgradata-na-tviter-da-bide-zasolnishte-za-bezdomnici-baraat-dzef-bezos-i-ilon-mask/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zgradata-na-tviter-da-bide-zasolnishte-za-bezdomnici-baraat-dzef-bezos-i-ilon-mask/#respond Mon, 11 Apr 2022 11:31:49 +0000 https://kurir.mk/?p=661287

Двајцата најбогати луѓе во светот, Џеф Безос и Илон Маск, изнесоа мнение за решавање на дел од проблемот со бездомниците… Имено, тие предложија седиштето на компанијата „Твитер“ да се претвори во прифатилиште. Основачот на платформата за интернет-купување „Амазон“ – Безос, притоа потсети дека во мај 2020 година, осум ката од седиштето на „Амазон“ во Сиетл биле претворени во дом за бескуќници, и дека тоа било голем успех и им ја олеснило работата на помагателите доброволци. Според Безос, и дел од седиштето на Твитер во Сан Франциско , ако не и цела зграда, треба да се претвори во засолниште за бездомниците. Маск се сложи и оцени дека тоа е „одлична идеја“ во своја објава на Твитер. Милијардерот, кој има над 81 милион следачи на Твитер, во саботата покрена анкета за овој предлог. За помалку од 24 часа, повеќе од милион луѓе учествуваа во анкетата и околу 90 отсто гласаа „за“. Познато е дека Маск честопати се шегува во своите Твитер-објави, но овојпат, сепак, експлицитно нагласи дека не се шегува и оти е сериозен во врска со ова. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zgradata-na-tviter-da-bide-zasolnishte-za-bezdomnici-baraat-dzef-bezos-i-ilon-mask/feed/ 0
Хуманитарни пакети со облека и храна во Пунктот за бездомници во Момин Поток https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/humanitarni-paketi-so-obleka-i-hrana-vo-punktot-za-bezdomnici-vo-momin-potok/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/humanitarni-paketi-so-obleka-i-hrana-vo-punktot-za-bezdomnici-vo-momin-potok/#respond Thu, 30 Dec 2021 06:42:04 +0000 https://kurir.mk/?p=614705

Во пресрет на празниците, во Пунктот за бездомници на Црвен крст на Град Скопје во Момин Поток денеска ќе биде организиран традиционалниот предновогодишен ручек. На 150 бездомни лица кои редовно го посетуваат Пунктот ќе им бидат поделени хуманитарни пакети со топла облека и храна. Пунктот за бездомници функционира 13 години и нуди повеќе услуги за лицата кои немаат свој дом. Целта е да овозможи тие да ги остварат основните човекови права и да се реинтегрираат во општеството. Финансиски е поддржан од Градот Скопје и од повеќе компании и граѓани. Во базата на Црвениот крст на Град Скопје се регистрирани околу 250 бездомни лица, а 150 од нив неделно ги користат услугите на Пунктот. – Поради студениот бран, Пунктот по потреба ќе стане прифатилиште за преноќување на бездомните лица. Доколку граѓаните забележат бездомно лице на кое му е потреба помош, може да се јават на телефонскиот број 071/ 733-171, информира Црвен крст на Град Скопје. Од јануари до ноември 2021 година, како што информира Црвениот крст, во Пунктот за бездомници во Момин Поток биле поделени вкупно 7450 оброци, 21 548 парчиња облека, 6526 лекови, имало 1918 медицински интервенции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/humanitarni-paketi-so-obleka-i-hrana-vo-punktot-za-bezdomnici-vo-momin-potok/feed/ 0
Во Романија бездомниците се приоритетна група за вакцинирање https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-romanija-bezdomnicite-se-prioritetna-grupa-za-vakciniranje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-romanija-bezdomnicite-se-prioritetna-grupa-za-vakciniranje/#respond Sat, 20 Feb 2021 12:54:45 +0000 https://kurir.mk/?p=471421

Речиси 300 бездомници се вакцинирани против коронавирус во Романија, што ја прави една од првите европски земји кои ги издвоиле како приоритетни луѓето кои немаат свој дом, соопштија денеска романските здравствени власти. -Овие луѓе се меѓу најзагрозените од инфекција. На повеќето им е тешко да ги следат мерките за контрола на заразата, изјави министерот за здравство Андреј Бачиу. Букурешт одлучи да ги придвижи бездомниците на приоритетната листа, следејќи ги стапките на Данска по притисокот од хуманитарните организации. Сега луѓето кои спијат на улица се на исто ниво со луѓето над 65-годишна возраст, хронично болните лица и наставниците, и малку под здравствените работници. Мобилни екипи за вакцинација ги посетија засолништата во неколку романски градови, вклучително и главниот град, во последните неколку дена. Повеќе од 1.300 лица се регистрирани како бездомници во Романија, но вистинскиот број е неколку пати поголем. Вкупно 282 од нив ја примија првата доза од вакцината, а 246 се веќе ревакцинирани. Со речиси 20.000 смртни случаи од Ковид-19 меѓу своето население од 19 милиони жители, Романија досега вакцинирала 771.000 од крајот на декември. Околу 224.000 луѓе примиле само една доза, а 547.000 граѓани се веќе ревакцинирани. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-romanija-bezdomnicite-se-prioritetna-grupa-za-vakciniranje/feed/ 0
Најмалку 17 повредени во пожар во зграда во која живеат бездомници во Шпанија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-17-povredeni-vo-pozar-vo-zgrada-vo-koja-ziveat-bezdomnici-vo-shpanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-17-povredeni-vo-pozar-vo-zgrada-vo-koja-ziveat-bezdomnici-vo-shpanija/#respond Thu, 10 Dec 2020 07:31:23 +0000 https://kurir.mk/?p=441252

Најмалку 17 лица, од кои две се во критична состојба, се повредени во пожар што избувна доцна синоќа во напуштена зграда во која живееле бездомници во Бадалона, североисточна Шпанија, соопштија локалните власти. Противпожарната служба соопшти дека околу 30 лица биле спасени преку прозори додека зградата горела. Шефот на противпожарната служба Дејвид Борел додаде дека пожарникарите немале време да утврдат дали некој друг останал во зградата пред да се урне кровот, што ја спречило понатамошната потрагата бидејќи пожарот продолжил да гори. Официјални лица изјавија дека ќе бидат потребни уште неколку часа со цел пожарот да се стави под контрола. Градоначалникот на Бадалона, Ксавиер Гарсија Албиол, рече во зградата живееле над стотина бездомници, од кои досега се евидентирани 60. Бадалона, град со околу 200.000 жители, се наоѓа северно од Барселона на медитеранскиот брег.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-17-povredeni-vo-pozar-vo-zgrada-vo-koja-ziveat-bezdomnici-vo-shpanija/feed/ 0
Во Солун 106 лица живеат на улица https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-solun-106-lica-ziveat-na-ulica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-solun-106-lica-ziveat-na-ulica/#respond Tue, 24 Nov 2020 14:56:42 +0000 https://kurir.mk/?p=433807

Грци на возраст од над 50 години се мнозинството од 106-те лица кои во овој период се без кров над глава и живеат на улиците во Солун, според грчката невладина организација „Арсис“, која им помага на бездомниците, особено за време на карантинот, јави дописничката на МИА од Атина. Од солунската невладина организација соопштуваат дека во овој период, ги информираат бездомниците, меѓу другото и за заштита од коронавирусот, им даваат потврди за движење во карантинот, за да избегнат казни, им делат антисептици и маски, заедно со храна и вреќи за спиење, ги информираат и за пеосторите од општина Солун каде што може да преспијат или да престојуваат во текот на денот и сл. Конкретната програма за помош на бездомниците на „Арсис“ во соработка со општина Солун и финансиска поддршка од Фондацијата „Ставрос Ниархос“ беше за периодот јуни 2017- август 2020 година, меѓутоа од невладината решиле да продолжат со нивните активности, особено во периодот на карантинот. Во изминатите три години, им помогнале на 773 лица кои живеат на улиците во Солун.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-solun-106-lica-ziveat-na-ulica/feed/ 0
Лошите политики за време на корона на улица оставија за 50 проценти повеќе безбедомници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loshite-politiki-za-vreme-na-korona-na-ulica-ostavija-za-50-procenti-povekje-bezbedomnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loshite-politiki-za-vreme-na-korona-na-ulica-ostavija-za-50-procenti-povekje-bezbedomnici/#respond Sat, 14 Nov 2020 10:16:22 +0000 https://kurir.mk/?p=429388

Економијата пропаѓа, бројот на невработени порасна над 45 илјади од почетокот на кризата до денес, но за 50 % се зголеми и бројот на бездомни лица и над 20 проценти се зголеми и бројот на социјално ранливите семејства. Од 60 до 70 бездомни лица кои дневно се услужуваат во Црвен крст сега се 100 до 110 лица. Секогаш се изложени на студ, слаба исхрана, загаден воздух и први на удар на различни вируси. Во моментов 150 бездомници ги користат услугите на Црвениот крст. Според новите здравствени протоколи тие сега го добиваат својот топол оброк на влезот на терпезарискиот дел. - Бројка која што рапидно се зголеми за 50 проценти и затоа се отвори уште еден ден среда покрај постоечкиот ден петок. Ако во среда досегашните 30 бездомни лица се усложуваа сега се 60 до 70, а на постоечките 60 до 70 лица во петоците се услужуваат веќе 100 до 110 бездомни лица, вели Драгана Лазаревска од Црвен Крст. Во меѓувреме се зголеми и бројот на социјално загрозени семејства во одредени општини кои бараат помош. - За жал, се зголеми бројот на социјално ранливи семејства со пандемијата, верувам дека и очекувано, грубо речено можеби за 20 проценти се зголеми нивниот број. Ние тоа го гледаме според барањата за еднократна парична помош која што ги доделува општината. Едно семејство може еднаш во годината да добие еднократна парична помош но според барањата таа бројка сега е зголемена, вели Стефан Богоев Градоначалник на Карпош. Стручните тимови на Црвениот крст кои бројат 754 волонтери секојдневно се задолжени за грижа за лицата кои се во ризик поради возраста, хронично болените, лицата кои се во изолација и оние кои се позитивни на КОВИД-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loshite-politiki-za-vreme-na-korona-na-ulica-ostavija-za-50-procenti-povekje-bezbedomnici/feed/ 0
Во Чичино село се запалиле бараки во кампот за бездомници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-chichino-selo-se-zapalile-baraki-vo-kampot-za-bezdomnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-chichino-selo-se-zapalile-baraki-vo-kampot-za-bezdomnici/#respond Mon, 17 Aug 2020 15:02:11 +0000 https://kurir.mk/?p=391714

Во неделата пред полноќ, поточно во 23.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кампот за бездомници во Чичино село настанал пожар, во кој биле опожарени три бараки кои биле вон употреба. Повредени лица нема, а пожарот бил локализиран од екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Увид се врши денеска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-chichino-selo-se-zapalile-baraki-vo-kampot-za-bezdomnici/feed/ 0
Опожарена барака во Центарот за бездомници во Чичино Село https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/opozarena-baraka-vo-centarot-za-bezdomnici-vo-chichino-selo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/opozarena-baraka-vo-centarot-za-bezdomnici-vo-chichino-selo/#respond Mon, 17 Aug 2020 06:06:30 +0000 https://kurir.mk/?p=391449

Во Центарот за бездомници во Чичино Село синоќа избувнал пожар во една од социјалните бараки. Целосно е изгаснат утрово и нема повредени. Командантатот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје Владимир Симоновски за МИА изјави дека пожарот бил пријавен во 23.35 часот, локализиран во 00.25, а целосно изгаснат во 7 часот. Интервенирале со шест возила и 15 пожарникари за да го изгаснат огнот што ја зафатил бараката од 500 квадратни метри, во која немало луѓе]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/opozarena-baraka-vo-centarot-za-bezdomnici-vo-chichino-selo/feed/ 0
Бројот на бездомници во САД може да надмине 800.000 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-bezdomnici-vo-sad-moze-da-nadmine-800-000/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-bezdomnici-vo-sad-moze-da-nadmine-800-000/#respond Sat, 16 May 2020 09:10:08 +0000 https://kurir.mk/?p=346566

Бројот на бездомници во САД може да се зголеми за 45 проценти како резултат на економските последици предизвикани од пандемијата на коронавирусот. Истражувањата на научниците од Универзитетот Колумбија покажуваат дека пандемијата предизвикала загуба на работни места кај неколку милиони луѓе, што ќе доведе до зголемување на бројот на оние што ќе останат на улиците, пренесува агенцијата Анадолија. Агенцијата наведува дека, според официјалните податоци од јануари 2019 година, во САД имало околу 568.000 бездомници, а поради заболувањето на Ковид-19 годинава може да се додадат уште 250.000 лица. Професорот Дан О’Флаерти веќе неколку години работи на прашањата на бездомниците и кажа дека ефектите од Ковид-19 се веќе видливи на улиците на САД. -Ние сега сме во еден невиден период. Никој жив денеска не беше сведок на времето кога невработеноста се зголеми на 10 проценти, рече О’Флаерти. Во Њујорк и во Калифорнија, каде што живеат повеќето бездомници, може да има зголемување од 20 проценти, а зголемување може да се забележи и во областите каде во моментов живеат помалку бездомници. Околу 150.000 лица во Калифорнија се бездомници, а кога станува збор за прегледот според градови, најмногу од нив живеат во Њујорк, околу 70.000.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-bezdomnici-vo-sad-moze-da-nadmine-800-000/feed/ 0