би-би-си – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Sep 2023 07:34:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png би-би-си – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Би-Би-Си: Палестинците поставуваат предуслови за да го поддржат историскиот саудиски-израелски договор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bi-bi-si-palestintsite-postavuvaat-preduslovi-za-da-go-poddrzhat-istoriskiot-saudiski-izraelski-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bi-bi-si-palestintsite-postavuvaat-preduslovi-za-da-go-poddrzhat-istoriskiot-saudiski-izraelski-dogovor/#respond Thu, 07 Sep 2023 07:34:25 +0000 https://kurir.mk/?p=875558

Зголемување на помошта од стотици милиони долари и поголема контрола над окупираниот Западен Брег се меѓу главните палестинските предуслови за да го поддржат тристраниот договор меѓу САД, Саудиска Арабија и Израел, дознава Би-Би-Си. Претставници на палестинската управа вчера одржаа разговори во Ријад со нивните саудиски колеги и треба да се сретнат и со американски официјални претставници. Се верува дека подолг период Американците се залагаат за склучување на овој важен договор за нормализирање на израелско-саудиските односи. Ваквиот договор ќе треба да биде гарантиран од Вашингтон и ќе вклучи голем безбедносен договор што Саудијците сакаат да го постигнат со САД, но изгледите за негово постигнување се соочуваат со значителни пречки, според Би-Би-Си. - Не очекуваме никакви итни најави или случувања во периодот што следи, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан. Саудиска Арабија никогаш официјално не го призна  Израел од создавањето на државата во 1948 година. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху минатиот месец зборуваше за можноста за нормализација на односите, тврдејќи дека „сведоци сме на историска пресвртница“. Во замена за признавањето на Израел, Саудиска Арабија, наводно, бара американски гаранции за напредно американско оружје и, најспорно од сè, цивилна нуклеарна програма, вклучително и збогатување ураниум во земјата. Израел, од своја страна, би имал корист од трговските и одбранбените врски со заливската суперсила и од понатамошната историска интеграција што отсекогаш ја барала во регионот. За да успее договорот, Израел ќе мора да направи големи отстапки за Палестинците. Списокот на палестински барања во замена за ангажман во процесот поддржан од САД беше наведен за време на состанокот со помошничката државен секретар на САД Барбара Лиф минатата недела во Аман. Палестински функционер за Би-Би-Си изјави дека барањата вклучуваат: Пренесување на деловите на Западниот Брег во моментов под целосна израелска контрола (позната како Област Ц според мировните договори во Осло од 1990-тите) на управување на палестинските власти;  Целосно запирање на натамошен раст на израелски населби на Западниот Брег; Продолжување на саудиската финансиска поддршка за палестинската влада, која беше намалена од 2016 година и беше целосно суспендирана пред три години, во износ од околу 200 милиони долари годишно;  Повторно отворање на американскиот конзулат во окупираниот Источен Ерусалим, дипломатската мисија кај Палестинците, која ја затвори претседателот Доналд Трамп. Продолжување на преговорите меѓу Израел и Палестинците со посредство на САД кои завршија во 2014 година под тогашниот државен секретар Џон Кери. Ваквите значителни отстапки за Палестинците наводно Американците веќе ги оцениле како претерани. Овие предуслови, како што појаснува Би-Би-Си се далеку од официјалниот, јавно кажан палестински став за саудиско-израелската нормализација, а тоа е дека целосно го отфрлаат доколку Израел не им остави независна држава.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bi-bi-si-palestintsite-postavuvaat-preduslovi-za-da-go-poddrzhat-istoriskiot-saudiski-izraelski-dogovor/feed/ 0
Би-Би-Си: Најмалку 66 уапсени во демонстрациите во Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bi-bi-si-najmalku-66-uapseni-vo-demonstratsiite-vo-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bi-bi-si-najmalku-66-uapseni-vo-demonstratsiite-vo-izrael/#respond Tue, 11 Jul 2023 15:45:11 +0000 https://kurir.mk/?p=855480

Израелската полиција се судри со демонстрантите за време на големите протести против контроверзните планови за реформи во судството. Полицијата употреби водени топови за да ги отстрани демонстрантите од главниот автопат. Според Би-Би-Си, најмалку 66 лица се уапсени во демонстрациите низ земјата. Протестите почнаа рано утринава, кога демонстрантите се обидоа да го попречат сообраќајот во Ерусалим со веење знамиња, удирање тапани, палење факели и извикување пароли. Во северната провинција Херцлија, демонстрантите запалија гуми на сред раскрсница, а група воени ветерани одржаа протести внатре во терминалот на меѓународниот аеродром Бен Гурион. Внатре во зградата на Парламентот во Ерусалим, непосредно пред пратениците да гласаат за контроверзниот закон, демонстрантите се обидоа да се залепат за подот до влезот на салата пред да бидат одвлечени од стражарите. Намерата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го реформира правосудниот систем, со што се ограничува овластувањето на Врховниот суд да ги поништи одлуките донесени од Владата, министрите и Парламентот доколку ги смета за „неразумни“, доведе до масовни протести во Израел од јануари годинава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bi-bi-si-najmalku-66-uapseni-vo-demonstratsiite-vo-izrael/feed/ 0
Водител на Би-би-си обвинет дека плаќал на тинејџер за експлицитни фотографии https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voditel-na-bi-bi-si-obvinet-deka-plakal-na-tinejdher-za-eksplitsitni-fotografii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voditel-na-bi-bi-si-obvinet-deka-plakal-na-tinejdher-za-eksplitsitni-fotografii/#respond Sun, 09 Jul 2023 16:19:01 +0000 https://kurir.mk/?p=854672

Би-би-си потврди дека ги истражува наводите за „сексуално недолично однесување од страна на еден од неговите водители“. - Ние сите наводи ги сфаќаме многу сериозно и имаме процеси за проактивно справување со нив. Доколку добиеме информации кои бараат понатамошна истрага или испитување, ќе преземеме чекори за да го сториме тоа. Ова вклучува активно разговор со оние кои нè контактирале за да побараат дополнителни детали и да ја разбереме ситуацијата, истакна портпаролката на Би-би-си. Британскиот таблоид „Сан“ вчера објави дека една жена обвинила неименуван водител на Би-би-си дека му плаќал на нејзиниот син тинејџер за сексуално експлицитни фотографии. Тој наводно му платил десетици илјади фунти. Според таблоидот, семејството на наводната жртва се пожалило на Би-би-си на 19 мај. Мајката на младиот човек, кој денес има 20 години, тврди дека е револтирана што водителот и покрај тоа сè уште работи во Би-би-си. Таа тврди дека момчето со водителот стапило во контакт пред три години. - Кога ќе го видам на телевизија, ми се гади. Тој човек му го уништи животот на моето дете. Му испрати илјадници фунти во замена за сексуално експлицитни фотографии, наведе мајката за „Сан“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voditel-na-bi-bi-si-obvinet-deka-plakal-na-tinejdher-za-eksplitsitni-fotografii/feed/ 0
Би-Би-Си: На албанските затвореници британската влада им плаќа 1500 фунти за да се вратат дома https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bi-bi-si-na-albanskite-zatvorenitsi-britanskata-vlada-im-plaka-1500-funti-za-da-se-vratat-doma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bi-bi-si-na-albanskite-zatvorenitsi-britanskata-vlada-im-plaka-1500-funti-za-da-se-vratat-doma/#respond Wed, 17 May 2023 10:50:01 +0000 https://kurir.mk/?p=835259

Британската информативна мрежа Би-Би-Си го врати вниманието на илегалната имиграција на Албанците во Британија, како и на Албанците кои издржуваат казни во тамошните затвори. -Во подолг извештај, новинарката Луси Вилијамсон вели дека на некои затвореници им биле понудени 1.500 фунти за да заминат, а некои планираат да се вратат, гледајќи го ова како можност да избегаат од затвор, бидејќи во Албанија не се принудени да се вратат во затворите, јави Ора њуз. Албанските власти потврдија дека повеќето нејзини државјани кои годинава насилно се вратиле дома од Велика Британија биле осудени. -Секоја недела, мала толпа се собира на оградата од бодликава жица која се наоѓа на задниот дел на аеродромот во Тирана. Тесната писта подалеку, заглавена меѓу карпите црни планини и високите сиви ѕидови на единицата на Граничната полиција, е местото каде слетуваат летовите за депортација од Велика Британија, внимателно следени од семејствата кои чекаат на оградата. Потребни се часови за да се појават депортираните, кои полека минуваат низ портата за да бидат пречекани со прегратки, срамежливи насмевки и солзи, се наведува во прилогот. Според Министерството за внатрешни работи на Обединетото Кралство од повеќе од 1.000 лица кои се депортирани околу половина од нив заминале доброволно, останатите се комбинација на неуспешни баратели на азил и прекршители на британските закони. На прашањето „што прави неговата земја за да ги спречи депортирани да се вратат во ОК“, албанскиот министер за внатрешни работи, Бледи Чучи, вели „не е можно да се стави чип на секого за да следи каде оди“. -Доколку има луѓе со криминално досие, особено во недозволената трговија, тогаш полицијата ќе биде на готовност. Но, генерално, луѓето што се враќаат се слободни граѓани во Албанија, рекол тој. Додал дека покрај работата на илегалната миграција, „двете влади треба да работат на легален начин албанските граѓани да стигнат до ОК“ и оти и предложил на неговата колешка, Суела Браверман, да „создадеме итна легализација на сите Албанци кои работат во Велика Британија на чесна работа и кои немаат криминално досие“. Само минатата година илегално на британско тло пристигнале над 13 илјади албански граѓани, претежно млади, главно од округот Кукс, од северниот дел на Албанија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bi-bi-si-na-albanskite-zatvorenitsi-britanskata-vlada-im-plaka-1500-funti-za-da-se-vratat-doma/feed/ 0
Би-би-си: Украинците го минале брегот на Дњепар, во регионот на Херсон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bi-bi-si-ukraintsite-go-minale-bregot-na-dnepar-vo-regionot-na-herson/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bi-bi-si-ukraintsite-go-minale-bregot-na-dnepar-vo-regionot-na-herson/#respond Tue, 25 Apr 2023 08:17:48 +0000 https://kurir.mk/?p=827250

Би-би-си јави дека украинските војници поставиле позиции на источниот брег на реката Дњепар, во јужниот регион Херсон. Би-би-си Украина соопшти дека нејзини воени извори пријавиле „некое движење преку Дњепар“, во близина на градот Херсон, центарот на истоимената област која е делумно под руска контрола. Институтот за проучување на војната (ISW) во својот редовен неделен извештај наведува рече дека „гео-лоцираните снимки објавени на 23 април покажуваат дека украинските сили дејствуваат во областите северозападно од Олешки, на источниот брег на Дњепар“. ISW додава дека нема доволно информации за да се анализира обемот на украинското напредување - или натамошните намери на украинската војска. Рускиот воен блогер Варгонзо вчера објави дека украинските војници „се обидуваат да заземат упориште на островот Бољшој Потемкин“, што се наоѓа меѓу новиот и стариот канал Дњепар. Наталија Хуменјук, портпаролка на украинската Јужна команда, ниту ги потврди, ниту ги демантираше информациите дека украинските сили обезбедиле мостбран на источниот брег. Таа за украинските ТВ канали изјави дека „напорната работа продолжува“. -Воената операција бара информативен молк додека не биде доволно безбедна за нашата војска, нагласи портпаролката. Владимир Салдо, началник на Херсонската област назначена од Русија, пред два дена изјави дека „немало мостобран на левиот (источниот) брег, во близина на Олешки, или на кое било друго место“ од таа страна на реката. Русија ги отфрли обвинувањата, но ако се точни извештаите дека Украина обезбедила мост на источниот брег, тоа би можело да биде значајна помош за Киев во неговиот обид да ги повлече руските трупи. Украинскиот напредок во областа може, во иднина, дури и да го прекине копнениот коридор до украинскиот полуостров Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година, наведува Би-Би-Си.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bi-bi-si-ukraintsite-go-minale-bregot-na-dnepar-vo-regionot-na-herson/feed/ 0
БИ-БИ-СИ му ја укина суспензијата на Линекер https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bi-bi-si-mu-ja-ukina-suspenzijata-na-lineker/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bi-bi-si-mu-ja-ukina-suspenzijata-na-lineker/#respond Tue, 14 Mar 2023 05:25:43 +0000 https://kurir.mk/?p=811586

Британскиот јавен сервис Би-Би–Си соопшти денеска дека му е укината суспензијата на водителот и поранешен англиски фудбалски репрезентативец Гери Линекер, кој претходно на Твитер ја критикуваше новата политика на британската Влада во врска со мигрантите. „Гери е ценет дел од Би-Би-Си и знам колку Би–Би–Си му значи на Гери, и се радувам што тој ќе ја води емисијата претстојниот викенд“, рече директорот на британскиот јавен сервис Тим Дејви. Би-Би-Си беше принуден да го откаже поголемиот дел од својата викенд спортска програма, откако коментатори, аналитичари и играчи во Премиер лигата одбија да се појават во знак на поддршка на Линекер.
Прославениот англиски фудбалер е најплатен водител на британскиот јавен сервис на кој ја води емисијата „Натпревар на денот“ (Match of the Day).
Линекер беше суспендиран во петокот откако го спореди речник на британската Влада за мигрантите со тој што беше користен во нацистичка Германија во 30-те години од минатиот век.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bi-bi-si-mu-ja-ukina-suspenzijata-na-lineker/feed/ 0
Меси прогласен за спортист на годината во изборот на Би-би-си https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mesi-proglasen-za-sportist-na-godinata-vo-izborot-na-bi-bi-si/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mesi-proglasen-za-sportist-na-godinata-vo-izborot-na-bi-bi-si/#respond Tue, 20 Dec 2022 09:41:09 +0000 https://kurir.mk/?p=778022

Аргентинскиот фудбалски репрезентативец Лионел Меси е прогласен за спортист на годината за 2022 година, во изборот на Би-би-си. Аргентинскиот напаѓач ќе ја добие наградата Светска спортска ѕвезда на „BBC Sports Personality“. Наградата се доделува на спортистот кој го постигна најзначајниот успех на светско ниво во текот на годината. Меси го освои Светското првенство во 2022 година со Аргентина и беше прогласен за најдобар играч на турнирот. Во 2021 година, BBC Sports ја прогласи Ирката Рејчел Блекмор за најдобра. Таа стана првата жена џокеј што освоила Гранд Национал во 182-годишната историја на трките.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mesi-proglasen-za-sportist-na-godinata-vo-izborot-na-bi-bi-si/feed/ 0
Лондон: Приведувањето на новинар на Би-Би-Си е „шокантно и неприфатливо“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-priveduvanjeto-na-novinar-na-bi-bi-si-e-shokantno-i-neprifatlivo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-priveduvanjeto-na-novinar-na-bi-bi-si-e-shokantno-i-neprifatlivo/#respond Mon, 28 Nov 2022 14:14:59 +0000 https://kurir.mk/?p=767655

Приведувањето на новинарот на Би-Би-Си во Кина, кој известуваше за протестите против политиката „нулта ковид“ е „шокантно и неприфатливо“, изјави денеска портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак. -Апсењето на новинарот, кој само си ја вршеше работата е шокантно и неприфатливо. Новинарите треба да си ја вршат работата без страв, изјави портпаролот на Сунак. Тој истакна дека Велика Британија ќе го извести Пекинг за својата загриженост за постапките на кинеските власти за време на протестите, додека Владата во Лондон ќе продолжи да бара конструктивни врски со азиската земја за други прашања. Претходно британската медиумска група Би-Би-Си (ББЦ) јави дека еден од нивните новинари бил уапсен и претепан во Кина додека известувал од Шангај за демонстрациите против ковид ограничувањата. Би-Би-Си е многу загрижена за начинот на кој беше третиран нашиот новинар Ед Лоренс, кој беше уапсен и му се ставени лисици на рацете додека известуваше од демонстрациите во Шангај, изјави портпаролот на Би-Би-Си. Тој наведе дека Лоренс вчера бил претепан додека работел како акредитиран новинар. Новинарот бил задржан во притвор, а по неколку часа бил ослободен. Портпаролот на Би-Би-Си истакна дека компанијата не добила никакво официјално објаснување ниту извинување од кинеските власти, освен тврдењето дека Лоренс бил приведен за да не се зарази со Ковид-19. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Џао Лиџијан изјави дека Лоренс не бил индентификуван како новинар односно не покажал новинарска акредитација. Џао побара од странските медиуми да „ги почитуваат кинеските закони и прописи за време на нивниот претстој во Кина. Протестите во Кина почнаа откако на 24 ноември изби пожар во зграда во Урумчи, при што загинаа десет луѓе. Демонстрантите тврдат дека на жителите од запалената зграда не им било дозволено да побегнат поради ковид ограничувањата, поради што голем број од нив загинале. Кинеските власти негираат дека мерките воведени за запирање на ширењето на коронавирусот ги забавиле напорите на спасувачите и пожарникарите во запалената зграда во градот Урумчи. Тие, исто така тврдат дека на жителите од станбениот блок не им било забрането да ја напуштат зградата кога избувнал пожарот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-priveduvanjeto-na-novinar-na-bi-bi-si-e-shokantno-i-neprifatlivo/feed/ 0
Би-би-си: Џонсон ќе поднесе оставка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bi-bi-si-dzonson-kje-podnese-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bi-bi-si-dzonson-kje-podnese-ostavka/#respond Thu, 07 Jul 2022 08:50:44 +0000 https://kurir.mk/?p=701527

Британскиот премиер Борис Џонсон ќе поднесе оставка, јави Би-би-си. Таквата одлука наводно уследи по низата оставки на британските министри]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bi-bi-si-dzonson-kje-podnese-ostavka/feed/ 0
Би-Би-Си: Украина под најголем притисок од почетокот на инвазијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bi-bi-si-ukraina-pod-najgolem-pritisok-od-pochetokot-na-invazijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bi-bi-si-ukraina-pod-najgolem-pritisok-od-pochetokot-na-invazijata/#respond Wed, 25 May 2022 09:32:53 +0000 https://kurir.mk/?p=681259

Украинската војска е под најголем притисок уште од првите хаотични недели од војната, кога луѓето мислеа дека Русите за краток временски период ќе го заземат Киев. Русите сега се повлекоа од подрачја околу главниот град, каде ја изгубија битката, како и во други области на север. Украинските трупи се предадоа во Мариупол. Тоа значи дека Русите сега можат да се концентрираат на подрачјето на источен Донбас. Моментално опкружуваат неколку, прилично големи, градови. Северодонецк е најголемиот. Тоа е само мало подрачје во однос на огромна земја со големина на Украина. Но, тоа е симболично, политички важно во однос на напредокот на војната, пишува Би-Би-Си. Се чини оружјето што го праќа Западот, големи американски хаубици и слично, сè уште не дошло до тој дел на Украина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bi-bi-si-ukraina-pod-najgolem-pritisok-od-pochetokot-na-invazijata/feed/ 0