БИА – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 11 Jul 2023 16:46:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png БИА – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Директорот на БИА, Александар Вулин ставен на листата на американски санкции https://arhiva.kurir.mk/svet/region/direktorot-na-bia-aleksandar-vulin-staven-na-listata-na-amerikanski-sanktsii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/direktorot-na-bia-aleksandar-vulin-staven-na-listata-na-amerikanski-sanktsii/#respond Tue, 11 Jul 2023 16:46:36 +0000 https://kurir.mk/?p=855498

Александар Вулин, директорот на српската Безбедоносно-информативна агенција (БИА) ставен е на листата на санкции на Министарството за финансии на САД, јави дописникот на МИА од Белград. Следното соопштение беше објавено на веб-страницата на OFAC на 11 јули, пренесува белградски Данас. -Канцеларијата за контрола на странска имот на Министерството за финансии на САД (OFAC) денеска санкционираше поединец во Србија во согласност со Извршниот налог (E.O.) 14033. Именувањето на Александар Вулин (Вулин) ја нагласува решеноста на САД да ги повикаат на одговорност оние кои се вклучени во корумпирани работи кои ги унапредуваат сопствените политички агенди и лични интереси на штета на мирот и стабилноста на Западен Балкан. Овие коруптивни работи ги олеснуваат злонамерните активности на Русија во Србија и во регионот. -Министерството за финансии нема да се двоуми да ги таргетира актерите кои ги злоупотребуваат своите позиции за лична корист додека го поткопуваат ефективно и демократско владеење на Западен Балкан, изјави потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање на Министерството за финансии Брајан Е. Нелсон. „Со денешната акција Александар Вулин е одговорен за своите коруптивни и дестабилизирачки дејствија кои ги овозможија и злонамерните активности на Русија во регионот. Александар Вулин е вклучен во транснационалниот организиран криминал, нелегални операции со дрога и злоупотреба на јавна функција. Вулин одржуваше взаемно корисни односи со српскиот трговец со оружје Слободан Тешиќ, помагајќи им на илегалните испораки на оружје на Тешиќ да се движат слободно низ границите на Србија. Дејствијата на Вулин промовираа корупција во владините институции во Србија. Овие дела вклучуваат користење на неговиот авторитет за лична корист, вклучително и вмешаност во синџир за трговија со дрога. Тој ги искористи своите јавни позиции за да ја поддржи Русија, олеснувајќи ги руските малигни активности кои ја деградираат безбедноста и стабилноста на Западен Балкан и обезбедувајќи и на Русија платформа за натамошно влијание во регионот. Вулин е директор на Безбедносно информативната агенција на Србија (БИА), а претходно беше министер за одбрана и министер за внатрешни работи. Овие институции не се цел на овие санкции. OFAC го именуваше Вулин во согласност со Е.О. 14033 за одговорност или соучество, директно или индиректно учество во корупција поврзана со Западен Балкан, вклучително и корупција од, во име, или на друг начин поврзан со влада на Западен Балкан, или актуелен или поранешен владин функционер на кој било ниво на власт во Западен Балкан, како што се злоупотреба на јавен имот, експропријација на приватна сопственост за лична корист или политички цели или поткуп. Како резултат на денешната акција, сите средства и интереси во имотот на лицето опишано погоре лоцирани во САД или во сопственост или контролирани од американски лица се замрзнати и мора да се пријават во OFAC. Дополнително, финансиските институции и други лица вклучени во одредени трансакции или активности со казнето лице може да бидат изложени на санкции или да бидат предмет на извршни дејствија, се заклучува во објавата на веб-страницата на OFAC.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/direktorot-na-bia-aleksandar-vulin-staven-na-listata-na-amerikanski-sanktsii/feed/ 0
Голема акција на српските МВР и БИА: Уапсени 17 соработници на кавачкиот клан за најтешки кривични дела https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golema-akcija-na-srpskite-mvr-i-bia-uapseni-17-sorabotnici-na-kavachkiot-klan-za-najteshki-krivichni-dela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golema-akcija-na-srpskite-mvr-i-bia-uapseni-17-sorabotnici-na-kavachkiot-klan-za-najteshki-krivichni-dela/#respond Fri, 11 Nov 2022 11:11:45 +0000 https://kurir.mk/?p=759107

Во координирана акција на српското Министерство за внатрешни работи и на Безбедоносно информативната агенција (БИА) во Белград утрово е уапсена група од 17 лица, јави дописникот на МИА од Белград. Извршен е претрес на 50 локации и уапсени се 17 членови на криминалната група „Врачарци“ кои соработувале со кавачкиот клан, соопштија белградските медиуми. Според информациите на медиумите, тие се уапсени за убиства, обид за убиства, киднапирање, а работеле како дел од група на кавачкиот клан. Се уште се трага по одредени лица. Уапсените лица се товарат за три убиства и пет тешки убиства во обид. Постапувале по наредба на кавачкиот клан, а дел од членовите на „Врачарци“ претходниот период биле уапсени во странство. Групата Врачарци ја предводат Никола Вушовиќ, попознат како Џони од Врачар, Урош Пиперски и Марио Ѓорѓевиќ. Пребарани се над 50 локации и одземени се повеќе парчиња оружје, шифрирани телефони и друго. Акцијата за апсење ја води министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ. Според белградските медиуми, станува збор за заедничка акција на МВР, БИА и Обвинителството за организиран криминал и се чекаат повеќе информации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golema-akcija-na-srpskite-mvr-i-bia-uapseni-17-sorabotnici-na-kavachkiot-klan-za-najteshki-krivichni-dela/feed/ 0
Вработените на БИА добиле порака да се откажат од помошта од 100 евра „во име на патриотизам“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vrabotenite-na-bia-dobile-poraka-da-se-otkazat-od-pomoshta-od-100-evra-vo-ime-na-patriotizam/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vrabotenite-na-bia-dobile-poraka-da-se-otkazat-od-pomoshta-od-100-evra-vo-ime-na-patriotizam/#respond Thu, 30 Apr 2020 10:42:14 +0000 https://kurir.mk/?p=339857

На сите вработени во српската разузнавачка агенција БИА им е испратена порака со која ги повикуваат да се откажат од ветените 100 евра „во име на патриотизам“, објави НИН во денешниот број. Неделникот објави дека потврдиле на автентичноста на пораката објавена на социјалните мрежи, во која се повикуваат припадниците на БИА да направат списоци на „волонтери“ кои би се откажале од најавената помош од државата. „Со оглед на тоа што нашите приходи се стабилни и нема да бидат намалени, тие се значително повисоки од националниот просек, во претходниот период нашите работни услови се значително подобрени и сите ќе бидеме заедно горди на нашата поврзаност со компанија која секогаш се бореше за благосостојба на државата, природно е што во вакви времиња, кога државата се напрега до крај, да правиме се што е во наша моќ да покажеме уште еднаш кои сме навистина и какви сме. Сега, најдобро би го сториле тоа со доброволно откажување“, се вели во пораката објавена од НИН. Се тврди дека од членовите на БИА било побарано „да достават списоци на членови кои сакаат да учествуваат во ова, по можност со нивни потписи“ до 27 април до 10 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vrabotenite-na-bia-dobile-poraka-da-se-otkazat-od-pomoshta-od-100-evra-vo-ime-na-patriotizam/feed/ 0
Началник на аналитика во БИА потврдува дека на снимката е руски разузнавач https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nachalnik-na-analitika-vo-bia-potvrduva-deka-na-snimkata-e-ruski-razuznavach/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nachalnik-na-analitika-vo-bia-potvrduva-deka-na-snimkata-e-ruski-razuznavach/#respond Thu, 21 Nov 2019 07:18:08 +0000 https://kurir.mk/?p=266954

Шефот на Управата за аналитика БИА, Реља Жељски, изјави дека е недвосмислено утврдено дека на видео снимката, на која рускиот агент Георгиј Клебан дава пари на човек е руски разузнавач. На прашањето дали на снимката е српски агент, припадник на БИА или ВБА или некоја друга институција, Жељски синоќа за РТС изјави дека нема да ја шири приказната во овој момент. – Нашите служби, како цивилната така и воената, се многу интензивно ангажирани во утврдувањето на сите околности, а детали ќе бидат дадени од претседателот на Србија по состанок со Советот за безбедност, што ќе се одржи утре, нагласи тој. Жељски потсети дека БИА е должна да работи единствено во интерес на сопствената земја, а не на другите земји. -Многу е важно да се потенцира во овој момент дека разузнавачката субверзивна работа што се одвива на територијата на Република Србија, во никој случај не треба да се поврзува само со Руската Федерација. Напротив, другите големи сили, како што се САД, Велика Британија и Франција , но и регионални играчи, ќе споменам само Хрватска и Албанија, работат многу напорно за да ги извршуваат своите интереси, што секогаш се очекува во меѓународните односи и политика, објасни Жељски. Весникот Политика денеска објави дека снимката е стара неколку години и на неа најверојатно е српски цивил кој добива пари од руски разузнавач заради бизнис податоци. На видео снимката се гледа средба на двајца мажи на паркинг во Земун.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nachalnik-na-analitika-vo-bia-potvrduva-deka-na-snimkata-e-ruski-razuznavach/feed/ 0
„Инфомакс“: Уапсениот македонски државјанин во Србија, другар на Заев и Ахмети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/infomaks-uapseniot-makedonski-drzavjanin-vo-srbija-drugar-na-zaev-i-ahmeti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/infomaks-uapseniot-makedonski-drzavjanin-vo-srbija-drugar-na-zaev-i-ahmeti/#respond Tue, 12 Nov 2019 08:10:52 +0000 https://kurir.mk/?p=262907

Шефшет Демировски најверојатно е уапсениот македонски државјанин кој од фабриката за оружје „Први Партизан“ од Ужице крадел трговски тајни и документи за производство на муниција со калибар 12.7 мм, пишува порталот Инфомакс. Во акција на Безбедносно-информативната Агенција (БИА) на Србија, вчера се уапсени тројца шпиони кои краделе, а потоа препродавале документи и проекти на фабриката за оружје „Први Партизан“ од Ужице. Помеѓу останатите, споменат е и македонски државјанин со инцијали Ш.Д. сопственик на компанијата „Арс Група“. Од краткиот увид во трговскиот регистар во Македонија, не постои таква компанија која се занимава со индустрија слична на онаа од интерес тројцата уапсени, но постои компанија „АТС Груп“ чиј сопственик е Шефшет Демировски, што пак одговара на иницијалите објавени во српските медиуми, стои во текстот на порталот. „АТС Груп“ во јули оваа година инвестираа три милиони евра во фабрика во Македонија, во индустриската зона Визбегово, каде се произведуваат производи од композитни материјали за безбедносните служби. Шефшет Демировски и неговата компанија во Македонија беа промовирани со голема помпа, а на отворањето на фабриката гостин, помеѓу останатите беше и Зоран Заев и Радмила Шекеринска. Покрај нив, на отворањето на фабриката беше и шефот на ДУИ Али Ахмети и министерот за економија од редовите на интегративците Крешник Бектеши.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/infomaks-uapseniot-makedonski-drzavjanin-vo-srbija-drugar-na-zaev-i-ahmeti/feed/ 0
Српските разузнавачи уапсија Mакедонец – Детали за акцијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/srpskite-razuznavachi-uapsija-makedonec-detali-za-akcijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/srpskite-razuznavachi-uapsija-makedonec-detali-za-akcijata/#respond Mon, 11 Nov 2019 20:03:08 +0000 https://kurir.mk/?p=262820

Државјанин на Македонија, поранешен инженер во фабриката за муниција „Први Партизан“ и двајца работници, државјани на Србија, уапсени се денеска под сомнение за злоупотреба и примање мито. Како што јави дописникот на МИА од Белград, тие се сомничат дека продавале документи од фабриката „Први партизан“ од Ужице, кои се однесуваат на производство на оружје и муниција. Според српското Обвинителство, апсењето по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, го извршиле Безбедоносно информативаната агенција (БИА), Воено-безбедносната агенција (ВБА) и МВР на Србија. Уапсени се С.Д., државјанин на Македонија, сопственик на фирмата „Арс група“ од Скопје, поранешниот инженер во Први партизан Б.Г. од Ужице, Н.И. од Пожега-конструктор во погонот за алати и машини во „Први партизан“ и М.М, соопшти Вишото јавно обвинителство. На осомничените одредена им е мерка притвор 48 часа, поднесена им е кривична пријава и поради сослушувањето ќе бидат изведени пред надлежен обвинител. Тие се товарат за злоупотреба на службена должност и примање мито, односно дека при извршување на кривичното дело продавале проекти и друга документација која и припаѓаа на „Први партизан“ од Ужице, а се однесува на производство на оружје и муниција. Весникот „Вечерни новости“ без да го наведува изворот, под насловот „Голема акција на БИА во српската фаврика за оружје-Уапсен е албански шпион“, наведува дека Б.Г. и Албанецот Ш.Д. се уапсени поради кражба на документација за производство на муниција од калибарот 12,7 мм. Фабриката „Први Партизан“ од Ужице е една од најстарите и најголеми фабрики за муниција и покрај производството на 400-ина типови на муниција за карабини, пиштоли и револвери, произведува и артилериска муниција, машини за производство на муниција, алати за производство на муниција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/srpskite-razuznavachi-uapsija-makedonec-detali-za-akcijata/feed/ 0