биба додева – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 03 Sep 2023 17:05:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png биба додева – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Кој покварен ум е место терапија да им ставаш вода на пациентите“ – Биба Додева за скандалот на Клиника за онкологија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-pokvaren-um-e-mesto-terapija-da-im-stavash-voda-na-patsientite-biba-dodeva-za-skandalot-na-klinika-za-onkologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-pokvaren-um-e-mesto-terapija-da-im-stavash-voda-na-patsientite-biba-dodeva-za-skandalot-na-klinika-za-onkologija/#respond Sun, 03 Sep 2023 17:05:32 +0000 https://kurir.mk/?p=874123

После скоро една година откако веќе сум повлечена од оваа тема, живеам во друга земја и се посветив на други активности, за добредојде во мојава Македонија ме пречекува вест која ми создава тага и огромно разочарување, вели пејачката Биба Додева и првиот човек на Здружението „Борка“. Таа во објавата на Фесјбук, а која се однесува на големиот скандал на Клиниката за онкологија, вели: -Занемена сум деновиве, премногу разочарана и револтирана, бидејќи 15 години од својот живот посветив и го дишев секој ден во тие години за да помогнам, да се борам рамо до рамо со најтешко болните и нивните семејства, заедно со сите мои соБОРКИ и колеги, за да се подобри системот во кој живееме, за да има секој човек право на лек, право на навремена дијагноза, право достоинствено да се лекува и бори за својот живот и право достоинствено да замине од овој свет, вели таа и додава: -Сите вие што сте вмешани во тој монструозен чин, сте знаеле и сте гледале што се случува, а сте молчеле и со тоа сте го поддржале тој злочин, ќе ви пресуди Господ! Едноставно згрозена сум, не можам да ја замислам монструозноста на тој чин – свесно да им ја крадеш терапијата на луѓето кои се борат со најлошото сценарио, ракот. Кој покварен ум треба да го имаш, наместо терапија да им ставаш вода? Па последната трошка надеж на секое едно семејство кое се бори со ракот ни ја утепавте, мамето ваше, вели Додева во објавата на Фејсбук! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-pokvaren-um-e-mesto-terapija-da-im-stavash-voda-na-patsientite-biba-dodeva-za-skandalot-na-klinika-za-onkologija/feed/ 0
Се омажи Биба Додева, пејачката повторно стапна на лудиот камен https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-omazi-biba-dodeva-pejachkata-povtorno-stapna-na-ludiot-kamen/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-omazi-biba-dodeva-pejachkata-povtorno-stapna-na-ludiot-kamen/#respond Fri, 15 Apr 2022 19:25:48 +0000 https://kurir.mk/?p=663821

Пејачката и претседателка на здружението „Борка“, Биба Додева повторно стапна на лудиот камен. Со оглед на тоа што пејачката успешно го крие својот приватен живот од јавноста, среќната вест ја сподели нејзината долгогодишна блиска пријателка, поетесата Ана Бунтеска. „Бибо моја, ви посакувам вечна љубов. Да се чувате и да си бидете столб еден на друг. Душава полна“, напиша поетесата на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-omazi-biba-dodeva-pejachkata-povtorno-stapna-na-ludiot-kamen/feed/ 0
Митко Јанчев и Биба Додева од здружението „Борка“ потпишаа меморандум за соработка https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mitko-janchev-i-biba-dodeva-od-zdruzenieto-borka-potpishaa-memorandum-za-sorabotka/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mitko-janchev-i-biba-dodeva-od-zdruzenieto-borka-potpishaa-memorandum-za-sorabotka/#respond Wed, 13 Apr 2022 14:26:33 +0000 https://kurir.mk/?p=662548

Денес Градоначалникот Митко Јанчев и Биба Додева од здружението „БОРКА – За секој нов ден„ , потпишаа меморандум за соработка, а во насока на подобрување на здравствените услуги и јавното здравство на жителите на Општина Кавадарци. Во рамки на своите активности и заложби Здружението Борка иницираше проект за формирање и ставање на функција на Комисија за заштита на правата на пациентите во Единиците на локалната самоуправа, кој е во согласност со глава 4 од Законот за заштита на правата на пациентите. - Среќни сме и горди што Општина Кавадарци е лидер во овој процес и е првата општина со која Борка потпишува Меморандум за соработка. Тоа уште еднаш покажува дека се грижиме за здравјето на нашите сограѓани, за здравствените услуги што ги добиваат и секако со формирањето на Комисијата ќе придонесеме кон поздраво а со тоа и посреќно население – изјави Градоначалникот Јанчев. Инаку во наредниот период ќе биде изработен план за работа и динамика за имплементација на Комисијата. По нејзиното формирање и ставање во функција, ќе работиме на едукација на населението за нивните права о и обврски и секој кој има некој здравствен проблем, ќе може да се обрати до Комисијата и да добие совет или помош во остварување на правата. - Нашата соработка со општина Кавадарци и Градоначалникот Митко Јанчев од секогаш била на високо ниво и не случајно го одбравме Кавадарци да биде пионер во промените. Ние во Борка спроведовме анкета меѓу населението и увидовме дека Комисиите за заштита на правата на пациентите се неопходни. Затоа и инициравме вака голем и значаен проект - рече Претседателката на Борка, Биба Додева. Членовите на комисијата ќе бидат избрани согласно Законот и на транспарентен начин и очекуваме да биде ставена во функција до крајот на годината, за што навремено ќе информираме. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mitko-janchev-i-biba-dodeva-od-zdruzenieto-borka-potpishaa-memorandum-za-sorabotka/feed/ 0
На Светскиот ден на здравјето: Во Битола иницијатива за формирање на Комисија за правата на пациентите https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/na-svetskiot-den-na-zdravjeto-vo-bitola-inicijativa-za-formiranje-na-komisija-za-pravata-na-pacientite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/na-svetskiot-den-na-zdravjeto-vo-bitola-inicijativa-za-formiranje-na-komisija-za-pravata-na-pacientite/#respond Thu, 07 Apr 2022 13:03:16 +0000 https://kurir.mk/?p=659731

Под мотото „Наша планета, наше здравје“, денес се одбележува 7 април, Светскиот ден на здравјето. Во време на пандемија, загадената планета влијае на зголемување на бројот на лица со срцеви заболувања, рак, астма. Токму од тие причини, Светската здравствена организација, глобалното внимание на овој ден го фокусира на итни активности, потребни за зачувување на здравјето на луѓето и планетата и поттикнување на движењето за создавање општества фокусирани на благосостојба. Во тој контекст, на Светскиот ден на здравјето, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и претседателката на Советот, Габриела Илиевска, имаа средба со претставници на Здружението „Борка - За секој нов ден“, на која со претседателката на здружението Биба Додева, разговараа за состојбата со заболени од рак на територијата на општината, за помошта и поддршката која им е потребна на тие лица, како и за ресурсите кои може да бидат искористени на локално ниво за подобрување на состојбата на пациентите. Согласно спроведената  анкета за испитување на јавното мислење за функционирање на Комисии за права на пациентите во единиците на локалната самоуправа и резултатите од истата, се јави потреба за  дискусија за формирање на Комисија за права на пациентите, беше нагласено на денешниот состанок. Претседателката на „Борка“ предложи, општина Битола во својата програма да преземе активности за креирање на ваква комисија која ќе биде од голема важност за унапредување  и заштита на правата на пациентите, со оглед на тоа дека Битола треба да биде лидер во регионот и да ги искористи и унапреди сите постиечки капацитети за подобрување на квалитетот на здравствените услуги. Иницијативата беше прифатена од страна на Коњановски и Илиевска, додека постапката за формирање останува да биде дефинирана и спроведена во следниот период, во кој се очекува поголема и долгорочна соработка помеѓу општината и здружението. Коњановски и Илиевска, истакнувајќи ја значајната улога на здравствените работници во изградбата на здравствениот систем, како и нивната посветеност, професионалност, и грижа за здравјето и животот на граѓаните, во име на општина Битола, испратија честитки по повод Меѓународниот ден на здравјето, нагласувајќи дека и во понатамошниот период ќе се зголемува соработката на локалната самоуправа со здравствените работници и други субјекти кои работат во оваа област на подигнување на јавната свест, со цел постигнување на резултати од бенефит за сите граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/na-svetskiot-den-na-zdravjeto-vo-bitola-inicijativa-za-formiranje-na-komisija-za-pravata-na-pacientite/feed/ 0
MOZZART преку акцијата „Милион причини за гол“ донираше два милиони денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozzart-preku-akcijata-milion-prichini-za-gol-donirashe-dva-milioni-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozzart-preku-akcijata-milion-prichini-za-gol-donirashe-dva-milioni-denari/#respond Fri, 23 Jul 2021 11:27:06 +0000 https://kurir.mk/?p=540894

Македонската фудбалска репрезентација ова лето имаше историски настап на Европското првенство. Погодоците на Пандев и Алиоски донесоа голема радост на целата нација, но и одличен износ во хуманитарни цели. Mozzart за време на првенството организираше акција „Милион причини за гол“ каде за секој погодок на нашите репрезентативци донира милион денари во хуманитарни цели. Промотер на кампањата беше македонската фудбалска легенда Дарко Панчев, кој предложи парите да се донираат во две здруженија – „Борка“ (Здружение за борба против рак) и „Дајте ни крилја“ (Здружение на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби).
„Ми претставува огромна чест што бев дел од ваков голем проект на компанијата Mozzart. Сите навивавме со цело срце за нашите репрезентативци, но со кампањата „Милион причини за гол“ имавме дополнителна причина да навиваме за што повеќе голови. Се надевам дека и во иднина ќе има вакви акции преку кои ќе се помага онаму каде што е потребно.“ – изјави Дарко Панчев.
Донацијата од еден милион денари за „Борка“ ја прими Биба Додева, претседател на здружението.
„Навистина сме пријатно изненадени, му благодариме на Дарко Панчев за предлогот и на Mozzart за оваа донација. На болните од рак им е потребна нашата поддршка, сега повеќе од било кога. Малигнитетот за жал е се уште причина број еден за смртност во светот.  Донираните средства ќе ни помогнат да продолжиме со нашите активности и да помагаме и влијаеме за суштински промени во нашиот здравствен систем. Квалитетни лекови, навремени прегледи и здравство достапно за сите е тоа кон што целиме. Среќни сме што ја препознавте нашата работа, општествени и одговорни компании и личности се клучни за нашата борба. Уште еднаш големо благодарам од името на сите Борки!“ – изјави Биба Додева, претседател на здружението.
На свеченото предавање на донацијата за „Дајте ни крилја“ присуствуваа Ребека Јанковска Ристески – почесен претседател на здружението и Катарина Ивановиќ, претседател на здружението Дајте ни крилја.
„Во името на Здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја“ – Скопје, би сакала да ја изразам нашата огромна благодарност до компанијата Mozzart. Уште еднаш се убедивме дека се уште постојат општествено одговорни компании како Mozzart, кои знаат да ја препознаат оваа маргинализирана група на граѓани која ја застапуваме ние и да го дадат својот придонес во подобрување на нивниот секојдневен живот. Се надеваме дека овој позитивен и хуман  гест  ќе биде пример и поттик и за останатите  компании да го дадат својот придонес за овозможување на достоинствен живот на оваа група на граѓани.“ – изјави Катарина Ивановиќ, претседател на здружението Дајте ни крилја.
„Навистина сме среќни кога успеваме да ги поврземе спортот и желбата да помогнеме некому. Би сакала да се заблагодарам на нашата фудбалска легенда Дарко Панчев што ја поддржа акцијата „Милион причини за гол“ каде преку донации во одбраните здруженија барем малку ќе создадеме насмевка на лицата и ќе го олесниме животот на поединците.“ – изјави Ивана Ололовска, маркетинг менаџер во Mozzart.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozzart-preku-akcijata-milion-prichini-za-gol-donirashe-dva-milioni-denari/feed/ 0
Македонската пејачка објави дека има коронавирус: Од нејзината фотографија ќе се растажите https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/makedonskata-pejachka-objavi-deka-ima-koronavirus-od-nejzinata-fotografija-kje-se-rastazite/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/makedonskata-pejachka-objavi-deka-ima-koronavirus-od-nejzinata-fotografija-kje-se-rastazite/#respond Sat, 07 Nov 2020 21:41:18 +0000 https://kurir.mk/?p=426350

„Време на КОВИД 19. Дај Боже да помине поскоро“. Македонската пејачка објави дека има коронавирус и ја покажа тажната страна на нејзината битка. Со внукот може да си игра само преку прозорец. На фотографиите Биба Додева го „гали“ и си зборува со внукот Александар, само преку стаклото од прозорецот. Фотографиите се слатки, но и многу тажни. Ова е реалноста во која живеат многумина кои не можат да си ги допрат најмилите поради епидемијата.
 
View this post on Instagram
 
Време на КОВИД 19. Дај Боже да помине поскоро.

A post shared by Biba Dodeva (@bbdodeva) on

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/makedonskata-pejachka-objavi-deka-ima-koronavirus-od-nejzinata-fotografija-kje-se-rastazite/feed/ 0
Биба Додева: Здравствените власти ја игнорираат одлуката дека болните од малигни болести се ослободени од партиципација, срамота! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/biba-dodeva-zdravstvenite-vlasti-ja-ignoriraat-odlukata-deka-bolnite-od-maligni-bolesti-se-oslobodeni-od-participacija-sramota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/biba-dodeva-zdravstvenite-vlasti-ja-ignoriraat-odlukata-deka-bolnite-od-maligni-bolesti-se-oslobodeni-od-participacija-sramota/#respond Fri, 17 Jul 2020 11:32:28 +0000 https://kurir.mk/?p=377690

Клиниката за радиологија им наплаќа партиципација на болните од рак, иако тоа не треба да го прави. За ова до редакцијата на ,,Слободен печат” претседателката на Здружението „Борка“, Биба Додева достави и писмени докази, фискални сметки со денешниот датум на нив, каде се гледа дека на пациентите што едвај фатиле термин за преглед, згора на тоа, им била наплатена и партиципација. Да биде иронијата поголема, ова се случува на 13-тиот роденден на Здружението од каде изразуваат голема разочараност и револт од начинот на кој во време на пандемијата со коронавирусот, пациентите со малигни заболувања биле ставени во заден план, а скратени им биле и голем број на права да бидат лекувани, да бидат следени од страна на доктор, со што во огромен ризик е ставен нивниот живот, освен тоа што им е преидзвикан психолошки стрес. – Со одлука во Службен весник од 29.12.2019 година број 277 е точно наведено дека пациентите со малигни заболувања се ослободуваат од партиципација. Но, ова до ден денешен е игнорирано, на штета на самите пациенти кои покрај за својата здравствена состојба, треба да се грижат и за ова, вели Додева за Слободен печат. Пациентки со малигни заболувања кои до нашата редакција доставија фискални сметки, велат дека плаќаат партиципација и за ехо, и за мамограм и за рентген и за земање крв, генетско молекуларни анализи и тоа не само во Скопје, туку и во Штип и во други градови. Оригиналниот текст прочитајте го овде. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/biba-dodeva-zdravstvenite-vlasti-ja-ignoriraat-odlukata-deka-bolnite-od-maligni-bolesti-se-oslobodeni-od-participacija-sramota/feed/ 0
Македонската пејачка ја отвори душата: Ја загубив љубовта на својот живот https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/makedonskata-pejachka-ja-otvori-dushata-ja-zagubiv-ljubovta-na-svojot-zivot/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/makedonskata-pejachka-ja-otvori-dushata-ja-zagubiv-ljubovta-na-svojot-zivot/#respond Sat, 07 Sep 2019 13:07:05 +0000 https://kurir.mk/?p=238120

За песната „Како некогаш“ со која што Биба Додева победи на поп-вечерта на фестивалот „Охрид фест- Охридски трубадури“, пејачката вели дека е автобиографска и во неа пее за љубовта на својот живот која што ја загубила. На музиката и на аранжманот на моќната балада на Владимир Дојчиновски- Дојчин совршено легна приказната на текстот која ја напиша поетесата Ана Бунтеска. -Песната е автобиографска, и на Ана, и моја и на сите оние кои што изгубиле некого, раскажа Биба за Женски магазин зад сцената на „Охрид фест“. Таа вели дека нејзината најголема радост и смисол на животот се внукот Умберто Александар и ќерката Емануела.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/makedonskata-pejachka-ja-otvori-dushata-ja-zagubiv-ljubovta-na-svojot-zivot/feed/ 0
Пејачката се шегува на Фејсбук: Кој се изгорел на Катица, ќе дува и на Биба Додева https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pejachkata-se-sheguva-na-fejsbuk-koj-se-izgorel-na-katica-kje-duva-i-na-biba-dodeva/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pejachkata-se-sheguva-na-fejsbuk-koj-se-izgorel-na-katica-kje-duva-i-na-biba-dodeva/#respond Wed, 21 Aug 2019 20:14:05 +0000 https://kurir.mk/?p=232104

Огромна е сличноста во изгледот меѓу Катица Јанева и пејачката Биба Додева. Додева на „Златна Бубамара“ дури и ја глумеше обвинителката. Денес, кога Јанева како третоосомничена за „Рекет“ доби 30 дена притвор, пејачката се шегува на Фејсбук. „Добро вечер драги мои.. Кој се изгорел на Катица, ќе дува и на Биба Додева“-напиша таа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pejachkata-se-sheguva-na-fejsbuk-koj-se-izgorel-na-katica-kje-duva-i-na-biba-dodeva/feed/ 0
Емотивна исповед на Биба Додева: Ја најдов другарка ми на смртна постела https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/emotivna-ispoved-na-biba-dodeva-ja-najdov-drugarka-mi-na-smrtna-postela/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/emotivna-ispoved-na-biba-dodeva-ja-najdov-drugarka-mi-na-smrtna-postela/#respond Fri, 07 Dec 2018 10:26:30 +0000 https://kurir.mk/?p=136887

Пејачката и претседател на здружението „Борка“  Биба Додева раскажа интимна приказна на Конференцијата за 200 жени претприемачки, која се одржа завчера во Скопје. -Пред неколку години, се слушнав со едни мои пријатели со кои што се немав видено подолго време. Разговарав со сопругот на мојата блиска пријателка. Во неврзан муабет, прашувајќи ги како се и што прават, почувствував дека нешто не е во ред и добив некоја потреба да ги видам. Им реков, чекајте ме, доаѓам кај вас веднаш. Ни на крај на памет не знаев што ме чека таму, рече Биба во емотивниот говор кој ги растажи присутните, пренесе Женски магазин. „ Кога стасав, ја видов другарка ми на смртна постела. Тоа за мене беше голем шок затоа што вооппшто не знаев дека е болна од рак“, продолжи Биба. „Поради истата болест подоцна загубив еден куп драги луѓе, жени кои биле членки на здружението „Борка“ , а пред повеќе од една година и мајка ми. И знам дека секој од нив се прашува: Како е можно да се разболам кога редовно одам на преглед? И сите се прашуваат: зошто на мене да ми се случи ова, зошто токму јас? На некои прашања немаме одговор“, рече претседателката на „Борка“. Таа им порача на сите жени присутни на конференцијата дека ќе биде многу среќна ако барем неколку од нив натера да закажат мамографски преглед, поради навремена превенција од несаканата болест. „Без оглед на тоа што многу се чека на ред, вие закажете си, уште веднаш“, рече Додева. Биба раскажа и дека откако има внук, многу поинаку гледа на животот и повеќе се грижи за своето здравје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/emotivna-ispoved-na-biba-dodeva-ja-najdov-drugarka-mi-na-smrtna-postela/feed/ 0