библиотеки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 15 Nov 2020 08:03:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png библиотеки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Рестарт“ на факултетските библиотеки на УКЛО во Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/restart-na-fakultetskite-biblioteki-na-uklo-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/restart-na-fakultetskite-biblioteki-na-uklo-vo-bitola/#respond Sun, 15 Nov 2020 08:03:23 +0000 https://kurir.mk/?p=429655

Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола почна со рестартирање на факултетските библиотеки, кои работат во универзитетските единици на УКЛО – Битола. Амбициозниот проект го реализира тим предводен од м-р Јелена Петровска, програмски раководител во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, а со цел COBISS и грижа за вработените и корисниците на библиотечните услуги. COBISS е кратенка од Co-operative Online Bibliographic System & Service или база која ги содржи библиотечните фондови на многу библиотеки од регионот. Ние како воопшто да не ги препознаваме библиотекарите што работат на факултетите, вели Петровска, и посочува на проблемите со кои се соочуваат во факултетските библиотеки. – Тие се соочуваат со проблем да влезат во системот на Универзитетот и да бидат препознаени, а со самото тоа и да немаат основни услови за работа во сфера на автоматизација на библиотечните процеси. За надминување на таа состојба многу библиотекари почнаа со професионално усовршување, положија испити за каталогизација во Националната библиотека во Скопје, но сепак не се дооформени како библиотекари. Поведовме инцијатива, библиотекарите кои работат на факултетите најнапред меѓусебно да се запознаат, да соработуваат, а потоа да направиме една критична маса, која ќе поттикне поквалитетно библиотечно работење во рамките на УКЛО. На овој начин ќе добиеме збогатена база на податоци за централен каталог на ниво на држава, односно сите библиотечни збирки што ги имаат факултетите ќе бидат онлајн обработени, и ќе бидат достапни за сите корисници на COBISS-системот, појасни Петровска. Според анализите на тимот од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, во факултетските библиотеки на УКЛО најчесто се ангажираат лица кои се пренасочуваат поради немање доволно часови во наставниот процес, но и лица кои се ангажираат со договор на дело кои не поседуваат посебни знаења и вештини. – Ние сакаме со наша поддршка да им се создаде можност за регулирање на нивниот статус, отворање место за вработување, а тоа значи да им се создаде можност за професионално усовршување, да се стекнат со звање виш библиотекар или библиотекар советник со што ќе станат дел од системот на УКЛО. Тоа е многу важно затоа што при акредитација на одредена студиска група на кој било факултет, во акредитацијата задолжителна е обврската на факултетот да има библиотека, а тоа со други зборови значи дека треба да има и библиотекар. Потребни се насоки за развој, стратегија за развој на факултетските библиотеки, и ние сме на располагање при изработка на сите потребни документи. Јас како програмски раководител ќе го водам тимот што ќе подготви стратегија за развој на факултетските библиотеки, a колешката Лидија Мирчевска од одделот за периодика ќе помогне за значењето на периодичните списанија, посебно научни списанија во системот на организација на една факултетска библиотека. Тие треба да знаат како да се набават, како да се разменат списанија, како да ги обработат во системот COBISS за да бидат препознатливи и кое е значењето на научните списанија со апстракти од нашата држава. Потоа, ќе направиме скен/снимање за тоа како библиотеките работат, каков простор имаат, и тоа важи за сите факултетски библиотеки на УКЛО, а ги има 15 на број, освен на Институтот за тутун во Прилеп каде немаат библиотека ниту имаат назначено лица за вршење на таа дејност. Библиотекарите што работат во факултетските библиотеки не се свесни, ниту знаат за своите можности и услови за кариерен развој или напредок во работата. Имено, со потпишувањето на Колективниот договор во културата, за библиотекарите е создадена можност за стекнување звање, а тоа се виш библиотекар и библиотекар советник, вели Петровска. Библиотеката која работи во рамките на Педагошки факултет – Битола во моментов е единствената која е вклучена во COBISS-системот, кој, како што е познато, овозможува вмрежување во заедничкиот интернет-библиографски систем на услуги. – Денес, нема општа проценка и е непознато колку книги има во факултетските библиотеки одделно затоа што не е вршен попис на книгите во ниту една библиотека. Во таа смисла потребно е да се знае со колку библиотечни единици располага соодветната библиотека, со колку списанија располага фондот и друга литература како неоткриено богатство. Во овој момент единствена библиотека од факултетите на УКЛО – Битола која работи во COBISS-системот е библиотеката од Педагошкиот факултет. Но ние сметаме дека сите библиотекари треба да се усовршат и да се стекнат со поголеми знаења кои ги овозможува виртуелниот центар на Националната библиотека во Скопје. Тоа, пак, директно ќе помогне при годишната евалуација на УКЛО – Битола, во евалуациските програми да се добијат повисоки оцени, со што ќе се зголемат параметрите за квалитет на студирање. Со акцијата на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се постигнуваат неколку ефекти: вмрежување, запознавање меѓу библиотекарите, библиотечниот фонд станува повидлив затоа што библиотеките по факултетите се почесто затворени отколку отворени, нагласува Петровска, и додава дека литературата што ја поседуваат факулетските библиотеки треба да биде во функција на сите, не само на професорите, туку и на студентите. Студентите многу побрзо ќе може да ги изнајмуваат книгите кои се добиваат преку размена од една со друга библиотека. Пример со размена на литература која ја има на факултети во Битола, Скопје или Штип, со соодветни факултети во Белград, Загреб, Варшава или некој друг европски град, системот COBISS брзо ќе ги препознава потребите и книгите. Не смее да се случува одредени книги да останат изложени и затворени во ничии кабинети или канцеларии, забележуваат од тимот што се зафати со рестартирање на факултетските библиотеки на УКЛО – Битола. Во меѓувреме, многубројна стара литература е на полиците на факултетските библиотеки, а читалниците се осамени со празни столови и клупи. Базите на податоци за книги и научни списанија не се доволно искористени, иако некои факултети сепак инвестираат во бази на податоци и набавка на референтна литература. Во Европа библиотечните сервиси се рефрешираат/освежуваат редовно, а во таа насока е проектиран планот на тимот од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, или рестартирање на факултетските библиотеки на УКЛО во Битола. Марјан Танушевски МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/restart-na-fakultetskite-biblioteki-na-uklo-vo-bitola/feed/ 0