бигорски манастир – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 12 Sep 2023 20:19:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бигорски манастир – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ктиторска вечерна и литургиски спомен на Светиот Јован Дебранин основач на Бигорскиот манастир https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ktitorska-vecherna-i-liturgiski-spomen-na-svetiot-jovan-debranin-osnovach-na-bigorskiot-manastir/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ktitorska-vecherna-i-liturgiski-spomen-na-svetiot-jovan-debranin-osnovach-na-bigorskiot-manastir/#respond Tue, 12 Sep 2023 20:19:36 +0000 https://kurir.mk/?p=877433

По одбележувањето на патронот во манастирот Свети Јован Крстител, попознат како Бигорски манастир, одржана е ктиторска Вечерна и литургиски спомен на Светиот Јован Дебранин, основач на манастирот. -Според одредбите на православната еортологија, по секој поголем празник, Господов или Богородичен, се прави спомен на Светителите кои имале директен или индиректен удел во историскиот спасителен настан. Па така, и според древното манастирско предание, по централната слава на еден манастир, се прави спомен на првиот Ктитор, но и на сите ктитори, градители, игумени, монаси, подвижници, објави Свештената бигорска Обител. Додаваат дека по празничниот амбиент во Бигорската Обител заради споменот на славниот Претеча и Крстител Господов Светиот Јован, кој е тивко пристаниште и утеха за оние што пловат по бурното море на овој живот и сигурна скала кон небото, беше заокружен со Ктиторската вечерна богослужба. Веднаш потоа, Старецот на Обителта, Преосветениот Епископ г. Партениј, отслужил панихида, на која се помолиле за покој на душите на сите блаженоупокоени бигорски ктитори и монаси. -Таа соборна молитва продолжи и денес, со светата Божествена Евхаристија, со што се изврши правилото и долгот за помен на сите наши претходници, кои своите животи, своите трудови, пот и агонии, ги вложиле во темелите на овој Претечев дворец, а пред сѐ, на Светиот отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв Ктитор на нашата Света Обител, по чиишто молитви ние денес смирено се трудиме да ги подражаваме, посочуваат од Свештената бигорска Обител. На Светата Литургија чиноначалствувал  епископ Антаниски г. Партениј, игумен на манастирот, кој всушност, како што стои во објавата,  ги има "најголемите историски заслуги за изградбата, украсувањето но и исполнувањето на Обителта со монаси, монашко предание и богољубиви верници во наши дни, во време кога се забележува општа распуштеност и рушење на сите христијанските вредности".  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ktitorska-vecherna-i-liturgiski-spomen-na-svetiot-jovan-debranin-osnovach-na-bigorskiot-manastir/feed/ 0
„Да ја покажеме должната почит кон Светиот Јован Крстител и нашата пожртвувана љубов кон неговото вековно светилиште“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/da-ja-pokazheme-dolzhnata-pochit-kon-svetiot-jovan-krstitel-i-nashata-pozhrtvuvana-lubov-kon-negovoto-vekovno-svetilishte/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/da-ja-pokazheme-dolzhnata-pochit-kon-svetiot-jovan-krstitel-i-nashata-pozhrtvuvana-lubov-kon-negovoto-vekovno-svetilishte/#respond Sun, 10 Sep 2023 14:21:56 +0000 https://kurir.mk/?p=876614

Едно од нашите најпознати светилишта „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир, го одбележува својот патрон, Отсекувањето на чесната глава на неговиот славен патрон и небесен застапник, великиот пророк, претеча и крстител Господов Јован. Одбележувањето почнува вечерва, во предвечерието на празникот, од 18 часот кога ќе биде отслужена празнична  Вечерна богослужба, на која ќе претстои неговото преосвештенство епископ Антаниски г. Партениј. Утре, на денот на патронот, во 7:30 часот почнува утрената богослужба, во 8:45 часот е пречекот на надлежниот митрополит дебарско-кичевски, неговото високопреосвештенство, г. Тимотеј а во 9 часот почнува Светата архиерејска Златоустова литургија. Свештената бигорска Обител, деновиве упати покана до сите верници за достоинствено и со почит одбележување на патронот. – Славното Бигорско светилиште, кое низ вековите било гордост на нашите предци и столб на нивната православна вера и самобитност, особено за жителите на овие краишта, и денес со истата ревност продолжува да сведочи за евангелската Вистина и да ја јакне верата меѓу народот. Затоа да ја покажеме и ние должната почит кон Светиот Јован Крстител и нашата пожртвувана љубов кон неговото вековно светилиште, стекнувајќи го на тој начин благословот на светиот претеча. Ја имаме големата чест и радост, во името на Христовиот пророк и крстител, да ги поканиме сите благочестиви православни христијани да се присоединат кон неговото големо торжество, стои меѓу другото во поканата. Традиционлано, по повод патронот,  во Бигорскиот манастир, престојуваат повеќе стотици верници од сите делови на државава, кои овде доаѓаат неколку дена пред празникот, но најмногу вечерва и утре. -Често доаѓам во ова наше Господово гнездо. Тука сум од вчера и ќе останам до вторник. Душата ми е секогаш исполнета со радост, а со првиот чекор во манастирот се исполнува и со мир и спокој. Кој само не дошол тука не го почувствувал тоа, вели Севда Тасевска од Битола. Манастирот е основан во далечната 1020 година од првиот Охридски Архиепископ Јован Дебранин и пред три години  го одблежа големиот јубилеј 1000 години  од основањето.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/da-ja-pokazheme-dolzhnata-pochit-kon-svetiot-jovan-krstitel-i-nashata-pozhrtvuvana-lubov-kon-negovoto-vekovno-svetilishte/feed/ 0
Бигорски ги кани верниците на традиционално одбележување на главната манастирска слава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/bigorski-gi-kani-vernitsite-na-traditsionalno-odbelezhuvane-na-glavnata-manastirska-slava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/bigorski-gi-kani-vernitsite-na-traditsionalno-odbelezhuvane-na-glavnata-manastirska-slava/#respond Thu, 07 Sep 2023 17:25:12 +0000 https://kurir.mk/?p=875825

Бигорскиот манастир традиционално ќе го одбележи патрониот празник, „Отсекување на главата на Свети Јован Крстител“ и по тој повод свештената бигорска обител преку објава ги поканува верниците на заедничка прослава на главната манастирска слава. Одбележувањето започнува на 10 септември (недела) во 18 часот со празнична Вечерна богослужба, на која ќе претстои игуменот на бигорската обител, неговото Преосвештенство, епископот Антаниски г. Партениј. Во понеделник, 11 септември, денот на патронот, во 7:30 часот ќе почне утрената богослужба, 8:45 часот ќе биде дочекан надлежниот митрополит Дебарско-кичевски, неговото високопреосвештенство г. Тимотеј а во 9 часот почнува света архиерејска Златоустова литургија. - Славното бигорско светилиште, кое низ вековите било и останало гордост и пофалба на нашите предци и столб на нивната православна вера и самобитност, особено за жителите на овие краишта, и денес со истата ревност продолжува да сведочи за евангелската Вистина и да ја јакне верата на народот. Затоа, да ја покажеме и ние должната почит кон Светиот Јован Крстител и нашата пожртвувана љубов кон неговото вековно Светилиште, стекнувајќи го на тој начин благословот на Светиот Претеча, стои во објавата. Ја имаме големата чест и радост, се додава, во името на Христовиот Пророк и Крстител, да ги поканиме сите благочестиви Христијани и почитувачи на свештеното дело на Свети Јован, да се присоединат кон неговото големо торжество. -Тој, во денот на својот најголем празник – Усекновение на неговата чесна глава, е особено благодатно присутен и преку својата славна и чудотворна Бигорска икона и преку неговите свети мошти што се чуваат во нашиот Манастир, ги слуша и исполнува молитвите на оние што со љубов и вера го повикуваат; тоа е денот кога „најголемиот меѓу родените од жена“ ја излева својата од Бога добиена благодат врз сите што ревносно го чествуваат неговиот спомен. Молитвите на Свети Јован Пророк, Претеча и Крстител, да бидат со сите нас, посакуваат од Свештената бигорска обител. Ова македонско древно светилиште е основано во далечната 1020 година од првиот Охридски Архиепископ Јован Дебранин и пред три годиниго одблежа големиот јубилеј 1000 години од основањето. По традиција се очекува масовно присуство на верници од многу градови во земјава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/bigorski-gi-kani-vernitsite-na-traditsionalno-odbelezhuvane-na-glavnata-manastirska-slava/feed/ 0
По повод Голема Богородица сеноќно бдение, со света архијерејска литургија во Бигорски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-povod-golema-bogoroditsa-senokno-bdenie-so-sveta-arhijerejska-liturgija-vo-bigorski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-povod-golema-bogoroditsa-senokno-bdenie-so-sveta-arhijerejska-liturgija-vo-bigorski/#respond Thu, 24 Aug 2023 11:58:18 +0000 https://kurir.mk/?p=870452

По повод празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот позната како Голема Богородица, во Бигорскиот манастир ќе се одржи сеноќно бдение, со света архијерејска литургија. -Возљубени поклоници на Царицата Небесна, ве известуваме дека на денот кога ја славиме „летната Пасха“, односно сечесното Успение и Преселување на Пресветата Владичица наша Богородица и Приснодева Марија, во Свештената Бигорска Обител ќе се одржи сеноќно бдение, коешто ќе започне во недела, на 27 август, во 21 часот, стои во соопштението на Бигорскиот манастир. Се додава дека во текот на богослужението, пред Богородичната плаштаница во цветниот епитаф, ќе се испеат Богородичните статии. Бдението ќе заврши со Божествена архиерејска литургија, со која ќе чиноначалствува игуменот на обителта, неговото преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј. Благослов да присуствуваат на бдението имаат сите кои молитвено сакаат да го прослават великиот празник на Мајката Божја. По традиција се очекува големо присуство на верници од многу градови во земјава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-povod-golema-bogoroditsa-senokno-bdenie-so-sveta-arhijerejska-liturgija-vo-bigorski/feed/ 0
Филхармониски концерт во Бигорски манастир https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/filharmoniski-kontsert-vo-bigorski-manastir/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/filharmoniski-kontsert-vo-bigorski-manastir/#respond Sat, 05 Aug 2023 14:48:19 +0000 https://kurir.mk/?p=863688

Младинскиот градски филхармониски оркестар на грчката општина Амфилохија, предводен од виртуозниот маестро Георгиј Цогас, одржа концерт во дворот на Бигорскиот манастир. - Осветениот простор на нашата Свештена Обител беше украсен од присуството на триесетина млади благочестиви и уметнички души од Република Грција, кои допатуваа кај нас за поклонат на големата Бигорска светиња, но и да ни приредат едно несекојдневно и топло музичко доживување. Во таинствената прегратка на ноќта, под нежниот сјај на сребрената луна, среде ѕидовите на илјадалетното Светилиште, овие млади вљубеници во убавото и возвишеното, со души совршено вклопени во ритамот на амбиентот, ни отсвирија повеќе композиции од најпознатите современи грчки композитори на традиционална музика, информираа од Бигорскиот манастир. Додаваат дека во тие инспиративни мигови „манастирот ги прегрнуваше успокојувачките тонови на музиката, кои заедно со целокупната атмосфера создаваа едно ремек-дело кое ги надминуваше границите на времето и просторот“. - Тоа беше една музичка ноќ што допира до длабините на човечката душа, оставајќи ги сите присутни одушевени и облагородени. И додека рефлексиите на симфоничните тонови, беспрекорно склопени со нежните и префинети гласови на вокалите се врежуваа во слухот и во срцата на слушателите, меѓу кои имаше и монаси од Косово, громогласните аплаузи од публиката во знак на восхит и благодарност, го надополнуваа ритамот на таа благословена ноќ, нагласуваат од манастирот. Маестро Георгиј на почетокот од концертот срдечно му се заблагодарил на Преосветениот Епископ г. Партениј за укажаното топло гостопримство кон членовите на неговиот оркестар и истакнал дека за него овој настап претставува особена чест и исклучително искуство. Пред присутните се обратила и директорката на Центарот за социјален развој на општина Амфилохија, Зои Друци. Меѓу гостите бил и заменик-градоначалникот на Амфилохија, додека соработникот на градоначалникот Варела Ангелики го прочитала поздравното писмо од градоначалникот Георгиј Кацулас. - Благодариме на овие прекрасни млади души, коишто братски нè прегрнаа со својата љубов и ги одморија нашите срца со својот музички талант и уметнички шарм. Преку нив им благодариме на сите браќа во Христа од Елада и ги молиме силно да го чуваат жарот на православната вера. Да му благодариме на Бога и да се молиме, за овие духовни прегратки помеѓу нашите братски народи никогаш да не престанат, туку уште повеќе да се умножуваат и нашето пријателство да станува сè поголемо. За многу години, посакал меѓу другото во обраќањето владиката Партениј, Игумен на манастирот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/filharmoniski-kontsert-vo-bigorski-manastir/feed/ 0
Доксологија – молитва за татковината во Бигорски манастир https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doksologija-molitva-za-tatkovinata-vo-bigorski-manastir/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doksologija-molitva-za-tatkovinata-vo-bigorski-manastir/#respond Wed, 02 Aug 2023 19:30:13 +0000 https://kurir.mk/?p=862720

Во рамки на Илинденските чествувања во познатиот Бигорски манастир, беше извршен и чинот на доксологија - молитва за татковината. -Според востановената традиција беше извршен чинот на Доксологија (Славословие), во кој се принесуваат молитви за вечен спомен и блажено упокоение на сите кои се бореле и паднале во светите борби за верата и Татковината, особено во Илинденското востание, информираа од Бигорскиот манастир. Ова е востановена традиција токму од игуменот на манастирот епископот Антаниски г. Партениј. Претходно, традиционално како и секоја година, во славното мијачко село Лазарополе владиката Партениј, отслужи Божествената Евхаристија, а пак, лазоровците со особена љубов и гостопримство го пречекаа. -Тоа село изнедрило големи црковни великани, општествени дејци, просветители и уметници. Бројноста на присутните во храмот изненадува и потсетува на старите времиња на Преродбата кога животот во селото цутел и плодоносел. Грижливиот дух на нашиот Старец за зачувување на христијанските вредности, особено на семејните, коишто славните предци особено ги негувале, гореше со ревност и затоа неговата празнична беседа на Светата Литургија беше исполнета со силен божествен копнеж за нивно заживување, посочуваат од Бигорски. Богослужението беше збогатено и разубавено од прекрасните гласови на црковниот византиски хор „Митрополит Козма Пречистански“ од Кичево, кој со несебична пожртвуваност и ентузијазам се трудат во тоа богоугодно рамноангелско дело. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doksologija-molitva-za-tatkovinata-vo-bigorski-manastir/feed/ 0
Бигорски манастир со традиционално одбележување на Илинден https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bigorski-manastir-so-traditsionalno-odbelezhuvane-na-ilinden/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bigorski-manastir-so-traditsionalno-odbelezhuvane-na-ilinden/#respond Tue, 01 Aug 2023 13:03:57 +0000 https://kurir.mk/?p=862361

Свештената бигорска обител со традиционално одбележување по повод втори август, Денот кога се слави споменот на светиот и славен пророк Илија, како и 120- годишнината од херојското Илинденско востание, информираа од манастирот. - Централното трожествено празнување ќе се одбележи со Света архијерејска Литургија во прекрасниот преродбенски храм на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец во село Лазарополе, која ќе почне во 9 часот. Со Литургијата ќе чиноначалствува нашиот старец и игумен, неговото преосвештенство епископ Антаниски г. Партениј , додаваат од Бигорски. Исто така утре ќе се одржи и Доксологија - молитва за татковината што ја востанови токму владиката Партениј. - Свечениот чин на Доксологија - молитва за татковината и за покој на паднатите за слобода ќе се одржи во соборниот храм на Свештената Бигорска Обител и започнува во 14 часот, додека филхармонискиот концерт ќе почне во 20 часот. Честит Илинден и од Бога благослов. На многаја лета возљубена наша Татковино, посакаа од Бигорски манастир. Покана за што помасовно присуство на Литургијата упати и месната заедница Лазарополе. -Повелете, бидете присутни на литургијата, сите заедно да се помолиме за здравје и спасение за сите и за се! Да се помолиме за сите оние упокоени души кои ги положија животите за ова Свето парче земја – Македонија, стои меѓу другото во повикот. Како што за галичани важи „каде и да си за Петроведен во Галичник да си“ за лазороплчани тоа е Илинден. Веќе се пристигнати голем брј поранешни жители и нивни потомци. Неизоставен белег на одбележувањето ќе биде и групата Мајовци, чии што предци потекнуваат од ова село од каде се доселиле во Дебар.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bigorski-manastir-so-traditsionalno-odbelezhuvane-na-ilinden/feed/ 0
Голем број верници во Бигорски за одбележувањето на Иванден https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golem-broj-vernitsi-vo-bigorski-za-odbelezhuvaneto-na-ivanden/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golem-broj-vernitsi-vo-bigorski-za-odbelezhuvaneto-na-ivanden/#respond Thu, 06 Jul 2023 18:19:50 +0000 https://kurir.mk/?p=853788

Во  Бигорскиот манастир, веќе пристигнаа поголем број верници од повеќе делови на државава во чест на одбележувањето на втората манастирска слава, 7 јули, денот кога се слави сечесниот празник на рождеството на патронот и небесен застапник, светиот и славен Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован. Традиционално за празникот Рождеството на Свети Јован Претеча – Иванден се очекува поголемо присуство на верници и гости во текот на утрешниот ден. - Редовно доаѓам на одбележувањето на празникот на рождеството на патронот. Потекнувам од село Горенци, Дебарско а поголемиот период од животот го минав во Дебар. Од пред десеттина години живеам во Охрид но за празникот секогаш сум тука со сопругата, децата и внуците. Уште повеќе што и ќерка ми се вика Иванка, која е родена на денешен ден. Каде и да сме за нас жителите од поширокото подрачје манастирот е нашата гордост, вели 75-годишниот Русе Апостоловски. Тука се и група пензионери од Битола а посебно восхитена од убавината, мирот и спокојот што го чувствувате со првиот чекор е Цвета Тасевска, која по вторпат е во посета на манастирот. Инаку,  одбележувањето започнува вечерва кога  во Свештената бигорска Обител ќе се отслужи сеноќно бдение, коешто ќе започне во 20:30 часот, а на кое молитвено ќе претстои старецот и игумен на бигорската Обител, Неговото Преосвештенство, епископот Антаниски г. Партениј. Утре  во 08:45 часот ќе биде пречекан надлежниот владика, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско- кичевски, г. Тимотеј а во 9 часот почнува Светата архиерејска Литургија. Ова е втора слава на манастирот, првата,  отсекувањето на чесната глава на неговиот славен патрон и небесен застапник, великиот пророк, претеча и крстител Господов Јован е на 11 септември. Манастирот е основан во далечната 1020 година од првиот Охридски Архиепископ Јован Дебранин. Вгнезден во пазувите на планината Бистра  над 1000 години опстојува како потврда за православието на овие простори.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golem-broj-vernitsi-vo-bigorski-za-odbelezhuvaneto-na-ivanden/feed/ 0
Се ближи голем празник: Бигорски манастир се подготвува за Иванден – сите сте поканети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-blizhi-golem-praznik-bigorski-manastir-se-podgotvuva-za-ivanden-site-ste-pokaneti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-blizhi-golem-praznik-bigorski-manastir-se-podgotvuva-za-ivanden-site-ste-pokaneti/#respond Mon, 03 Jul 2023 15:30:26 +0000 https://kurir.mk/?p=852230

Познатото македонско древно светилиште, Бигорскиот манастир, се подготвува за одбележувањето на втората манастирска слава, 7 јули, Денот кога се  слави сечесниот празник на рождеството на патронот и небесен застапник, светиот и славен Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован. Традиционално за празникот Рождеството на Свети Јован Претеча – Иванден се очекува големо присуство на верници и гости од сите делови на државава. -Во четврток, на 6 јули, во Свештената бигорска Обител ќе се отслужи сеноќно бдение, коешто ќе започне во 20:30 часот, а на кое молитвено ќе претстои старецот и игумен на бигорската Обител, Неговото Преосвештенство, епископот Антаниски г. Партениј. Во петок наутро, на 7 јули, во 08:45 часот ќе биде пречекан нашиот почитуван надлежен владика, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј. Почеток на Светата архиерејска Литургија е во 9 часот, информираа од Бигорскиот манастир. Додаваат дека славното Бигорско светилиште, кое низ вековите било гордост на нашите предци и столб на нивната православна вера и култура, особено за жителите на овие краишта и денес со истата ревност продолжува да сведочи за евангелската вистина и да ги јакне верата и здравите вредности меѓу народот. Затоа, порачуваат, да ја покажеме и ние должната почит кон светиот Јован Крстител и нашата пожртвувана љубов кон неговото вековно светилиште, стекнувајќи го на тој начин благословот на светиот Претеча. -Ја имаме големата чест и радост, во името на Христовиот пророк и крстител, да ги поканиме сите благочестиви Христијани да се присоединат кон неговото големо торжество, бидејќи тој, во денот на своето Рождество е особено благодатно присутен и преку својата славна и чудотворна Бигорска икона и чесните мошти што се пазат во неговиот храм ги слуша и исполнува молитвите на оние коишто со љубов и вера го повикуваат, тоа е денот кога „најголемиот меѓу родените од жена“ ја излева својата од Бога добиена благодат врз сите коишто ревносно го чествуваат неговиот спомен, нагласуваат од манастирот. Посочуваат дека и кога секој човек неизмерно се радува кога ќе биде посетен од своите драги пријатели на денот на својата свеченост, тогаш „колку ли, пак, повеќе светиите божји ги милуваат оние кои ги чествуваат“. -Молитвите на свети Јован Пророк, Претеча и Крстител, да бидат со сите нас, посакуваат од Бигорскиот манастир. Првата слава на манастирот отсекувањето на чесната глава на неговиот славен патрон и небесен застапник, великиот пророк, претеча и крстител Господов Јован е на 11 септември.Манастирот е основан во далечната 1020 година од првиот Охридски Архиепископ Јован Дебранин и минатата година го одблежа големот јубилеј 1000 години од основањето.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-blizhi-golem-praznik-bigorski-manastir-se-podgotvuva-za-ivanden-site-ste-pokaneti/feed/ 0
В петок сеноќно бдение во Бигорски во чест на чудотворната икона „Достојно ест“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/v-petok-senokno-bdenie-vo-bigorski-vo-chest-na-chudotvornata-ikona-dostojno-est/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/v-petok-senokno-bdenie-vo-bigorski-vo-chest-na-chudotvornata-ikona-dostojno-est/#respond Tue, 20 Jun 2023 18:29:52 +0000 https://kurir.mk/?p=847950

Свештената бигорска Обител традиционално и годинава ќе го одбележи празникот на Пресвета Богородица, во чест на нејзината икона „Достојно ест“, која во овој божји храм пристигна кусо по пожарот на 30 септември 2009 година, кога пламените јазици целосно го пеплосаа Горни Палат. - На 23 јуни (петок) 2023 лето Господово, во Свештената бигорска Обител во 22 часот ќе започне сеноќното бдение во чест на празникот на Пресвета Богородица, во спомен на Нејзината чудотворна икона „Достојно ест“. Благослов да присуствуваат имаат сите коишто молитвено сакаат да го прослават сечесниот спомен на Мајката Божја, стои во соопштението на манастирот. Отец Кирил за МИА изјави дека дека Бигорскиот собир се закитил со копијата од оваа прекрасна икона во 2009 година, како „една слатка утеха после страшното огнено искушение врз обителта". – Со тоа Богомајката им покажа на своите чеда монаси, дека е тука со нив и во најтешките мигови, за мајчински да ги поткрепи и да им вдахне нови сили за духовна борба. А благодарното монашко срце непрестајно ја искажува својата верност и благодарност, плетејќи сеноќни славословија во чест на Царицата и на нејзината икона „Достојно ест“. Така и сега неизмерната синовска љубов ќе ги собере сите во Бигорското светилиште на уште една духовна средба со Мајката на животот, во чиишто прегратки сите таги и неволи исчезнуваат, вели отец Кирил. Според црковниот календар и преданијата на црквата, на 24 јуни се празнува иконата „Достојно ест“ заради чудото кое се случило пред неа во времето на патријархот Никола Хрисоверг (983-996). Традиционално во Бигорскиот манастир се очекува големо присуство на верници кои ќе присуствуваат на одбележувањето на денот на иконата „Достојно ест“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/v-petok-senokno-bdenie-vo-bigorski-vo-chest-na-chudotvornata-ikona-dostojno-est/feed/ 0