бигорски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 24 Jun 2021 19:10:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бигорски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Достојно за „Достојно ест“ во Бигорски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dostojno-za-dostojno-est-vo-bigorski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dostojno-za-dostojno-est-vo-bigorski/#respond Thu, 24 Jun 2021 19:10:26 +0000 https://kurir.mk/?p=527658

Свештената бигорска Обител традиционално и годинава го одбележа празникот на Пресвета Богородица во чест на нејзината икона „Достојно ест“, која во овој божји храм пристигна кусо по пожарот на 30 септември 2009 година, кога пламените јазици целосно го пеплосаа Горни Палат. – Бигорскиот собир се закити со копијата од оваа прекрасна икона уште во 2009 година, како една слатка утеха после страшното огнено искушение врз Обителта. Со тоа Богомајката им покажа на своите чеда монаси, дека е тука со нив и во најтешките мигови, за мајчински да ги поткрепи и да им вдахне нови сили за духовна борба. А благодарното монашко срце непрестајно ја искажува својата верност и благодарност, плетејќи сеноќни славословија во чест на Царицата и на нејзината икона „Достојно Ест“. Така и сега неизмерната синовска љубов ги собра сите во Бигорското светилиште на уште една духовна средба со Мајката на животот, во чиишто прегратки сите таги и неволи исчезнуваат, изјави за МИА, отец Кирил. Додава дека денес за Неа најтопло проговорил „оној кој сиот свој живот ѝ го доверил и со љубов му служи верно на нејзиниот син и на неговата невеста, црквата – нашиот Старец и Епископ г. Партениј. – И нашата Света Обител од пред дванаесетина години е удостоена со верна изобразба на светогорската чудотворна икона „Достојно ест“. Многупати сум кажал, а и сега ќе повторам, дека оваа икона дојде во Манастирот како благодатна посета од Мајката Божја, како најголема утеха веднаш после пожарот. Впрочем, требаше да стаса многу порано, но ете, по промисла на Богородица, се случуваше сè некакво одолговлекување, за на крај да дојде како утешителна роса и како прва радост после тагата од големото искушение за Манастирот. Дојде преку својата икона, за да ни каже дека е со нас, дека нема да нè остави, дека е посебна заштитница на монашкиот род, рече во својата беседа г.Партениј. Порача дека преку своите свети икони мајката Божја е благодатно присутна меѓу нас и верниците тоа го чувствуваат, бидејќи секогаш кога ние искрено ѝ се молиме, таа притекнува на помош. – Помага на сите и на секого, оти е Мајка на сиот човечки род, украс и убавина на човештвото, порача г. Партениј. Според црковниот календар и преданијата на црквата на 24 јуни се празнува иконата „Достојно ест“ заради чудото кое се случило пред неа во времето на патријархот Никола Хрисоверг (983-996). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dostojno-za-dostojno-est-vo-bigorski/feed/ 0
Бигорски со уште една важна информација по повод прославата на 1000-годишнината https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bigorski-so-ushte-edna-vazna-informacija-po-povod-proslavata-na-1000-godishninata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bigorski-so-ushte-edna-vazna-informacija-po-povod-proslavata-na-1000-godishninata/#respond Fri, 16 Oct 2020 18:11:42 +0000 https://kurir.mk/?p=417376

Свештената Бигорска Обител, попладнево објави дополнително соопштение за прославата на големиот јубилеј 1000 години од основањето на манастирот што ќе се одржи в недела на 18 октомври. – Возљубени пријатели на Свештената Бигорска Обител,ве известуваме дека поради зголемениот број случаи на заразени од Ковид-19, како и засилените мерки и препораки на Министерството за здравство и на другите здравствени институции, прославата на 1000-годишнината од основањето на Свештената Бигорска Обител ќе се одвива со строго запазување на предвидениот протокол за заштита,стои во соопштението. Се додава дека програмата на 18 октомври, вклучително и светата богослужба, ќе се одвива на отворено, во дворот на манастирот, каде ќе биде поставена монтажна бина, а исто така и два видео-екрани. -На неколку места ќе има пунктови за дезинфекција, а носењето на маски и одржувањето на потребното растојание се задолжителни. За доследно запазување на споменатите мерки ќе биде ангажирана професионална и лиценцирана екипа на редари, коишто ќе се грижат бројката на посетители да не го надмине дозволениот капацитет според протоколот за заштита. Исто така, за оние коишто нема физички да присуствуваат на прославата, ќе биде обезбеден директен пренос на МТВ, на нашата Фејсбук страница и на нашиот Јутуб канал. Ви благодариме на разбирањето и ги просиме вашите молитви, се наведува во дополнителното соопштение на Свештената бигорска обител. Инаку, утре (сабота) со почеток во 18:00 часот ќе биде отслужена архијерејска Вечерна богослужба, на којашто молитвено ќе претстои надлежен архиереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Во недела, на 18 октомври, со почеток во 9:00 часот ќе биде отслужена Божествена архијерејска Литургија, со којашто ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, во сослужение со своите собраќа од Светиот Синод на МПЦ-ОА. По завршување на Литургијата, со пригодно слово кон присутните ќе се обрати Архиепископот г. г. Стефан, а после него и покровителот на прославата, Претседателот на државата Стево Пендаровски. Потоа, од страна на Митрополитот г. Тимотеј и Епископот г. Партениј ќе бидат доделени ордени и благодарници на заслужни поединци и организации, кои дале значителен придонес за благолепието на Бигорски и за неговата евангелско-просветна мисија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bigorski-so-ushte-edna-vazna-informacija-po-povod-proslavata-na-1000-godishninata/feed/ 0