БиХ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Nov 2023 15:08:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png БиХ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Фон дер Лајен: БиХ треба да биде дел од ЕУ, но тоа не е можно без реформи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fon-der-lajen-bih-treba-da-bide-del-od-eu-no-toa-ne-e-mozhno-bez-reformi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fon-der-lajen-bih-treba-da-bide-del-od-eu-no-toa-ne-e-mozhno-bez-reformi/#respond Wed, 01 Nov 2023 15:08:36 +0000 https://kurir.mk/?p=895433

По посетата на Македонија, Косово, Црна Гора и Србија, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пристигна во Сараево на крајот од нејзината турнеја низ Западен Балкан. Таа се сретна со претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто. Фон дер Лајен, на крајот од својата турнеја низ земјите од Западен Балкан, престојуваше во Босна и Херцеговина, каде одвоено се сретна со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ и Жељка Цвијановиќ, а потоа и со претседавачот на Советот на министри на таа земја, Борјана Кришто. - Иднината на БиХ е во ЕУ, изјави Фон дер Лајен за новинарите по тие разговори, тврдејќи дека Унијата силно го поддржува европскиот пат на земјата. На крајот на 2022 година, по шест години чекање, БиХ доби статус на земја кандидат за членство во Унијата, а во таа земја се надеваат дека би можеле да добијат одобрение за почеток на пристапните преговори до крајот на оваа година и покрај постојаните внатрешни спорови и блокади кои го забавуваат спроведувањето на реформите. Во пресрет на пристигнувањето на Фон дер Лајен, Претставничкиот дом на Парламентот на БиХ донесе резолуција со која ги повикува властите на ЕУ да започнат преговори за членство. Фон дер Лајен рече дека Брисел сега очекува „силен напредок“ од Босна и Херцеговина во спроведувањето на 14 реформи и дека земјата не смее да си дозволи никакво назадување, особено во однос на владеењето на правото и основните слободи. Таа посочи и дека новиот план за раст на Западен Балкан, вреден шест милијарди долари, е најдобар доказ за јасната поддршка на ЕУ за целиот регион, но распределбата на овие пари зависи и од спроведувањето на реформите, исто како што зависи и од тоа колку долго ќе продолжи да работи Канцеларијата на високиот претставник (ОХР) со извршни овластувања во БиХ. - Ова е уште еден поттик за сите да ја искористат оваа можност, рече таа и додаде дека шест милијарди евра поддршка, од кои две милијарди се грантови, не биле однапред распределени по земја, туку ќе бидат распределени „според заслугите“. Планот за раст на Европската комисија за регионот значи отворање поголеми можности за поврзување на економиите и воспоставување отворен регионален пазар, кој веднаш може да го зголеми БДП во регионот за 10 проценти. Со поврзувањето на единствените пазари на регионот и ЕУ, оценува Брисел, економскиот раст на балканските држави би се удвоил во период од десет години. -Мојата прва порака е повторно да нагласам дека иднината на Босна и Херцеговина е во Европската Унија и дека ве сакаме во нашето општество како полноправна членка. Ви даваме силна поддршка на вашиот пат кон таа цел. Она што не можеме да го прифатиме е назадување поврзано со нашите заеднички вредности, како и со поделбите во кој било дел од вашата земја, рече Фон дер Лајен. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fon-der-lajen-bih-treba-da-bide-del-od-eu-no-toa-ne-e-mozhno-bez-reformi/feed/ 0
Нешиќ: Постои опасност од терористички напад во БИХ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/neshik-postoi-opasnost-od-teroristichki-napad-vo-bih/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/neshik-postoi-opasnost-od-teroristichki-napad-vo-bih/#respond Tue, 31 Oct 2023 12:43:41 +0000 https://kurir.mk/?p=894933

Министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ денеска изјави дека и во таа земја постои опасност од терористички напад, па тамошните безбедносни агенции ги зголемија мерките на претпазливост. – Бев информиран од безбедносните агенции дека постои опасност и ризик од терористички напад во Босна и Херцеговина, изјави Нешиќ во Сараево, одговарајќи на прашања на новинарите кои побараа од него да ги коментира тврдењата кои претходно се појавија во италијанските медиуми. Според италијанскиот „Ил Темпо“, разузнавачките служби имаат податоци за дваесетина терористички ќелии на Западен Балкан, кои се составени од радикални исламисти, а се проценува дека постои опасност од нивните постапки по ескалацијата на конфликтот во Блискиот Исток. Нешиќ тогаш рече дека има пораст на екстремизмот во целиот свет, а БиХ не е исклучок, но одби да каже зошто конкретно безбедносните агенции во БиХ ги зголемиле мерките на претпазливост. - Никој нема да биде оштетен од ова, а можеме да спречиме евентуален терористички напад во Босна и Херцеговина, изјави министерот за безбедност на Босна и Херцеговина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/neshik-postoi-opasnost-od-teroristichki-napad-vo-bih/feed/ 0
Делегација на ЕУ во БиХ разочарана од неуспехот да се постигне компромис на политичките лидери во земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/delegatsija-na-eu-vo-bih-razocharana-od-neuspehot-da-se-postigne-kompromis-na-politichkite-lideri-vo-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/delegatsija-na-eu-vo-bih-razocharana-od-neuspehot-da-se-postigne-kompromis-na-politichkite-lideri-vo-zemjata/#respond Fri, 27 Oct 2023 12:19:24 +0000 https://kurir.mk/?p=893782

Делегацијата на ЕУ во БиХ соопшти дека по вчерашната средба на политичките лидери на владејачката коалиција во Сараево била охрабрена од веста за можен напредок во однос на донесувањето на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, како и почеток на преговори за договор со Фронтекс, пренесе Бета. -Од друга страна, разочарувачки е што не можеше да се постигне компромис во однос на седиштето на Апелациониот суд на БиХ. Клучниот приоритет 6 од Мислењето на Европската комисија ја нагласува потребата од подобрување на функционирањето на судството, вклучително и усвојувањето на новиот Закон за судови, соопшти денеска Делегацијата на ЕУ во БиХ. Тие додаваат дека дискусијата била водена меѓу централата во Источно Сараево и Бања Лука. -Во согласност со мислењето на Венецијанската комисија за ова прашање, ЕУ забележува дека при определувањето на седиштето треба да се земе предвид близината на клучните елементи како што се обвинителствата, притворските установи и воспитно-поправните установи, како и службите за правна помош, се вели во соопштението. Се додава дека ЕУ не гледа причина политичките актери да инсистираат на Бања Лука наместо на Источно Сараево. Претставниците на Алијансата на независни социјалдемократи (СНСД), чиј лидер е Милорад Додик, побараа седиштето на Апелациониот оддел на Судот на Босна и Херцеговина да биде во Бања Лука, додека претставниците на пробосанската коалиција „Тројка“ остана на ставот дека седиштето на тој оддел треба да биде во Источно Сараево.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/delegatsija-na-eu-vo-bih-razocharana-od-neuspehot-da-se-postigne-kompromis-na-politichkite-lideri-vo-zemjata/feed/ 0
Подигнат е степенот на безбедност на дипломатските претставништва во Босна и Херцеговина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/podignat-e-stepenot-na-bezbednost-na-diplomatskite-pretstavnishtva-vo-bosna-i-hertsegovina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/podignat-e-stepenot-na-bezbednost-na-diplomatskite-pretstavnishtva-vo-bosna-i-hertsegovina/#respond Mon, 23 Oct 2023 15:48:16 +0000 https://kurir.mk/?p=892257

Дирекцијата за координација на полициските тела на Босна и Херцеговина го подигна нивото на безбедност на сите објекти од витално значење, како и објектите на дипломатските претставништва во БиХ поради актуелните настани во Газа, како и најновите напади во Белгија и Франција, пренесува агенцијата Фена. „Дирекцијата го зголеми нивото на безбедност на амбасадата и резиденцијата на амбасадорот на „Државата Палестина во Босна и Херцеговина“ и испрати барање до Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево да го зголеми присуството на полициски службеници во околината на споменатиот објект“, се вели во изјавата на Дирекцијата дадена за Фена. Испратено е и депеше до сите безбедносни служби во Босна и Херцеговина, дека со цел да се заштитат и зачуваат граѓаните, како и културните и верските објекти, „да се зголеми присуството на полициски службеници на локалитети каде што се наоѓаат објекти од значење за еврејската и палестинската заедница во Босна и Херцеговина“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/podignat-e-stepenot-na-bezbednost-na-diplomatskite-pretstavnishtva-vo-bosna-i-hertsegovina/feed/ 0
Двајца мигранти се уапсени во прифатниот центар Блажуј, кај Сараево, 17 ќе бидат депортирани од БиХ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dvajtsa-migranti-se-uapseni-vo-prifatniot-tsentar-blazhuj-kaj-saraevo-17-ke-bidat-deportirani-od-bih/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dvajtsa-migranti-se-uapseni-vo-prifatniot-tsentar-blazhuj-kaj-saraevo-17-ke-bidat-deportirani-od-bih/#respond Mon, 23 Oct 2023 14:35:07 +0000 https://kurir.mk/?p=892240

Припадници на повеќе полициски агенции во Босна и Херцеговина денеска спроведоа операција „Рација“ во прифатниот центар за мигранти Блажуј кај Сараево, при што уапсија две лица од Либија и Мароко за поседување наркотична дрога. Во акцијата пронајдено е ладно оружје, како и наркотична дрога марихуана и хероин. Во акцијата е констатирано и дека 17 лица сместени во прифатниот центар илегално престојуваат на територијата на Босна и Херцеговина, поради што може да се поврзат со шверц на луѓе и други незаконски активности. Како што беше најавено, тие ќе бидат протерани од БиХ. Триста припадници на неколку полициски агенции во БиХ денеска извршија претрес во центарот за мигранти во Блажуј кај Сараево со цел да пронајдат лица кои нелегално престојуваат таму, како и да откријат нелегално оружје и наркотици. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dvajtsa-migranti-se-uapseni-vo-prifatniot-tsentar-blazhuj-kaj-saraevo-17-ke-bidat-deportirani-od-bih/feed/ 0
Халилхоџиќ не сака на клупата на БиХ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/halilhodhik-ne-saka-na-klupata-na-bih/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/halilhodhik-ne-saka-na-klupata-na-bih/#respond Fri, 22 Sep 2023 14:44:28 +0000 https://kurir.mk/?p=880812

Искусниот фудбалски стратег Вахид Халилхоџиќ ја отфрли можноста да ја преземе должноста селектор на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, од која вчера беше сменет Мехо Кодро. „Ваха не е кандидат и нема да биде селектор на БиХ“, изјави 70-годишниот Халилхоџиќ за сараевскиот весник „Дневни аваз“, по медиумските шпекулации дека ќе биде наследникот на Кодро. Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина одлучи му врачи отказ на Кодро (49), кој на должноста остана само два натпревари, идентично како и во 2008 година. Кодро седна на клупата на БиХ на почетокот на август на местото на Фарук Хаџибегиќ и ја предводеше репрезентацијата на натпреварите против Лихтенштајн (2-1) и Исланд (0-1) во рамки на квалификациите за пласман на ЕУРО2024.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/halilhodhik-ne-saka-na-klupata-na-bih/feed/ 0
Хаос на границата меѓу Хрватска и Босна: Полицајци пријавиле дека мигранти пукале кон нив https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haos-na-granitsata-megu-hrvatska-i-bosna-politsajtsi-prijavile-deka-migranti-pukale-kon-niv/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haos-na-granitsata-megu-hrvatska-i-bosna-politsajtsi-prijavile-deka-migranti-pukale-kon-niv/#respond Thu, 21 Sep 2023 15:27:38 +0000 https://kurir.mk/?p=880388

Специјалци кои дежураат на границата меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина во реонот на Карловачката жупанија им пријавиле на надлежните дека од групата мигранти кои вчера во попладневните часови ја одвратиле во Босна и Херцеговина било пукано кон нив од огнено оружје, пишува „Јутарњи лист“. Првата пријава во ПУ Карловац дошла околу 15 часот и 40 минути, во која припадниците на полициската управа Осиек пријавиле дека запреле група мигранти во пограничниот град Корански Луг на подрачјето на Цетинград, село кое се наоѓа на границата со Босна и Херцеговина. Дали во нив пукале мигранти, можеби шверцер или некој друг, засега не е познато, но тоа би можело да биде наскоро, бидејќи полицијата на овие две земји го истражува случајот. Специјалците од Осиек наведуваат дека истрелот дошол откако група одбиени мигранти се упатиле кон Босна и Херцеговина од демаркациската линија меѓу двете држави. Тие самите не го виделе чинот, но слушнале пукање од огнено оружје, а потоа звук на зрно што удира во гранка во крошна на хрватската страна, во непосредна близина на хрватските полицајци, пренесува „Јутарњи лист“. По овој настан, истото попладне сплитските специјалци, кои исто така дежураат во тој реон, пријавиле дека слушнале уште два истрела на страната на границата на БиХ, но за разлика од нивните колеги од Осиек, велат дека имало нема индиции дека истрелите биле насочени кон нив. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haos-na-granitsata-megu-hrvatska-i-bosna-politsajtsi-prijavile-deka-migranti-pukale-kon-niv/feed/ 0
Како одговор на забраната на Додик, Шмит свика и го откажа состанокот во Бања Лука https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kako-odgovor-na-zabranata-na-dodik-shmit-svika-i-go-otkazha-sostanokot-vo-bana-luka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kako-odgovor-na-zabranata-na-dodik-shmit-svika-i-go-otkazha-sostanokot-vo-bana-luka/#respond Tue, 12 Sep 2023 14:43:26 +0000 https://kurir.mk/?p=877325

Високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит денеска свика, а потоа ја откажа средбата во Бања Лука, откако повеќето опозициски српски политичари и еден од потпретседателите на Република Српска најавија дека нема да учествуваат на неа, што требаше да биде одговор на српскиот лидер Милорад Додик дека Шмит не треба да доаѓа во РС. Канцеларијата на високиот меѓународен претставник (ОХР) објави дека посетата на Шмит на Бања Лука „не била дефинитивно договорена“. „Денеска високиот претставник свесно одлучи да не учествува во оркестрирана театарска претстава, земајќи ги предвид интересите на сите граѓани на Босна и Херцеговина“, соопшти ОХР. Во соопштението се додава дека денеска Шмит разговарал со потпретседателот на Република Српска Чамило Дураковиќ за состојбата со повратниците во тој ентитет и дека се договориле овој разговор да продолжи наскоро. Минатата недела претседателот на Република Српска Милорад Додик, против кого беше потврдено обвинението за неприменување на одлуките на високиот меѓународен претставник, прво се закани дека ќе го уапси Шмит доколку стапне во Република Српска. Откако се соочи со остри осуди од меѓународната администрација, вклучително и од Стејт департментот, Додик ретерираше дека Шмит нема официјално да се сретне со никого во тој ентитет.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kako-odgovor-na-zabranata-na-dodik-shmit-svika-i-go-otkazha-sostanokot-vo-bana-luka/feed/ 0
Петмина повредени во пресметка меѓу фудбалски навивачи во БиХ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/petmina-povredeni-vo-presmetka-megu-fudbalski-navivachi-vo-bih/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/petmina-povredeni-vo-presmetka-megu-fudbalski-navivachi-vo-bih/#respond Mon, 04 Sep 2023 17:07:57 +0000 https://kurir.mk/?p=874472

Петмина хулигани, навивачи на босанско-херцеговските фудбалски прволигашки екипи Вележ и Железничар, се повредени, од кои двајца потешко и се задржани во болница, во пресметка на двете групи во Мостар. Инцидентот, како што потврди локалната полиција, се случил во центарот на Мостар пред одигрувањето на вчерашниот првенствен натпревар меѓу домашниот Вележ и сараевски Железничар. Полицијата брзо интервенирала и спречила поголема ескалација на инцидентот. Во пресметката меѓу навивачката група „Црвена Армија“ од Мостар и „Манијаци“ од Сараево повредени се пет лица, а двајца се хоспитализирани со тешки повреди на главите и рацете, но се вон животна опасност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/petmina-povredeni-vo-presmetka-megu-fudbalski-navivachi-vo-bih/feed/ 0
Вежба на ЕУФОР од 11 до 29 септември во БиХ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vezhba-na-eufor-od-11-do-29-septemvri-vo-bih/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vezhba-na-eufor-od-11-do-29-septemvri-vo-bih/#respond Wed, 30 Aug 2023 16:34:27 +0000 https://kurir.mk/?p=872639

Годишната вежба на ЕУФОР за брз одговор 2023 ќе се одржи низ Босна и Херцеговина од 11 до 29 септември, објави Бета. Во вежбата ќе партиципираат војници од 22 земји кои учествуваат во мисијата ЕУФОР. Составот на мировните сили на ЕУ во БиХ привремено ќе биде зајакнат со испраќање на резервни сили, соопшти денеска мисијата ЕУФОР. Целта на вежбата е да се покаже подготвеноста на ЕУФОР и да се потврди континуираната поддршка за одржување на безбедна и стабилна средина во Босна и Херцеговина, се вели во соопштението. Во деновите пред почетокот на вежбата, граѓаните на Босна и Херцеговина може да очекуваат зголемено движење на војниците и транспорт на опрема додека резервните сили пристигнуваат во земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vezhba-na-eufor-od-11-do-29-septemvri-vo-bih/feed/ 0