бијар османи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 21 Jan 2019 18:33:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бијар османи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Каракамишева до Османи: Венецијанската комисија не е вашето гранапче во Мала Речица каде што со финти и игри си ги создавате политичките добивки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-do-osmani-venecijanskata-komisija-ne-e-vasheto-granapche-vo-mala-rechica-kade-shto-so-finti-i-igri-si-gi-sozdavate-politichkite-dobivki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-do-osmani-venecijanskata-komisija-ne-e-vasheto-granapche-vo-mala-rechica-kade-shto-so-finti-i-igri-si-gi-sozdavate-politichkite-dobivki/#respond Mon, 21 Jan 2019 18:33:41 +0000 https://kurir.mk/?p=154960

Му благодарам на заменик претседателот на Владата, Бујар Османи што си го покажа своето вистинско лице нарекувајќи ме "деструктивен елемент за кој ќе гледале со коалиционите партнери како да биде повлечен од Венецијанската комисија", пишува професорката Тања Каракамишева на социјалните мрежи, а нејзиниот статус ви го пренесуваме во целост во продолжение. Тој "деструктивен елемент" кој Вие сакате да го тргнете од Комисијата е професор по Уставно право и политички систем кој НЕМА ДА МОЖЕТЕ ДА ГО ПОВЛЕЧЕТЕ до 2020 година додека му трае мандатот во Комисијата. Правилата на употреба на малцинските јазици во државите, г-дине Османи, не зависат од професор Каракамишева, ниту пак зависат од Вас, за целата среќа. Тие правила мора да бидат во согласност со меѓународните и европските документи за правото и опсегот на употреба на истите во државите. Тоа што Вие, г-дине Бујар сакате во Македонија да важи нешто што не важи за ниту едно малцинство во светот е проблем на Вашата партија, но не и на правната наука и експертската анализа. Како доктор по медицина, Вие Бујар очигледно немате поим за стандардите и правилата поврзани со употребата на малцинските јазици во светот. Токму затоа Вие немате никакво право да зборувате за правните правила, а уште помалку имате право да се мешате во работата на Комисијата и хипотетички да претпоставувате кој врз кого може да има влијание при донесувањето на одлуките. Г-дине Бујар, Венецијанската комисија не е вашето гранапче во Мала Речица каде што со Вашите финти и игри си ги создавате политичките добивки. Венецијанската комисија е сериозно експертско тело кое на темелен и аргументиран начин ги проценува и анализира правните акти. Вашиот коментар дека Комисијата ќе биде под влијание на моите "субјективни ставови" ја покажува вашата елементарна некултура и непознавање како функционираат институциите со кои за жал вие имате секојдневен контакт! И да, за ваквиот Ваш срамен јавен коментар ќе бидат информирани претседателот, генералниот секретар и сите членови на Венецијанската комисија за да се разуверат во Вашиот демократски капацитет. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-do-osmani-venecijanskata-komisija-ne-e-vasheto-granapche-vo-mala-rechica-kade-shto-so-finti-i-igri-si-gi-sozdavate-politichkite-dobivki/feed/ 0
Грчки медиуми: Османи во Атина, можна средба Ципрас – Заев во Давос https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchki-mediumi-osmani-vo-atina-mozna-sredba-cipras-zaev-vo-davos/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchki-mediumi-osmani-vo-atina-mozna-sredba-cipras-zaev-vo-davos/#respond Thu, 04 Jan 2018 08:15:46 +0000 http://kurir.mk/?p=6261

Јануари е месецот во кој се очекува развој на настаните во прашањето за името, објавуваат грчките медиуми и овој став го поткрепуваат со можните средби што би се случиле во следниот период.

Посета на вицепремиерот Бујар Османи на Атина, нова рунда разговори за името, посета на генералниот секретар на НАТО на Скопје и евентуална средба на премиерите на двете земји во Давос се активностите предвидени за јануари, според медиумите кај јужниот сосед.

Османи и Коѕијас

Повикувајќи се на свои извори, телевизиите „Скај“ и „Action 24“, весниците „То Вима и „Та неа“ и дел од грчките информативни портали, јавува дописникот на МИА од Атина, објавија дека во понеделник или вторник вицепремиерот на Македонија, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, ќе ја посети Атина и ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас и неговиот заменик Јоргос Катругалос.

Грчките медиуми, преземајќи ги информациите објавени во македонските медиуми вчера, објавија дека за 2 седмици медијаторот Нимиц, ќе одржи нова рунда разговори со претставниците на двете земји, а на 17 и 18 јануари во Скопје, по 3 години ќе дојде генералниот секретар на НАТО.

Според непотврдени информации во грчките медиуми, доколку има напредок во разговорите и доколку и двајцата премиери и Зоран Заев и Алексис Ципрас заминат за Давос, Швајцарија на Светскиот економски форум од 23 до 26 јануари, тогаш е многу веројатно да остварат и билатерална средба.

Во Грција, јавува дописникот на МИА од Атина, Македонија и понатаму е „жешка тема“, со оглед на тоа дека секоја партија има свој став и свои барања. Владината коалиција е со различни позиции, СИРИЗА бара сложено ерга омнес име, Независни Грци се против употребата на терминот Македонија во името, опозициските партии бараат единствена и заедничка позиција од грчката влада, грчката влада пак, од опозициските партии бара јасен став дали ќе го поддржи евентуалниот договор со соседната земја. 

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchki-mediumi-osmani-vo-atina-mozna-sredba-cipras-zaev-vo-davos/feed/ 0