Бил Гејтс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 16 Jun 2023 08:46:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Бил Гејтс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Претседателот на Кина одржа средба со американскиот милијардер Бил Гејтс https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-kina-odrzha-sredba-so-amerikanskiot-milijarder-bil-gejts/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-kina-odrzha-sredba-so-amerikanskiot-milijarder-bil-gejts/#respond Fri, 16 Jun 2023 08:46:32 +0000 https://kurir.mk/?p=846418

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска се сретна со милијардерот и ко-основач на Мајкрософт, Бил Гејтс, кој престојува во Пекинг во обид да ги поддржи напорите на Кина во медицинските истражувања. Средбата, за која информираше кинеската државна телевизија, се одржа два дена пред долгоочекуваната посета на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, во време на дипломатски тензии меѓу Пекинг и Вашингтон. - Вие сте првиот американски пријател што го запознав оваа година. Ние секогаш влеваме надеж во американскиот народ и се надеваме дека пријателството меѓу двата народа ќе продолжи, рече Си Џинпинг. Бил Гејтс беше примен од Си како копретседател на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, се додава во соопштението. Во последниве години, само неколку американски бизнисмени имаа одделна средба со Си, вклучувајќи го и Тим Кук, кој е на чело на Епл и Џеф Безос од Амазон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-kina-odrzha-sredba-so-amerikanskiot-milijarder-bil-gejts/feed/ 0
Најмладата ќерка на Бил Гејтс: Ми пречат лажните гласини за семејството https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmladata-kerka-na-bil-gejts-mi-prechat-lazhnite-glasini-za-semejstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmladata-kerka-na-bil-gejts-mi-prechat-lazhnite-glasini-za-semejstvoto/#respond Mon, 06 Mar 2023 15:31:39 +0000 https://kurir.mk/?p=808721

Фиби Гејтс, најмладата ќерка на Бил Гејтс, инаку успешна „тиктокерка“, признава дека она што најмногу ѝ пречи во животот е тоа што јавноста создава лажни мислења за неа и нејзиното семејство. Имено, Фиби во интервју за „Информејшн“ објасни дека ѝ пречат гласините и теориите на заговор за татко ѝ, избрзаните и погрешни заклучоци, а убедена е и дека луѓето ја следат на интернет само затоа што е ќерка на Бил Гејтс. - Прилично сум сигурна дека луѓето почнуваат да ме следат поради моето презиме и татко ми. Веројатно на луѓето им е смешно да го видат татко ми како си игра со „Боксболен“ („паметна“ вреќа за бокс)... Но, штом ќе ме заследат, главно остануваат на мојот профил. И мислам дека остануваат затоа што објавувам многу за жените, женското здравје и слични работи, изјави Фиби. Фиби рече и дека нејзината мајка ѝ е поддршка и оти е љубопитна за секој нејзин успех на социјалните мрежи. - Таа разбира дека токму тука растат младите луѓе денес. И татко ми објавува доста на социјалните мрежи, но тој самиот не следи други луѓе, додаде Фиби. Младата девојкa патем нагласи дека ѝ е смачено од некои следачи што ја критикуваат оти е во врска со црнец, т.е. со Роберт Рос. - Момци, 2023 година е и ме прашувате зошто сум во меѓурасна врска!?, праша Гејтс реторички. Инаку, Гејтс има повеќе од 64.000 следачи на Тик-ток, а 195.000 луѓе ја следат на Инстаграм.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmladata-kerka-na-bil-gejts-mi-prechat-lazhnite-glasini-za-semejstvoto/feed/ 0
Бил Гејтс резервирал цел ресторан со 3 Мишелин ѕвезди, готвачот збеснал поради неговата нарачка https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/bil-gejts-rezerviral-tsel-restoran-so-3-mishelin-zvezdi-gotvachot-zbesnal-poradi-negovata-narachka/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/bil-gejts-rezerviral-tsel-restoran-so-3-mishelin-zvezdi-gotvachot-zbesnal-poradi-negovata-narachka/#respond Wed, 22 Feb 2023 07:35:21 +0000 https://kurir.mk/?p=803452

Познатиот шпански готвач Џорди Круз, сопственик на ресторанот ABaC во Барселона, кој има три Мишелин ѕвезди, раскажа како Бил Гејтс ги оставил без зборови него и вработените. -Пред неколку години, Бил Гејтс дојде во ресторанот. Со него дојдоа неговите 25 телохранители, придружба... Бил изнајми цел ресторан само за нив, а ние ја подготвивме најдобрата храна. И што направи? Нарача диетална кока-кола, стана и отиде со својот авион, изјави готвачот во една ТВ емисија. На постојаното прашање на водителот за тоа што нарачал, готвачот одговори. -Ништо, рече Круз и додаде дека поради Гејтс ги прекинал резервациите во ресторанот на два дена. Потегот на Гејтс навистина го налутил. -Дали навистина треба да затворите цело место за да пиете кока-кола?, праша тој. Инаку, менито за дегустација во ресторанот ABaC чини 295 евра. Гејтс е познат по годините на залагање за поодржлив систем на храна. Поддржува алтернативни брендови за месо како што се Beyond Meat, Impossible Foods и Upside Foods.

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/bil-gejts-rezerviral-tsel-restoran-so-3-mishelin-zvezdi-gotvachot-zbesnal-poradi-negovata-narachka/feed/ 0
Бил Гејтс: Луѓето кои допрва ќе се родат ќе живеат подобро од нивните родители https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/bil-gejts-lugeto-koi-doprva-ke-se-rodat-ke-zhiveat-podobro-od-nivnite-roditeli/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/bil-gejts-lugeto-koi-doprva-ke-se-rodat-ke-zhiveat-podobro-od-nivnite-roditeli/#respond Thu, 26 Jan 2023 11:58:49 +0000 https://kurir.mk/?p=792280

Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе во светот, неодамна изјави дека е оптимист за иднината на човештвото и покрај многуте предизвици со кои се соочува. Тој е на мислење дека на секој човек што ќе се роди наредните неколку децении ќе му биде подобро отколку на родените во било кое време досега. „Сè уште сум оптимист дека ќе биде подобро за оние кои ќе се родат 20-40 години од сега, 60 години од денес отколку во кое било време во минатото“, рече тој при неодамнешната посета на Институтот во Сиднеј. Гејтс потсети дека постојат многу обесхрабрувачки трендови, како што се несоодветниот одговор на пандемијата на коронавирусот, неисполнувањето на целите во борбата против климатските промени и зголемувањето на политичките поделби во Соединетите Американски Држави. Анкетата на Агенцијата за истражување на јавното мислење „Галуп“ од октомври минатата година покажа дека 42 отсто од Американците веруваат дека младите ќе имаат подобар животен стандард од нивните родители. Тоа е за 19 отсто помалку отколку во 2019 година, кога беше спроведено истражување за истото прашање. Сепак, Гејтс, кој е ко-основач на „Мајкрософт“, верува дека песимистите не ја согледуваат целосната слика. Тој укажа на напредокот во здравството, нагласувајќи дека глобалната стапка на смртност на децата до пет години е преполовена во последните две децении. „Бројот иновации за подобрување на општата човечка состојба ќе продолжи да биде драматичен. Ќе ја третираме дебелината, ракот и ќе ја искорениме детската парализа“, нагласи тој. Гејтс го пофали потенцијалот за евтина и ефикасна зелена енергија, како и технолошкиот напредок што овозможува образовните и здравствените системи да имаат глобално влијание. Тој рече дека работите се подобруваат. „Погледнете ги работите и кажете: „Добро, каде бевме пред 300 години?“, рече тој, посочувајќи дека просечниот животен век значително се зголемил последните 300 години. Просечниот животен век во 1700 година бил 40 години, а во САД денес е 76,1 година. „Без разлика дали сте биле крал или сиромашен, дали сте биле изложени на висока смртност на доенчиња и ниско ниво на писменост. Значи, иновациите со текот на времето се феноменална приказна“, заклучува мултимилијардерот. Коментарите на Гејтс се слични на оние на американскиот милијардер Чарли Мангер. Смета дека сите луѓе треба да бидат посреќни и не разбира зошто не се задоволни со она што го имаат, особено споредбено со оние кои поминале низ тешки времиња во минатото.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/bil-gejts-lugeto-koi-doprva-ke-se-rodat-ke-zhiveat-podobro-od-nivnite-roditeli/feed/ 0
Познатите милијардери ќе станат баба и дедо: Бил Гејтс го чека првото внуче од ќерка (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poznatite-milijarderi-kje-stanat-baba-i-dedo-bil-gejts-go-cheka-prvoto-vnuche-od-kjerka-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poznatite-milijarderi-kje-stanat-baba-i-dedo-bil-gejts-go-cheka-prvoto-vnuche-od-kjerka-foto/#respond Fri, 25 Nov 2022 19:04:10 +0000 https://kurir.mk/?p=766692

Бил Гејтс и сопругата Мелинда ќе станат баба и дедо за првпат. Џенифер Гејтс (26) ја објави среќната вест на „Денот на благодарноста“ со прекрасна фотографија на Инстаграм. Џенифер го чека своето прво дете со сопругот, египетско-американскиот џокеј Најел Насер. Познатата наследничка и нејзиниот три години постар сопруг се венчаа минатата година. Како што изјави за „Вог“, било тежок предизвик да се организира прославата поради пандемијата и семејните околности, имајќи предвид дека нејзините родители во тоа време веќе биле разведени, по повеќе од две и пол децении брак. Прославата траеше два дена, ја организираше експертот за венчавки Марси Блум, сѐ чинеше околу два милиони долари, а меѓу многуте познати гости беа Кевин Бејкон, Леброн Џејмс и Били Џоел. Да потсетиме, Мелинда и Бил Гејтс беа во брак од 1994 до 2021 година. Покрај Џенифер, тие ја имаат ќерката Фиби и синот Рори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poznatite-milijarderi-kje-stanat-baba-i-dedo-bil-gejts-go-cheka-prvoto-vnuche-od-kjerka-foto/feed/ 0
Бил Гејтс призна: Пиев вода од септичка јама https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bil-gejts-prizna-piev-voda-od-septichka-jama/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bil-gejts-prizna-piev-voda-od-septichka-jama/#respond Tue, 22 Nov 2022 12:37:05 +0000 https://kurir.mk/?p=764793

Милијардерот Бил Гејтс на својот профил на Linkedin по повод Светскиот ден на тоалетот во саботата напиша дека еднаш пиел прочистена вода направена од фекална тиња, додека бил гостин кај Џими Фалон. Станува збор за пробна вода од компанијата на Гејтс Омнипроцесор, која канализационата вода ја претвора во чиста и вода за пиење. -Направив чудни ср*ња низ годините, пиев вода од септичка јама со Џими Фалон, делев бина со стаклена цевка полна со човечки измет и мирисав на тоалет...Овие лудории предизвикаа смеа, но мојата цел отсекогаш била да ги натерам луѓето да се грижат за проблемот што погодува 3,6 милијарди луѓе, за лошите санитарни услови, рече Гејтс. Додава дека благодарение на научниците и инженерите од целиот свет, се доближуваме до нови решенија кои ќе ги спречат болестите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bil-gejts-prizna-piev-voda-od-septichka-jama/feed/ 0
„Кризата во Европа е добра“, смета Бил Гејтс https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/krizata-vo-evropa-e-dobra-smeta-bil-gejts/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/krizata-vo-evropa-e-dobra-smeta-bil-gejts/#respond Thu, 20 Oct 2022 12:55:03 +0000 https://kurir.mk/?p=748443

Кризата за снабдување и достапност на гас во Европа е всушност „добра на долг рок“, изјави ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс за CNBC. Тој објасни дека тоа на крајот ќе го принуди континентот да ја прифати обновливата енергија, додавајќи дека „луѓето нема да сакаат да бидат зависни од рускиот природен гас“. Гејтс призна дека јавноста „стана донекаде оптимист за тоа колку брзо може да се изврши транзицијата (на обновливата енергија)“, признавајќи ја потребата да се најдат „неруски извори на јаглеводороди“. Елаборирајќи го ова прашање, основачот на климатско ориентираниот фонд Breakthrough Energy Ventures објави есеј со наслов „Состојбата на енергетската транзиција“ на својот блог. Зборувајќи за глобалните емисии на стакленички гасови, Гејтс истакна дека крајната цел „од 51 милијарда тони годишно на нула“ треба да се постигне „во следните три децении“. Милијардерот инсистираше на тоа дека не би било во ред да се „одземат сите пари од секторот (фосилни горива)“, бидејќи „со помош на тоа луѓето денес може да дојдат на работа и да избегнат замрзнување во зима“. Сепак, рече тој, не може да се верува дека пазарите сами ќе се движат кон обновливите извори на енергија – „потребен е план за забрзување на процесот“. Опишувајќи го својот план, тој рече дека треба да се измислат нови технологии за чиста енергија и да се зголемат на „фер“ начин што нема да ги остави зад себе земјите во развој. Ќе биде неопходно да им се помогне на луѓето да се прилагодат на новите околности со финансирање на индустрии како што е „науката за посеви“, во којаинвестираат Гејтс и неговата фондација. ЕУ неодамна се согласи да ја намали побарувачката на гас за 15 отсто оваа зима „со цел да се подготви за можни прекини во испораките на гас од Русија“. Меѓутоа, на почетокот на овој месец, германскиот регулатор за природен гас откри дека земјата всушност користела 14,5 отсто повеќе гас во септември од петгодишниот просек, предупредувајќи дека недостигот е неизбежен доколку не ја намалат потрошувачката.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/krizata-vo-evropa-e-dobra-smeta-bil-gejts/feed/ 0
Бил Гејтс сака да го продлабочи партнерството со Јужна Кореја во областа на здравствената заштита https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bil-gejts-saka-da-go-prodlabochi-partnerstvoto-so-juzna-koreja-vo-oblasta-na-zdravstvenata-zashtita/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bil-gejts-saka-da-go-prodlabochi-partnerstvoto-so-juzna-koreja-vo-oblasta-na-zdravstvenata-zashtita/#respond Tue, 16 Aug 2022 17:57:51 +0000 https://kurir.mk/?p=719471

Американскиот бизнисмен и филантроп Бил Гејтс денеска ја повика Јужна Кореја да придонесе за зголемување на меѓународните напори за спречување на заразни болести како што е Ковид, нагласувајќи ја потребата светот да биде подобро подготвен за следната пандемија. Во обраќањето пред јужнокорејскиот парламент во Сеул, американскиот милијардер повика на посилна глобална соработка, вклучително и во областа на развој на вакцини кои би биле ефективни за поширок опсег на коронавируси, за да го помине човештвото овој „критичен момент“ во светската здравствена заштита. Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс и владата на Јужна Кореја се обврзаа на партнерство насочено кон решавање на разликите меѓу здравствените системи на одделни земји и поддршка на напорите за искоренување на заразните болести во земјите во развој, објави ко-основачот на софтверскиот гигант Мајкрософт. Бил Гејтс ја истакна силата на Јужна Кореја во здравството, истражувањето и производството на вакцини. Тој го поздрави ветувањето на земјата да донира 200 милиони американски долари за програмата КОВАКС поддржана од ОН, која обезбедува вакцини против Ковид за посиромашните земји. Тој потоа се сретна со јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јол, кој ги објасни плановите на владата за промовирање на биомедицинскиот сектор и изрази подготвеност за понатамошна соработка со фондацијата на милијардерот филантроп за „подобрување на здравјето“ на луѓето ширум светот. Гејтс ја нарече Јужна Кореја „добар партнер“ за неговата фондација во здравствени проекти, вклучително и развој на подостапни вакцини против Ковид-19 и борба против ХИВ, маларија и туберкулоза. – Се надеваме дека ќе можеме повеќе заедно, потенцираше Бил Гејтс.Гејтс ја нарече Јужна Кореја „добар партнер“ за неговата фондација во здравствени проекти, вклучително и развој на подостапни вакцини против СОВИД-19 и борба против ХИВ, маларија и туберкулоза. „Се надеваме дека ќе можеме повеќе заедно“, рече тој, цитиран од кабинетот на јужнокорејскиот претседател.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bil-gejts-saka-da-go-prodlabochi-partnerstvoto-so-juzna-koreja-vo-oblasta-na-zdravstvenata-zashtita/feed/ 0
Бил Гејтс донира 20 милијарди долари на својата хуманитарна фондација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bil-gejts-donira-20-milijardi-dolari-na-svojata-humanitarna-fondacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bil-gejts-donira-20-milijardi-dolari-na-svojata-humanitarna-fondacija/#respond Thu, 14 Jul 2022 08:37:38 +0000 https://kurir.mk/?p=704921

Соосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс донира 20 милијарди долари во хуманитарна фондација која ја води заедно со поранешната сопруга, Мелинда Гејтс за да ги зголемат годишните исплати. Донацијата ќе и помогне на Фондацијата, која е една од најголемите приватни хуманитарни фондации во светот, да ги зголеми годишните исплати за 50 проценти на девет милијарди долари до 2026 година. -Големи кризи во нашите времиња од сите нас бараа да направиме нешто повеќе, напиша Гејтс мислејќи на војната во Украина, климатските промени и ковидпандемијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bil-gejts-donira-20-milijardi-dolari-na-svojata-humanitarna-fondacija/feed/ 0
Бил Гејтс: Криптовалутите се измама за будали https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bil-gejts-kriptovalutite-se-izmama-za-budali/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bil-gejts-kriptovalutite-se-izmama-za-budali/#respond Wed, 15 Jun 2022 19:37:00 +0000 https://kurir.mk/?p=691395

Американскиот милијардер Бил Гејтс не е фан на криптовалутите и NFT. Основачот на Мајкрософт на конференцијата ThechCrunch изјави дека криптовалутите се измама. „Тие трендови на дигитален имот 100% се темелат на „теоријата за поголеми будали“, рече Гејтс. Своето се повика на теоријата според која понекогаш може да се заработи со купување на преценет имот ако тој имот пододцна може да се продаде по уште повисока цена. Еден „будала“ во тој случај би можел да купи прескап имот, надевајќи се дека може да го продаде на „уште поголем будала“ од себе и така да направи заработувачка. Тоа може да функционира се додека има доволно „будали“ подготвени да платат повеќе. Но, кога веќе никој нема да сака да купува, низатас е прекинува и следува голем пад на цените. Гејтс истакна дека тој не тргува со криптовалути и ги исмеа NFT, шегувајќи се дека „скапите дигитални слики на мајмуни исклучително ќе го подобрат светот“. Наспроти тоа, основачот на Мајкрософт рече дека преферира старомодни вложувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bil-gejts-kriptovalutite-se-izmama-za-budali/feed/ 0