Бил Паскрел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Feb 2023 12:18:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Бил Паскрел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Муцунски на средба со конгресменот Паскрел и директорот на ИРИ за Европа, Мекарти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mutsunski-na-sredba-so-kongresmenot-paskrel-i-direktorot-na-iri-za-evropa-mekarti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mutsunski-na-sredba-so-kongresmenot-paskrel-i-direktorot-na-iri-za-evropa-mekarti/#respond Thu, 02 Feb 2023 12:15:23 +0000 https://kurir.mk/?p=795163

Во текот на вчерашниот ден, а во рамките на посетата на Вашингтон, Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски оствари две одвоени работни средби, на кои тој ги претстави позициите на ВМРО-ДПМНЕ и македонските државни интереси и на кои се разговараше за прашањата поврзани со заедничката безбедност и подобрување на соработката помеѓу двете земји. Фокусот на првата средба со членот Конгресот на САД, Бил Паскрел беше ставен на потребата од продлабочување на заемната соработка помеѓу Македонија и САД, со посебен акцент на справувањето со безбедносните предизвици со кои се соочуваат нашите земји. На втората средба со Директорот за Европа во Меѓународниот републикански институт Пол Мекарти, Муцунски и Мекарти ја потврдија одличната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ во делот на сите заеднички активности, програми, проекти и директна поддршка кои тие ги преземаат кај нас. Тие заеднички заклучија дека токму овој вид соработка треба да продолжи и во иднина, во насока на реализација на нови проекти. Овие средби се уште една потврда за активното учество на ВМРО-ДПМНЕ во меѓународните односи, проактивната улога во претставувањето и презентирањето на македонските интереси, како и одржувањето на блиски врски со нашите партнери и пријатели во САД и низ целиот свет. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mutsunski-na-sredba-so-kongresmenot-paskrel-i-direktorot-na-iri-za-evropa-mekarti/feed/ 0