билингвални паралелки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 14 Mar 2023 14:28:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png билингвални паралелки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МОН: Се унапредува функционирањето и квалитетот на наставата во билингвалните паралелки во средните училишта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-se-unapreduva-funktsioniraneto-i-kvalitetot-na-nastavata-vo-bilingvalnite-paralelki-vo-srednite-uchilishta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-se-unapreduva-funktsioniraneto-i-kvalitetot-na-nastavata-vo-bilingvalnite-paralelki-vo-srednite-uchilishta/#respond Tue, 14 Mar 2023 14:28:45 +0000 https://kurir.mk/?p=811851

Со анекс на Спогодбата за соработка помеѓу Македонија и Франција која се однесува на средните училишта со франкофонски двојазични паралелки ќе се унапредува квалитетот на билингвалната настава која долги години е застапена во повеќе средни училишта во државава. Документот со кој се прецизираат одредбите од спогодбата, а со цел подобро функционирање и одржливост на овие паралелки, го потпишаа министерот за образование и наука Јетон Шаќири и францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер. Двајцата изразија задоволство што се продлабочуваат соработката и заложбите за поврзување на културите и јазиците на двете страни. Пред неколку месеци тие потпишаа и меморандум кој предвидува активности за поттикнување на изборот на францускиот јазик во основните и средните училишта, изработка на алатки за промоција на францускиот јазик и организација на настани наменети за раководните и педагошки тимови во училиштата, како и зајакнување на наставата по француски јазик во основните и средните училишта преку обезбедување на модерни технолошки помагала, организација на педагошки обуки во Франција, вмрежување на училишта од Франција, Македонија и регионот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-se-unapreduva-funktsioniraneto-i-kvalitetot-na-nastavata-vo-bilingvalnite-paralelki-vo-srednite-uchilishta/feed/ 0