биљал касами – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 11:36:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png биљал касами – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тренчевска: Детската заштита останува приоритет во нашата работа, секое дете заслужува да биде дел од воспитно-образовниот процес https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trenchevska-detskata-zashtita-ostanuva-prioritet-vo-nashata-rabota-sekoe-dete-zasluzhuva-da-bide-del-od-vospitno-obrazovniot-protses/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trenchevska-detskata-zashtita-ostanuva-prioritet-vo-nashata-rabota-sekoe-dete-zasluzhuva-da-bide-del-od-vospitno-obrazovniot-protses/#respond Thu, 02 Nov 2023 11:36:10 +0000 https://kurir.mk/?p=895758

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со Биљал Касами, градоначалникот на Тетово. На средбата се разговараше за детската заштита и важноста од проширување на капацитетите на постоечките градинки како и изградба на нови со цел згрижување на што повеќе деца во градинките и овозможување правилен раст и развој. Градоначалникот, претставниците на Општина Тетово и министерката ги разгледаа потребните чекори за завршување на изградениот објект - клон на градинката „Младост“ во Тетово финансиран од Европската Унија. Тренчевска истакна на средбата дека изградбата на нови градинки е од особена важност за да се опфатат и вклучат што поголем број на деца во предучилишното образование.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trenchevska-detskata-zashtita-ostanuva-prioritet-vo-nashata-rabota-sekoe-dete-zasluzhuva-da-bide-del-od-vospitno-obrazovniot-protses/feed/ 0
Касами го обвини Министерството за образование дека не ги исполнува обврските кон тетовската гимназија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kasami-go-obvini-ministerstvoto-za-obrazovanie-deka-ne-gi-ispolnuva-obvrskite-kon-tetovskata-gimnazija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kasami-go-obvini-ministerstvoto-za-obrazovanie-deka-ne-gi-ispolnuva-obvrskite-kon-tetovskata-gimnazija/#respond Thu, 26 Oct 2023 12:56:09 +0000 https://kurir.mk/?p=893412

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами на прес-конференција упати критика и обвинување за незаконски постапки до Министерството за образование и наука околу одземањето на неговите ингеренции врз гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“. Тој го обвини Министерството за неправилно одземање на ингеренциите поради што се проблематизира нормалното функционирање на гимназијата. -Една ингеренција за една работа може да се одземе два пати, но не подолго од 12 месеци. Во Министерството нашле начин како да ги одземат ингеренциите уште 12 месеци со некоја правна дефиниција дека ми ги одземаат сите надлежности во гимназијата. Заборавиле дека Општината не е само градоначалникот, Општината е Советот и градоначалникот, со поделени надлежности. Советот го усвојува буџетот, кој го реализира градоначалникот. Со тоа што на градоначалникот му ги имаат одземено ингеренциите не можат со таа одлука да реализираат буџет, затоа што буџетот е надлежност на Советот. Во тој дел тие не можат да постапат затоа што донеле незаконско решение и сега доаѓа до оваа ситуација во која не можат да ги реализираат обврските кои доброволно против законски ги зеле, истакна Биљал Касами. Тетовскиот градоначалник смета дека поради потезите на Министерството за образование нема редовно дотации до гимназијата со што се јавуваат финансиски проблеми за установата. -Доцни плаќање на струја исто така предупредувам и за друг проблем. Доцнат плаќања до фирмите кои вршат превоз за ученици од гимназија, како што имам информации. Министерот за образование рече дека поради тоа што по вторпат се одземаат ингеренциите, обврска на Министерството е да најде решение за раздолжување на долговите за струја во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, па дури и призна дека не се способни да го направат ова наеднаш, ама го прават на рати, месец по месец, посочи Касами на прес-конференцијата. Тој рече дека со ова Министерството во последно време не ги исполнува своите задачи и обврски и не обезбеди соодветна поддршка за училиштата во Тетово. Потоа потенцираше дека да била вината кај општина Тетово, ова ќе се случело и во другите училишта, но тоа не е така и наставата продолжува непречено и ефикасно. -Значи ова е силен доказ дека ДУИ заедно со нејзиниот министер за образование и познатата директорка воопшто не се грижат за одвивање на наставниот процес, туку се занимаваат со дневна политика и клеветење на општината, но се чини дека тоа не го прават добро бидејќи се негираат сами себе си. Општина Тетово во овој период нема пуштено финансиски средства на Гимназијата, но добро е познато зошто. Бидејќи гимназијата ја води директорка која има кривична тужба за злоупотреба на средства, и истото е констатирано и од внатрешната ревизија, кои констатирале сериозни прекршувања на користењето на финансиските средствата. И поради оваа причина Општината не е заинтересирана да дава средства за да продолжат да се злоупотребуваат, рече Касами. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kasami-go-obvini-ministerstvoto-za-obrazovanie-deka-ne-gi-ispolnuva-obvrskite-kon-tetovskata-gimnazija/feed/ 0
БЕСА нема да гласа за Уставни измени: Прво формулација албански јазик наместо 20 отсто, па потоа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besa-nema-da-glasa-za-ustavni-izmeni-prvo-formulatsija-albanski-jazik-namesto-20-otsto-pa-potoa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besa-nema-da-glasa-za-ustavni-izmeni-prvo-formulatsija-albanski-jazik-namesto-20-otsto-pa-potoa/#respond Sun, 01 Oct 2023 08:09:13 +0000 https://kurir.mk/?p=883758

Сѐ додека не се внесе промената на формулацијата од 20 отсто јазикот што го зборуваат граѓаните во албански јазик, пратениците на Беса нема да ги гласаат уставните измени, вели во неделното интервју за РСЕ лидерот на движењето Биљал Касами. Тој вели дека албанската опозиција окрупнува и ја отвора вратата за партиите кои ќе и се спротивстават на ДУИ. За претстојните претседателски избори Касами најавува заеднички кандидат на опозицискиот фронт. Тој вели дека предизборно нема можност за каква било комбинација со ВМРО-ДПМНЕ, па и со која и да е друга македонска опозициска партија. – Општеството во Македонија не е спремно за такви комбинации и веќе за жал, можам да констатирам дека се враќаме на етничките гласови и партиите ќе кандидираат и ќе нели се натпреваруваат во тој етнички кампус за да се оди после во постизборни комбинаторики кој со кого ќе коалицира за владата. После избори, ние како опозиција ако ги добиеме изборите кај Албанците, ако добиеме мнозинство албански гласови и пратеници, ќе седнеме да видиме кои се можни комбинаторики и кои од тие партии би ги прифатиле и нашите нели програмски определби за да бидат дел од определбите на идната влада – вели Касами. На прашањето, зошто толку му е важна поддршката од косовскиот премиер и што конкретно очекува од Албин Курти, Касами вели дека Косово за него бил пример како Македонија треба да се однесува во делот на градењето на државата и во сферата на меѓуетничките односи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besa-nema-da-glasa-za-ustavni-izmeni-prvo-formulatsija-albanski-jazik-namesto-20-otsto-pa-potoa/feed/ 0
Касами: Мерко е „ситната риба“, Ахмети е „печен“ за црната листа на САД https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kasami-merko-e-sitnata-riba-ahmeti-e-pechen-za-tsrnata-lista-na-sad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kasami-merko-e-sitnata-riba-ahmeti-e-pechen-za-tsrnata-lista-na-sad/#respond Wed, 28 Jun 2023 07:33:16 +0000 https://kurir.mk/?p=850338

Лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами во интервју за Еуроњус Албанија коментирајќи ги случувањата по објавувањето на „црната листа“ на САД на која се најде струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, изјави дека за таа листа „е печен“ и лидерот на ДУИ. Касами рече дека Рамиз Мерко е „малата риба“ и оцени дека јавноста ќа биде шокирана кога ќе бидат објавени и другите имиња, како што впрочем беше и официјално најавено. „Во овој процес сметам дека на црна листа треба да биде ставен првиот човек на ДУИ, Али Ахмети. ДУИ се движи континуирано надолу, зашто функциобери на таа партија крадеа за време на дваесетте години на власт“, рече Касами.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kasami-merko-e-sitnata-riba-ahmeti-e-pechen-za-tsrnata-lista-na-sad/feed/ 0
Касами: Али Ахмети треба да оди дома https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kasami-ali-ahmeti-treba-da-odi-doma/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kasami-ali-ahmeti-treba-da-odi-doma/#respond Mon, 05 Jun 2023 20:26:00 +0000 https://kurir.mk/?p=842491

Што се однесува до 21 годишнината на ДУИ во Тетово, зборуваше и градоначалникот на оваа општина Биљал Касами, кој вели дека не биле поканети,  но и да биле, немало да отидат, бидејќи  нивната цел не е да ја поддржат ДУИ туку да ја испратат во опозиција. Според Касами, Беса и опозициската коалиција која ја гради неговата партија, целта е лидерот на ДУИ да си оди дома. „Ние работиме со целата структура на Движење Беса, широката опозициска коалиција која ја градиме, ДУИ да ја испратиме во опозиција. Нема врска со бојкот, ние сме кажале дека Али Ахмети треба да оди дома бидејќи доста беше во политиката“, вели Биљал Касами.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kasami-ali-ahmeti-treba-da-odi-doma/feed/ 0
За Касами Тетово не бил главен град на Албанците, туку центар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-kasami-tetovo-ne-bil-glaven-grad-na-albantsite-tuku-tsentar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-kasami-tetovo-ne-bil-glaven-grad-na-albantsite-tuku-tsentar/#respond Wed, 22 Mar 2023 18:36:25 +0000 https://kurir.mk/?p=815186

Градоначалникот и лидер на БЕСА, Биљал Касами, за „Макфакс“ посочува дека во објавата на социјалните мрежи не напишал дека Тетово е „главен град“ туку „центар“ на Албанците во Македонија. И покрај инсистирањето, без негов став останаа низа прашања, меѓу кои и дали е свесен дека со објавата поттикна меѓуетнички тензии. Тој не кажа ниту дали смета дека истата треба да ја избрише, за да спречи лавина негативни реакции. „Не се работи за никаков ‘главен град’, туку за ‘центар’ на Албанците во Македонија. Во објавата стои многу јасно тоа што сакавме да го кажеме. Тоа е реалноста, а тие што сакаат да ја злоупотребат, се обидуваат да и дадат друга насока“, вели Касами за „Макфакс“. Сепак, тетовскиот градоначалник реши да не одговори каква порака испраќа со објавата, ниту дали ги прочитал коментарите под неа. Граѓаните го потсетија и дека градот со кој раководи е најзагаден. „Ало дечко, Тетово такво какво што е никакво а се тоа е поради твојата неспособност. Не е достојно да се спореди ни со селата околу Тирана“, се вели во еден од коментарите. Во друг коментар се вели: „Ловиш поени во матно не доликува на еден градоначалник во мултиетнички град“. „Тоа пред огледало да си го кажуваш и пак нема никогаѓ да биде вистина! Да, главен град на загаден воздух, гнасни улици, 20 метра недовршени асфалти, кучиња, град без паркови, мафија итн. На тоа си ти градоначалник и ништо друго“, му порача друг жител. Под објавата има педесетина коментари, а во јавноста и реакции од ЛДП и СДСМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-kasami-tetovo-ne-bil-glaven-grad-na-albantsite-tuku-tsentar/feed/ 0
Почна ли предизборната кампања: За Биљал Касами, Тетово е „албанско седиште во Северна Македонија“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochna-li-predizbornata-kampana-za-bilal-kasami-tetovo-e-albansko-sedishte-vo-severna-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochna-li-predizbornata-kampana-za-bilal-kasami-tetovo-e-albansko-sedishte-vo-severna-makedonija/#respond Wed, 22 Mar 2023 16:37:26 +0000 https://kurir.mk/?p=815126

Добредојдовте во главниот град на Албанците во Северна Македонија, напиша на „Фејсбук“ градоначалникот на Тетово oд партијата БЕСА, Биљал Касами. Неговата објава предизвика бројни реакции кај корисниците на социјалните мрежи. „Немој да бараш втор мандат“, „Дали вие сте градоначалник на Тирана?“, се само дел од коментарите. До овој момент, ниту еден функционер не се огласи со реакција за скандалозната објава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochna-li-predizbornata-kampana-za-bilal-kasami-tetovo-e-albansko-sedishte-vo-severna-makedonija/feed/ 0
Еди Рама во Тирана ги поканил лидерите на сите партии на Албанците од Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edi-rama-vo-tirana-gi-pokanil-liderite-na-site-partii-na-albancite-od-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edi-rama-vo-tirana-gi-pokanil-liderite-na-site-partii-na-albancite-od-makedonija/#respond Sat, 07 Jan 2023 13:28:33 +0000 https://kurir.mk/?p=784421

Премиерот на Албанија, Еди Рама ги поканил сите лидери на политичките партии на Албанците од Македонија на средба во вторник во Тирана, пишува Алмакос. На средбата биле поканети лидерите на ДУИ, на Алијанса за Албанците, Беса и на Алтернатива, Али Ахмети, Арбен Таравари, Билал Касами и Африм Гаши. На тркалезната маса организирана од Рама во Тирана ќе се разговара за политичката случувања во земјата, за скандалите во Македонија, за струењата во партиите и за други прашања на Балканот, пишува Алмакос.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edi-rama-vo-tirana-gi-pokanil-liderite-na-site-partii-na-albancite-od-makedonija/feed/ 0
Касами: Барањето за предвремени парламентарни избори е барање на мнозинството граѓани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kasami-baranjeto-za-predvremeni-parlamentarni-izbori-e-baranje-na-mnozinstvoto-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kasami-baranjeto-za-predvremeni-parlamentarni-izbori-e-baranje-na-mnozinstvoto-gragjani/#respond Mon, 26 Dec 2022 13:06:00 +0000 https://kurir.mk/?p=780590

Разбираме дека премиерот Ковачевски е во незавидна ситуација и немајќи политички капацитет и легитимитет да ја води Владата, тој ги толкува различно политичките позиции на Движењето БЕСА, рече претседателот на БЕСА, Биљал Касами -Разбираме дека премиерот Ковачевски е во незавидна ситуација и немајќи политички капацитет и легитимитет да ја води Владата, тој ги толкува различно политичките позиции на Движењето БЕСА. Барањето за предвремени парламентарни избори е барање на мнозинството граѓани бидејќи оваа влада не произлегува од легитимитетот добиен од последните парламентарни избори, затоа премиерот не треба да меша тези за уставни измени и предвремени избори. Додека кога зборуваме за уставните измени, Движењето БЕСА уште еднаш го потврдува својот став дека бара да се отстрани терминот „20%“ и да се замени со терминот „албански јазик“.Почитуван премиере, секој што е против јазикот на еден народ, особено во околностите на Македонија, нужно е против европските вредности и Европската Унија, истакна Касами.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kasami-baranjeto-za-predvremeni-parlamentarni-izbori-e-baranje-na-mnozinstvoto-gragjani/feed/ 0
Касами: Денес имав средба со Македон, му подарив еден од глобусите на нашата општина и таблет https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kasami-denes-imav-sredba-so-makedon-mu-podariv-eden-od-globusite-na-nashata-opshtina-i-tablet/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kasami-denes-imav-sredba-so-makedon-mu-podariv-eden-od-globusite-na-nashata-opshtina-i-tablet/#respond Tue, 14 Jun 2022 13:56:57 +0000 https://kurir.mk/?p=690798

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами во својот кабинет го пречека Македон Димитровски, второодделенец од градот кој доби златен медал на светскиот натпревар „Математика без граници“. Од општината и градоначалникот, Македон како подарок доби глобус и таблет, а Касами истакна дека му нуди целосна поддршка и помош да продолжи со успесите на математичките натпревари. -Денеска имав исклучително интересна средба со малиот Македон од Тетово, кој на само седум години владее неколку јазици, одлично ја познава математиката, историјата, географијата, астрономијата. Дел од своето знаење кратко ни го претстави, а најголем впечаток му остави покажувајќи ни ги сите светски држави, чии знамиња знае и да ги нацрта. Затоа му подарив еден од глобусите кои ги има нашата општина, на што многу се израдува и заблагодари. Тетово се гордее што има вакви натпросечно интелигентни дечиња, кои ги очекува светла и успешна иднина. Треба безрезервно да ги поддржиме и да им овозможиме услови успешно да се развиваат, порача Биљал Касами по средбата со Македон. Седумгодишниот Македон од Тетово има 134 коефициент на интелигенција. Заврши второ одделение во ОУ „Лирија“ во Тетово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kasami-denes-imav-sredba-so-makedon-mu-podariv-eden-od-globusite-na-nashata-opshtina-i-tablet/feed/ 0