билјана беличанец алексиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Apr 2022 05:16:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png билјана беличанец алексиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВЕЧНА СЛАВА: Три години од смртта на Билјана Беличанец Алексиќ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vechna-slava-tri-godini-od-smrtta-na-biljana-belichanec-aleksikj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vechna-slava-tri-godini-od-smrtta-na-biljana-belichanec-aleksikj/#respond Wed, 06 Apr 2022 05:33:54 +0000 https://kurir.mk/?p=658938

Пред три години на 6 април 2019 година почина актерката и поранешна градоначалничка на Кисела Вода, Билјана Беличанец Алексиќ. Беличанец беше актерка во Драмскиот театар во Скопје. Таа беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода од 2013 до 2017. Дипломираше актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1994). Работеше во Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп (1994-1997), а од 1997 година беше во Драмски театар Скопје. Одигра голем број улоги меѓу кои и Маргарет Флаерти („Заводникот од западниот свет“, 1997), Сузана („Свадбата на Фигаро“, 1998), Софија Јегоровна („Платонов“, 1999), Клариса де Бисоњози („Арлекин – слуга на двајца господари“, 1999), Кинегонда/ Газдарица на јавна куќа („Кандид во земјата на чудата“, 2000), Ерика Брукнер („Мефисто“, 2000); Маре („Тетовирани души“, 2001). Беше дел и од ТВ-проектот „Здраво генијалци“ и натсинхронизираше гласови во турски серии. Има добиено повеќе награди за актерските остварувања, меѓу кои и награда за најдобро актерско остварување за улогата на Кинегонда во претставата „Кинегонда во Карлаленд“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ Прилеп (2009), награда за најдобро актерско остварување за улогата на Сара во претставата Генетика на кучињата на МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп, 2012). Родена е во 1973 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vechna-slava-tri-godini-od-smrtta-na-biljana-belichanec-aleksikj/feed/ 0
Наместо молк, огромен аплауз за Билјана Беличанец: Комеморација во Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namesto-molk-ogromen-aplauz-za-biljana-belichanec-komemoracija-vo-centralniot-shtab-na-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namesto-molk-ogromen-aplauz-za-biljana-belichanec-komemoracija-vo-centralniot-shtab-na-vmro-dpmne/#respond Wed, 10 Apr 2019 14:53:41 +0000 https://kurir.mk/?p=184802

Во Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, денеска беше одржана комеморација по повод трагичната смрт на Билјана Беличанец, актерка, политичар и поранешна градоначалничка на општина Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. На комеморацијата свои проштални говори имаа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателката на УЖ Благица Ласовска, како и поранешната претседателка Даниела Рангелова, но и нејзиниот колега од театарските штици Роберт Велјановски. Присутни беа голем дел нејзини колеги, соработници, членови на нејзиното семејство. Во своето обраќање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски преку цитатат на Шекспир ја опоша Беличанец, тој рече: - Шескпир рекол „Не плашете се од големината: некои луѓе се раѓаат големи, некои стекнуваат големина, а на некои им доделена.“ Билјана беше дел од првата категорија на луѓе, тие кои се раѓаат големи. Таа беше предодредена да биде голема. И тоа не само во својата професија, туку и како човек, пријател, соработник. Професионалец. Поседуваше редок и раскошен талент, огромен човечки габарит. Во нејзе се судруваа контрастите на бесконечната насмевка, детската чистина, и огромната и нескротлива желба да ги направи луѓето околу себе среќни, задоволни, исполнети, дури и би рекол нештедејќи се себеси, жртвувајќи се за да измами насмевки, среќа, задоволство кај другите. Мицкоски посочи дека Беличанец лавовски се борела и во општината, додека била градоначалничка на Кисела Вода, општина која имала големи проблеми, при што успеала да направи многу. -Драга моја Беличанец, во овие моменти ние ја продолжуваме битката за која ти говореше далеку пред времето. Потрагата по правдината, чесноста, мечтаењето, тагувањето и радувањето, кажа Мицкоски. Тој го заврши своето обраќање со повик за еден огромен аплауз наместо молк, затоа што, како што рече, остануваме да го славиме нејзиното дело и име.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namesto-molk-ogromen-aplauz-za-biljana-belichanec-komemoracija-vo-centralniot-shtab-na-vmro-dpmne/feed/ 0
Внуката на Беличанец: Ах, тето како не ти го осветлив сонцето да светне над тебе кога таа проклета месечина дојде https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vnukata-na-belichanec-ah-teto-kako-ne-ti-go-osvetliv-sonceto-da-svetne-nad-tebe-koga-taa-prokleta-mesechina-dojde/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vnukata-na-belichanec-ah-teto-kako-ne-ti-go-osvetliv-sonceto-da-svetne-nad-tebe-koga-taa-prokleta-mesechina-dojde/#respond Tue, 09 Apr 2019 17:42:08 +0000 https://kurir.mk/?p=184402

Внуката на Билјана Беличанец Алексиќ со емотивен статус се прости од својата тетка, идол и муза. До мојата тетка Билјана Беличанец Тето, мој идол, моја вечна муза, Ти се чудеше колку е сино небото овде, ах тето сега тежок, темен облак се створи над нас, над мене и брат ми, откако ти замина. Кога ти го честитав последниот роденден и кога само посакував да си среќна како на видеото од тебе што скришно го снимив- ти пееше, играше, се смееше, ти кажав ништо не е повредно од твојата среќа и здравје, ти кажав колку бескрајно те сакаме, ах да видиш сега тето колку солзи се леат по тебе, колку љубов и почит кон тебе… Ти ми рече дека јас сум ти ехото што далеку свети и грее и сјае на сонцето твое кое некогаш месечината знае да го затскрие. Ах, тето како не ти го осветлив сонцето да светне над тебе кога таа проклета месечина дојде. Ангел мој, ѕвездо моја, уште од дете ме маѓепса, кога со очи полни восхит те гледав на сцена. Божица, неповторлива! Ти знаеше како да ги маѓепсаш сите, ти знаеше како цела сала на нозе да ја кренеш. Колку сакав да заиграш во мој филм, ах колку сакав, инспирацијо моја. Сега само остана да раскажувам за тебе, за твојата дарба, дела, убавина, за твојата чесност и добрина, за твојата уметност…Моите последни зборови до тебе беа: “Секој уметник мора да продолжи да твори…” и се надевам дека таму кај што си, ти ќе продолжиш да твориш…Се надевам дека таму кај што си небото е волшебно сино, дека таму најде мир и насмевка која тука толку се трудеше да ја изглумиш. Нема доволно солзи да те исплакаат, никој нема да те заборави, сите те сакаме вечно! Нека рефлектори постојано светат за тебе таму, ангелу мој. Ти си ѕвезда што никогаш нема да згасне! Вечна ти слава! До следното видување! Твоја и секогаш твоја, Румена]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vnukata-na-belichanec-ah-teto-kako-ne-ti-go-osvetliv-sonceto-da-svetne-nad-tebe-koga-taa-prokleta-mesechina-dojde/feed/ 0
Актерите на комеморација во Драмски театар се простија од Билјана Беличанец https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akterite-na-komemoracija-vo-dramski-teatar-se-prostija-od-biljana-belichanec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akterite-na-komemoracija-vo-dramski-teatar-se-prostija-od-biljana-belichanec/#respond Tue, 09 Apr 2019 13:38:03 +0000 https://kurir.mk/?p=184324

Во Драмскиот театар во Скопје денеска се одржа комеморација за актерката Билјана Беличанец која почина во саботата. На комеморацијата последна почит на Беличанец и оддадоа нејзините роднини, бројни колеги актери, кои за последен пат се поздравија од актерката. Нејзиниот колега актерот Дејан Лилиќ рече дека Беличанец живеела на сцената, и кога не била на некои претстави, постојано ја споменувале. – Многу те сакаме сите. Прв те дочекав на оваа сцена и те испратив од оваа сцена прв. Билјана ти никогаш нема да бидеш во минато време, туку во сегашно време. Оние кои те познаваат, знаат дека ти си голем човек со големо срце. Ти никогаш не глумеше на сцената, ти живееше овде. Бескрајно талентирана, ѕвер од човек. Многу те сакаме сите, рече Лилиќ на комеморацијата. Актерот Драган Спасов Дац простувајќи се од Беличанец, рече дека „аурата на Драмски театар се збогати со уште еден дух кој ќе биде тука до нас“. – Отсекогаш сум велел дека овој театар има духови кои ни ја даваат енергијата кога ни е најтешко. Не остави збунети и во болка, не остави да замислуваме што уште можеше да направиш овде. Ти едноставно на сцената беше Билјана Беличанец. Ти на оваа сцената беше мојата Сара, Цвета,Сузана, Билјана Беличанец. Лука и Мона да се гордеете со мајка ви оти имате силна причина за тоа, рече Дац. Актерката Снежана Конеска Руси, рече дека во текот на нејзиното созревање како актерка била нејзин учител и родител. – Не знам како доаѓа период кога јас станувам твој родител и учител. Можеби те учев како да газиш по трнливиот пат. Ѕвони твојот глас во секоја улога, песна, синхронизација.  Твојот учител Снешка. Те мислам. Јас те чекам или чекај ме, рече Конеска Руси. Во текот на комеморацијата се емитуваа инсерти од претстави во кои глумеше Беличанец. Билјана Беличанец (1973-2019) беше актерка во Драмскиот театар од 1997 година, а три години претходно работеше во Прилепскиот театар. Од дипломирањето на ФДУ во 1994 Беличанец имаше голем број театарски улоги и награди на фестивали. Играше во претставите: „Заводникот од западниот свет“; „Свадбата на Фигаро“; „Кандид во земјата на чудата“; „Тетовирани души“; „Три сестри“; „Домот на Бернарда Алба“; „Демонот од Дебар Маало“;  „Кинегонда во Карлаленд“; „Грев или шприцер“; „Последните Македонци“; „Љубовници“…, како и во филмовите „Мајки“ и „Од денес до утре“. Беше дел од ТВ-проектот „Здраво генијалци“, а во последните години го позајмуваше гласот за ликови во турски ТВ-серии. Во 1996 на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп ја доби наградата „Трајко Чоревски“ за најдобар млад актер за улогата на Медеја во истоимената претстава. Четири години подоцна доби награда за најдобар млад актер и на Мали и експериментални сцени во Сараево, за улогата на Ерика Брукнер во претставата „Мефисто“. На прилепскиот фестивал Беличанец доби награди за најдобро актерско остварување – во 2009 за улогата Кинегонда во претставата „Кинегонда во Карлаленд“ и во 2012 година за улогата на Сара во „Генетика на кучињата“. Од 2013 до 2017 Билјана Беличанец извршуваше и функција градоначалник на скопската општина Кисела Вода.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akterite-na-komemoracija-vo-dramski-teatar-se-prostija-od-biljana-belichanec/feed/ 0
Комеморација за актерката Билјана Беличанец во Драмски театар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemoracija-za-akterkata-biljana-belichanec-vo-dramski-teatar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemoracija-za-akterkata-biljana-belichanec-vo-dramski-teatar/#respond Tue, 09 Apr 2019 05:49:42 +0000 https://kurir.mk/?p=184114

Драмски театар-Скопје денеска од 10 часот ќе одржи комеморација за актерката Билјана Беличанец која почина во саботата. Билјана Беличанец (1973-2019) беше актерка во Драмскиот театар од 1997 година, а три години претходно работеше во Прилепскиот театар. Од дипломирањето на ФДУ во 1994 Беличанец имаше голем број театарски улоги и награди на фестивали. Играше во претставите: „Заводникот од западниот свет“; „Свадбата на Фигаро“; „Кандид во земјата на чудата“; „Тетовирани души“; „Три сестри“; „Домот на Бернарда Алба“; „Демонот од Дебар Маало“;  „Кинегонда во Карлаленд“; „Грев или шприцер“; „Последните Македонци“; „Љубовници“…, како и во филмовите „Мајки“ и „Од денес до утре“. Беше дел од ТВ-проектот „Здраво генијалци“, а во последните години го позајмуваше гласот за ликови во турски ТВ-серии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemoracija-za-akterkata-biljana-belichanec-vo-dramski-teatar/feed/ 0
ФОТО: Одржана комеморација за Билјана Беличанец- роднини, пријатели, колеги, соработници се собраа на местото кое е нејзино дело https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-odrzana-komemoracija-za-biljana-belichanec-rodnini-prijateli-kolegi-sorabotnici-se-sobraa-na-mestoto-koe-e-nejzino-delo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-odrzana-komemoracija-za-biljana-belichanec-rodnini-prijateli-kolegi-sorabotnici-se-sobraa-na-mestoto-koe-e-nejzino-delo/#respond Mon, 08 Apr 2019 18:29:38 +0000 https://kurir.mk/?p=184007

Во новоизградениот Дом на културата КВК во Општина Кисела Вода се одржа комеморација по повод трагичната смрт на поранешната градоначалничка на Општината, Билјана Беличанец Алексиќ. На комеморацијата присуствуваа градоначалникот Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ, секретарот Александар Алексовски, поранешни и сегашни членови на Советот на Општина Кисела Вода, Цветанка Ласкова и Роберт Алаѓозовски, советници на премиерот, Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт и поранешни градоначалници. Присутни беа и блиски роднини, пријатели и колеги од театарот на Билјана Беличанец. За ликот и делото на Билјана Беличанец пред присутните говореа градоначалникот Филип Темелковски и поранешниот претседател на Советот на Општина Кисела Вода, Трајче Донев. Говореа и нејзините блиски колеги од театарот, познатите македонски актери, Дејан Лилиќ и Весна Петрушевска. - Со тага и неверување ја примив веста за смртта на мојата претходничка, поранешната градоначалничка на Општина Кисела Вода, г-ѓата Билјана Беличанец. Нема зборови со кои може да ги утешиме најблиските, посебно кога личноста што замина имаше само 45 години, зрачеше со елан, и од неа се очекуваше уште многу. Кога зборувам за г-ѓа Билјана Беличанец, зборувам за маркантна и уникатна личност, со која иако доаѓаме од различна политичка провиненција, секогаш сме имале коректен однос полн со взаемна почит. Кога зборувам за неа, мислам на професионалец, мислам на градоначалник – визионер, со визија за урбана и модерна општина Кисела Вода, општина центар на културните збиднувања, мислам на актерка која често со задоволство сум одел да ја гледам во театарот. И не случајно ја избравме оваа локација за нејзината комеморација. Таа го сакаше театарот, таа ја сакаше Кисела Вода. Прерано беше за збогување, г-ѓа Беличанец. Од мене, бескрајна почит и вечна слава, кажа во своето обраќање градоначалникот Филип Темелковски. -Биле за тебе никогаш повеќе во животот нема да зборуваме во минато за тебе секогаш ќе зборуваме во сегашност затоа што ти ќе бидеш секогаш овде и овде кај нас. Билјана, ние немаме друга Билјана Беличанец, ти си една и единствена и таква и ќе останеш забележана во меморијата на сите нас затоа што си голем човек, чесен човек, искрен работник кој не бара ни пари, ни слава, ни награди, туку сака да го работи тоа што го работи. Четири години беше во оваа општина и знам дека многу направи за неа знам дека направи многу за македонскиот театар и затоа никогаш нема да те заборавиме и младите генерации ќе учат од тебе како е да се биде вистински професионалец на сцена. Билјана да знаеш дека сето она што го имаш направено ние што бевме од самите почетоци со тебе како генерација ќе го пренесуваме понатаму затоа што заслужуваш. Една и единствена, Билјана Беличанец нема да се роди, ни актерка, ни човек. Ова овде е твое дело и пред да те испратиме од твојот и од нашиот драмски театар знам дека на сцената ти никогаш не глумеше туку ти живееше, живееше со сета душа, со сето срце, живееше за себе, за твоите партенери, за твоите партнерки и за твојата публика. Нека ти е вечна слава драга моја, кажа Дејан Лилиќ. -Билјана беше нашата принцеза, ја паметам беше ведра, видра, многу вредна и многу наша, многу сакаше да учи, да пее, да зборува ноќе на телефон. Кога и честитав нова година и реков ајде годинава нова улога оти ни недостасуваш фалиш во македонскиот театар. Таа ми врати ова е најубавата честитка што некој можел да ми ја испрати. Таа беше нашето вечно девојче, девојчето со игриви очи со тажен поглед и со скриена насмевка, често пати разговаравме и ја прашував зошто и е потребно сето ова, таа ми рече имам само една идеја тоа е ова каде што сме сега тука да направам еден мал театар за да може да уживаат децата, да гледаат претстави децата. Зборовите денеска ќе поминат ние ќе го изразиме нашето сочуство, но има една работа која што треба сите да ја запаметиме колку почесто ја спомнуваме толку повеќе ќе живее Билјана во овој свет. Билјана беше храбар човек, Билјана беше достоинствен човек, Билјана беше човек. Бог да ја прости вечна и слава и да го негуваме споменот за неа, рече актерката, Весна Петрушевска. -Драга наша Билјана, пријатели колеги, зашто сум убеден дека Билјана беше посебна, беше единствена. Најмалку јас можам овде да говорам каков актер си била кога ќе кажам каков соработник и другар си била. Се запознавме во 2012 година, срдечно те пречекавме со тим од млади луѓе и низ изминатите години успешно работевме, години кои секогаш ќе остават трага врз мене и секојпат ќе се сеќавам на тебе, ќе кажеше можеме ли ова да го направиме. Со огромна болка денес сме овде собрани на ова место КВК токму ова место во целост е нејзино дело, нејзино творештво кое го изгради и поткрена, како и безброј други дела кои успеа да ги реализира затоа што беше голем борец, искрен пријател, добар соработник, најголем другар. Засекогаш ќе останеш во нашите мисли, почивај во мир, биди меѓу ангелите зашто ти го заслужуваш тоа. – кажа поранешниот претседател на Советот на Општина Кисела Вода, Трајче Донев. На комеморацијата беа прочитани и телеграмите со сочуство од претседателот и премиерот, Ѓорге Иванов и Зоран Заев. Билјана Беличанец беше позната македонска актерка и градоначалник на Општина Кисела Вода од 2013 до 2017 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-odrzana-komemoracija-za-biljana-belichanec-rodnini-prijateli-kolegi-sorabotnici-se-sobraa-na-mestoto-koe-e-nejzino-delo/feed/ 0
Утре Ден на жалост во општина Кисела Вода поради смртта на Билјана Беличанец https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/utre-den-na-zalost-vo-opshtina-kisela-voda-poradi-smrtta-na-biljana-belichanec/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/utre-den-na-zalost-vo-opshtina-kisela-voda-poradi-smrtta-na-biljana-belichanec/#respond Mon, 08 Apr 2019 14:14:38 +0000 https://kurir.mk/?p=183910

Со едноминутен молк членовите на Советот на Општина Кисела Вода ја започнаа денешната вонредна седница свикана по повод смртта на поранешната градоначалничка Билјана Беличанец. Советниците едногласно донесоа одлука утрешниот ден да биде прогласен за ден на жалост на територијата на општината. Со одлуката, се откажуават сите културни, спортски, забавни и други манифестации. - Лош, можам слободно да кажам и трагичен, е поводот поради кој ја свикавме денешната вонредна седница на Советот на Општина Кисела Вода, но за жал животот секојдневно ја покажува својата суровост. Денес на дневниот ред имаме само една точка, а тоа е утрешниот ден да биде прогласен за Ден на жалост во Општина Кисела Вода по повод прераната смрт на поранешната градоначалничка Билјана Беличанец. Искрено, како претседател на овој мандат на Советот на Општината, лично не ја познавав многу г-ѓата Билјана Беличанец. Неколку пати сме се сретнале, неколку пати сме поразговарале и мојот впечаток беше дека се работи за мошне интересна и харизматична личност, со пријателски однос, со многу идеи и со желба да ги направи работите подобри. За неа можеби повеќе можат да зборуваат колегите советници од претходниот состав од кои слушав за нејзиниот конструктивен и коректен однос, за нејзината хуманост секогаш кога некому му требало помош, за прифаќањето на добрите идеи и тогаш кога доаѓале од спротивниот политички табор. Таа беше и доказ дека политиката не е само за мажите. Храбро се залагаше за своите идеи и идеали, за своите убедувања. За неа можам да зборувам и како за актерка, бидејќи на сцената таа даваше смисол на она што СИТЕ го кажуваме- ДАСКИТЕ ШТО ЖИВОТ ЗНАЧАТ. Врвна актерка, со богата биографија. Со нејзиното заминување загуби многу и македонскиот театар и нејзините колеги, актерите и публиката. Изгубивме сите ние. Но сепак, најмногу загуби нејзиното семејество. Нејзините деца, сопругот, родителите, сестрата. Од име на сите присутни тука, сакам до нив да упатам најдлабоко сочувство за нивната загуба – кажа пред присутните претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ. Градоначалникот Филип Темелковски во своето обраќање изрази жалење за смртта на Билјана Беличанец која како што кажа беше успешен градоначалник. Темелковски најави иницијатива за преименување на новоизградениот Дом на културата КВК во Билјана Беличанец.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/utre-den-na-zalost-vo-opshtina-kisela-voda-poradi-smrtta-na-biljana-belichanec/feed/ 0
Во чест на Билјана Беличанец: Едноминутно молчење на митингот во Струмица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-chest-na-biljana-belichanec-ednominutno-molchenje-na-mitingot-vo-strumica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-chest-na-biljana-belichanec-ednominutno-molchenje-na-mitingot-vo-strumica/#respond Sun, 07 Apr 2019 20:50:55 +0000 https://kurir.mk/?p=183682

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митингот во Струмица ги замоли граѓаните сите заедно да и` оддадат почит со едноминутно молчење на починатата актерка и поранешна градоначалничка на општина Кисела Водa, Билјана Беличанец Алексиќ. Претходно, Мицкоски побара молк од една минута и на митингот на партијата во Радовиш. -Згасна еден човечки живот, прекрасната глумица, Билјана Беличанец, замина од овој свет. Беше исклучителна личност и исклучителен градоначаник, претседател на градскиот комитет на УЖ ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски во Радовиш.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-chest-na-biljana-belichanec-ednominutno-molchenje-na-mitingot-vo-strumica/feed/ 0
И Тони Михајловски се прости од својата колешка: Честопати насмевката што ја носиме на лицата е само маска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-toni-mihajlovski-se-prosti-od-svojata-koleshka-chestopati-nasmevkata-shto-ja-nosime-na-licata-e-samo-maska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-toni-mihajlovski-se-prosti-od-svojata-koleshka-chestopati-nasmevkata-shto-ja-nosime-na-licata-e-samo-maska/#respond Sun, 07 Apr 2019 17:02:11 +0000 https://kurir.mk/?p=183589

И Тони Михајловски се прости од својата колешка, Билјана Беличанец. На својот Фејсбук профил тој напиша: -Честопати насмевката што ја носиме на лицата е само маска, која како бубаќ сопира да не излезе на виделина стерната од тага во нас. Почивај во мир Биле. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-toni-mihajlovski-se-prosti-od-svojata-koleshka-chestopati-nasmevkata-shto-ja-nosime-na-licata-e-samo-maska/feed/ 0
Игор Дурловски се прости од Беличанец (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/igor-durlovski-se-prosti-od-belichanec-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/igor-durlovski-se-prosti-od-belichanec-foto/#respond Sun, 07 Apr 2019 15:11:03 +0000 https://kurir.mk/?p=183550

Оперскиот пејач Игор Дурловски од актерката Билјана Беличанец се прости со зборовите: Најчесто доцниме со некој убав збор… Мирен пат Билјана Беличанец. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/igor-durlovski-se-prosti-od-belichanec-foto/feed/ 0