Биљана Драгиќевиќ-Пројковска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 12 Jul 2022 11:42:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Биљана Драгиќевиќ-Пројковска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Наградата „Актерот на Европа 2022“ за Биљана Драгиќевиќ-Пројковска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/nagradata-akterot-na-evropa-2022-za-biljana-dragikjevikj-projkovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/nagradata-akterot-na-evropa-2022-za-biljana-dragikjevikj-projkovska/#respond Tue, 12 Jul 2022 11:26:00 +0000 https://kurir.mk/?p=703836

Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата Кармен во истоимената монодрама на Драмски театар – Скопје ја доби главната награда за актерско остварување на Интернационалниот фестивал „Актерот на Европа 2022“ во Ресен. – Жирито во состав, Мето Јовановски (претседател), Елена Трјаковска и Владимир Стојчевски, одлучи главната награда „Актер на Европа 2022“ за најдобро актерско остварување да им ја додели на Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата во „Кармен“ на Драмскиот театар – Скопје, како и на Исмет Аземи за улогата во претставата „Четирите еполети“ од Градскиот театар од Митровица, Косово, соопшти Драмски театар-Скопје. Монодрамата „Кармен“ на ДТС премиерно беше изведена во мај минатата година. Ова е трета награда на Драгиќевиќ-Пројковска за улогата Кармен, покрај наградите на минатогодишниот Фестивал на монодрамата во Битола и годинашново издание на Македонско културно лето во Албанија. Драмски театар – Скопје информира дека во текот на летово ќе настапи на 62. „Охридско лето“ со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ на 20 јули, а со претставата „Кармен“ на 15 јули ќе гостува на Вевченското културно лето и на 12 август на Бриони во Хрватска во рамките на Фестивалот РУТА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/nagradata-akterot-na-evropa-2022-za-biljana-dragikjevikj-projkovska/feed/ 0