Билјана Ивановска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 11 Oct 2023 19:25:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Билјана Ивановска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ивановска: Навреме да се избере новиот состав на Антикорупциска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-navreme-da-se-izbere-noviot-sostav-na-antikoruptsiska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-navreme-da-se-izbere-noviot-sostav-na-antikoruptsiska/#respond Wed, 11 Oct 2023 19:25:18 +0000 https://kurir.mk/?p=887806

Мандатот на членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата истекува на 7 февруари, а апретседателката на Комисијата Билјана Ивановска апелира Собранието навреме да го распише огласот и да се изберат новите членови бидејќи следната година е изборна. Ивановска за Топ Тема на ТВ Телма најави дека годишниот извештај за нивната работа ќе го достават до Собранието до крајот на јануари. Најболните точки во работата на актулениот состав на ДКСК, според неа, се неспроведувањето на националната програма и на препораките испратени до државните институции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-navreme-da-se-izbere-noviot-sostav-na-antikoruptsiska/feed/ 0
Ивановска за обвинувањата на Груби: Кога сè е наопаку, ДНОТО е на површина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-za-obvinuvanata-na-grubi-koga-se-e-naopaku-dnoto-e-na-povrshina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-za-obvinuvanata-na-grubi-koga-se-e-naopaku-dnoto-e-na-povrshina/#respond Wed, 28 Jun 2023 10:48:56 +0000 https://kurir.mk/?p=850435

Кога сè е наопаку, дното е на површина. Ваква порака преку својот фејсбук-профил упати претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска како реакција на изјавата на првиот вицепремиер Артан Груби, кој во гостување на Сител телевизија работата на членовите на ДКСК ја оцени со зборовите: „Не ги бива“. Груби се чини има причини да не е задоволен од работата на ДКСК имајќи предвид дека меѓу другото, отворен е предмет за неговото користење на службени возила за партиски цели, а ДКСК јавно соопшти и критика дека во канцеларијата на Груби во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците се одржуваат и партиски состаноци и приеми. Вицепремиерот Груби синоќа на Сител изрази не само критика кон антикорупционерите, туку изрази и сомнеж во нивниот капацитет како правници. Според него, огромно мнозинство од случаите се или изгубени во административни постапки или отфрлени од страна на судиите. „Се надевам дека следниот состав ќе биде навистина сериозен, зашто сегашните антикорупционери немаат ниту еден успех откако се на мандат. Не ги бива. Нема ниту еден успех. Јас на времето ги интервјуирав и очекував повеќе. Верувам во институцијата, но имам сомнежи во капацитетите на луѓето. Во мандат од четири-пет години дали имаат еден единствен случај успешен во постапките. Се надевам дека следниот состав ќе биде посериозен“, рече Груби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-za-obvinuvanata-na-grubi-koga-se-e-naopaku-dnoto-e-na-povrshina/feed/ 0
Антикорупциската комисија нема надлежност да постапува за внукот на Ахмети, вели Ивановска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antikoruptsiskata-komisija-nema-nadlezhnost-da-postapuva-za-vnukot-na-ahmeti-veli-ivanovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antikoruptsiskata-komisija-nema-nadlezhnost-da-postapuva-za-vnukot-na-ahmeti-veli-ivanovska/#respond Fri, 23 Jun 2023 13:14:56 +0000 https://kurir.mk/?p=849021

Внукот на Али Ахмети не е избрано и именувано лице поради што, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) директно нема надлежност да постапува по него, рече денеска претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска. Одговорајќи на новинарско прашање дали ДКСК го следи случајот „Соравија“ во кој е наводно инволвиран внукот на Ахмети и дали има можност за постапување, Ивановска напомена дека ДКСК веќе четири години укажува на неопходноста од донесување закон за потекло на имот. - Веќе четири години кажуваме дека е неопходен закон за потекло на имот согласно кој, секој граѓанин ќе се изјасни од каде му се средствата за стекнување на имотот. Законот почна да се подготвува, се оформи работна група со поддршка на Советот на Европа уште од претходниот Кабинет за борба против корупцијата, кога беше вицепремиер Љупчо Николовски, почна постапката за овој закон, стигна до некоја драфт верзија, која од минатата година до пред две недели е во Кабинетот на вицепремиерката Грковска. Пред две недели не викнаа на состанок за да видиме дека е променет насловот на законот и тој веќе не е закон за потекло на имот, туку е закон за конфискација без донесување судска пресуда, што по мене е нелогично, бидејќи, како би се вршела конфискација ако не се испита потеклото на имотот?, рече Ивановска на прес-конференција. Таа информира и дека е избришан делот од законот во кој ДКСК барала секој граѓанин да има обврска да го пријави и имотот, но и средствата со кои е стекнат. - Според нас, се губи основната цел на постоењето на тој закон. Дали Владата ќе донесе понатаму одлука, дали ќе формира работно тело за подготовка, не знам, но мислам дека се изгуби многу време, а тој закон е основен ако сакаме вистинска борба против корупцијата зашто ние имавме бројни случаи и дојави дека некој има некаков имот, а кога ќе го провериме со Катастарот, имотот му е во ред. Значи, упатува на тоа дека е пријавен на друго лице. Единствен начин да се спречи тоа, е да се има клучна контрола. Клучната контрола треба да даде црвени светла каде постои ризик дека нешто е незаконски, а тоа може да се постигне само ако се направи поврзување на податоци кои ги имаат институциите кои регуларно ги собираат и изготвување софтвер кој ќе детектира ризици. Тоа не е воопшто тешко да се спроведе, но треба добра волја, потенцира Ивановска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antikoruptsiskata-komisija-nema-nadlezhnost-da-postapuva-za-vnukot-na-ahmeti-veli-ivanovska/feed/ 0
Ивановска: Колку што можеме најбрзо ќе го завршиме разгледувањето на договорот со „Бехтел и Енка“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-kolku-shto-mozheme-najbrzo-ke-go-zavrshime-razgleduvaneto-na-dogovorot-so-behtel-i-enka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-kolku-shto-mozheme-najbrzo-ke-go-zavrshime-razgleduvaneto-na-dogovorot-so-behtel-i-enka/#respond Thu, 25 May 2023 18:25:39 +0000 https://kurir.mk/?p=838748

Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска најавува дека посебно внимание ќе посветат на оние делови од договорот со „Бехтел и Енка“ кои создаваат финансиски обврски за државата. - Посебно внимание ќе посветиме на оние членови кои создаваат финансиски обврски на нашата држава, бидејќи тоа е она што ги засега граѓаните, што ќе добиеме ние од тој договор, изјави Ивановска во вечерашното гостување на телевизија „Сител“. Таа потврди дека договорот што го добиле не е целосен, односно недостасуваат прилозите. - Ако дојдеме до заклучок дека во тие прилози покрај некои менаџерски специфичности што се однесуваат за фирмата, постои нешто друго, ќе ги побараме и нив, рече Ивановска, посочувајќи дека нема сознанија дали во тие прилози има нешто што е дополнителна обврска за државата. Таа информираше дека договорот што им бил доставен има околу 200 страни и дека во него се предвидени сите обврски на државата. На прашањето во кој дел би постапувала Антикорупциска, одговори дека за тоа ќе соопштат наскоро. - Сега не сакам да вадам делови, тоа ќе го кажеме во јавност. Не е само договорот што го разгледуваме туку и начинот на избор на надзорот, лиценците што ги има надзорот, фирмите што се ангажирани, свој коментар ќе дадеме и за законите, а исто така, особено внимание посветуваме и за земјиштето што ќе се експроприра затоа што е многу важно кога е купено тоа земјиште, рече Ивановска. Во однос на временската рамка што ќе им биде потребна, Ивановска не посочи конкретен рок. - Овој предмет на сите ни тежи, нас најмногу затоа што од нас се очекува да кажеме што сме прочитале. Навистина даваме сѐ од себе за да можеме нешто да постигнеме плус. Колку што можеме најбрзо ќе го завршиме, истакна Ивановска. Доколку утврдат дека постоела некаква злоупотреба или дека ќе има негативни реперкусии кон државата, следниот чекор, како што посочи, би бил иницијатива до Јавното Обвинителство. - И таму е предметот отворен. Во меѓувреме се видов со јавниот обвинител и се договоривме дека би било добро да видиме кој до каде е и да ги стегнеме силите заеднички за ја истераме целата работа, рече таа. Во врска со одлуката на градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, за прекин на работата на администрацијата како привремена мерка за заштита на вработените поради инцидентот што се случи на 23 мај кога градоначалникот добил закани по живот од 69-годишен жител на Арачиново, таа рече оти тоа е резултат на партиски нерасчистени сметки. - Дали во општината треба да важат законите што се однесуваат за локалната самоуправа или некакви правила на партијата. Ова е по мене страшен сигнал, рече таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-kolku-shto-mozheme-najbrzo-ke-go-zavrshime-razgleduvaneto-na-dogovorot-so-behtel-i-enka/feed/ 0
Ивановска со апел до родителите да не бркаат „врски“ за оценки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-so-apel-do-roditelite-da-ne-brkaat-vrski-za-otsenki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-so-apel-do-roditelite-da-ne-brkaat-vrski-za-otsenki/#respond Mon, 22 May 2023 09:51:35 +0000 https://kurir.mk/?p=837316

Државната комисија за спречување на коруцпија (ДКСК) и денеска ја продолжи кампањата „Бидете херои на чесноста“ во ОУ „Братство“. Претседателката на Комисијата Билјана Ивановска упати апел дека родителите не треба да бараат „врски“ за оценки, туку децата сами треба да си ги заслужат. -Во досегашните анкети децата беа многу искрени и искажаа дека повеќе од половината, околу 60-70 проценти кажаа дека се сведоци на незаслужени оценки, а причината за тоа е поради тоа што родителите барале „врски“. Апелот треба да биде до сите, не само до децата, тука се и родителите од дома и наставниците од училиште. Родителите се тие кои треба да воспитуваат, наставниците треба да образуваат и не треба да има мешање на едното и другото. Кога детето веќе е дадено во училиште треба да се има доверба во просветните работници кои даваат се од себе за тоа дете да биде како што треба образувано. Не треба да имаат перцепција дека треба да се потпрат на родителите, и тоа им е еден одговор дека помош секогаш бараат од родителите, туку сами да се борат со свое знаење и своја умешност а не со помош на родителите да ги добиваат оценките, изјави Ивановска. Таа се надева дека преку оваа кампања со која сакаат да испратат порака за транспарентност и интегритет ќе се зголеми свеста кај децата за корупција. -Без интегритет не може да има никој борба против корупција, па ниту и дечињата. Перцепцијата е дека родителите бараат врски. И тоа е поразително. Мора да работиме на тоа, не е важно да бидат сите со петки, затоа има оценка од 1 до 5 важно е оценката да биде нивна заслужена и да се стекнат со знаење, нагласи Ивановска. Директорката на ОУ „Братство“ Јадранка Поповски истакна дека учениците стануваат се повеќе свесни и нагласи оти родителите треба да имаат целосна доверба дека нивните деца се во сигурни и безбедни раце и дека наставниот кадар како и стручната служба умеат да го извлечат најдоброто од нивните деца. -Ние овде работиме со иднината на нашето општество, рече Поповски. За поедноставно спроведување на кампањата, ДКСК ангажира и глумци кои се многу блиски до оваа популација на ученици и кои ќе успеат на својствен начин да ги им ги предочат проблемите со кои се соочува нашето општество да им укажат како на полесен начин да ги препознаваат и да ги следат позитивните, а не негативните примери. Кампањата започна на 16 мај, а претходно се спроведе во ОУ „Патр Поп Арсов“ и во ОУ „Коле Неделковски“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-so-apel-do-roditelite-da-ne-brkaat-vrski-za-otsenki/feed/ 0
Ивановска: Со полна пареа го анализираме договорот со „Бехтел и Енка“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-so-polna-parea-go-analizirame-dogovorot-so-behtel-i-enka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-so-polna-parea-go-analizirame-dogovorot-so-behtel-i-enka/#respond Mon, 22 May 2023 09:05:49 +0000 https://kurir.mk/?p=837314

Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ го добивме и сме во фаза на негова анализа. Поброен тим ќе работиме на овој предмет, а веќе им се поделени задачите на советниците, изјави денеска претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска. Таа повтори дека имаат неколку советници од кои дел се вклучени во делот за јавни набавки, за работни односи, некој е вклучен како истражител, а некој прави анализа на законите што треба да се донесат. -Се е опфатено што е поврзано со овој предмет, верувајте бара малку повеќе работа и анализа, и ние сакаме што побрзо да завршиме и да си кажеме. Не можам да кажам точно датум кога ќе биде заради тоа што е неблагодарно да се кажува, ќе речете кажавте, а не сте завршиле, работиме на тоа со полна пареа. Веднаш штом биде се готово ќе излеземе и ќе кажеме, рече Ивановска, која учествуваше на предавање во рамки на промотивната кампања за борба против корупцијата „Бидете херои на чесноста“ на ДКСК во основното училиште „Братство” во Скопје. ДКСК отвори предмет за проектот за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д за којшто е потпишан Договор со „Бехтел и Енка“ по објавите во медиумите околу постапката на изборот на фирмите за надзор, а предмет по допрен глас отвори и Јавното обвинителство. По официјализирањето на примената на Договорот, во тек се подготвотелни активности за претстојните градежни работи на терен. За реализацијата на Договорот во собраниска процедура се измени на пет закони по скратена постапка, а нивното означување со европско знаменце е предмет на дебата и критики од опозицијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-so-polna-parea-go-analizirame-dogovorot-so-behtel-i-enka/feed/ 0
Ивановска: Децата покажаа висока свесност за корупцијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-detsata-pokazhaa-visoka-svesnost-za-koruptsijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-detsata-pokazhaa-visoka-svesnost-za-koruptsijata/#respond Fri, 19 May 2023 09:37:59 +0000 https://kurir.mk/?p=836279

Децата досега покажаа висока свесност за корупцијата, и во следниот период очекувам позитивни резултати, истакна претседателката на Комисијата за спречување на корупција, Билјана Ивановска при денешната посета во ОУ „Коле Неделковски“ во рамки на кампањата „Бидете херои на чесноста“. -Веднаш по изорот на нашата комисија добив покана од професор по граѓанско да поразговарам со едно одделение на темава и јас бев пријатно изненадена бидејќи децата покажаа многу висока свест, се знаат и впиваат и мене ми беше мило што на темата се зборува и наставникот имаше навистина отврорен разговор со учениците, изјави Ивановска. Таа појасни дека целта на кампањата е да им се покаже на децата дека хероите на чесноста се всушност оние кои ги победиле лошите чувства, поточно особините како алчноста, лакомоста и неправедноста, како и дека хероите на чесноста се оние кои се издигнале себеси врз основа на сопствените можности способности знаење и капацитет. -Ќе зборуваме што е корупција, што е интегритет, како е да се биде транспарентен како тие се чувствуваат во училиштето, ќе спроведиме кратка анкета ќе ги прашаме дали се сведоци на неправедно доделени оцени, кому да се пожалат, дали родителите на некој начин ургират, појасни Ивановска. Светлана Масларевска, директорка на училиштето „Коле Неделковски“ изрази благодарност до ДКСК што одлучиле училиштето да биде вкучено во кампањата. -Знаете ние во училиштето како наставен кадар работиме не само на образовниото, туку и на воспитниот план, ние сме всушност втори родители и работиме пред се на тоа да се создадат некои размислувања кај учениците дека алчноста, интегритетот, чесноста се всушност доблест на секое дете, изјави таа. Во однос на најавите од МВР за покревање иницијатива која ќе има за цел зголемување на безбедноста во училиштата, директорката рече дека подготовките се започнати и дека добиле и насоки од МВР како да постапат. Државната комисија на корупција, кампањата ја започна пред три дена. Наредниот период ќе се одржи и во ОУ „Братство“ како и во училиштетото „26 јули“, а по завршувањето на распустот, иницијативата ќе продолжи уште во неколку скопски училишта како и во училишта низ државата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-detsata-pokazhaa-visoka-svesnost-za-koruptsijata/feed/ 0
Ивановска: ДКСК го доби Договорот со „Бехтел и Енка“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-dksk-go-dobi-dogovorot-so-behtel-i-enka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-dksk-go-dobi-dogovorot-so-behtel-i-enka/#respond Fri, 19 May 2023 09:00:49 +0000 https://kurir.mk/?p=836260

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) го добила Договорот со американско-турскиот конзроциум „Бехтел и Енка“. Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) го добила Договорот со американско-турскиот конзроциум „Бехтел и Енка“ што го побара како дел од документацијата за предметот што го отвори во однос на проектот за изградба на коридорите 8 и 10д по објавите во медиумите околу изборот на надзорот и веќе формирала тим од четворица советници за анализа на предметот. -Го побаравме договорот, го добивме и работиме на сите документи, што значи сега анализата е во тек, изјави денеска претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, во одговор на новинарско прашање. Ивановска рече дека не може да каже рокови, но нагласи дека тој предмет „им тежи најмногу“ и оти со сите сили се вложени за да се сработи побрзо. -Го формиравме тимот. Точно. Тимот е составен од четворица советници. Секој е специјалист во својата област. На пример, некој во јавни набавки повеќе, некој во делот за вработувањата. Имаме еден одличен истражувач, тој секако е вклучен. Советникот каде што по редовен пат, нели, по електронскиот систем се паднал предметот, членот на Комисијата Катица Николовска, јас се вклучив во предметот, така што со заеднички сили ќе истераме напред. Не можам да кажам некои строги рокови заради тоа што и времето ни е малку расцепкано. Постојано сме вклучени во скрининзите. Минатата недела Катица се врати, следната недела јас треба да одам, меѓутоа тимот од советници работи. Ние се координираме и кога не сме физички присутни, нели технологијата дозволува. Тој предмет највеќе од сите ни тежи, така што сите сили се вложени за да биде што побрзо, изјави Ивановска, која учествуваше на предавање во рамки на промотивната кампања за борба против корупцијата „Бидете херои на чесноста“ во ОУ „Коле Неделковски” во Општина Центар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-dksk-go-dobi-dogovorot-so-behtel-i-enka/feed/ 0
Ивановска: Ковачевски треба да покаже кој го платил патувањето за неговите деца во Вашингтон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-kovachevski-treba-da-pokazhe-koj-go-platil-patuvaneto-za-negovite-detsa-vo-vashington/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-kovachevski-treba-da-pokazhe-koj-go-platil-patuvaneto-za-negovite-detsa-vo-vashington/#respond Fri, 19 May 2023 08:54:40 +0000 https://kurir.mk/?p=836252

Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска денеска во одговор на прашање дали постои сомнеж за корупција со оглед на тоа што премиерот Димитар Ковачевски ги поведе своите деца на работна средба во Вашингтон изјави дека тој треба да покаже кој го платил патувањето. -Значи треба да покаже кој го платил патувањето бидејќи вака остава лош впечаток, лоша перцепција се создава дека ако е таткото некој функционер може цела фамилија да оди. Не е единствен случај, за жал таа перцпеција треба да се промени, но тоа ќе се промени со фактичка состојба. Нека оди, нека патува, но нека покаже кој тоа го покрива, рече Ивановска. Одлука за тоа дали ќе отворат предмет за овој случај, како што рече, ќе донесат денеска на колегиум и ќе известат. -Ние одлуките дали отвараме или не предмет ги носиме на колегиум, денеска после овој настан ќе имаме колегиум и ќе ги известиме, посочи Ивановска, која учествуваше на предавање во рамки на промотивната кампања за борба против корупцијата „Бидете херои на чесноста“ во ОУ „Коле Неделковски”. Прашана дали има етика и морал кај нашите функционери, Ивановска истакна дека кај нас нема доволно почитување ниту на законите, ниту на етичкиот кодекс. -Штом ми го поставувате прашањето многу јасно е дали има или нема, да не се праивме слепи при очи. Дали е доволно, да доволно е да има етички кодекс ако се почитува. Проблемот кај нас е што не нема доволно почитување ниту на законите ниту на овие помеки мерки. Етичкиот кодекс е помека мерка, опомена. Некој да ме опомене за нешто нема да помсилам веќе тоа да го правам. Додека ние зборувавме за опомена на нашата конференција вие ми кажавте дека повторно го гледате истиот министер повторно со службено возило. Значи опомената не делува, ако е така тогаш треба други мерки бидејќи тие мерки не делуваат. А видете ги примерите од странство, дали е така. Кога случајно министерката ја погрешила картичката и платила со службената да си купи ѓеврек веднаш даде оставка. Ѓеврекот не е материјална работа. Срамот е чувство што го носи само високоморален човек и сам Фројд рекол „кој нема срам бега од него“, нагласи Ивановска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-kovachevski-treba-da-pokazhe-koj-go-platil-patuvaneto-za-negovite-detsa-vo-vashington/feed/ 0
Ивановска: Поради специфичноста на предметот за коридорите ќе му дадеме особено значење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-poradi-spetsifichnosta-na-predmetot-za-koridorite-ke-mu-dademe-osobeno-znachene/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-poradi-spetsifichnosta-na-predmetot-za-koridorite-ke-mu-dademe-osobeno-znachene/#respond Wed, 05 Apr 2023 09:24:46 +0000 https://kurir.mk/?p=820435

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска денеска изјави дека ДКСК веќе добиле дел од потребната документација за предметот што го отворија во однос на проектот за коридорите 8 и 10д, како и дека ја очекуваат останатата документација. Ивановска најави дека на овој предмет ќе му дадат особено значење со цел, како што нагласи, да ја извадат на виделина вистината. - Кај нас е отворен предмет, во фаза сме на прибирање на сите потребна документации, дел ги имаме добиено, останатите ги очекуваме. Поради специфичноста на предметот овој предмет ќе го работи тим и од советници и од членови на Комисијата, значи ќе му дадеме особено значење и внимание се со цел вистината да ја извадиме на виделина и резултаите ќе ги соопштиме на јавна седница, изјави Ивановска, на новинарско прашање во тек на годишна конференција за оценка на остварувањето на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025. Покрај Антикорупциската комисија, и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, следејќи ги информациите по медиумите поврзани со изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д, со цел да ги провери наводите што се изнесуваат во јавноста, отвори предмет по допрен глас. - Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител, кој презема дејствија и ќе изврши проверки, по што ќе донесе јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката, најавија од ОЈО ГОКК. Апели да се истражат наводите околу изборот за надзорот до Антикорупциската комисија и до Обвинителството изминатиот период упати премиерот Димитар Ковачевски. Проектот беше официјализиран вчера на настан кај наплатната рампа на автопатот Тетово - Гостивар, една од четирите делници што ќе се градат во вкупна вредност од 1,3 милијарди евра. Останатите три делници опфатени со договорот со изведувачот „Бехтел и Енка“ се Гостивар - Букојчани, Требениште - Струга - Ќафасан и Прилеп - Битола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-poradi-spetsifichnosta-na-predmetot-za-koridorite-ke-mu-dademe-osobeno-znachene/feed/ 0