билјана муратовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Mar 2022 08:54:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png билјана муратовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Муратовска: Промени на европскиот транспортен пазар, најголема штета за превозниците од малите држави https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/muratovska-promeni-na-evropskiot-transporten-pazar-najgolema-shteta-za-prevoznicite-od-malite-drzavi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/muratovska-promeni-na-evropskiot-transporten-pazar-najgolema-shteta-za-prevoznicite-od-malite-drzavi/#respond Thu, 03 Mar 2022 08:54:39 +0000 https://kurir.mk/?p=639953

Војната во Украина ќе предизвика прераспоредување на европскиот транспортен пазар, а најголема штета, според оценките на транспортната асоцијација МАКАМТРАНС, ќе претрпат превозниците од малите држави. Билјана Муратовска, генерален секретар на МАКАМ-ТРАНС вели дека воената состојба на територија на Украина ги застана македонските превозници кои во последниот период од десетини дена, не се осмелуваат да прифатат превози за Украина, Русија и Белорусија кои ги вршеа од нашата држава и од други држави во соседството. -Спроведувањето на ембаргото кон Руската Федерација од страна на државите членки на НАТО, односно ЕУ е проблем кој ќе предизвика прераспределување на европскиот транспортен пазар, затоа што ќе се намали производството на голем број производи кои се извезуваат на големиот руски пазар, а со тоа ќе се зголеми нелојалната конкуренција затоа што секоја држава ќе ги штити сопствените превозници, особено на т.н превози кои се вршат од и за трета земја. Најголема штета од новонастанатата ситуација ќе претрпат превозници од помали држави во кои спаѓа и нашата држава, особено поради увозната зависност, мала територија, што не дава можност за вршење на поголем обем на внатрешниот транспортен пазар, оценува во изјава за МИА Муратовска. Поради растот на цените на енергенсите од МАКАМ-ТРАНС веќе доставиле барања за поддршка од државата за субвенции на литар гориво по примерот на одредени држави од ЕУ и враќање на дел од акцизата пресметана во горивата за комерцијални превози. Како што вели Муратовска, порастот на цените, општо на сите енергенси, има најголемо негативно влијание на превозните трговски друштва особено што трошокот за гориво учествува од 40 до 60 проценти во цената на превозот. – Можноста да се следи растот на цените е многу тежок и ќе биде уште потешко поради дополнителните проблеми кои се појавуваат со воената состојба во Украина и големата понуда на празни возила на европскиот транспортен пазар, посочува Муратовска. Одредени држави како Црна Гора, Србија и речиси сите држави членки на ЕУ, објаснува, имаат законска одредба за враќање на дел од акцизата ако се вршат комерцијални превози. Исто така, во овој период Србија и Хрватска ги замрзнаа цените на дериватите, а Белгија, Италија, Франција, Словенија , Шпанија и Унгарија како краткорочна мерка даваат субвенции евро за литар, кои суми се движат од 0,2478 до 0.0110 евра за литар зависно од државата и висината на цените на горивата. -Овие мерки кои ги има во разни држави се елементи за нелојална конкуренција, затоа што немаме ист третман со останатите превозници на ниво на Европа. Се соочуваме со намален број на меѓународни транспортни дозволи како инструмент за достапност на европскиот транспортен пазар, бројот на возила енормно порасна, а не се преземаат мерки за стимулација и на оние превозници чии возила спаѓаат во 56 проценти застарен возен парк. Цената на електричната енергија исто така има свое индиректно влијание на зголемување на трошоците за работа, укажува Муратовска. Како асоцијација, информираше таа, до Владата, Министерството за финансии и министрите од економските ресори доставиле барање за долгорочни и краткорочни мерки во однос на цената на нафтата и нејзино регулирање со цел да се намали влијанието на секој производ кој се зема за превоз. Бараат субвенции на литар гориво по примерот на одредени држави од ЕУ и враќање на дел од акцизата пресметана во горивата за комерцијални превози. -Владата не информира дека нашето барање е испратено до Регулаторната комисија и ги задолжуваат да ги проценат можностите и согласно на тоа да достават соодветен одговор, изјави Муратовска. Во истовреме, укажува таа, проблем е и тоа што состојбата со професионалните возачи е на многу критично ниво последните неколку години, откако во одделни држави членки на ЕУ спроведуваат политика за привлекување на квалификувана работна сила на која веќе не им се потребни пасоши од држава членка на Унијата, туку добиваат работни визи и со нашите македонски пасоши. -Во стручното средно образование нема насока возач последните дваесетина и повеќе години, ниту пак се спроведуваат одредени активности за стимулација на невработени лица за да се преквалификуваат во професионални возачи. Без одредени донации интересот е мал затоа што трошоците за обуката за возач и обезбедување на сите потребни сертификати за да се стане професионален возач се големи и ретко кога поединци сами се одлучуваат да се финансираат. Од друга страна, кога превозникот сам инвестира во одредени кадри се соочува со проблемот после три до четири месеци истите по обуката и стекнување со искуство да заминат во Германија, Белгија, Чешка или некоја друга држава членка на ЕУ, вели Муратовска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/muratovska-promeni-na-evropskiot-transporten-pazar-najgolema-shteta-za-prevoznicite-od-malite-drzavi/feed/ 0
Транспортерите  со околу 200 камиони го блокираа Скопје: Бараат да се укине акцизата и воведување на прогресивен данок (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transporterite-so-okolu-200-kamioni-go-blokiraa-skopje-baraat-da-se-ukine-akcizata-i-voveduvanje-na-progresiven-danok-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transporterite-so-okolu-200-kamioni-go-blokiraa-skopje-baraat-da-se-ukine-akcizata-i-voveduvanje-na-progresiven-danok-video/#respond Tue, 28 Apr 2020 12:18:31 +0000 https://kurir.mk/?p=338653

Организирана колона од камиони, автобуси, комбиња со вклучени сирени попладнево  се движеше низ центарот Скопје. На тој начин транспортерите организирани од асоцијацијата „Макам-транс“ изразија протест за покачената акциза на горивата и побараа поддршка за транспортниот сектор кој е меѓу најпогодените со здравствено економската криза предизвиката од коронавирусот. Колоната од транспортери започна да се движи од клучката кај Хиподром за влез во Скопје, преку Владата и Собранието каде преку свирење го искажаа својот револт. Тие бараат да се укине Уредбата за зголемување на акцизата на горивата за три денари и да се воведе прогресивен данок на доход за сите стопански и нестопански дејности. -Би сакала да пратам порака до сите економисти и тие што се јавуваа и говореа дека транспортерите најмногу заработуваат и имаат високи цени да ми кажат како успеавме да донесеме над 200 камиони на протест ако имаат толку многу работа? Што значи нашата работа е преполовена, единствено нешто што од Бог ни падна се цените на нафтата бидејќи се друго ако успееме да добиеме од секоја од мерките значи и треба да вратиме. Така да ова беше предупредувачки протест за да не видат. Ова се огромни инвестиции кои што се вложени кај транспортерите, ние се бориме со невидени работи кои што се случуваат на терен, дали се конвои, судири во тие конвои, нашите возачи остануваат по десетина дена на пат што значи се зголемуваат трошоците за нивни дневници, вели претседателката на асоцијацијата на превозници „Макам-транс“ Билјана Муратовска. Таа апелира до Владата сите овие барања кои што се доставени и ако сакаат да бидат сите солидарни и рамноправни нека воведат прогресивен данок. -Најбогатите каде што влегуваат банките, осигурителните компании и телекомуникациските оператори и сите други што земаат огромни профити нека платат 2 проценти данок и да го наречеме данок за ковид-19 и назад да се навраќа по еден процент на сите па се до најмалите и без да ги исклучиме асоцијациите како нас и сите други и да одвоиме по 0,5 проценти и да помогнеме на стопанството, додава Муратовска. Протестот  се одвиваше согласно сите мерки за безбедност кои се во сила заради пандемијата од коронавирусот поради која што се намали обемот на работа и во патничкиот и во товарниот превоз. -Дали ќе не послушаат или не тоа е еден огромен срам за нив кога ќе видат колку возила поминаа, секоја Влада треба да е за народот, а не обратно, додаде на крајот Муратовска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transporterite-so-okolu-200-kamioni-go-blokiraa-skopje-baraat-da-se-ukine-akcizata-i-voveduvanje-na-progresiven-danok-video/feed/ 0