билјана василева трендафилова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 29 Jun 2020 18:48:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png билјана василева трендафилова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Славески за „Бизнис поенти“: Со платежните картички, власта сака предизборно да купи гласови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/slaveski-so-plateznite-kartichki-vlasta-saka-predizborno-da-kupi-glasovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/slaveski-so-plateznite-kartichki-vlasta-saka-predizborno-da-kupi-glasovi/#respond Mon, 29 Jun 2020 18:47:03 +0000 https://kurir.mk/?p=365352

,,Коинциденцијата на времето со платежните картички не е случајна. Со овој потег власта сака да ја добие наклонетоста на граѓаните.Но, подобро ќе беше да го смени барем наративот, а не да ги манипулира луѓето со пари на даночните обврзници или со пари што ќе ги позајмува да прави лажна слика дека помага, напротив прави штета", вели универзитетскиот професор и член на Ик на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески. За емисијата ,,Бизнис Поенти" на Алфа со Билјана Василева-Трендафилова, поранешниот министер за финансии вели дека со овој проект се прави голема штета на граѓаните во услови на пандемија. Ангажирана е огромна маншинерија, наместо се да се изведе поедноставно, вели Славески.
Тој вели дека програмата на Сдсм повеќе личи на отчет наместо на четиригодишна програма. ,,Изненаден сум од програмата на Сдсм. Документот повеќе личи на отчет или на тоа како власта си гледа на сопствените ,,успеси", наместо да понуди четиригодишна програма" вели универзитетскиот професор. Поранешниот министер за финансии вели дека заштитен знак на Сдсм е да нудат список што личи на желби, наместо реална програма со рокови. Според Славески власта и во првите две години од мандатот била изгубена во економските политики, создавајќи слика на тргни-застани влада.
Од друга страна, посочува дека изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ е базирана на економија и подобар стандард за граѓаните
Обновата на Македонија е четиригодишна програма, која нуди развоен концепт на извозно ориентирана стратегија и нов пристап во привлекувањето на странски инвестиции-смета еден од креаторите на економската програма на партијата.
Тој истакна дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ е компактна, во која има точно прецизирани рокови и проценка на буџетски средства потребни за да се остварат проектите. Документот претставува своевиден прирачник за идните вршители на функции, за секој да знае во кој момент која обврска следува во рок кој треба да се исполни. Приоритет на Вмро-дпмне ќе биде да се справи со последиците од здравствено-економската криза.
Славески најави дека новата влада на ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе направи ребаланс на буџетот. Кратењето на непродуктивните трошоци е првата мерка што ќе ја направи новата влада, предводена од Вмро дпмне, вели Славески. Цени дека со вистински ребаланс ќе се ослободат повеќе пари за граѓаните и фирмите. Тој ги критикува економските политики на СДСМ со лажните ветувања дека ќе ја намалеле администрацијата и дека државни службеници ќе трансферирале во приватниот сектор, потези кои беа жестоко критикувани и од јавноста.
Нечесно е власта да манипулира со парите што ги собира од граѓаните, вели Славески, кој потенцира и дека продолжува практиката на Сдсм со слабата реализација на капиталните инвестиции.Катастрофалните бројки според универзитетскиот професор Трајко Славески кој е и член на Ик на Вмро дпмне се должи на лошото планирање и менаџирање со јавните пари. За Бизнис Поенти на Алфа, Славески вели дека е грев да се прибираат пари од граѓаните, а притоа тие средства да не ги вратите во економијата, за бенефит да видат сите граѓани преку изградба на нови болници и училишта.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/slaveski-so-plateznite-kartichki-vlasta-saka-predizborno-da-kupi-glasovi/feed/ 0