билка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 02 Nov 2022 06:07:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png билка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Секоја девојка треба да ја има оваа билка дома, таа носи среќа https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sekoja-devojka-treba-da-ja-ima-ovaa-bilka-doma-taa-nosi-srekja/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sekoja-devojka-treba-da-ja-ima-ovaa-bilka-doma-taa-nosi-srekja/#respond Wed, 02 Nov 2022 06:07:17 +0000 https://kurir.mk/?p=753903

Дома сите имаме цвеќиња и билки, но меѓу нив постојат такви кои кријат тајна за здравје и среќа. Една од овие приказни за растенија кои ги имаме, но не знаеме колку се важни е токму Spatifilum, за кое се верува дека носи среќа на припадничките на понежниот пол. Оваа билка ја нарекуваат уште “женска среќа“, а името верувајте не го добила залудно. Се препорачува да ја чуваат немажени девојки во своите домови за да си ја пронајдат среќата. Од друга страна, ако ја подарите на девојка која е мажена, тогаш се верува дека таа ќе остане бремена. Низ годините се појавило верувањето дека билката носи среќа така што оние кои се во брак имаат хармонија, немажените девојки во врска добиваат понуди за брак, а оние кои се сами го наоѓаат својот љубовник. Денес женската среќа е една од најраспространетите билки кои често се подаруваат некому.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sekoja-devojka-treba-da-ja-ima-ovaa-bilka-doma-taa-nosi-srekja/feed/ 0
Која билка може да преживее на Марс? https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/koja-bilka-moze-da-prezivee-na-mars/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/koja-bilka-moze-da-prezivee-na-mars/#respond Wed, 24 Aug 2022 19:25:42 +0000 https://kurir.mk/?p=723338

Како што ни е добро познато, Црвената планета се карактеризира со сурови услови. Така, почвата речиси и да не содржи корисни микроби, таа е заситена со соли и минерали поради што повеќето растенија кои ни се познати на Земјата не би можеле овде да успеат. Сепак, најновите истражувања покажуваат дека решението лежи во луцерката или позната под латинското име како Medica sativa. Претходните истражувања покажале дека екстремно издржливите култури кои растат на Земјата не можат успешно да се одгледуваат на Марс без дополнителни ѓубрива. Сепак, експертите утврдиле дека луцерката може да расте на марсовската почва и тоа без ѓубриво. Од друга страна, за одржување на културите потребна е и чиста вода. Според научниците, солената вода од Марс може да се третира со бактерии, а потоа да се филтрира со вулканската карпа за да се добие свежа вода за одгледување. Откако прочитавте која билка може да преживее на Марс, можеби ќе сакате да прочитате и како научниците пронашле езеро со течна вода на Марс. Извор: nationalgeographic.rs]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/koja-bilka-moze-da-prezivee-na-mars/feed/ 0
Билката која ги одбива комарците: Лесна за чување и на тераса и во двор https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/bilkata-koja-gi-odbiva-komarcite-lesna-za-chuvanje-i-na-terasa-i-vo-dvor/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/bilkata-koja-gi-odbiva-komarcite-lesna-za-chuvanje-i-na-terasa-i-vo-dvor/#respond Tue, 16 Aug 2022 07:18:27 +0000 https://kurir.mk/?p=719123

Фактот дека природно растечката мента, позната како нане, сега може да се најде речиси насекаде во светот е доказ не само за нејзината приспособливост, туку и за нејзините многубројни квалитети. Откако нашите предци научија да го користат ова растение, го носеа секаде каде што се движеа. Најдоброто нешто за ова растение е неговата способност да ги одвраќа комарците. Ако комарците ја прогонуваат вашата тераса или дом, ставете неколку саксии со нане во централните точки – крвопијците ќе се распрснат! Иако грижата за нане вклучува малку повеќе од само ставање во земја, тоа секако не значи дека одгледувањето на ова растение е комплицирано. Прво и основно, нането има потреба од многу вода. Иако делумното сонце е доволно за нане, садењето на полно сонце ќе ја зголеми моќта на неговите масла и лековитите квалитети. Постојат неколку варијанти на нане, но која и да ја одберете, добрата грижа вклучува преместување на ова растение на нова локација на секои три или четири години. Тие имаат тенденција да слабеат и да станат вретенести ако се остават на истото место предолго. Бројни студии покажаа дека маслото од нане има способност да ги убие ларвите од комарци во рок од 24 часа. Иако е одличен за убивање ларви, сè уште не е целосно докажано дека маслото од ова растение го има истиот ефект врз возрасните комарци. Лоренс Цвибел, професор по биологија и фармакологија во Вандербилт, објасни дека ефективноста на маслото од нане врз инсектите зависи од тоа како се подготвува и колку се чисти маслата. Но, затоа саксијата со нане може да реши голем летен проблем – само ставете ја во близина на местото каде што седите на терасата и комарците ќе ве заобиколат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/bilkata-koja-gi-odbiva-komarcite-lesna-za-chuvanje-i-na-terasa-i-vo-dvor/feed/ 0
Најголемата билка во Светот откриена на брегот на Австралија https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najgolemata-bilka-vo-svetot-otkriena-na-bregot-na-avstralija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najgolemata-bilka-vo-svetot-otkriena-na-bregot-na-avstralija/#respond Thu, 02 Jun 2022 05:54:35 +0000 https://kurir.mk/?p=685297

Најголемото познато растение на Земјата – морската трева, која е приближно три пати поголема од Менхетен, е откриена во близина на брегот на Австралија. Со помош на генетско тестирање, научниците утврдиле дека голема подводна ливада во Западна Австралија е всушност едно растение. Се верува дека растението еволуирало од едно семе во текот на најмалку 4.500 години. Морската трева зафаќа околу 200 квадратни километри, велат истражувачите од Универзитетот во Западна Австралија. Тимот случајно наиде на откритие во заливот Ајкула, околу 800 километри северно од Перт. Тие имале намера да ја разберат генетската разновидност на видот, познат и како тенија, кој обично се наоѓа по делови од австралискиот брег. Истражувачите собраа примероци од целиот залив и тестираа 18.000 генетски маркери за да направат „отпечаток“ од секој примерок. Тие имаа за цел да откријат колку растенија ја сочинуваат ливадата. „Бевме воодушевени од одговорот, имаше само еден“, рече Џејн Еџело, главен автор на студијата. „Тоа е тоа, само едно растение се прошири на 180 километри во заливот Ајкула, што го прави најголемото познато растение на Земјата“, вели таа. Растението е исто така исклучително во својата издржливост, бидејќи растело на локации низ заливот со многу променливи услови. „Изгледа дека е навистина отпорен, доживува широк опсег на температури и соленост, плус екстремно високи услови на осветлување, кои заедно обично би биле многу стресни за повеќето растенија“, рече д-р Елизабет Синклер, една од истражувачите. Видот главно расте како тревник со брзина до 35 см годишно. Така, истражувачите процениле дека биле потребни 4.500 години за да се прошири до сегашната големина. Истражувањето е објавено во Proceedings of the Royal Society B.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najgolemata-bilka-vo-svetot-otkriena-na-bregot-na-avstralija/feed/ 0
ЧУДОТВОРНАТА ТРЕВКА НА АРХАНГЕЛ МИХАИЛ: Го закрепнува целото тело, таа е храна, зачин и лек! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/chudotvornata-trevka-na-arhangel-mihail-go-zakrepnuva-celoto-telo-taa-e-hrana-zachin-i-lek/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/chudotvornata-trevka-na-arhangel-mihail-go-zakrepnuva-celoto-telo-taa-e-hrana-zachin-i-lek/#respond Tue, 31 May 2022 17:14:15 +0000 https://kurir.mk/?p=684392

Интересната билка Анѓелика (Angelica archangelica), во народната медицина се користи долго време. Поради својот ароматичен вкус, одамна е позната како храна, зачин, но и лек. Во градините на средновековните калуѓери, се одгледувала како една од главните лековити билки, а пред се како средство против чума. Според легендата, благородноста во лечењето на чума која тогаш брзо се ширела низ Европа, ја открил Архангел Михаил, по кого и го добила името. Познато било дека го смирува и нервниот систем и го регулира варењето, поради што добила посебно место кај свештениците во средниот век.

Се препорачува и за заздравување од анорексија и изнемоштеност. Билката се користи и против реума, болест на црниот дроб, жолчката, како и против менструалните болки.

Анѓелика го поттикнува секретот кај дишните органи. Во нејзиниот состав има масло кое делува против воспаление и ги уништува инфекциите кај бронхитис и воспаление на белите дробови. Билката го спречува и згуснувањето на крвта, затоа се препорачува при лекувањето на тромбоза.

Чајот од оваа благородна билка е корисен за желудникот, прочистување на крв и бешиката. Ги ублажува грчевите во стомакот и хемороидите.

Производите од билката Анѓелика, не се препорачуваат за време на бременост и доење. Исто така, не е препорачлива за дијабетичари, како и за пациенти кои користат лекови против згрутчување на крвта.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/chudotvornata-trevka-na-arhangel-mihail-go-zakrepnuva-celoto-telo-taa-e-hrana-zachin-i-lek/feed/ 0
Оваа билка ја користиме само како зачин, а има огромни здравствени придобивки https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovaa-bilka-ja-koristime-samo-kako-zachin-a-ima-ogromni-zdravstveni-pridobivki/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovaa-bilka-ja-koristime-samo-kako-zachin-a-ima-ogromni-zdravstveni-pridobivki/#respond Sun, 27 Feb 2022 11:58:15 +0000 https://kurir.mk/?p=637474

Рузмаринот е лековита медитеранска билка која дава неодолива арома на јадењата, особено на месото. Се употребува како зачин, а има и многу здравствени придобивки од него. Рузмаринот помага за превенција на рак на дојка, цревата и кожата, а ублажува и тегоби и болки. Помага при грчеви во цревата и желудникот, а помага и за менструални болки. Влијае за намалување на стресот, а исто така го поттикнува и растот на косата и го чува нејзиното здравје и сјај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovaa-bilka-ja-koristime-samo-kako-zachin-a-ima-ogromni-zdravstveni-pridobivki/feed/ 0
Оваа билка го чисти воздухот и го запира хрчењето https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-bilka-go-chisti-vozduhot-i-go-zapira-hrchenjeto-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-bilka-go-chisti-vozduhot-i-go-zapira-hrchenjeto-2/#respond Tue, 06 Jul 2021 20:43:50 +0000 https://kurir.mk/?p=533038

Причините за хрчењето можат да бидат настинката, отечената слузокожа, зголемените крајници, девијацијата на септумот или отечениот јазик, како и вишокот ткиво или раб на мекото непце. Долгорочното хрчење може да доведе до сериозни здравствени проблеми, па дури и до срцев и мозочен удар. Но, научниците тврдат дека постои едноставен начин да го прекинете хрчењето, а не станува збор за никаква справа или операција, дури и не чини многу. НАСА спроведе истражување кое покажа дека билката ананас (еден мал вид на ананас) во спалната соба значително го намалува хрчењето и поттикнува добар сон. Билката Bromelia, попозната како ананас, произведува кислород навечер, а не во текот на денот како повеќето билки, што го подобрува квалитетот на воздухот, а со самото тоа и квалитетот на спиењето. Bromelia исто така го произведува и ензимот бромелаин кој го смирува хрчењето кај луѓето. Bromelia најмогу се одгледува во Холандија и потребни се околу две години да се појави првиот мал ананас на врвот од билката. Но, треба да внимавате, ова е исклучително украсна билка и ананасот од неа не е за јадење- што може да се види и според големината (тој е многу мал) и според бојата (многу потемен од обичниот ананас). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-bilka-go-chisti-vozduhot-i-go-zapira-hrchenjeto-2/feed/ 0
Ова е билката што го убива ракот за 16 часа (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-e-bilkata-shto-go-ubiva-rakot-za-16-chasa-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-e-bilkata-shto-go-ubiva-rakot-za-16-chasa-video/#respond Fri, 17 Jul 2020 19:23:33 +0000 https://kurir.mk/?p=377964

Една билка може да се претвори во лек во борбата против ракот. Според истражувањата кои биле објавени во „Life Science“, артемисининот кој е дериват на билката „Sweet wormwood” или „Artemisia Annua“, што во буквален превод од англиски значи “сладок пелин“, бил употребен и во кинеската медицина и истата може да убие 98% од клетките на ракот на дојката за помалку од 16 часа. Ако се користи само билката, таа предизвикува 28 процентно намалување на клетките на ракот на дојка, но во комбинација со железо, ”Artemisia Annua” успешно го лечи ракот речиси целосно. Кај здравите клетки на градите не се забележани ефекти од оваа билка. Овој екстракт во Кина бил користен илјадници години, како лек против маларијата. Паразитот на маларијата не може да живее во присуство на супстанција од растението, бидејќи изобилува со железо, а био- инженерите Хенри лаи и Нарендра Сингк од Универзитетот во Вашингтон биле научници, кои први го откриле ова. Во рамките на истражувањето било докажано дека канцерогените клетки доживуваат апоптоза или сопствено уништување, а досега овој екстракт бил тежок за снабдување на нормални цени, но со зголемениот интерес во оваа билка, и цената може да стане прифатлива. Францускиот производител на лекови ”Sanofi ” соопшти дека очекува производство од 50 до 60 тони артемисинин секоја година, надевајќи се дека ќе одговори на побарувачката на светскиот пазар. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-e-bilkata-shto-go-ubiva-rakot-za-16-chasa-video/feed/ 0
Оваа билка мора да си ја купите за дома, носи среќа и го чува семејството од зло https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-bilka-mora-da-si-ja-kupite-za-doma-nosi-srekja-i-go-chuva-semejstvoto-od-zlo/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-bilka-mora-da-si-ja-kupite-za-doma-nosi-srekja-i-go-chuva-semejstvoto-od-zlo/#respond Thu, 09 Jan 2020 13:47:22 +0000 https://kurir.mk/?p=287495

Фикусот е билка која сите треба да ја имаме дома. Според Фенг Шуи билките се неопходни дома, а фикусот носи радост, среќа и хармонија. Кога е сместен во југоисточниот дел на станот помага за благосостојба. Оние кои го имаат дома според Фенг Шуи ќе имаат среќа. Сите сакаме да имаме чист и свеж воздух во нашите домови, а за да го постигнеме тоа најлесен начин е да употребиме домашни растенија за да ни помогнат во прочистување на истиот. Важно е да ги намалите колку што е можно повеќе токсините. Тие го напаѓаат телото преку воздухот, облеката, козметиката, храната, водата, сапуните, шампоните… а ние не сме ни свесни за тоа. Многумина не знаат дека особено во текот на зимските месеци, а и во текот на летото кога сите прозорци се затворени и се ладиме со клима уреди, воздухот во куќата не циркулира и не се филтрира доволно. Тоа значи дека сите ток*ини во домот, од средства за чистење и слично, директно ги вдишуваме. Затоа е важно да се осигураме дека воздухот во нашите домови е чист, а најдобар начин за тоа е со помош на домашни растенија. Покрај тоа, растенијата во домот исто така имаат и декоративна улога, а ја подобруваат и целокупната позитивна енергија. Од сите растенија тестирани, фикусот исто така е најдобар во отстранување то*сини и загадувачи од домовите, а особено е добар борец против формалдехидот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-bilka-mora-da-si-ja-kupite-za-doma-nosi-srekja-i-go-chuva-semejstvoto-od-zlo/feed/ 0
Набавете ја оваа билка ако сакате куќа полна со пари https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nabavete-ja-ovaa-bilka-ako-sakate-kukja-polna-so-pari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nabavete-ja-ovaa-bilka-ako-sakate-kukja-polna-so-pari/#respond Sat, 01 Jun 2019 11:03:16 +0000 https://kurir.mk/?p=204171

Најпознатите исцелители на негативна енергија во домот се бујните, зелени билки кои не само што ќе донесат позитивни вибрации во домот, туку, како што се верува, и богатство. Според некои верувања, постојат билки кои ја привлекуваат енергијата на богатството. Такво е и јапонското дрво на парите, со латинско име “Crassula ovata”. Оваа билка која носи различни називи, секаде е позната како билка која носи пари. На англиски на пример, често се нарекува „money tree“. Се верува дека присуството на билката во просторијата позитивно влијае на работата. Затоа е одличен избор за во канцеларии, а во некои азиски земји се пренесува од колено на колено. Фенг шуи препорачува оваа билка да се држи од десната страна на влезната врата како би привлекла пари. Потекнува од јужна Африка, доста е отпорна и не ја напаѓаат штетници. Инаку, може да се купи и во Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nabavete-ja-ovaa-bilka-ako-sakate-kukja-polna-so-pari/feed/ 0