биогорива – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 26 Jun 2020 10:26:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png биогорива – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Неопходен е Закон за биогорива за остварување на целите за декарбонизација во транспортот https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/neophoden-e-zakon-za-biogoriva-za-ostvaruvanje-na-celite-za-dekarbonizacija-vo-transportot/ https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/neophoden-e-zakon-za-biogoriva-za-ostvaruvanje-na-celite-za-dekarbonizacija-vo-transportot/#respond Fri, 26 Jun 2020 10:26:27 +0000 https://kurir.mk/?p=363347

Зголемување на учеството на биогоривата до 10 проценти до 2030 година предвидува Стратегијата за развој на енергетиката во Република Македонија до 2040 година, објавена во јануари годинава. Стратегијата оценува дека декарбонизација во транспортот претставува еден од главните предизвици. Констатирано е дека дизел-горивото го придвижува растот на транспортот, додека користењето на обновливи извори на енергија е занемарливо. - Финалната потрошувачка на енергија во транспортот се зголемува за девет проценти на годишно ниво, додека дизел-горивото што се користи во патниот сообраќај се зголемувало за десет проценти во периодот 2013-2017 година. Потрошувачката на обновливи извори на енергија во транспортот е помала од 0,2 процента годишно за периодот 2012-2015 година. Другите алтернативни извори, како што е биоетанолот, електричната енергија или биогасот во транспортот не се присутни, се вели во Стратегијата. Уделот на биогоривата во транспортот се предвидува да се зголеми од 1,25 проценти во 2020 година до 10 проценти во 2030 и 2040 година. За таа цел важно е да се воведе постојана надградба на идните национални акциски планови за стимулирање и користење на биогоривата и на електричната енергија во транспортот со сеопфатна цел за намалување на емисијата на стакленички гасови и на локалното загадување. - Со цел да се постигне учество од 10 проценти на биогоривата до 2030 година мора да се донесе Закон за биогорива и Акциски план во следните две години, се вели во Стратегијата како можни политики и мерки за поддршка на обновливите извори на енергија во транспортот. Додека биодизел-горивото на македонскиот пазар има удел од само 0,2 процента,  сите дизел-горива продадени на бензинските станици во Европската Унија во 2017 година содржеле биодизел, а 87,6 проценти од бензинот содржел биоетанол. На нашиот пазар нема понуда на биоетанол. Биогоривата претставуваат најоптимално решение за намалување на емисијата на CO2 од  транспортот. Половина од возилата на нашите патишта во 2018 година или над 208 илјади биле со погон на дизел-гориво и со просечна старост од 19,1 година. Тоа значи дека биодизел-горивото, со негова популаризација и помасовна употреба може да биде најдобра краткорочна мерка за намалување на загадувањето од транспортот. Дополнително, дизел-горивото со биокомпонента му годи на моторот бидејќи обезбедува природно подмачкување на внатрешните делови, повисоката содржина на кислород, обезбедува почисто согорување и намалување на остатоците од согорување во моторот, додека повисокиот цетански број од тој на обичното дизел-гориво обезбедува посмирена работа на моторот и помало абење на деловите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/neophoden-e-zakon-za-biogoriva-za-ostvaruvanje-na-celite-za-dekarbonizacija-vo-transportot/feed/ 0
Биогоривата со удел од само 0,19 проценти во вкупната потрошувачка на горива во 2019 https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/biogorivata-so-udel-od-samo-0-19-procenti-vo-vkupnata-potroshuvachka-na-goriva-vo-2019/ https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/biogorivata-so-udel-od-samo-0-19-procenti-vo-vkupnata-potroshuvachka-na-goriva-vo-2019/#respond Mon, 22 Jun 2020 10:27:50 +0000 https://kurir.mk/?p=360780

Биогоривата учествуваат со 0,19 проценти во вкупната потрошувачка на нафтени деривати на домашниот пазар во 2019 година, покажува извештајот на Регулаторната комисија за енергетика. Тоа е намалување во однос на 2018 година кога учествуваат со 0,2 процента, иако со Стратегијата за развој на енергетиката се предвидува зголемување на учеството на биогоривата до 10 проценти до 2030 година. Во потрошувачката на нафтени деривати минатата година доминираат дизел-горивата со 68,5 проценти, по што следат безоловните бензини со 11,02 процента, мазутот со 7,7 проценти и течниот нафтен гас со 7,8 проценти. Продажбата на нафтени деривати на домашниот пазар во 2019 година бележи раст од 10,17 проценти во однос на 2018 година, при што значителен раст од 12,4 проценти има кај дизел-горивото, односно во 2019 година биле продадени вкупно 642.742 тони, споредено со 571.893 тони во 2018 година. Бензините имаат раст од 2,7 отсто, а горивото течен нафтен гас (ТНГ) 1,8 проценти. На нашиот пазар минатата година се продадени 1. 748 тони биогориво. Обновливите извори што се користат во транспортот на ниво на Европската Унија се во постојан раст и во 2018 година нивниот удел изнесува осум проценти. Целта е до 2020 година да се достигне нивото од 10 проценти, а во 2030 до 14 проценти. На бензинските станици во Европската Унија дизел-горивата содржат и до десет проценти чист биодизел. Истиот е блендиран со фосилното дизел-гориво на начин што ги задоволува нормите за квалитет, а, истовремено, ја намалува емисијата на штетни гасови. Сите дизел-горива продадени на бензинските станици во Европската Унија во 2017 година содржеле биодизел, додека 87,6 проценти од бензинот содржел биоетанол. Стимулирањето на биодизелот и биоетанолот на нашиот пазар може да има двоен ефект – намалување на емисијата на штетни гасови од возилата и поттикнување на земјоделството преку домашно производство на основната суровина, односно маслодајната репка. Единствената рафинерија за производството на биогорива во нашата земја е во сопственост на Макпетрол и работи од 2007 година. Има капацитет од 30 илјади тони годишно, а за производство на биодизел-гориво се користи нерафинирано масло од семе од маслодајна репка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/biogorivata-so-udel-od-samo-0-19-procenti-vo-vkupnata-potroshuvachka-na-goriva-vo-2019/feed/ 0