Бирнбаум – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 02 Feb 2022 07:17:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Бирнбаум – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бирнбаум: На Германија и треба рускиот гас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/birnbaum-na-germanija-i-treba-ruskiot-gas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/birnbaum-na-germanija-i-treba-ruskiot-gas/#respond Wed, 02 Feb 2022 07:17:26 +0000 https://kurir.mk/?p=625678

Германија мора да продолжи да се потпира на рускиот гас за да може да го исфрли од употреба јагленот и да ги ограничи цените на енергијата, предупреди извршниот директор на „E.ON”, водечката компанија за електрична енергија во оваа земја, Леонхард Бирнбаум, пренесе Хина. -Сметаме дека ни треба рускиот гас. Точка. Особено затоа што сега треба повеќе да се потпираме на гас бидејќи сакаме да престанеме да користиме јаглен, рече Бирнбаум. Тој изрази поддршка за гасоводот „Северен тек 2″, што треба двојно да ги зголеми испораките на руски гас за Германија, но е критикуван во Вашингтон и од сојузниците, со оценката дека германската Влада направила стратешка грешка. -Гледано од перспектива на енергетска економија „Северен тек-2″ помага. Политичката оценка може да биде различна и за неа треба да се разговара на политичката арена, потенцира првиот човек на „Е.ОН”. И САД и Германија предупредија дека „Северен тек 2″, проект што е завршен, но се уште не е ставен во функција, може да се соочи со санкции доколку Русија ја нападне Украина. ДПА забележува дека гасот што доаѓа од Русија, преку гасоводот, во принцип е поевтин од течниот природен гас (LNG). -Доколку треба да се потпреме на ЛНГ, цените на бензинот во Европа ќе бидат многу повисоки од претходно. За да паднат цените, до Европа мора да стигне повеќе гас преку гасоводите, објасни Бирнбаум. „Тоа секако значи и увоз од Русија. Се надевам на разумно решение, и покрај сегашните тензии”, додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/birnbaum-na-germanija-i-treba-ruskiot-gas/feed/ 0