биро за развој – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 16 Aug 2020 12:04:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png биро за развој – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Демант на Бирото за развој на образованието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demant-na-biroto-za-razvoj-na-obrazovanieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demant-na-biroto-za-razvoj-na-obrazovanieto/#respond Sun, 16 Aug 2020 12:04:58 +0000 https://kurir.mk/?p=391322

Со оглед на здравствената криза со ковид 19 во нашата земја и предизивиците со коишто се соочува образованието, а особено во изнаоѓањето на најсоодветни начини за отпочнување на новата учебна година, советниците во Бирото за развој на образованието оваа година и не користат годишен одмор. Заради законската обврска тие имаат решенија за користење на годишен одмор од 10 работни дена, но и покрај тоа тие се ангажирани и работат од дома, велат од Бирото за развој на образованието. Во продолжение интегрално ви го пренесуваме целиот демант: Една од обврските што ја имаат е изработувањето на скратените наставни програми за сите наставни предмети од основното образование, гимназиското образование, уметничкото образование и општообразовните предмети во стручното образование. Овие скратени програми се изработени и истите ќе бидат доставени во МОН на усвојување, иако според сите досегашни насоки и протоколи јасно е дека нема да се работи според скратени програми, бидејќи согласно постоечките закони тие се изработуваат за вонредни состојби и настава којашто е во траење од 100 дена. Во текот на целиот летен период Бирото за развој на образованието активно е вклучено во изработка на истражувања и изработка на документи значајни за успешно организрање и реализирање на наставата и учењето. Така, заедно до УНИЦЕФ и Здружението Реактор подготвено е сеопфатно истражување за искуствата на наставниците во реализација на настава од далечина во перидот на здравствената криза од март до јуни. Резултатите беа презентирани пред 10 дена од страна на министерот за образование и нуака, а врз основа на резултатите се разработуваа и моделите за одвивање на наставата во следната учебна година. Советниците во моментов работат и на подготовка на видео содржини за септември и октомври заедно со дел од наставниците, а потоа ги верифицират и истите се поставуваат на порталот ЕДУИНО. Прогресот на нивна изработка со пресек до 13 август е следен: Во основно образование изготвени се 60% од назначените содржини за септември, во средно гимназиско образование 50% и во средно стручно образование 30% изработени/снимени видео лекции/содржини за далечинско учење/он лајн настава. Значајно е дека на порталот ЕДУИНО се поставува и нова функционалност Е-распоред преку којашто ќе им помогнеме и ќе им изработиме распоред за настава од далечина на сите училишта коишто на тој начин ќе ја реализираат наставата. Веќе дописите се испратени до училиштата, тие ги испраќаат бараните информации и се изработуваат профилите за секое одделно училиште. Бирото за развој на образованието овие денови постави обука на далечина за наставниците за користење и креирање основни алатки за реализација на наставата, а во тек е процесот за акредитација на програми за обука од областа на учењето на далечина коишто би се реализирале со почетокот на учебната година и би им биле поддршка на наставниците при реализација на наставата. Исто така, во преговори сме со УНИЦЕФ и со други организации за поставување и организрање вебинари, упатства, дополнителни материјали за образование на далечина со цел наставниците да можат да се усовршуваат во таа насока и да им бидат од корист при секојдневната работа. Бирото за развој на образованието располага со Learning Menagement System што е наменет за професионален развој на наставниците. Тоа значи дека во овој момент системот може да се користи за поставување на обуки за далечинско образование на наставниците, но не и за учениците, а сумата која ја споменувате Бирото ниту ја има во својот буџет, ниту се издвоени толку средства. Во мај 2020 година Министерот формира работната група за изготвување Концепција за учење на далечина каде носители беа токму вработени од Бирото. Во неа учествуваа претставници од Министерството за образование и наука, Министерството за инфроматичко општество, наставници, универзитетски професори, а беше поддржана од експерти од УНИЦЕФ и УСАИД. Концепцијата беше на јавна расправа, по прифаќањето на забелешките истата беше усвоена од страна на министерот за образование и наука. Натамошните чекори за имплементација на активностите од Концепцијата и воспоставувањето на национална платформа за далечинско учење, согласно предложен акциски план, не е во надлежност на Бирото, туку на Министрството за образование и наука. Исто така, работна група формирана до директорот на Бирото за развој на образованието со претставници од Министерството за образование и наука ги изработи Протоколите за отпочнување на учебната година. Овој документ навремено е предаден во Министерството и понатму проследен до Комисијата за заразни болести за донесување на конечна одлука како ќе отпочне учебната година. Сакаме да истакнеме дека голем дел од активностите коишто ги споменувате во текстот иако не се во надлежност на Бирото, директорот и вработените на Бирото имајќи ја предвид здравствената криза и пандемијата Ковид 19, Бирото самоиницијативно, со голема мотивираност и посветеност, стручно и професионално се вклучија во изнаоѓање на начини за зачувување на квалитетот на наставата во вакви вонредни услови. Исто така, сакаме да истакнеме дека сите документи коишто се изработија овој период беа изработени од работни групи со претсавници и на Министерството за образование и наука и на Бирото за развој на образованието, како и на други институции, Затоа зачудени сме од наводите дека Вашиот текст се базира на „извори од Министретсвото“, а не на изјави на официјални лица од Министерството, од министерот за образование, советниците за односи со јавност или други лица овластени и запознаени со проблематиката и соработката на двете институции. Не сакаме да веруваме во тендециозноста на текстот, со оглед на тоа што во ваква здравствена криза особено во изнаоѓањето на решенија во најдобар интерес на децата, како во однос на нивната безбедност, така и во однос на стекнувањето знаења, потребна е соработка и здружување на сите институции, медиуми, родители и воопшто на целото општетство. Затоа ве повикуваме и вас и сите останати новинари за сите прашања поврзани со нашата работа да се обратат директно до институцијата, а не да користат, очигледно, неупатени „извори“ кои само ја подгреваат нервозата кај родителите и јавноста. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demant-na-biroto-za-razvoj-na-obrazovanieto/feed/ 0
СДК: Додека сите чекаат план за онлај настава, директорот и вработените на бирото за развој на образованието отишле на колективен одмор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-dodeka-site-chekaat-plan-za-onlaj-nastava-direktorot-i-vrabotenite-na-biroto-za-razvoj-na-obrazovanieto-otishle-na-kolektiven-odmor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-dodeka-site-chekaat-plan-za-onlaj-nastava-direktorot-i-vrabotenite-na-biroto-za-razvoj-na-obrazovanieto-otishle-na-kolektiven-odmor/#respond Sun, 16 Aug 2020 09:27:13 +0000 https://kurir.mk/?p=391247

Над 200 вработени во Бирото за развој на образованието и директорот си отишле на колективен годишен одмор без да ја изработат програмата за скратен наставен план за основните и средните училишта, на која чекаат илјадници наставници и професори за новата учебна година која, според последниот предлог од Комисијата за заразни болести, ќе биде онлајн за најголем дел од учениците. САКАМДАКАЖАМ.МК дознава дека Министерството за образование и наука (МОН) таа задача на Бирото за развој на образованието му ја дала уште во април. Но, до денеска Програма за скратен наставен план за сите предмети во основните и во средните училишта, нема. Веќе требало да течат обуки за онлајн предавања, за интеракција со учениците и средношколците, како и за начинот на вреднување на нивните резултати, но и тоа не го направиле вработените во Бирото и директорот Зекирија Хасипи. Во меѓувреме расте нервозата кај родителите дали ќе се организира вистинска настава во претстојната учебна година, откако се импровизираше во второто полугодие од претходната. „Бирото требаше да организира обука за наставниците и професорите по враќањето од ’распуст‘, уште на почетокот на август. Обуките требаше да бидат од методичко-дидактички аспект. Требаше на целиот наставен кадар во Република Северна Македонија да му биде пратен планот за одвивање на скратена настава, каква што ќе се организира во новата учебна година, со распоред со сите часови и со мали паузи за одмор меѓу часовите. Но, ништо и од тоа“, велат во Министерството за образование. САКАМДАКАЖАМ.МК го побара директорот Хасипи, но тој ни пиша дека е на годишен одмор, надвор од државата. Упати на одговорно лице за односи со јавноста, но тоа не одговори на повикот и на смс пораката. „Со право е револтиран и нервозен наставниот кадар. Нема ни план, ни обуки. Не е исто настава со физичко присуство и онлајн настава преку компјутери. Како ќе ги вршат предавањата, како ќе ги оценуваат учениците, кога старото упатство од пред неколку месеци не е во ред и мора да се направи ново?“, прашуваат нашите извори од МОН, кои го чекаат Бирото и директорот да се вратат од колективен одмор. За разлика од Бирото, работна група во МОН план за скратена онлајн настава што ќе се искористи за предавање на учениците кои ќе ја следат наставата од дома поради пандемијата со коронавирус, изработиле уште пред еден месец. Тој е доставен до министерството. На 7 мај 2020 година Министерството ја формирало работната група за изготвување на програмата за настава со скратени часови. На чело на таа група е Митко Чешларов, раководител на Секторот за наставни планови и програми. Таа програма, велат во МОН, е важна и за ситуации со други елементарни непогоди, поплави, завејувања со снег и други ситуации, а не само за пандемијата со коронавирус. Тоа не е нешто што се прави од денес за утре, алармираат соговорниците. Во Бирото има и Одделение за професионален развој на воспитно-образовниот кадар, каде што треба да се праќаат прогресивните идеи и успешни проекти и начини на предавања, и да се уредат и направат достапни за сите наставници и професори преку веб сајт. Таа требало постојано да се надградува. За веб сајтот, неофицијално, потрошени се околу 500 илјади евра, но таа не функционира. Така, успешните проекти не може да се споделат како искуства и нив да ги користи целиот наставен кадар. Новата учебна година најверојатно нема да почне пред 15 септември. Засега нема буквално никаква насока, план или обука на професорите и наставниците. Во МОН не знаат ни кога отишле, ниту пак кога колегите од Бирото се враќаат од колективниот одмор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-dodeka-site-chekaat-plan-za-onlaj-nastava-direktorot-i-vrabotenite-na-biroto-za-razvoj-na-obrazovanieto-otishle-na-kolektiven-odmor/feed/ 0