бисти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 05 Jun 2023 13:22:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бисти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се изработуваат бисти за 12 младинци стрелани во минатото во Ваташа https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-izrabotuvaat-bisti-za-12-mladintsi-strelani-vo-minatoto-vo-vatasha/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-izrabotuvaat-bisti-za-12-mladintsi-strelani-vo-minatoto-vo-vatasha/#respond Mon, 05 Jun 2023 13:22:05 +0000 https://kurir.mk/?p=842302

Во чест на 12 -те Ваташки младинци, кои во минатото беа стрелани во Ваташа, во тек е изработка на 12 бисти кои ќе бидат претставени на 16 јуни, како и Спомен соба која ќе биде свечено отворена на денот кога се навршуваат 80 години од нивната смрт, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. Оттаму појаснија дека по тој повод, на 16 јуни ќе има пригодна културна програма за одбележување и оддавање почит за нивната храброст и непокорност. Претходно, како што информираше МИА, директорката на Вински музеј Кавадарци, Весела Честоева соопшти дека музејска спомен соба и 12 бисти на стреланите Ваташки младинци подготвува Локална самоуправа Кавадарци во месноста Моклиште. Носител на активностите е кавадаречката општина. Честоева како претседателка на Одборот за подигање на споменици, појасни дека заседавало ова тело и ги разгледало идејните решенија, што пристигнале на јавниот конкурс објавен од Општината. - На јавниот конкурс за идејно решение за подигање на 12 бисти на 12 Ваташки другари, пристигнаа четири идејни решенија. За јавниот конкурс за архитектонско здание спомен соба, музеј, посветен на 12 деца, пристигна само еден идеен проект. Одборот заседаваше, направи разгледување и евалуација на пристигнатите идејни решенија и консензуално ги утврдивме првите три награди што беа и дел од јавниот конкурс, за бисти за стреланите младинци. Првата награда ја доби правно лице, со управител Димитар Самарџиев, скулптор од Кавадарци, појасни Честоева. Во врска со јавниот конкурс за избор на идејно решение архитектонски монтажен објект спомен соба, пристигнала само една понуда, од Ванчо Недев, магистер по архитектура од Кавадарци, а таа била избрана со консензус од страна на одборот од девет члена формиран од Советот на општината. Честоева додаде дека за оваа цел, од општинскиот буџет, се издвоени околу два милиона денари. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-izrabotuvaat-bisti-za-12-mladintsi-strelani-vo-minatoto-vo-vatasha/feed/ 0
Оштетени спомениците на Коле Неделковски и Никола Вапцаров, одземени и бистите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/oshteteni-spomenicite-na-kole-nedelkovski-i-nikola-vapcarov-odzemeni-i-bistite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/oshteteni-spomenicite-na-kole-nedelkovski-i-nikola-vapcarov-odzemeni-i-bistite/#respond Mon, 03 Oct 2022 14:31:46 +0000 https://kurir.mk/?p=740491

На 02.10.2022 во 09:52 часот во СВР Скопје било пријавено во Градски парк во Скопје биле оштетени спомениците на Коле Неделковски и Никола Вапцаров, а биле одземени и бистите од спомениците. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/oshteteni-spomenicite-na-kole-nedelkovski-i-nikola-vapcarov-odzemeni-i-bistite/feed/ 0
Украдени бистите од македонските дејци од градскиот парк во Дојран https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ukradeni-bistite-od-makedonskite-dejci-od-gradskiot-park-vo-dojran/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ukradeni-bistite-od-makedonskite-dejci-od-gradskiot-park-vo-dojran/#respond Thu, 02 May 2019 08:41:58 +0000 https://kurir.mk/?p=193182

На 26.04.2019-та година околу 11:30 минути во полициската станица во Нов Дојран е пријавена кражба на четири бисти од познати македонски дејци поставени во Градскиот парк во Стар Дојран веднаш до општинската зграда. Увид на лице место е извршено од службени лица од полициската станица Нов Дојран и Гевгелија, составен е записник од нивна страна и направени се фотографии од местото на кражбата – информираат од општина Дојран, пренесува порталот 24Дојран. Оттаму известуваат дека истрагата за кражбата од страна на МВР е во тек и се надеваат на брзо пронаоѓање на сторителите и нивно соодветно санкционирање. Инаку, во Градскиот парк во Стар Дојран стоеја спомен – бистите на Теодосиј Синаитски, Антон Панов, Христофор Жефаровиќ и Ѓорги Абаџиев, кои  се значајни за општина Дојран. Од општината велат дека очекуваат истите набрзо повторно да се најдат каде што и припаѓаат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ukradeni-bistite-od-makedonskite-dejci-od-gradskiot-park-vo-dojran/feed/ 0
Оштетени бисти на борци во НОВ во Маврови Анови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshteteni-bisti-na-borci-vo-nov-vo-mavrovi-anovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshteteni-bisti-na-borci-vo-nov-vo-mavrovi-anovi/#respond Thu, 21 Jun 2018 13:20:05 +0000 https://kurir.mk/?p=68248

Непознати сторители оштетиле два споменика во алејата на народните херои во Маврови Анови. Бронзените портрети се искорнати од постаментите и фрлени во непосредна близина. Според информациите на СВР Тетово, оштетувањето на споменичните облележја на борците во НОВ Чеде Филипоски и Злате Малакоски било пријавено претпладнево околу 11 часот. -Во полициската станица Маврово утрово е пријавен таков случај по што на местото е испратена увидна екипа. Повеќе информации за овој случај ќе има во текот на денот, информираат од СВР Тетово. Во алејата на народните херои пред околу педесетинатина години поставени се споменични обележја со бисти на народни херои од мавровскиот крај. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshteteni-bisti-na-borci-vo-nov-vo-mavrovi-anovi/feed/ 0