„Бит Фест“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 Aug 2022 08:35:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Бит Фест“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Денес на Бит фест: „Незаборав“ по втор пат со песни за Битола https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/denes-na-bit-fest-nezaborav-po-vtor-pat-so-pesni-za-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/denes-na-bit-fest-nezaborav-po-vtor-pat-so-pesni-za-bitola/#respond Tue, 16 Aug 2022 08:35:03 +0000 https://kurir.mk/?p=719159

Во рамките на Бит фест 2022, денес, 16-ти август 2022 год. во Центарот за култура – Битола со почеток во 20.00 часот, по 12-ти пат ќе се одржи манифестацијата „Незаборав“ песни за Битола – втор дел. Со песни за Битола на концертот во живо ќе настапат познати естрадни уметници од Битола. Потсетување на претходните манифестации „Незаборав“: Сашка Петковска, Јонче Христовски, Пепи Бафтировски, Љупчо Спасеновски (Буба мара), Добри Ставревски, Гоце Николовски, Миле Шерденков, Група „Битолски конзули“, Фестивалски фолк рефрени од битолчани, Драган Каранфиловски – Бојс и песни за Битола – прв дел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/denes-na-bit-fest-nezaborav-po-vtor-pat-so-pesni-za-bitola/feed/ 0
„Мизар“ во целиот свој сјај со одличен настап во Битола https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/mizar-vo-celiot-svoj-sjaj-so-odlichen-nastap-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/mizar-vo-celiot-svoj-sjaj-so-odlichen-nastap-vo-bitola/#respond Wed, 10 Aug 2022 07:49:54 +0000 https://kurir.mk/?p=716424

На Платото пред Офицерскиот дом во Битола, во рамките на програмата на „БИТ ФЕСТ“, пред битолската публика настапи култната македонска музичка група „Мизар“, една од најзначајните и највлијателни македонски групи, чија трага е длабоко врежана во современата македонска култура. Повод за овој концерт беше промоцијата на новото ЦД на групата „МИЗАР“ и прославувањето на 40 години успешно дејствување на домашната, но и меѓународна музичка сцена. Концертот, беше вистинска можност да се види „МИЗАР“ во целиот свој сјај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/mizar-vo-celiot-svoj-sjaj-so-odlichen-nastap-vo-bitola/feed/ 0
Денес на БИТ ФЕСТ: Рецитал на Давор Неќак – баритон во придружба на Горјана Стојановска – пијано, продолжува детската куклена работилница како дел од „БИТОЛИНО“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/denes-na-bit-fest-recital-na-davor-nekjak-bariton-vo-pridruzba-na-gorjana-stojanovska-pijano-prodolzuva-detskata-kuklena-rabotilnica-kako-del-od-bitolino/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/denes-na-bit-fest-recital-na-davor-nekjak-bariton-vo-pridruzba-na-gorjana-stojanovska-pijano-prodolzuva-detskata-kuklena-rabotilnica-kako-del-od-bitolino/#respond Thu, 04 Aug 2022 07:52:11 +0000 https://kurir.mk/?p=713865

Како дел од програмата на битолското културно лето БИТ ФЕСТ, а во рамките на интернационалниот детски театарски фестивал „БИТОЛИНО“, во Офицерскиот дом во Битола, денес продолжува театарската работилница за изработка на кукли од разни материјали под раководство на актерот Марјан Георгиевски. Од 20.00 часот во Офицерскиот дом, ќе се одржи солистички концерт на Давор Неќак – баритон, во прудружба на Горјана Стојановска – пијано, а присутните ќе имаат можност да ја проследат концертната програма исполнета со дела од П. И. Чајковски, Џ. Верди, М. Равел, С. Рахмањинов и други композитори. Биографија на Давор Неќак Давор Неќак (баритон) роден е во Битола, а солист e на Ријечката опера во Хрватска. Музичкото образование го започнал како пијанист, а средното образование го продолжил како соло пеач во класата на проф. Маја Митровска. Своите студии ги продолжува на Музичката академија во Загреб во класата на Влатка Оршанич . Веќе на третата година од студиите на академијата во Загреб, со 21 година положува аудиција во Загребската опера и дебитира со улогата на Моралес во Кармен. Понатаму следуваат ангажмани: Улогата на Меркуцио во операта „Ромео и Јулија“ (Ч.Гуно) во продукција на Хрватскиот народен театар Иван пл. Зајц во Ријека, во Хрватскиот народен театар во Загреб, улогата на Беглербег во операта „Никола Шубиќ Зрињски“ (И.П.Зајц) во Хрватскиот народен театар во Загреб,улогата на Пандолф во операта „Пепелашка“ (Ј. Масне) во продукција на Музичката академија во Загреб, улогата на Колас во операта „Бастиен и Бастиен“ (В. А. Моцарт) во продукција на ХНК Вараждин, улогата на Ван Стин во оперетата „Моќта на љубовта“ (Ѓ. Ајзенхут) во соработка со Ријечкиот театар и Загрепската филхармонија, улогата на Мајорот во операта „Животинска фарма“ (И. Куљериќ) во продукција на Академијата за музика во Загреб, улогата на Фигаро во оперетата „Прилежници“ (Л. Уран) на Театар „Комедија“. Меѓу концертните настапи се истакнуваат настапот како солист во кантатата Кармина Бурана во продукција на Музичката академија во Загреб, настап со Загребската филхармонија во изведба на циклусот на Морис Равел: Дон Кихот а Дулсинее, солист во Мисата на Џоакино Росини „Petite messe solennelle“ во продукција на ХРТ - хорот, солист во Реквиемот на Фауре со академскиот хор „Палма“ , солист во Баховата Пасија по Марко во продукцијата на Музичката академија во Загреб, Исус во Баховата Пасија по Иван во продукцијата на Ријека ХНК, рецитали во ХНК Шибеник во сезоните 2019/2020. и 2020/2021 година, настап на Вараждинските барокни вечери во 2019 година како дел од проектот „Лазарус“, настапи со Џез Биг Бендот на Академијата за музика под диригентство на маестро Саша Несторовиќ. Веќе како студент е добитник на бројни награди, меѓу кои 1-ва награда на државниот натпревар ХДГПП во Загреб, 1-ва награда на меѓународниот натпревар во Словачка, Трнава - „Микулас Шнајдер Трнавски“, посебна награда на натпреварот ЗИНКА МИЛАНОВ, доделена од Љубљанската опера - Улогата на Онегин во продукција на љубљанската опера. Номиниран е за Хрватската актерско-оперска награда во категоријата „исклучително оперско достигнување за млади уметници до 30 години“, за улогата на Пандолф во операта „Пепелашка“. Соработувал со диригенти како мо. Марчело Мотадели, Мо. Филип фон Штајнакер, мо. Марко Хриберник мо. Иван Јосип Скендер, мо. Јосип Шего, мо. Матија Фортуна, мо. Миран Ваупотиќ, мо. Даријан Ивезиќ, мо. Александар Калајѓиќ, а со режисерите: Арнауд Бернард, Озрен Прохиќ, Крешимир Доленчиќ, Саша Аночиќ, Марин Блажевиќ итн. Посетувал бројни семинари со познати професори и пејачи како Рајнер Трост, Оливера Миљаковиќ, Крешимир Стражанац. БИТОЛСКИОТ БЕНД „FUDGE“ СО ВЧЕРАШНИОТ НАСТАП НА БИТ ФЕСТ ОДБЕЛЕЖА 25 ГОДИНИ Како дел од програмата на битолското културно лето БИТ ФЕСТ, на Платото пред Офицерски дом, бројната публика, поранешни фанови на „FUDGE“, имаа ретка можност да се забавуваат со омилениот бенд од младоста. Со овој настап, бендот кој ја пишуваше поновата битолска и македонска рок историја, одбележа 25 години. Како предгрупа на „FUDGE“, задоволството да биде уште поголемо, се погрижија "Sound Waves".]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/denes-na-bit-fest-recital-na-davor-nekjak-bariton-vo-pridruzba-na-gorjana-stojanovska-pijano-prodolzuva-detskata-kuklena-rabotilnica-kako-del-od-bitolino/feed/ 0
Битолчани се забавуваа со Поп симфонија: Настапија Алабаковски, Каран, Тржан, Лоба… https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bitolchani-se-zabavuvaa-so-pop-simfonija-nastapija-alabakovski-karan-trzan-loba/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bitolchani-se-zabavuvaa-so-pop-simfonija-nastapija-alabakovski-karan-trzan-loba/#respond Fri, 08 Jul 2022 08:42:43 +0000 https://kurir.mk/?p=702149

Како дел од битолското културно лето БИТ ФЕСТ, во рамките на Балкан гала фестивалот, на Ракометното игралиште во Битола, многубројната публика имаше можност да се забавува со Поп симфонијата на која гостуваа Ламбе Алабаковски, Тони Цетински, Гоца Тржан, Ристо Самарџиев, Горан Каран, Викторија Лоба, Александра Јанева и Виктор Апостоловски.

Изведувачите беа придружувани од Камерниот оркестар на Битола со диригентот Владимир Димовски.

Денес, на програмата на БИТ ФЕСТ, продолжува „Џез фабрика фестивалот“, кој трае до 9 јули, а во киното „Манаки“, завршува неделата на детски филмови, со проекциите на филмовите „Мираи“ (во 11.00 часот со синхронизација на македонски јазик) и „Кариран нинџа“ (во 13.00 часот со синхронизација на албански јазик).

Во недела, во 19:30 во Офицерскиот дом настапува Џенгиз Ибрахим со концертот насловен „Туркуаз“, а во 21.00 часот на Платото пред Офицерскиот дом ќе се одржи Електронски музички летен фестивал, во организација на регионалниот младински форум.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bitolchani-se-zabavuvaa-so-pop-simfonija-nastapija-alabakovski-karan-trzan-loba/feed/ 0
„Кротењето на фуријата“ во режија на Пројковски ја воодушеви публиката, продолжува програмата на БИТ ФЕСТ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/krotenjeto-na-furijata-vo-rezija-na-projkovski-ja-voodushevi-publikata-prodolzuva-programata-na-bit-fest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/krotenjeto-na-furijata-vo-rezija-na-projkovski-ja-voodushevi-publikata-prodolzuva-programata-na-bit-fest/#respond Wed, 29 Jun 2022 07:01:39 +0000 https://kurir.mk/?p=697104

Како дел од програмата на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ, синоќа на четвртата вечер на Битола Шекспир фестивалот, во големата сала на Народниот театар се одигра претставата „Кротењето на фуријата“ во режија на битолчанецот Дејан Пројковски, во изведба на Градски театар Подгорица, Црна Гора. Над два часа, публиката постојано беше мотивирана и со целосно задржано внимание од актерската игра, музиката и хуморот, кои на сцената ги внесоа црногорските актери, особено Лазар Драгоевиќ во улогата на Петручио и Милица Мајкиќ во улогата на Катарина. Публиката пак, на крајот со овации ги испрати актерите, како и битолските протагонисти во претставата – сценографот Валентин Светозарев и режисерот Дејан Пројковски. И како што самиот Пројковски за претставата ја истакна неговата режисерска визија, тоа целосно беше видливо на сцената. Претставата „Кротењето на фуријата“ ги компарира двата принципи машкиот и женскиот, потпирајќи се на одредени аспекти на женската сексуалност и на машката доминација во современиот и модерен актерски израз, кој се заснова на Шекспировото сфаќање на театарот, играта, времето и просторот. Како режисер, имам искуства со психолошко сенчење на женските ликови. Ми се чини дека женските ликови се секогаш психолошки попрефинето осенчени од машките; женската смисла мене ми личи на харфа, а машката на гитара, бројот на жиците е различен. Со ова не сакам да им дадам предност на жените пред мажите, во смисла на сензибилитет, зашто знам дека уште од учењето за анимусот и анимата е вообичаено така да се мисли. Нашата задача во театарот е да ги уриваме стереотипите за машко и женско“. ДЕНЕС НА БИТ ФЕСТ На програмата на БИТ ФЕСТ, културното лето кое се одржува во Битола и денес продолжува Битола Шекспир фестивалот. Во 20.00 часот, во големата сала на Народниот театар, публиката ќе има можност да ужива во ,,РОМЕО И ЈУЛИЈА, ПОСЛЕДНИТЕ ЧАСОВИ’’ во изведба на Imperfect Dancers Company од Италија. Оваа постановка е модерна кореографска приказна, која преку перфекната игра на танчерите не внесува во Шекспировиот свет. Imperfect Dancers Company се познати од минатите години на Битола Шекспир фестивалот, кога приредија неверојатно доживување и разгалување на сетилата со ,,ХАМЛЕТ’’ и ,,ЛЕДИ МАКБЕТ’’ Концепт и кореографија: Ина Броек и Валтер Матеини Играат: Ромео - Андони Мартинез Манзано Јулија - Инес Сантос Прадос Медицинска сестра - Сара Никастро Судбината - Ина Броек Меркутио - Давид Барера Бонета Тибалт - Валентино Нери Фриар Лаурент - Глориа Тонело Бенволио - Антониета Бајрактари Во 22.00ч публиката ќе има ексклузивна можност да ја погледне монодрамата ,,ХАМЛЕТЕЛИА" во изведба на Каролина Пагани од Италија. Оваа претстава е ново читање и фрла ново светло врз Шекспировиот Хамлет, овојпат прикажан преку иронија и комични елементи. Во оваа претстава Офелија станува Гертруда, лесно се преобразува во Хамлет, Лаерт...Хамлетелиа претставува едно необично патување од современоста до Елизабетанската ера која истовремено ги истражува различнте актерските стилови и е еден вид крстосница помеѓу нив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/krotenjeto-na-furijata-vo-rezija-na-projkovski-ja-voodushevi-publikata-prodolzuva-programata-na-bit-fest/feed/ 0
Започна 14 издание на Битолското културно лето „Бит Фест“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zapochna-14-izdanie-na-bitolskoto-kulturno-leto-bit-fest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zapochna-14-izdanie-na-bitolskoto-kulturno-leto-bit-fest/#respond Mon, 20 Jun 2022 07:57:26 +0000 https://kurir.mk/?p=693001

Над 2000 гости, синоќа го исполнија амфитеатарот на античкиот локалитет Хераклеја, на свеченото отворање на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ кое од оваа година има нов концепт. Концертот на Каролина Гочева потврди дека, ваквиот пристап почнува да се реализира уште од првиот ден на фестивалот, а истиот соодветствува со очекувањата на публиката, за културно лето кое нуди квалитетни содржини. Главен иницијатор за новиот содржински пристап во организација на БИТ ФЕСТ е градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој вчеравечер го означи почетокот на културното лето во Битола. „Битола и вечерва потврдува дека е град кој живее со културата, град во кој низ различни историски периоди се создавале, надградувале и промовирале, карактеристични културни обележја, кои и денес се наше богатство, гордост и должност. Токму затоа и културните настани кои се случуваат во Битола, секогаш треба да бидат одраз на спецификите со кои се гордееме, а преку нив да ја промовираме македонската култура и традиција, притоа водејќи грижа за градење силни меѓународни врски, кои ќе овозможат континуиран напредок во сите области. Во оваа смисла, годинава воведуваме нов концепт на културното лето, кој верувам дека ќе го привлече и задржи вниманието на публиката. Солстис, Битола отворен град, Битола Шекспир Фестивал, Илинденски денови, Локум фест, Фестивалот Браќа Манаки, Балкан Гала Фестивалот и гостувања на еминентни изведувачи, годинава се само дел од културните случувања на Бит Фест. До 31 август, неколкупати со музички настапи ќе ја исполниме Хераклеја, ќе бидеме заедно со повеќе концертни настапи во нашиот Офицерски дом, ќе овозможиме културно раздвижување на повеќе отворени сцени, а во соработка со националните институции од културата низ повеќе филмски проекции, театарски претстави, изложби и други културни настани, верувам дека ќе имаме навистина посебно Битолско културно лето, за кое сите ќе зборуваме со суперлативи, што очекувам да биде поттик за секој од нас, во секоја следна година да даде мал креативен влог кон неговиот раст, професионализам, идентитет - карактеристичен за Битола. Настаните нека бидат потврда на нашите напори да реализираме културно лето какво што и доликува на Битола, а притоа да направиме, културата во Битола да живее во текот на целата година“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, на отворањето на Битолското културно лето. На отворањето на БИТ ФЕСТ 2022, присуствуваа голем број битолчани, но и гости од другите градови во државата. Меѓу присутните беа и Министерката за култура Бисера Котадиновска Стојчевска, градоначалниците на неколку соседни општини, претседателката на Советот на општина Битола, Габриела Илиевска, членови на Советот на општината, како и претставници на националните институции од културата и јавните претпријатија од градот. Каролина Гочева, која е еден од најдобрите женски вокали во Македонија, успеа да внесе прекрасна двочасовна атмосфера низ нејзините големи хитови, меѓу кои „Да е сон“, „Од нас зависи“, „Кажи ми“, „За нас“, „Знаеш колку вредам“ и многу други, а на барање на публиката, со повторно враќање на бис, Каролина Гочева, концертот го заврши со песната „Кој да ми запее“. Битолското културно лето оваа година се реализира во заедничка организација на општината и културно информативниот центар од Битола. Квалитетните содржини, кои за време на летниот период ќе се случуваат во Битола, најавуваат високо естетско издигнување на фестивалот, креативност, професионализам, негување на традицијата, но и грижа за културниот напредок на градот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zapochna-14-izdanie-na-bitolskoto-kulturno-leto-bit-fest/feed/ 0